Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема да прифати уставни измени без јасни гаранции за европската перспектива на државата, нагласувајќи дека Македонија нема да влезе во процес чиј исход е неизвесен. Осврнувајќи се на вчерашната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и пораките дека уставните измени се неопходен услов за почеток на преговорите со Европската Унија, Мицкоски истакна дека меѓу нив постои ...
За поздравување е акцијата на МВР, се надевам Јавното обвинителство и судот во кратка дистанца ќе бидат на висина на задачата, истакна во своето гостување во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски на телевизија Алфа аналитичарот Милан Стефаноски, во врска со акцијата на Финансиската полиција во која беше уапсен поранешниот градоначалник на општина Карпош, поранешен пратеник, потпретседател на СДСМ и екс директор на ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица поради сомнежи за злоупотреби при спроведување на постапки за јавни набавки во Царинската управа. Како што соопшти Обвинителството, истрагата е отворена по кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, а опфатени се поранешен директор и помошник-директор на Царинската управа, управител на приватна компанија и вработен во ...
СДСМ од очај го извадија Стево Пендаровски од пензија, а Филипче упорно ја тера приказната дека не сме преговарале со Бугарија туку со ЕУ. Колку тоа не е вистина покажа изјавата на Румен Радев кој по средбата со Макрон призна дека му требало едно година да ги убеди европските лидери зошто е потребно да има Бугари во македонскиот устав. Многу теми а стари пациенти во новата епизода од ТВ Колумната „5 минути со Чавез“. СДСМ од очај го ...
Проширувањето е наша заедничка цел, а иднината на Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија, порача попладнево претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. Вашата Влада покажа посветеност и сакам да ги пофалам континуираните напори што ги вложувате. Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската агенда кон ...
Арнаудов Тој којшто клечи пред ГОСПОД и СВОЈОТ НАРОД, пред НЕГО клечи цел свет“ Колумната е одговор на баналните десетгодишни обвинувања кон Христијан Мицкоски од сиромашниот арсенал на есдесовците полн со глупости, но и јасна содржина и чисти пораки за оние коишто разбираат. Сигурно некој ќе се запраша: Каква врска има словото на Светите браќа Кирил и Методиј со Разловечкото востание? Има врска. Врска нераскинлива и не заборавена. Секоја ...
Поранешниот директор на Царинската управа, некогашен потпретседател на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, неофицијално е меѓу осомничените лица во денешната акција на финансовата полиција, дознава „Република“. Според неофицијалните информации, во моментот се врши претрес во неговиот дом, а дел од медиумите пренесуваат и дека криминалот кој се испитува е тежок 350.000 евра. Од она што досега е официјално соопштено е дека ...
СДСМ се толку очајни што го извадија и Стево Пендаровски од пензија, т.е од нафталин. Се сеќавате кој беше тој? Сигурно ви текнува на неговата славна изјава „значи ние во Скопје немаме видено никаков француски предлог“, за по два-три дена се пофали дека лично со Макрон, работел на него, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“ која ќе биде емитувана утре. СДСМ се толку очајни што го извадија и Стево Пендаровски од пензија, т.е ...
Индустриското производство во април годинава е зголемено за 7,6 % во однос на април 2025 година – соопшти Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 4,3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 6,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22,6 %. Според главните ...
Министерството за финансии денеска соопшти дека во целост е исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Денеска, извршена е исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главнината и 11,6 милиони евра за камата), со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската за оваа еврообврзница. Средствата за сервисирање на оваа обврска, како што информира Министерството за финансии, се обезбедени ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска е во Скопје на средби со државниот врв.Главна тема ќе биде спорот со Бугарија како и реформската агенда. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вчера изјави дека на маса се повеќе идеи за надминување на спорот со Бугарија, а кои би вклучувале јасни гаранции во форма на заклучоци на Европскиот совет дека нема да им нови билатерални барања за земјава поврзани со историјата, ...
Македонската фудбалска репрезентација загуби вечерва во контролен натпревар против Турција во Истанбул со убедливи 4-0 (2-0) и ја продолжи серијата без победа на осум, а без постигнат гол на четири натпревари. Почетниот состав на македонската репрезентација донесе пет измени од дуелот во петокот против БиХ со Деспотовски, Фетаи и Алиоски во одбраната, Елези во средниот ред и Омерагиќ во нападот, но избраниците на селекторот Гоце Седлоски и ...
За година и половина завршивме 37 километри и ги пуштивме во сообраќај на автопатот Охрид-Кичево и тоа е доказ дека многу сериозно ги водиме проектите. За разлика од нас, владата на СДСМ и на ДУИ седум години не стави ни метро асфалт, истакна вицепремиерот Николоски во интервју на поткастот „Риштази”. Проблемот, посочи министерот, е на предходната влада која што од политички причини тој проект го напушти. – Факт е дека седум години владата на ...
Илјадници граѓани вечерва излегоа на улиците на Охрид за да го прослават историскиот успех на ГРК Охрид, кој го освои својот прв европски трофеј, триумфирајќи во финалето на ЕХФ Европскиот куп против унгарскиот тим МОЛ Татабања. По победата во преполната спортска сала „Билјанини Извори“, ракометарите, стручниот штаб и клупското раководство беа пречекани од бројни навивачи кои со песни, знамиња и овации го одбележаа најголемиот успех во ...
