– Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер со победа ја почна новата сезона во европската Лига на шампиони, откако вечерва во Битола го совлада хрватски Загреб со 25:23 (13:12). Успехот беше најавен на почетокот од средбата кога домаќините поведоа со четири голови разлика 8:4, а најдраматично беше на почетокот од вториот дел кога гостите поведоа со 14:15. Во завршницата на сцена стапи домашниот голман, иранскиот интернационалец ...

Отсекување на главата на Свети Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител. Празникот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември (н.с.) во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост. ...

ДУИ/АКИ со половина од раководството на меѓународни црни листи немаат ниту морал ниту кредибилитет да зборуваат за „српскиот свет“, бидејќи Абаз Ѓука од ОВК заврши во Али Ахмети од Соравија поради корупција, пишува во соопштение на ВРЕДИ кое МИА го пренесува интегрално: Ако некој две децении им служел на интересите на Србија, тогаш токму тие денес морализираат за „албанството“. Кратко и јасно колку што вие сте работеле за Албанците, Мијалков ...

Најголемата ѕвезда на словенечката кошаркарска репрезентација, Лука Дончиќ, го коментираше поразот од Германија (91:99) синоќа во четвртфиналето на Евробаскетот. Играчот на Лејкерси постигна 39 поени, 10 скока и 7 асистенции. – Лут сум, едноставно сум навистина лут. Можев да направам повеќе во последната четвртина. Создадов шутеви за себе, можев да бидам подобар во одлучувачките моменти, но донесов погрешни одлуки. Капа долу за моите ...

– Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, изјави дека сонува да игра во финалето на Светското првенство во 2026 година. – Фаталист сум за светот на фудбалот, но не и за животот. Животот е прекрасен. Фудбалот е тоа што е. Искрено, ако немав ваква страст, светот на фудбалот одамна ќе ми станеше одвратен. Уморот не значи дека повеќе не го сакаш она што го правиш. Сè уште сум луд. Наутро, попладне и навечер сонувам за финалето на Светското ...

Претседателот на СДСМ предлага декларација за национален консензус за европската интеграција, а истовремено тврди дека „во ниту еден документ не се загрозени националните интереси, ниту е направено предавство“. Зошто е потребна нова декларација ако ништо не е загрозено? Проблемот е што Венко Филипче и оваа гарнитура на СДСМ го загубија кредибилитетот да зборуваат за црвени линии, откако претходно нема црвена линија што не ја пречкртаа. Прво ...

Колку злоупотреби од тајните служби по глава на жител може да поднесе Македонија и кога еднаш ќе им се стави крај? Вербата во последново кај граѓаните не е голема, имајќи го предвид исходот од претходните такви случаи. Верувате ли вие во разрешница на последниов случај? беше прашан премиерот Мицкоски во интервју за „Дојче Веле“ Христијан Мицкоски: Се согласувам дека процентот на доверба во правен исход, особено кога случајот е доведен пред ...

Се сеќавате на стигнатата тупаница на „Шарената револуција“ во Скопје во 2016 гоина? Истата ја имаме и на протестите на српската опозиција во Србија, а сега се појави и во Непал. Тоа е еден ист ракопис, се разбира далеку од спонтан. Крвави раце и на улиците на Непал На улиците на Катманду, истата крвава тупаница е високо крената – а резултатот се судири со полицијата, насилство, ранети и мртви.Не стануваше збор за никакви спонтани ...

Поранешната министерка за надворешни работи на Германија Аналена Беркбок е нов претседател на Генералното собрание на ОН. Која е Бербок Неодамнешното откривање на нацистичкото минато на нејзиниот дедо и неговата служба во Вермахтот и добивањето на Крстот за воени заслуги во Блида, покрена прашања за нејзината посветеност на мирот и извозот на оружје. Нејзиното дедо е идентификуван како офицер на Вермахт и упорен националсоцијалист кој не само ...

Обезбеден е проект за интервентна заштита на споменикот „Македоумиум“ во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до крајот на годинава, а НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс, информира денеска на прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева. Митева најави дека проектот ќе биде финализран до средината на седната година, по што Министерството за туризам ...

Мастер план во три чекори е креириран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги презентирав во 2019 година во еден ТВ дуел со Радмила Шеќеринска, каде јавно кажав дека имаме сериозни индиции за злоупотреба на безбедносните служби, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во синоќешното гостување во емисијата ...

