Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, попладнево објави дека има уште еден смртен случај од западнонилска треска.Тој истакна дека пациентот бил лекуван на Клиниката за инфективни болести 27 дена. Како што објави директорот, станува збор за 76-годишен пациент кој бил донесен на клиниката во исклучително лоша состојба со невроинвазивен облик на болеста. Кај него бил потврден вирусот Западен Нил, а имал и други заболувања. ...
Минималната плата во Србија ќе биде 600 евра, а одлуката ќе биде донесена на следната владина седница. Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за финансии Синиша Мали, по седницата на Социјално-економскиот совет изјави дека при утврдувањето на минималната цена на трудот се земаат предвид неколку параметри, меѓу кои растот на бруто-домашниот производ, состојбата на пазарот на трудот, инфлацијата и макроекономската стабилност на ...
Западнонилската треска зема уште една жртва со што бројот на пациенти кои починаа од оваа болест се искачи на четири. Починатиот има 76 години и на Клиниката за инфективни болести се лекувал 27 дена но поради дополнителни придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка во доцните попладневни часови починал. – Хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска од кои 18 се лабораториски ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: – Во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците на дел од улицата Христо Татарчев во близина на автопералната, општина Сопиште; – Во период од 11.30 до 14.30 часот, корисниците од улицата Александар Мартулков, општина Ѓорче Петров. The post Утре без струја делови од општините Сопиште и Ѓорче Петров appeared first on Во Центар. Од ЕВН Македонија АД ...
Времето утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен ...
Министерството за внатрешни работи на Македонија соопштува дека вчера (17.08.2026) околу 22:00 часот, во село Богородица, Гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранична проверка Богородица го лишиле од слобода Р.С. (59) од Латвија. „При претресот на патничкото возило „Фиат Типо“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени се 10 имигранти од Египет. Имигрантите се сместени во Прифатниот ...
Судијата Фар ал-Дин ал-Арјан го прогласи Васим ал Асад за виновен за, „убиства со умисла на повеќе лица, придружени со тортура и бруталност… класифицирани како злосторства против човештвото и воени злосторства“ и објасни дека е „осуден на смрт за тоа“. Во април, во Сирија започнаа судења против Башар ал Асад, кој избега во Русија, и други функционери, за злосторства извршени за време на граѓанската војна предизвикана од бруталната репресија ...
Астрологијата му припишува одредени особини на секој хороскопски знак, а некои често се поврзуваат со интензивни емоции и силни сеќавања. Според астролошките верувања, овие два знака имаат особено тешко време да го надминат разочарувањето и можат долго време да се сетат кога некој ги повредил. Шкорпија – Не заборава лесно предавство Шкорпиите се познати по нивната силна интуиција, лојалност и длабоки емоции. Кога веруваат некому, се ...
„Ако сè е во ред – зошто пет недели не ги објавувате резултатите од анализите на водата? Лефков денеска зборува за „резултати“ и нè обвинува дека создаваме паника. Ако сè е во ред – зошто пет недели нема официјални резултати од анализите на водата во Гостивар“, прашуваат од СДСМ. „Зошто предизвикувате несигурност и паника токму со тоа што ги криете документите? За резултатите на вашата влада не треба многу зборови. Граѓаните ги гледаат ...
Луѓето родени во два знака на Зодијакот имаат долг период на финансиски успех, подобар живот и одлични можности пред нив. Постојат периоди кога животот радикално се менува, а почетокот на таа промена не изгледа како ништо посебно. За овие два хороскопски знака, сега започнува периодот во кој влегуваат во деценијата на богатство , а првите знаци на промена може да се појават преку работа, пари или нова можност. Ова не е приказна за богатство ...
Во тек е вселенска прошетка надвор од Меѓународната вселенска станица (ISS), во која учествуваат астронаутот на NASA Анил Менон и астронаутката на Европската вселенска агенција (ESA) Софи Адено. Двајцата астронаути работат на замена на Space-to-Ground антената, важен комуникациски систем кој овозможува брз пренос на податоци меѓу вселенската станица и контролниот центар на Земјата. За Адено ова е историски момент – таа е првата Французинка ...
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција обвини дека во Македонија се спроведува операција за воспоставување контрола врз медиумскиот простор по модел сличен на оној во Србија. Според него, овие случувања се продолжение на предупредувањата што партијата ги упатила пред два месеца. „Денеска на прес-конференцијата мораме да кажеме една исклучително важна тема, односно исклучително важна ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Охрид, во Центарот за обука на вода, присуствуваше на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија. По повод Денот на Армијата, министерот Тошковски упати честитки до сите припадници на Армијата, истакнувајќи го нивниот придонес во заштитата на државата и граѓаните, како и значењето на Армијата како еден од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна предупреди дека рускиот лидер Владимир Путин подготвува тајна мобилизација и планира да распореди десетици илјади севернокорејски војници на руска територија. Зеленски тврди дека Кремљ бара начин да го зголеми бројот на војници без официјално да прогласи мобилизација . Тој предупреди дека Русија планира да распореди до 50.000 севернокорејски војници , додавајќи дека Путин сака да ја измами ...
Инфлацијата се намали за 2,3 отсто, продолжуваме со политики во интерес на граѓаните, соопштија од ВЛЕН. – Цените и секојдневните трошоци се меѓу главните грижи на секое семејство. Затоа, заштитата на животниот стандард на граѓаните останува еден од нашите приоритети. Годишната инфлација во јули се намали на 2,3 отсто. Тоа го покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Пред две години, кога ја презедовме одговорноста ...
