Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
За политиката се вели дека е втора најчеста тема во операта, по љубовта, главно поради тоа што во големите класични дела, од кои дел се на репертоарот на Македонската опера и балет, често се реферира на конфликти, дворски игри, интриги и револуции што се случувале во времињата кога тие се напишани. Но, кога во МОБ наместо музичарите настапува Владата, и тоа за да ги претстави достигнувањата од првите 100 дена откога е избрана, во либретото ...
Photo by Pixabay Министерството за одбрана на отцепениот регион Придњестровје во Молдавија нареди мобилизација на сите мажи меѓу 18 и 55 години. Одлуката е донесена како што е соопштено „на специјален состанок за надополнување на мировниот контингент“. Главната причина за наредбата за мобилизација што ја објави „Украинска правда“ е „обезбедување стопроцентно екипирање на персоналот на мировниот контингент на ...
Популарниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу од главната турска опозициска Републиканска народна партија, ЦХП, во интервју за БИРН за време на неговата посета на Сараево, оцени дека деновите на турскиот моќник Реџеп Таип Ердоган се избројани. „Следната година во Турција ќе имаме општи избори и претседателот Ердоган ќе ги загуби, исто како што загуби во Истанбул. Тие ќе изгубат, но Турција ќе победи“, рече Имамоглу. ...
Кога во 2019 година, бугарската влада и парламентот ги усвоија документите за напредокот на Скопје и Тирана кон Европската Унија, во кои за Македонија има низа услови поврзани со историјата, многумина во земјава не им дадоа сериозно значење. Тогаш, во светло на Договорот за добрососедство што во 2017 година го потпишаа поранешните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов, односите изгледаа повеќе од пријателски – двајцата заедно положија ...
Зградата на романската разузнавачка служба, СРИ. Фото: https://www.sri.ro/ Романските разузнавачки служби треба внимателно да ги испитаат странските инвеститори што доаѓаат од земји што не се членки на ЕУ, кои сакаат да инвестираат повеќе од два милиони евра во Романија, се вели во владината наредба издадена во четвртокот вечерта. Комитет составен од членови од неколку министерства, Романската разузнавачка служба, СРИ и Службата за надворешно ...
Четиринаесетгодишната ќерка на Викторија Боико престана да бара засолниште при најмал звук само два дена откако премина од Украина во Полска. „Пред тоа беше пекол. Навечер плачеше секој ден; беше постојано исплашена“, вели Боико во разговорот за БИРН што го направивме една недела во средината на март, во Кијовска хала, огромен центар за бегалци во Млини, во близина на полско-украинската граница. Внатре во распространетата ...
Густиот црн чад над некогашната фабрика „Треска“ веднаш ги распламти сомнежите на скопјани. Со првите искри во поранешниот социјалистички гигант, веднаш стигнаа и првите реакции – огнот е подметнат за да им го расчисти теренот на инвеститорите, да се обезбеди подобра преговарачка позиција или да се забрза постапката за градба. Имено, тој простор е актуелен поради најавите за нови згради што таму треба да се градат. ...
Софија-Состанок на бугарската влада, 2022 година, фото: gov.bg Лапидарната изјава на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој денеска рече дека има документ со Бугарија што земјава е подготвена да го прифати е комплементарна со превирањата што се случуваат во коалициските односи на владата во Софија. Оттаму не зачудува молчаливоста на владините кругови за содржината на договорот бидејќи и самиот Османи потврди дека „сѐ уште се ...
„Кој го донесе Рио Тинто во Србија? Рио Тинто дојде во Србија привлечен од минералните потенцијали на нашата земја. Бев директно вклучен во тоа“, вели Ненад Грубин, геолог и долгогодишен директор во Рио Тинто, во едно интервју. Од него навистина почнува приказната за истражувањето на литиумот во Србија. Овој 55-годишен експерт бил еден од четворицата геолози, кои официјално го открија „јадаритот“, литиум натриум ...
Адина го споредува начинот на кој добива пари од сопругот со хранење на лажичка „Секој пат треба да објаснам зошто ми треба тоа што го купив… Понекогаш буквално морам да го молам за да ми даде пари“, вели таа. Адина (која вака ја нарековме затоа што побара да не ја идентификуваме со вистинското име), останала бремена во 2014 година, како студентка на универзитет во Босна и Херцеговина. Се омажила и се откажала од ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ФОТО: Фејсбук страна на ЕК Само два дена по убедливата победа на Виктор Орбан на унгарските парламентарни избори, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен објави дека против Унгарија ќе биде активиран механизмот дизајниран да спречи пристап до европските фондови за земјите за кои се смета дека го поткопуваат владеењето на правото. „Комисијата ја информираше ...