Не стивнуваат реакциите по синоќешниот меч помеѓу Србија и Англија во Белград. Англичнаните победија со 5-0 а српските фудбалери не упатија ниту еден шут. Српските медиуми пишуваат дека во поново време само Македонија примила повеќе голови од Англија.Пред две години во Манчестер Англија ја победи Македонија со 7-0 во Манчестер. Селекторот на Англија, Томас Тухел, им оддаде признание на неговите избраници за убедливата победа над Србија. ...

ВРЕДИ секој ден докажува дека е единствената сила што донесе нов дух и позитивна атмосфера во секоја албанска општина. Од Чаир, Тетово, Гостивар, Струга и Липково до најоддалечената населба, мобилизацијата на граѓаните е без преседан, а плебицитарната победа на 19 октомври сега е јасно видлива. Граѓаните ја разбраа разликата помеѓу работата на ВРЕДИ и измамите на ДУИ/АКИ. „Референдумот“ што го споменуваат не е ништо повеќе од обид за ...

Полска соопшти дека во денеска ја активирала сопствената и воздушната одбрана на НАТО за да собори беспилотни летала што влегле во нејзиниот воздушен простор за време на рускиот воздушен напад во западна Украина. Ова е прв пат од почетокот на војната во Украина Варшава да распореди средства во својот воздушен простор. Оперативната команда на полската армија соопшти дека „системите за воздушна одбрана и мрежите за радарско извидување се ...

„Му ветив на Антониј дека ќе го гледаме Роналдо, а Португалија ѝ гостува на Унгарија во Будимпешта. На поканата на мојот драг пријател Виктор Орбан го имам задоволството да ги поминам овие два дена со Јован и Антониј во Будимпешта“, пишува премиерот во објавата на Инстаграм Премиерот Христијан Мицкоски на својот инстаграм-профил објави дека отпатувал во Будимпешта со своите синови Јован и Антониј. Таму ќе останат два дена, а утре ќе го следат ...

Во овие моменти Турција игра против Полска а нивен најдобар играч е Џеди Осман. Овој 30 годишен кошаркар на Панатанаикос е роден во Охрид од татко етнички Турчин и мајка Босанка од која го научил српскиот јазик. Почнал да игра кошарка во КК Босна во 2001 година. Заради турското потекло по татко, тој веднаш беше натурализиран како турски државјанин и заигра за турската репрезентација. Пред три години се ожени во родниот Охрид со турската ...

Во главниот град на Катар, Доха, денеска се слушнале неколку експлозии и се појавил густ чад, рекле очевидци за арапски медиуми. Еден жител на Доха за англискиот сервис на Ал Арабија рекол дека слушна најмалку пет експлозии. Според прелиминарните информации на Ал Арабија, главниот преговарач на Хамас, Калил ал-Хаја, е убиен во израелски напад во Катар. Вкупниот број на загинати или ранети во нападот сè уште не е познат. Ал-Хаја наводно е ...

Радоје Звицер, во прислушуваните разговори што ги имал на апикацијата „Sky“ откри дека Жељко Ражнатовиќ Аркан бил убиен за 200.000 тогашни марки, пишува „Курир.рс Аркан е убиен за 200.000 марки. Уште не сум слушнал некој да плати милион и половина евра а ние толку плативме-се пожалил Звицер. 1,5 милиони евра е сумата што им била исплатена на убијците на водачите на Шкаљарскиот клан Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина кои поседуваа ...

Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање утре во 10 часот ќе одржи седница на чиј дневен ред е Предлогот за заклучок за вршење на надзор над работата на АНБ. Според договореното, со неа треба да претседава претседателот на Комисијата Скендер Реџепи. Ваков договор постигнале членовите на Комисијата, а за тоа го информирале и претседателот на Собранието Африм Гаши. Самите ...

Еден од спомениците-симболи на борбата на македонскиот народ за сопствена држава пропаѓа и скапува под вода. При посилен дожд, подот на споменикот „Илинден“ во Крушево е покриен со вода, витражите се оштетени, подот распукан, а рамките на прозорците се кородирани. Водата стигнува и до гробот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев, објави Дојче веле. Надлежните од Завод и музеј Прилеп велат дека нема пари за санација на ...

Двајца вооружени Палестинци отворија оган утрово на автобуска станица на периферијата на Ерусалим, убивајќи шест лица. Снимките од безбедносните камери од местото на настанот покажуваат луѓе како трчаат околу автобусот запрен покрај патот додека се слушаат истрели. The shooting today in Jerusalem. Here you how Jews are family. The cab driver takes an old woman out of the cab while being shot at, and does not flinch until the old woman is ...

