Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Службеници на Секторот за гранична полиција на Црна Гора го лишиле од слобода Огњен Рашета (45), државјанин на Босна и Херцеговина, за кого била распишана меѓународна потерница. Рашета бил уапсен на аеродромот „Подгорица“ во Голубовци, на излезот од Црна Гора, откако полициските службеници извршиле контрола на неговите патни исправи. Огњен Рашета се бара по наредба на Основниот суд во Подгорица, со цел издржување казна затвор во траење од ...
Министерството за финансии донесе одлука за трајно одземање на дозволата за работа на финансиското друштво „Креди Јес“, со што компанијата повеќе не може да врши нови кредитни активности. Станува збор за една од поголемите компании за брзи кредити во земјата, со развиена мрежа од околу 40 филијали низ Македонија. Одлуката следува по вонреден надзор на надлежните институции, кој бил покренат по пријава од граѓанин. При контролата биле утврдени ...
Маж од Битола заврши во притвор откако бил пријавен за брутален физички напад врз својата сопруга во семејниот дом. Според информациите од полицијата, во нападот користел метални и дрвени предмети. Инцидентот се случил во раните утрински часови на 25 мај, а полициски службеници од СВР Битола интервенирале околу 4:30 часот и веднаш го лишиле од слобода 51-годишниот Т.С. од Битола. Од полицијата соопштија дека тој физички ја нападнал својата ...
Голема трагедија го потресе романското село Лимпезис во округот Бузеу, каде четиригодишното момче Тео го загуби животот по напад од овчарско куче. Детето, според информациите од локалните жители, излегло од дворот без знаење на неговата мајка и се упатило кон блиското трло каде што било врзано кучето. Според сведоштвата на мештаните, малиот Тео често покажувал интерес кон животното и сакал да му се приближува, најверојатно за да го нахрани. ...
Почина Мартин Треневски, поранешен министер, амбасадор и долгогодишен новинар, соопшти неговото семејство. Веста за неговата смрт предизвика реакции и сочувство кај бројни пријатели, колеги и јавни личности кои со години соработувале со него. Треневски беше роден во 1949 година во Скопје и зад себе остави богата и значајна професионална кариера во областа на новинарството, дипломатијата и државните институции. Своите новинарски почетоци ги ...
Поголемиот дел од луѓето кои поднесуваат барање за зелена карта во Соединетите Американски Држави (САД) ќе бидат принудени да ја напуштат земјата и да аплицираат преку конзулатите во странство, во согласност со промените што минатата недела ги најави администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Овој потег драстично ќе го закомплицира процесот за стотици илјади луѓе кои секоја година бараат постојан престој од САД, а веќе ...
Ако во наредниот период патувате со автомобил во Грција, имајте на ум дека покрај поостриот Закон за безбедност во сообраќајот, Грците ги засилија и контролите на одредени сообраќајници пред туристичката сезона, а сето тоа со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот. За непочитување на еден знак на раскрсница или кружен тек, на кој често и не се обрнува внимание, казните се драконски – и тоа не само парични од стотици евра, туку се ...
Вистински хаос се случувал изминатиот викенд во Арачиново, кога возач на камион натоварен со дрва не застанал на полициска наредба, а потоа со возилото се упатил кон полициските службеници и службеното возило. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 24 мај околу пладне, на влезот во селото Арачиново. Полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило кое превезувало дрва, но наместо да застане, возачот продолжил ...
Тешка железничка несреќа се случи во западниот дел на Полска, каде патнички воз се судрил со камион на железнички премин, по што возот излетал од шините. Во несреќата животот го загубил возачот на камионот, додека неколку патници се здобиле со повреди. Инцидентот се случил во близина на градот Рогозно, во регионот Великополска, на железничката линија која води кон регионалниот центар Познањ. Според првичните информации од полските служби за ...
Сообраќајна несреќа се случила утрово на Булеварот Патријарх Павле во Нови Сад, кога автобус удрил во неколку автомобили кои чекале на семафор. Според првичните информации, непосредно пред судирот најверојатно настанал технички проблем со сопирачките на автобусот, поради што возачот не успеал да го запре возилото навреме. Ова довело до удар во колона возила што стоеле на црвено светло. Во несреќата се повредени повеќе лица, но засега нема ...