Александар Вучиќ , избори април 2022 Фото: Фејсбук страна Невладината организација со седиште во Србија, која ги набљудува парламентарните избори, ЦЕСИД, соопшти дека српскиот претседател Александар Вучиќ, во првиот круг од претседателските избори освоил уште еден петгодишен мандат, а неговата Српска напредна странка СНС освоила најмногу гласови на парламентарните избори и повторно ќе доминираат во парламентот од 250 места. ЦЕСИД соопшти дека ...
Новиот и никогаш вселен објект на ЕСМ спроти Старата железничка станица | Фото: БИРН Барокната зграда со скулптура на богот на громот Перун, која компанијата Електрани на Северна Македонија пред седум години ја изгради во центарот на Скопје и никогаш не се всели во неа, како и фасадата на стариот објект на ЕСМ, која почна да се обновува, па прекина, создале големи нерационални трошоци, кои влијаат врз ликвидноста на претпријатието. Ова е еден ...
Скопската Општина Аеродром има зголемување од над 5 илјади нови жители, покажаа податоците од Пописот на населението, становите и домаќинствата. Таму според Пописот во 2002 живееле 72 илјади, а во 2021 над 77 илјади. Втора скопска општина каде што има најголем пораст на нови жители е Кисела Вода, , потоа следуваат општините Карпош, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Сарај и Бутел. Во Гази Баба, Центар и Чаир, пак, има обратен тренд, опаѓање на ...
Доминанта религија во Македонија и понатаму е христијанската. Околу 60 проценти од населението припаѓа на различни верски заедници во рамките на христијанството или во апсолутни бројки тоа се нешто повеќе од милион граѓани, покажуваат податоците од последниот попис спроведен минатата година. Резултатите од пописот се објавија денеска. Лани приближно 850.000 граѓани се изјасниле како православни, околу 6.700 се декларирале како католици и ...
Бројот на луѓето што живеат во Македонија изнесува 1.836.713, покажаа првите податоци од пописот спроведен во 2021 година, што денеска ги соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски. Од нив, 58,4 отсто се Македонци, а 24,3 отсто се Албанци. Бројот на нерезидентно население изнесува 260.606 лица. Ова е првиот попис што го комплетираше државата по 2002 година кога вкупно беа избројани 2.022.547 лица. Операцијата беше ...
Фатмир Етеми е еден од најмоќните градежници во земјава со милионски профити во евра на годишно ниво. Како бизнисмен растеше под радарот на медиумите. Новинарските истражувања се фокусираа на сосема други ликови што црпеа привилегии од сите нивоа на власта и градеа узурпирајќи го заедничкиот простор. Меѓутоа, јавноста го смести Етеми меѓу озлогласените профитери во истиот момент кога почна да гради во централното градско подрачје, каде што ...
Весна Братиќ и Драгиња Вуксановиќ-Станковиќ се на спротивни страни на длабоко идеолошки поделената Црна Гора. Братиќ е министерка во кабинетот на несигурниот владин сојуз што дојде на власт кон крајот на 2020 година и стави крај на тридецениското непречено владеење на Демократската партија на социјалистите, ДПС, за самиот да се урне под тежината на внатрешните борби на 4 февруари. Вуксановиќ-Станковиќ е пратеничка на опозициската ...
На само 2 километри од магистралниот пат Дебар – Маврово – Скопје, во утробата на Општина Маврово Ростуше е скриено планинското село Жировница, второ најголемо во Националниот парк „Маврово“. До него се стигнува преку неверојатно зеленило низ кое ве следи гласниот жубор на Таироска Река. За 3.300 луѓе што останале да живеат тука и да ги уживаат придобивките на природата, реката е симбол за живот. Аднан Салиу и Анес ...
Американскиот новинар Брент Рено во септември 2007 година. Фото: Мајкл Кимбер, координатор за специјални проекти, Democracy Now Еден месец откако силите на рускиот претседател Владимир Путин ја нападнаа Украина, меѓу стотиците цивили што досега беа убиени се најмалку пет медиумски работници. Тоа ги засили стравувањата дека новинарите се намерно цел на нападите. Оксана Баулина, руска новинарка што работела за независната информативна страница ...