Годишнината од прогласувањето на независноста на Северна Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и како треба да биде, се наведува во обраќањето на претседателот на ДУИ Али Ахмети по повод Денота на независноста – 8 Септември, што МИА го објавува интегрално. Уставот од 1974 година беше изменет во 1989 еднострано, со што Албанците беа лишени од државотворниот статус и овој момент претставува застојна пресвртница во ...

Maрко од Нови Сад е најверниот навивач на српската кошаркарска репрезентација. Неговите солзи во Рига го обиколија светот. Еве што има тој да каже за поразот од Финска. „Боли. Дојдовме да го земеме златото, се враќаме дома по осминафиналето. Ова повторно ни покажува колку треба да се бориме за нашата кошарка, за да не падне на некои ниски гранки и колку сите треба да инвестираме на некаков начин, колку можеме да вратиме на таа кошарка што ни ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа направи скок на ВТА ранг-листата за 43 места. Таа сега со 295 поени се наоѓа на 239.то место. Македонската тенисерка изминативе недели настапува во добра форма и на последните три турнири играше финале, а го освои турнирот во саботата во Романија. Втората македонската тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.424.то место односно има напредок од две позиции. На врвот на ВТА ...

Македонија е на првото место во својата група за пласман на СП. По вчерашната победа над Лихтенштајн сонот за светско никогаш не изледал по реален. Македонија вечерва рутински со 5-0 го совлада Лихтенштајн во меч од квалификациите за Светското првенство. Нашите фудбалери доминираа во целиот на целиот меч и победата не беше доведена во прашање. Стрелци на головите беа Елмас,Барди.Чурлинов, Ќалими и Станковски. Со оваа победа Македонија се ...

Премиерот Христијан Мицкоски во денешното обраќање по повод Денот на независноста се осврна и на економските показатели и на животниот стандард на граѓаните. Порача дека пред нас стојат големи предизвици, но и големи можности и дека државата веќе прави чекори напред. Оцени дека во изминатата година ипол поправени се многу работи, се отвораат нови работни места, а економијата закрепнува. Свесен сум дека многу луѓе живеат многу тешко и дека ...

Имаме одлично силна градежна активност насекаде низ државата. Го пуштивме во сообраќај и вториот дел од автопатот Кичево-Охрид, во должина од 17 км на потегот од Климештани до Охрид, со силна динамика работиме и на изградба на автопатите од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани. Очекувам првиот дел од автопатот од Прилеп до Битола да го пуштиме во сообраќај веќе следната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар ...

Не е прашање дали ќе се декласифицираат материјалите, вистинското прашање е како да ги спречиме злоупотребите и повеќе тоа да не се повтори. Тоа ќе се случи само кога ќе има одговорност. А одговорност мора да има, порача премиерот Христијан Мицкоски во неговото денешно обраќање на свеченоста по повод Денот на независноста. Повикувањето да се декласифицира документацијата за прислушкувањето, Мицкоски го гледа како страв и паника на оние кои ...

Денес пуштаме во употреба нова делница од автопатот Кичево-Охрид. Ова не е само уште еден пат, ова есилен доказ дека Македонија се движи напред, дека се гради и дека се надминуваат долгите години на застој.Речиси една деценија овој проект беше симбол на закочени и незавршени, или би рекол недовршени работи. Граѓаните со право беа разочарани, гледаа градилишта кои стојат, а не патишта што се користат. И за жал поради таквата слика голем дел од ...

Пожарот во фабриката Макрогрес е ставен под контрола. Пожарникари од околните градови пристигнаа на помош во Виница и огнената стихија е локализирана. Во борбата со огнот неколку пожарникари се повредени. Според информациите на директорот на Диреккцијата за заштита и спасување, пожарникарите се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните на фабриката што бил зафатен од пожарот. „При ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
68%
1022
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
6.69
74%
1024
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -10ᴼ
1.54
82%
1025
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
4.12
73%
1024
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
6.83
78%
1020
weather icon

Љубљана

-8ᴼ / -11ᴼ
0.45
89%
1026
weather icon

Атина

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
65%
1011
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
40%
1017
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
10.8
37%
1020
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
1.54
93%
1016
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -5ᴼ
9.26
64%
1019
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 1ᴼ
6.17
93%
1013
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.4077

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Бакар

11.84

Паладиум

57935.65

Злато

144981.23

Калај

44.73

Алуминиум

3.14

Родиум

310254.70

Платина

72292.89

Иридиум

169549.30

Рутениум

44946.74

Цинк

3.10

Кобалт

59.52

Сребро

2569.43