Ракот на жолчниот канал, познат и како холангиокарцином, е редок и сериозен малиген тумор кој се јавува во жолчните канали – цевките што го поврзуваат црниот дроб и жолчното кесе со тенкото црево и преку кои жолчката се дренира од црниот дроб. Жолчката му помага на телото да ги вари мастите, а тумор што се развива во жолчните канали може да го попречи нејзиниот проток. Болеста може да потекнува од каналите во црниот дроб или од оние надвор ...
Бразилската манекенка Изабел Гулар и германскиот фудбалер Кевин Трап водат љубов до пет пати на ден, но само под услов неговиот тим да не претрпи пораз на теренот. И додека јавноста со години се прашува дали планираат да се венчаат, еден од најзгодните и најдобро облечени парови во светот не се грижи за формалностите. Тие не зборуваат за свадбата, но затоа моделот не се двоуми да сподели пикантни детали од нивната спална соба. Поранешната ...
Италијанските власти истражуваат дали Русија има некаква врска со масовната експлозија во фабрика за муниција во близина на Рим, но министерот за одбрана Гвидо Кросето тврди дека не се пронајдени докази што би укажувале на руска саботажа. На 13 август, експлозија ја погоди фабриката на KNDS Amo Italia во Колеферо, југоисточно од Рим. Она што особено привлече внимание беше фактот дека пожарникарите веќе беа на местото на настанот поради ...
Германија значително го зголемува бројот на припадници на своите вооружени сили, во услови на влошена безбедносна состојба во Европа. Според германското Министерство за одбрана, Бундесверот во јуни 2026 година броел 185.196 војници, што е највисоко ниво во последните 12 години. На крајот на 2025 година бројката била околу 184.200. Зголемен е и интересот за воената професија. Во текот на 2025 година германската армија имала околу 25.000 нови ...
Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола ...
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан беше снимен во неделата вечерта во Опатија во друштво на Антал Роган и Марија Шмит. Фотографијата е испратена до унгарскиот портал 444.hu од читател кој го препознал тројцата додека се упатувале кон вилата во сопственост на семејството Шмит. Според него, фотографијата е направена на истото место каде што Виктор Орбан летувал пред три години, во вила што ѝ припаѓа на Ана Унгар, ќерка на Марија Шмит и ...
Google ќе им овозможи на корисниците да ја отстранат видливата ознака со вештачка интелигенција од генерираните фотографии и видеа, додека невидливиот SynthID ќе остане. Google подготвува промена што би можела да го промени начинот на кој препознаваме содржина создадена од вештачка интелигенција. Корисниците наскоро ќе можат да ја отстранат видливата ознака со вештачка интелигенција од генерираните фотографии и видеа. Опцијата за вклучување ...
Ако модринките се ненадејни и чести, се појавуваат без причина или се појавуваат на лицето, грбот и стомакот, треба да посетите лекар. Модринка најчесто се појавува по удар што можеби дури и не го паметиме. Меѓутоа, ако одеднаш имате многу од нив, се појавуваат без причина или се појавуваат на необични места, како што се грбот, стомакот или лицето, тоа не треба да се игнорира . Модринките се јавуваат кога малите крвни садови под кожата ...
Водата во Скопје е безбедна и ги исполнува сите пропишани стандарди за квалитет, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“. Во периодот од 10 до 14 август биле земени по 211 примероци за физичко-хемиска и микробиолошка анализа од вкупно 45 мерни места низ главниот град. Според резултатите, сите испитани примероци одговараат на законски пропишаните барања за безбедност и квалитет. Од претпријатието соопштуваат дека ...
Сезоната на Девиците започнува на 23 август и трае до 23 септември, носејќи сосема поинаква енергија по периодот во кој доминираше Лавот. Овој астролошки период носи одлични можности за Девиците, Јарците и Биковите. Додека Лавот ја поттикнува потребата за уживање, креативност, внимание и акцент, Девицата нè враќа на секојдневните обврски , работата, организацијата и практичните работи. Ова е време кога многумина чувствуваат потреба да ги ...
Во градот Праја а Маре во Калабрија, на децата под 14 години не им е дозволено да останат сами на јавни места по еден час по полноќ. За прекршување на оваа одредба, која е во сила втора летна сезона по ред, родителите или старателите се соочуваат со казни до 500 евра. Локалните власти објаснуваат дека целта е да се зголеми безбедноста и да се спречат проблеми со малолетници. Зошто е воведен ноќниот полициски час? Според правилата, кои ќе ...
Во Охрид денеска Армијата ќе го прослави својот 34-ти роденден. Централната прослава ќе се одржи во Кампот за обука на вода, а најавено е обраќање на претседателката на државата и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и на началникот на Генералштабот генерал мајор Сашко Лафчиски. Армијата го слави 18 август како роденден. Тоа е денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој ...
Проектот за уредување на коритото на реката Серава и изградба на нова пешачка патека во Бутел влегува во завршна фаза, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Новата патека е долга 1.590 метри и ќе обезбеди уреден и безбеден простор за пешачење, рекреација и дружење. Проектот предвидува и поставување современо ЛЕД осветлување, клупи и друга урбана опрема, уредување на зелените површини и изградба на нови детски игралишта. ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати барање за вонредна седница на хрватскиот парламент поради еколошката катастрофа во Лика. Милановиќ поднесува барање за вонредна седница на хрватскиот парламент врз основа на одредбите од член 79, став 2 од Уставот на Република Хрватска, потврди денеска Никола Јелиќ портпарол на претседателот. Според Деловникот на хрватскиот парламент, откако Милановиќ, како овластен предлагач, ќе ...
Со повеќе активности во Скопје и во Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на Армијата. По повод Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски ...