Скопје
-5ᴼ /
-5ᴼ
На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром, пред Основниот кривичен суд Скопје треба да се соочат психијатриските вештачења доставени од одбраната и обвинителството за обвинетиот Раде Трајковски – Штекли. Одбраната тврди дека Трајковски страда од растројство со шизофрени карактеристики, има халуцинации и параноидни идеи, и не е способен да ја следи судската постапка. ...
Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио од СДС, поинаку тие и не знаат.Разликата во последниот случај е во тоа што ги злоупотребиле и ставија во служба на партијата едни од најзначајните институции кои треба да се грижат за безбедноста на граѓаните и државата, и тоа, поддржани и потпомогнати од судско обвинителската власт, прашува ВМРО-ДПМНЕ. СДС на чело со Зоран Заев и Венко Филипче ги злоупотребиле ...
Копенхашките критериуми во минатото овозможија многу успешно проширување на ЕУ и процесот на прием на нови членки треба да продолжи да се гради врз нив, бидејќи владеењето на правото и демократската отпорност се клучни за кредибилен процес на проширување, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос. – Нашата Унија е отворена и тие врати ќе останат отворени за оние кои целосно, праведно и транспарентно ќе ги исполнат Копенхашките ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ноќеска го победи Американецот Тејлор Фриц во четвртфиналето на турнирот на Отвореното првенство на САД со 6:3, 7:5, 3:6 и 6:4. Мечот траеше 3 часа и 27 минути. Триесет и осумгодишниот Србин сервираше 10 аса, направи осум двојни грешки и реализираше четири од девет брејк топки. Неговиот противник имаше 12 аса, пет двојни сервис грешки и реализираше две брејк топки од 13 шанси. Следниот противник на Ѓоковиќ ќе ...
– Германската компанија „Лидл“ денеска во Реонскиот центар во општина Аеродром ќе постави камен-темелник на нов продажен објект. Станува збор за објект којшто ќе биде изграден на парцела што се наоѓа покрај булеварот „Видео Смилевски- Бато“ во близина на маркетите „Стокомак“ и „Кам“. На настанот најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан ...
Антидемократски структури се уште се борат против демократска Македонија, се уште сакаат да владеат со Македонија. Ова е четврти пат како се злоупотребува Тајната служба и секогаш тоа е против ВМРО-ДПМНЕ. Време е за одговорност, време е Обвинителите и судиите да го положат испитот и да донесат разрешници бидејќи граѓаните тоа го очекуваат, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој додава дека по влезот на земјата во ...
Нема причина да се истражува ситуацијата со авионот на претседателката на Европската комисија (ЕК), бидејќи овие нарушувања не се ниту хибридни, ниту кибер закани, изјави во Бургас, бугарскиот премиер Росен Желјазков. Неговиот коментар е во врска со информациите за инцидент со авионот на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на аеродромот во Пловдив на 31 август. Владината информативна служба вчера објави дека ГПС сигналот исчезнал за ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна прислушувањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) не е удар врз него и новинарите, туку врз демократијата, правото на слобода и темелите на државата. – Нашата држава се соочува со нов скандал – нелегално прислушкување и масовна злоупотреба на системот во изминатите неколку години. Јас лично, тогаш како претседател на најголемата опозициска партија, денеска како премиер заедно со новинари, ...
Интересно е што Виктор Димовски, иако никој не го прозва сам се пронајде во прозивките за прислушкување и следење на медиумите, новинарите и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека сам си ја брка мувата од капата. Е кога сме кај тоа, исто интересно е што самиот призна дека имало следење па и имало тајни соработници како што самиот посочува, посочуваат од партијата. Разликата е тоа што Виктор Димовски тврди дека имало оправдани причини за ...
Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личност, на потег се обвинителството и судството. Дека од СДС додека беа на власт не работеа ништо за граѓаните и државата покажуваат и последните информации за случувања во безбедносните служби додека владата беше под водство на СДС. Постои основано сомневање дека двете институции како Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална ...
Поранешниот премиер на Чешка, Андреј Бабиш денеска е хоспитализиран откако бил нападнат за време на предизборен митинг во градот Добра. Тој бил нападнат од маж со бастун. Напаѓачот е приведен под обвинение за хулиганство. Бабиш е голем пријател со поранешниот премиер на Македонија Зоран Заев. Тој беше во Скопје и тогаш го истакнаа нивното пријателство. – Бабиш е примен во болница во градот Фридек-Мистек на медицински прегледи, соопшти ...
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро денеска изјави дека распоредувањето на американска војска на Карибите е закана по неговата земја. – Венецуела се соочува со најголемата закана, што нашиот континент ја видел во изминатите сто години – осум бродови со 1.200 ракети и подморница се насочени кон Венецуела. Тоа е неоправдана, неморална, апсолутно криминална и крвава закана, посочи Мадуро. Тој стравува од десант на американски војници ...
Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во минатото двете агенции, односно Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги користеле државните ресурси за да го преслушкуваат него, но и бизнисмени и новинари. Јас не би можел да зборувам за деталите, претпоставувам и директорот ќе го каже тоа, бидејќи тоа е државна тајна и така се класифицирани тие ...
Македонската фудбалска репрезентација денеска ги почна ми подготовките за контролниот натпревар против Саудиска Арабија и пресметката од мундијалските квалификации против Лихтенштајн. Македонските фудбалери в четврток во Прага ќе играат против Саудиска Арабија, пред да го пречекаат Лихтенштајн во Скопје на 7 септември во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Поради повреда, Димитар Митровски не е дел од репрезентацијата, ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од денес е посилен за двајца нови играчи. – Фахад Азиз Бајо и Муса Раматан се најновите аквизиции на нашето раководство, со кои ќе атакуваме на највисоки дострели во актуелната натпреварувачка година, објави ФК Вардар. Бајо кој потпиша на две години е напаѓач од Уганда, има 27 години, минатото беше дел од Вишков од Чешка, Ашдод и Бнеи Сакнин од Израел. Дваесет и тригодишниот Раматан кој потпиша ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше пречекана со протести и извици „нацистке“ во Сопот, Бугарија, за време на посетата на најголемата државна фабрика за оружје ВМЗ-Сопот. Собирот беше организиран од евроскептичното движење Вазраждана, чиј лидер Костадин Костадинов тврди дека шефицата на ЕК „ја симболизира деградацијата на Европа“ и дека таа „не е добредојдена во Бугарија“. Демонстрантите го блокираа патот ...
Агендијата за нациолнала безбедност во време на владеењето на поранешната власт целосно се ставила во служба на СДСМ и ДУИ. Наместо да ја штити државата таа непријатели гледала во тогашната опозиција. Ова го покажуваат трите известувања од АНБ до Јавното обвинителство спроведени по внатрешна истрага во Агенција која открила оформување предмети за оперативни обработки насочени кон опозицијата, лидер на опозициска партија, како и група новинари ...
Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ, преку Инстаграм објави по информацијата дека го завршил Евробаскетот поради повреда. Богдановиќ им посака среќа на своите соиграчи во српскиот табор со порака да го видат во финалето! Капитенот на српската репрезентација, Богдан Богдановиќ, нема да игра во продолжението на Европското првенство поради повреда на тетивата што ја заработи на натпреварот против Португалија во ...
Младо момче од Крива Паланка е уапсено поради напад врз полицајци на Градскиот стадион. Според информациите на МВР, инцидентот се случил на 30.08.2025 година, околу 01:30 часот, кога 22-годишниот Т.Ј. физички се нафрлил врз полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Неофицијално настанот се случил по настапот на српскиот пејач Саша Ковачевиќ. Напаѓачот бил веднаш лишен од слобода од страна на полициските службеници на ОВР Крива ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев подготвува планови за нови напади на територијата на Руската Федерација. Неговите зборови ги пренесе Телеграм каналот на украинскиот весник „Страна.уа“, повикувајќи се на обраќањето на шефот на државата по тестирање нови домашни ракети. Зеленски нагласи дека Украина располага со неопходни средства и инфраструктура за продолжување на офанзивните операции. – Сите сили и ресурси се ...
