Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Пијани возачи ноќеска предизвикале сообраќајни незгоди и материјална штета. Возач од Кочани, пак, возел во спротивна насока на кружен тек. МВР информира дека во Кочани приведен е 69-годишниот Д.Ѓ. кој на кружен тек возел во спротивен правец и продолжил да се движи во спротивната насока по ул. „Димитар Влахов“. Во 04:55 часот во Велес приведен е 29-годишниот З.Ј. кој возел со 1,66 промили алкохол и на улицата „Димитар Влахов“ во Велес со ...
Огромен пожар избувна во популарниот скијачки центар Кран-Монтана во Швајцарија, предизвикувајќи жртви и повредени. Властите очекуваат дека меѓу загинатите и повредените може да има странски туристи. Иако беа пријавени десет смртни случаи, точниот број на жртви и нивниот идентитет не се објавени, бидејќи властите велат дека е прерано за точни детали. Сепак, има извештаи дека има десетици мртви и околу 100 повредени. ALERTE INFO • Plusieurs ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска го посети првороденото бебе на Клиниката за гинекологија. -Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје. Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест – се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град. Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината. Нека расте жива и здрава, среќна со своите ...
Денес се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Глигоров почина на 1 јануари 2012 година, во својот дом во Скопје, на 94-годишна возраст. Роден е на 3 мај 1917 година во Штип и одиграл активна улога во процесот на независноста на земјата и нејзиното меѓународно признавање. The post Денес се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров ...
Со почетокот на Новата Година, граѓаните ги чека новогодишна честитка за струјата. Од овој месец, струјата поскапува за 2,28 проценти. Оние кои се во првиот блок ќе плаќаат поскапа струја за 2,45 проценти, оние во вториот блок за 2,87 проценти, во третиот за 3,32 проценти, а во четвртиот блок за 3,84 проценти. Евтината тарифа останува од 13 до 15 часот, но и таа поскапува за 2,5 проценти. Со почетокот на Новата Година, граѓаните ги ...
Од наплата на патарини од почетокот на минатата година заклучно со 23-ти декември остварен е промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра). – Според досегашниот остварен промет, 2025-та ќе биде рекордна ако се има предвид фактот што, заклучно со 23.12.2025, остварениот вкупен промет е веќе зголемен во однос на претходно рекордната наплата од 2024 година и е зголемена за над 71 милион денари, а декември сѐ уште не е завршен. До 23.12.2025 ...
Лет на „Кетеј Пацифик“, на линијата Хонг Конг – Лос Анџелес, им понуди на патниците посебно и речиси фантастично искуство за Нова Година. Тие ја имаа можност двапати да го прослават истиот настан, благодарение на посебниот ефект од промените на временските зони и преминувањето на Меѓународната датумска граница. Летот CX880 полета од Хонг Конг на 1 јануари 2026 година, во 00:30 часот, со што се означи почетокот на Новата година според ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати новогодишна честитка до граѓаните, посакувајќи им добро здравје, среќа и радост во 2026 година. „Нека оваа 2026 година биде подобра година за секое семејство, за секој човек и за Македонија. Нека донесе нова надеж за промени и за подобра иднина, ослободена од криминалната група на власт“, порача Филипче. Тој истакна дека СДСМ ќе продолжи со борбата за правда, подобар живот за граѓаните и јасна ...
Покрај традиционалните огномети, приказите со дронови стануваат сè почести на новогодишните прослави низ целиот свет. Овие технолошки прикази не само што привлекуваат толпи, туку нудат и неверојатни погледи од небото. Во Јужна Кореја, небото над градот Бусан беше исполнето со спектакуларна порака „Среќна Нова Година“, создадена од флота прецизно координирани дронови. Но, она што го привлече вниманието на сите гледачи беше фигурата на коњ ...
Претставници на Агенцијата за национална безбедност на САД утврдија дека Украина не ја нападнала резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин со дронови, објави „Волстрит џурнал“. Русија минатата недела објави дека Украина ја нападнала резиденцијата на рускиот претседател во Валдај, Новгородска област, со 91 дрон со долг дострел. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече тврдењето „лага“. Претставници на ...