Подрачјето околу Сплит попладнево беше погодено од два последователни земјотреси, кои се случиле во краток временски интервал од околу десет минути. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, првиот потрес бил регистриран во 17:25 часот, со магнитуда од 3,6 степени според Рихтер. Неговиот епицентар се наоѓал на околу 39 километри од Сплит и 22 километри од Сињ, на релативно мала длабочина од околу пет километри. Само ...
Едно лице го загуби животот, а уште две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила во местото Орја Лука, на патниот правец меѓу Никшиќ и Даниловград. Според првичните информации од надлежните служби, во несреќата учествувале три возила – едно товарно и две патнички. Судирот се случил во попладневните часови, околу 17:30, под сè уште неразјаснети околности. Од силината на ударот, едно лице починало на лице место, додека другите ...
Авион на компанијата „Изидџет“ со околу 180 патници, кој летал од Хургада во Египет кон Лондон, бил принуден ненадејно да го промени својот курс и да слета во Рим, откако во багажот била откриена пренослива батерија (power bank). Според информациите, еден од патниците го известил кабинскиот екипаж дека во неговиот чекиран куфер се наоѓа уред што бил вклучен. По оваа информација, капетанот донел одлука за итно пренасочување на летот, приближно ...
Салото на стомакот е еден од најчестите проблеми поврзани со современиот начин на живот. Долгото седење, стресот, нередовната исхрана и недостатокот на физичка активност често доведуваат до таложење на маснотии во абдоминалната област. Иако многумина бараат брзи решенија, експертите нагласуваат дека нема магична храна или диета што може преку ноќ да ги стопи мастите. Сепак, постојат намирници кои можат да помогнат во забрзување на ...
Хари Потер се враќа на малите екрани на 25 декември 2026 година, кога ХБО Макс ќе ја лансира новата серија базирана на светски познатата приказна на Џ. К. Роулинг. Првите објавени кадри веќе предизвикаа големо внимание и ја најавија оваа продукција како еден од најголемите телевизиски проекти на годината. Серијата ќе биде првата голема ТВ-адаптација на книгите, по популарната филмска франшиза која го обележа почетокот на 21 век. Првата сезона ...
Неколку влијателни членки на НАТО, меѓу кои Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија и Канада, се спротивставиле на предлогот на Алијансата да се воведе обврска за издвојување 0,25% од БДП за воена помош на Украина, објави „Телеграф“. Иницијативата, која ја предложил генералниот секретар на НАТО Марк Руте, требало да испрати јасен сигнал за засилена поддршка за Киев пред претстојниот самит во Вашингтон. Сепак, тој признал дека предлогот ...
Во Радовиш избувнал пожар во една од халите на поранешната текстилна фабрика „Декортекс“, каде биле складирани машини и различни материјали. Пожарот синоќа бил сериозен, но по интервенција на противпожарните екипи од Радовиш и Струмица, огнот бил целосно изгаснат. За среќа, нема повредени лица. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека веднаш бил известен јавен обвинител од Радовиш, како и инспектор за пожари. На местото бил ...
Бројот на жртви од самоубиствениот бомбашки напад врз воз во Пакистан се искачи на повеќе од 30 лица, соопштија локалните власти, откако првичните информации говореа за помал број загинати. Нападот се случил во југозападната провинција Белуџистан, кога бомбаш-самоубиец управувал автомобил натоварен со експлозив и директно удрил во возот. Според официјални извори, мета биле патници поврзани со безбедносните сили, како и членови на нивните ...
Полицијата во Кавадарци привела 20-годишен маж од Струмица поради сомнение за физички напад врз неговата партнерка. Според информациите, инцидентот се случил за време на викенд престој во објект во близина на плантажи, каде што парот престојувал. Нападот бил пријавен од 19-годишната девојка од Штип, која навела дека била физички малтретирана од својот невенчан сопруг. Од Министерство за внатрешни работи информираат дека осомничениот бил ...
Здравствените власти во Ломбардија активираа итни протоколи поради два сомнителни случаи на Ебола во покраината Комо. Станува збор за маж и жена кои неодамна се вратиле од Уганда, каде престојувале неколку месеци како хуманитарни работници. Двајцата пациенти покажале симптоми како висока температура, повраќање и дигестивни проблеми, по што итно биле пренесени во Болница Сако во Милано – установа специјализирана за третман на високо ризични ...