За да избегне „непредвидено“, владата „предвидено“, на секои три години троши по околу 1,8 милиони евра за позајмување возила за министрите и за другите функционери. Ова е заклучокот што произлезе од одговорите што ги добивме од владината Служба за општи и заеднички работи во врска со набавките на автомобили преку оперативен лизинг на три години (користење и враќање), за што се плаќа речиси еднаква сума колку што би ...
Јанез Јанша. Фото: Кабинет на премиерот „Словенија наскоро ќе ги испрати своите дипломати назад во Киев. Тие ќе бидат волонтери. Ние работиме да ја натераме ЕУ да го направи истото. На Украина ѝ треба директна дипломатска поддршка“, напиша во неделата словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер. Откако Русија ја нападна земјата на 24 февруари, амбасадорот на Словенија во Киев, Томаж Менцин, го напушти главниот град на Украина и ...
Сѐ почна во април 2016 со одлуката на Ѓорге Иванов да помилува 56 осомничени и обвинети во истрагите на СЈО. Атмосферата на улиците беше „под висок напон“, со пароли, скандирања и жар во очите. Кордони полиција имаше во центарот на Скопје. Таа вечер гореа сликите на Иванов, а беше оштетена канцеларијата на Рекорд, како симболичен протест против неговата одлука. Следниот месец, Шарената револуција за првпат се најде на суд. Протест ...
Бојко Борисов Фото: Влада на РСМ Бугарскиот главен обвинител Иван Гешев денеска се пожали дека не бил информиран за апсењето на поранешниот премиер Бојко Борисов доцна синоќа, за повеќе од 556 милиони лева, односно околу 284.827 евра, кои наводно исчезнале од државниот буџет. Заедно со Борисов, службениците на европското обвинителство и бугарската полиција ги уапсија поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и портпаролката на ...
Имале позитивни оценки и посетувале многу семинари и обуки. Ова е збирното образложение со кое петтемина обвинители што треба да гонат организиран криминал и корупција остануваат и во следните четири години во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Ивана Трајчева, Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Сузана Мирческа-Кузмановска и Енѓулуше Кадриу-Леши. Членовите на Советот на јавни обвинители, утрово речиси беа како ...
Ако лани во март биле потребни 1.115 денари за да се купат вкупно дваесет продукти во еден од скопските маркети, денес во истата продавница истите производи чинат 1.301 денар. Тоа е поскапување од речиси 17 отсто. Граѓаните се соочени со изборот, или да платат 186 денари повеќе, или да се откажат од два или три артикли. Премиерот Димитар Ковачевски, драматично соопшти оти се соочуваме со најголемата економска криза што светот ја памети во ...
Првиот глас на снимката е глас на жена. „Добра вечер, г-дине Илиас Касидиарис, зборувам [со вас] како адвокат“, вели таа. „Со оглед на одлуката за забрана на вашата комуникација со други лица, освен со вашите роднини и адвокати, би сакала да го слушнам вашето мислење за ова прашање и да ми дадете дозвола да го снимам овој разговор“. Касидиарис се согласува и почнува со 17-минутен монолог, во кој адвокатот прави само ...
Протест поради високите цени ФОТО: БИРН Илјадници луѓе од цела Албанија учествуваа на митинзи во саботата и во неделата, протестирајќи против поскапувањата, барајќи транспарентност, одговорност и уривање на монополите. Демонстрантите, во саботата носеа транспарент на кој пишуваше „Престани да крадеш од нас“ од плоштадот Скендербег во Тирана до канцеларијата на премиерот Еди Рама. Тие предупредија дека ќе протестираат секој ден ...
Снег има на ридовите во Молдавија и постојан прилив на премрзнати, гладни и исплашени Украинци што ја преминуваат границата кај Паланка. Првата недела доаѓаа со автомобили, но сега многумина влегуваат пеш, носејќи ги основните работи во вреќи. Повеќето се жени со деца и постари лица. Носат шалови и капи за да се заштитат од студот. Роднини што живеат во Молдавија пречекаа жена што ја мина границата со велосипед. Украинци што ја минале ...
Седеф Кабас. Фото: Официјален Фејсбук профил на Седеф Кабас Турскиот суд, денеска ја ослободи познатата независна новинарка Седеф Кабас, која беше осудена на затвор поради навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Кабас беше ослободена на првото судско рочиште со супербрза пресуда, откако претходно беше осудена на две години и четири месеци затвор за навреда на претседателот со рецитирање на позната поговорка. Кабас пред судот, каде што ...