14 години по неговата смрт, Киро Глигоров останува запаметен како државник на разумот, човек кој ја водеше Македонија кон независност без војна, со визија, трпеливост и чувство за историска одговорност. Киро Глигоров На 1 јануари се навршуваат 14 години од смртта на Киро Глигоров, човекот чиј живот и дело се нераскинливо поврзани со раѓањето на современата македонска држава. Роден како Киро Панчев (Штип, 3 мај 1917 – Скопје, 1 јануари ...
Поранешниот премиер Никола Груевски во обава на социјалните мрежи ја честита новата 2026 година. Во продолжение неговата објава. Новата година обично ни донесува чувство за нов почеток – нови очекувања, нови цели и желби. Многу луѓе во новата 2026 година гледаат реална надеж дека тоа ќе биде најдобрата година – дека разумот ќе надвладее, љубовта ќе победи, а напредокот на економијата, науката и благосостојбата ќе бидат огромни. Други пак ...
Од денеска стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто треба да се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури. Како што информира неодамна директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова, избран е модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барањасо што ќе се подобри управувањето со јавните финансии, ќе се подобри даночната усогласеност, брзо и лесно ќе се детектираат несоодтевните одлуки ...
Новогодишните празници носат промени во секојдневните навики и често доведуваат до отстапување од вообичаениот режим на исхрана, предупредува Институт за јавно здравје во препораките упатени до граѓаните. Според ИЈЗ, празничниот период најчесто е проследен со доцни вечери, зголемен внес на храна и оброци кои се калорични и нутритивно неурамнотежени. Прославите обично се одвиваат во вечерните и ноќните часови, кога физиолошки се намалуваат ...
Неколку лица се убиени, а многу се повредени по експлозија во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, соопшти полицијата. Експлозијата се случила во 01:30 часот по локално време во барот „Констелејшн“ , изјави полицијата за Би-Би-Си. Засега нема официјални податоци за тоа колку луѓе загинале, ниту колку се повредени, а Би-Би-Си наведува дека биле информирани од локалната полиција дека „неколку луѓе“ се убиени. Update- Several ...
Според првичната проценка на полицијата, новогодишната ноќ во Берлин не била толку проблематична како во претходните години. „Немавме сериозни повреди меѓу полицајците или славениците. Исто така, немавме толку сериозни инциденти и материјална штета како минатата година“, изјави портпаролот на полицијата, пренесува Дојче Веле. Сепак, полицијата беше постојано напаѓана со петарди и ракети. Дваесет и еден полицаец се здоби со полесни повреди ...
Под влијание на многу ладна воздушна маса од север, времето во Македонија за време на новогодишната ноќ ќе биде претежно ведро, но многу студено. Северниот ветер ќе дува засилено, особено во југoисточните предели, каде повремено ќе биде силен. Денес ветерот ќе се движи со брзина до 60 км/ч, локално и повеќе. Денешните максимални температури ќе останат под нулата на повеќе места и ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 4°C, додека во Скопје ...
Денеска се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. View this post on Instagram A post shared by iNFOMAX mk (@infomax.mk) Делегација на Собранието, во состав Емилија Ангелова и Славјанка Петровска, денеска ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје. Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна ...
Огромен огномет го осветли небото над реката Темза во Лондон за да ја најави Новата година. Околу 100.000 луѓе се собраа во главниот град додека ѕвоната на Биг Бен означија полноќ. За настанот со билети беа користени повеќе од 12.000 огномети и 420 светла. Десетици специјализирани техничари работеа на огнометот. Огромен огномет го осветли небото над реката Темза во Лондон за да ја најави Новата година. Околу 100.000 луѓе се собраа ...
♈ Овен (21.3 – 20.4) Работа: Кога ќе ја „преживеете“ првата половина од годината, во втората веќе полесно ќе дишете и ќе можете да остварите долгорочни планови. Нептун на 26 јануари влегува во вашиот знак, па до крајот на јуни ќе сфатите како долго сте се измамувале себеси. Сатурн влегува во вашиот знак на 14 февруари и до крајот на јуни носи конфликти со надредените и застој во кариерата. Втората половина на годината е многу подобра ...