Тензиите во Демократска Република Конго дополнително ескалираа откако центар за лекување на Ебола беше запален од локални жители, а дел од пациентите исчезнаа. Инцидентот се случил во источниот дел на земјата, каде што веќе има нов бран на заразата. Според информациите, група револтирани млади лица упаднала во привремени објекти поставени со поддршка на Лекари без граници во болницата во Монгвалу. Во моментот на нападот, таму биле сместени 28 ...
Иницијативата „Во одбрана на Буњаковец“ предупреди на сериозен проблем со земјиштето во дел од Скопје, каде е регистрирано свлечиште во близина на фреквентна сообраќајница. Според нивните информации, оштетувањето се појавило на спојот меѓу улицата „Христо Смирненски“ и булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на поранешниот објект „Иво Лола Рибар“. Фотографиите што ги објавија покажуваат дека дошло до пропаѓање на земјиштето под асфалтот, ...
Мало село во Шпанија нуди ретка можност за нов почеток – бесплатно сместување и обезбедена работа за оние што сакаат да го заменат градскиот живот со мирна рурална средина. Станува збор за Аренилјас, кое се наоѓа на околу два часа од Мадрид. Ова живописно место, со камени улички и природа исполнета со полиња од лаванда и зелени пејзажи, се соочува со намалување на населението. Во обид да привлечат нови жители, локалните власти и мештаните ...
Полицијата привела неколку лица во одвоени случаи на семејно насилство регистрирани во различни делови од државата. Во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 36-годишен маж, откако неговата мајка пријавила дека ѝ се заканувал со нож во семејниот дом. Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во друг случај, во беровско, полицијата од ОВР Берово уапсила 42-годишен ...
Во последното деноноќие се случиле два одвоени инциденти во кои сериозно настрадале двајца малолетници кои управувале електрични тротинети, во Неготино и Кичево. Првиот случај е регистриран во Неготино, каде 16-годишно момче, возејќи електричен тротинет, паднало на коловозот на крстосница меѓу улиците „Климентова“ и „Дојранска“. Во падот, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кавадарци. ...
Необичен и вознемирувачки случај се случил на скопската Клиника за гинекологија, каде малолетно девојче било донесено со породилни болки, по што настанот добил сериозен полициски епилог. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил вчера попладне, кога во 13:40 часот во установата „Мајка Тереза“ била пријавена малолетна пациентка со знаци на породување. Веднаш по пријавата, на лице место пристигнале полициски службеници. Набрзо ...
Сериозен инцидент се случил денес околу 11 часот во центарот на Прокупље, недалеку од пешачката зона, кога прво дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи, а потоа ситуацијата ескалирала во пукање. Според првичните информации, по жестока расправија и тепачка, еден од учесниците извадил оружје, најверојатно таканаречен „плашливец“, и испукал кон другиот маж, погодувајќи го во пределот на главата. Очевидци опишуваат дека сцената била ...
Папата Лав XIV испрати силно предупредување до светската јавност, истакнувајќи дека дел од автономните системи на оружје управувани од вештачка интелигенција се „практично надвор од човечка контрола“. Во својата прва социјална енциклика „Magnifica humanitas“, папата повика меѓународната заедница да внимава на брзиот развој на технологијата и да се осигура дека таа ќе служи на човечкото достоинство, а не на уништување. Тој предупреди дека ...
Во скопското село Бардовци вчера попладне се случи необичен и вознемирувачки инцидент. Според информациите од полицијата, двајца малолетници физички нападнале трето дете. Настанот бил пријавен од таткото на нападнатото дете, М.М. (47) од Скопје. Но приказната не завршила тука. По пријавата, таткото добил закани од вујкото на едно од децата кои учествувале во тепачката. Дополнително, мајката на едно од малолетниците поднела пријава против ...
Сериозен инцидент се случил во скопски Центар, каде по расправија во сообраќајот, дошло до насилен напад врз млад доставувач на мотор. Според информациите од полицијата, настанот се случил околу 19:55 часот, кога патничко возило „Ауди“, во кое се наоѓале четири лица, прво удрило во моторот на 20-годишен доставувач од Скопје додека тој извршувал работни задачи. Но, инцидентот не завршил тука. По судирот, патниците од автомобилот излегле и ...