Ако до пред десетина години Албанија беше асоцијација на сиромаштија и запоставеност сега веќе не е така. И тоа не само за приморјето туку и за малечките гратчиња како Поградец. Овој трет град град на Охридското езеро забрзано се развива. Да, сѐ уште не е на ни нивото на Охрид, но каде и да е за некоја година ќе го стигне, а Струга ја има веројатно престигнато. Кога преку граничниот премин Св.Наум за дваесетина минути ќе стигнете првото што ...
Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија. Индустриското производство во јули оваа година порасна за 4,1 процент споредено со истиот месец минатата година. Јули е првиот индикатор за третиот квартал од 2025 година, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил. Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското производство со раст од 7 отсто споредено ...
Барањето на претседателот на СДСМ Венко Филипче Собранието да донесе заедничка резолуција за евроинтеграциите со нашите „црвени линии“ и дека доколку се повтори вето од Бугарија да ги прекинеме преговорите со ЕУ е уште еден евтин политички блеф од страна на страна на лидерите на СДСМ како во минатото. Претходниците на Филипче на тронот на Бихаќа, Зоран Заев и Димитар Ковачевски истоа така се колнеа во резолуции, декларации дека нема да ...
Како што ќе се ближиме до датумот на локалните избори се повеќе ќе се заоструваат реториките, но ако имаме успешно оценет и спроведен изборен процес не би требало да има агрументи од ниту една политичка номенклатура да не ги прифати резултатите од изборите. Сите анкети досега покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и постојат шанси да добие градоначалник во речиси секој град, изјави вечерва министерот за локална самоуправа Златко Перински ...
Повторно подметнат пожар до градинката и училиштето Св. Климент Охридски! До каде ќе оди лудоста !? Брзата реакција на полицијата и пожарникарите веднаш го локализираа новиот опасен пожар. Дефинитивно станува збор за подметнување со цел опожарување на ново изградената детска градинка. МВР силно работи на расветлување на случајот, ќе бидат поставени и целовечерни полициски патроли. На терен ќе биде и општинскиот кризен штаб. Тоа што го градиме ...
Правнукот на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, Романо Флоријани Мусолини, дебитираше во петокот вечер во Серија А во натпреварот меѓу Кремонезе и Сасуоло. Мусолини влезе од клупата за резерви во 82. минута на местото на Алесио Зербино и изнуди пенал со кој Кременозе на крајот ја обезбеди победата. „Премногу работи се случија за прекратко време. Не мислам дека некогаш ќе заборавам што се случи вечерва. Дебито во Серија А отсекогаш ми ...
УЕФА вечерва ги објави термините за шесте кола во Конференциската лига во која Шкендија ќе стартува на 2 октомври на гостински терен против Рајо Ваљекано со почеток во 18: 45 часот Македонскиот шампион во второто коло, на 23 октомври, ќе го пречека Шелбурн во Скопје (18;45), по што следува дуелот на домашен терен против Јагелонија на 6 ноември (21 часот). Во четвртото коло фудбалерите на Шкендија ѝ гостуваат на Дрита (21 часот), пред да го ...
Па тоа ќе биде од големо значење за нас како држава, за Македонија како целина, бидејќи на тој начин ќе ја потврдиме онаа наша цел, а тоа е да бидеме крстосница на два многу значајни паневропски коридори, коридорот 10 и коридорот 8, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање до каде се процесните подготовки за третата фаза од изградбата на железничката пруга. Третата фаза е ...
Четириесет и двајца градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека 4 години може да се управуваат општините европски, партијата сега чекори кон историска победа на локалните избори закажани за 19 октомври, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ за четири години локална власт покажа дека општините може да се управуваат без афери, без криминал, злоупотреба на народни пари. На крајот на четвртата година од претходните локални избори кои се ...
Италијанскиот шампион Наполи би можел до крајот на оваа недела да го финализира трансферот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд (22), откако англискиот клуб го донесе во своите редови словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко. Данскиот интернационалец треба да му се приклучи на Наполи на едногодишна позајмица, а италијанскиот клуб ќе мора да го откупи неговиот договор следното лето, јавија денеска италијанските медиуми. Медиумите ...