Неколку лица загинаа, а неколку други се повредени во експлозија и пожар што се случија ноќеска во бар во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот „Ле Констелашн“, а причината сè уште е непозната, објави Би-Би-Си. Според информациите од полицијата, експлозијата се случила додека во барот се одржувала новогодишна прослава, а внатре имало повеќе ...
Од денеска еврото е официјална валута на Бугарија. Оваа земја стана 21-ва членка на еврозоната. Ова е стратешки чекор кон поблиска економска интеграција, стабилност и развој за оваа земја во рамките на Европската Унија (ЕУ). Овој историски момент е достигнат откако на 25 февруари 2025 година, Бугарија побара вонредни извештаи за конвергенција од Европската комисија (ЕК) и Европската централна банка (ЕЦБ) за воведување на единствената ...
Мачеништвото за Христа од грешникот прави светител. Тоа го покажува примерот на светиот Бонифатиј. Тој најпрвин беше слуга на некоја богата и развратна жена во Рим, Аглаида, со којашто имаше нечиста и незаконска врска. Обајцата беа незнабошци. Еднаш Аглаида посака да има во куќата маченички мошти и да ги чува како амајлија што штити од зло. Затоа го прати својот слуга во Азија, за да најде и да ѝ купи мошти. Бонифатиј зеде со себе ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски им посака успешна нова година и среќни празници на жителите на Скопје. Тој даде збор дека 2026 година ќе биде многу подобра. „Заедно ќе ги решаваме проблемите, заедно ќе обезбедиме поголема стабилност, подобар стандард и повеќе радост за сите наши скопјани“, кажа Ѓорѓиевски. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски им посака успешна нова година и среќни празници на жителите на ...
Вака значи, да сте ми живи и здрави, паметни колку бог дал, ама еве ми јавија, како пто дознава Проверено.мк , новава година е тука, на старт. Забележете го датумот ,е мора да го забележите. Среда е, значи со Среќа мора така да тргне. А да, за новата 20206 та, да тоа е можност да расчистите околу себе, да си видите кој се ви е вишок , а кого сте го запоставиле, да си видите каде ви даваат рака, а каде ви вртат грб, да се потсетите кои се ...
Ватикан оваа недела објави статистика што покажува дека 3,2 милиони луѓе учествувале во ватиканските литургии, аудиенции, молитви на Ангелот и јубилејни аудиенции оваа година. Папата Лав XIV ја заврши 2025 година во среда со молитва градот Рим да биде пријатно место за странци и кревки луѓе, млади и стари. Папата претседаваше со новогодишната вечерна служба во базиликата „Свети Петар“, изразувајќи благодарност за Светата година 2025 година ...
Скапоцените метали беа најдобрата инвестиција во 2025 година, а среброто беше најголем добитник, надминувајќи ги повеќето главни берзански индекси и валути. Златото достигна рекордни максимуми поради економските и геополитичките ризици, индустриските метали го направија истото, но криптовалутите се повлекоа и дури се во минус. Еве ја статистиката: цената на среброто порасна за 161% оваа година, пробивајќи 80 долари за унца за прв пат, ...
Сериозен инцидент се случил вечерва околу 18 часот во ресторан на кејот „Либерација“ во Земун, кога за време на физичка пресметка меѓу келнер и гостин, едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Според изјави на очевидци, во ресторанот владеела мирна атмосфера сè додека не дошло до вербална расправија меѓу двајца мажи. Тензичната ситуација брзо ескалирала во физички конфликт, при што келнерот му откинал дел од увото на гостинот. ...
Земјотрес со интензитет од 6,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија во среда околу 15:26 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот е во Тихиот Океан, во близина на источниот брег на јапонскиот остров Хоншу, а длабочината била 19,3 километри, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Не беше издадено предупредување за цунами. Јапонија се наоѓа по должината на огнениот прстен во Тихиот ...
Во меѓувреме, Владимир Путин го искористи своето новогодишно обраќање за да проектира слика за руска сила, ветувајќи победа во Украина, додека целосната инвазија на неговата земја врз нејзиниот сосед се приближува кон четвртата година, објави „Гардијан“. „Ја презедовте одговорноста да се борите за вашата родна земја, за вистината и за правдата“, беше цитиран Путин од „Москва тајмс“, обраќајќи им се на руските војници на фронтот. „Милиони ...