Долго очекуваното враќање на професионалниот тенис на легендарната Серена Вилијамс ќе се случи овој месец кога 44-годишна Американка ќе настапи на турнирот на трева во Квинс, објавија денеска организаторите. Серена Вилијамс доби вајлд – карта од организаторите и ќе настапи во двојки. Последниот настап на 23-кратната грен слем шампионка беше во септември 2022 година, кога се повлече од професионалниот тенис по поразот во третото коло на Ју Ес ...
Тажна вест ги погоди семејството, пријателите и сите што ја познаваа Сејда Бешлиќ, сопругата на легендарниот пејач Халид Бешлиќ. Сејда Бешлиќ почина по долга и тешка болест, објавува „Аваз“. Со години Сејда беше најголемата поддржувачка на својот сопруг, со кого го помина речиси целиот свој живот. Нивната љубовна приказна траеше со децении и често беше истакнувана како пример за лојалност, почит и меѓусебна поддршка. По смртта на Халид Бешлиќ ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба и оти државава и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата. – Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние, би рекол душегрижници кои мислеа дека оваа ...
Потпретседателот на Партизан за спортски прашања, Предраг Мијатовиќ, поднесе неотповиклива оставка по несогласувањето со неговите соработници. – Дојдов тука да разговарам со вас сосема отворено и транспарентно за да нема никакви резерви. Ја почитувам одлуката на Собранието што сите ја донесовме, но прашувам, им благодарам на сите. Но, исто така го прашувам Собранието, дали беа присутни овие четири месеци додека сè се случуваше? Така сите ...
Предизвиците во најголемета енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026, што се одржува во Скопје. Денеска, посочи, ние го живееме токму тоа време на глобален енергетски ...
Потпретседателот на владата Арбен Фетаи поднесе оставка на функцијата во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски, дознава Телма. Фетаи претходно повеќе од два и пол месеци не доаѓаше на работното место во владата во која ја извршуваше функцијата вицепремиер за добро владеење. Од прес службата на владата за Телма потврдија дека во текот на денешниот ден е доставена оставката на Фетаи, а портпаролката на владата Марија Митева најави дека на ...
Лагите се специјалност на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција по којзнае кој пат по ред, повторно излезе да шири лаги и манипулации. Но, како специјален пратеник и пиун на Румен Радев, кој стана главен промотор за прифаќање на бугарските диктати, друго и не се очекува, потсетува ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да застане рамо до рамо со Владата и заеднички да се настапи за подобрување на македонските позиции, Филипче, во стилот ...
Ракометарите на ГРК Охрид синоќа го освоија пехарот во ЕХФ Европскиот куп, а вечерва граѓаните на Охрид ќе имаат можност да ги поздрават освојувачите на европскиот пехар. Прославата за историскиот клупски успех и голем резултат за македонскиот спорт ќе започне во 19 часот на градскиот плоштад. Според најавите од ракометарите на плоштадот треба да пристигнат во 20 часот, кога охриѓани ќе можат да ги поздрават, оние кои испишаа нова страница во ...
Се потврди уште една јасна и недвосмислена лага на Христијан Мицкоски и намерно неспроведување на реформската агенда – обвини денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласувајќи дека премиерот ја кочи европската перспектива на државата и не ја спроведува реформската агенда по истекот на рокот, 1 јуни, поставен за усвојување на клучните закони. Според Филипче, од предвидените 16 закони, кои требало да бидат донесени до јуни 2025 година, ...
Се разоткрива големата измама која ја објавиАгенцијата за храна и ветеринарство за квалитетот на млечните производи на млекарите кои ги нуделе до потрошувачите. „Република“ дознава кои се тие млекарници. Млекара Милком, мешан кашкавал, млечни масти по декларација 34.5%, по анализа 30%. Млекара Маврово, мешано сирење, по декларација 24.5%, по анализа 17.5%. Млекара Сентис АГ тетово УХТ млеко по декларација 3.2%, по анализа 2.85%. Протеин ...
Ракометна Битола стартува со нов тренер на клупата со желба за враќање на шампионската титула, а за таа цел избран е еден од најдобрите европски тренери Лино Червар. Тој денеска и официјално беше промовиран, а поранешниот тренер на Металург и селектор на Хрватска и на Македонија ја презентираше својата визија и планови за работа. – Чест ми е да работам во Битола. Ова е град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата ...
Руската влада денеска соопшти дека забранува извоз на керозин до 30 ноември, со цел да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на горива. Одлуката е донесена во време на интензивирани украински напади со дронови врз руските рафинерии, што доведе до намалување или стопирање на производството. Војната во Иран го „приземји“ и керозинот за авио компаниите Русија извезува керозин по железнички пат во Централна Азија, меѓу кои и Казахстан, ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески изразува загриженост поради најавеното зголемување на надоместоците во платниот промет од страна на неколку банки во земјата, оценувајќи дека во моментот не постојат оправдани причини за ваков потег. – Народната банка е непријатно изненадена од одлуката на дел од банките да ги зголемат надоместоците што ги плаќаат граѓаните и компаниите за услугите во платниот промет. Особено загрижува фактот што ...
Вредноста на американскиот долар продолжи да слабее и втора недела по ред на девизните пазари, под влијание на сигналите за продолжување на примирјето меѓу САД и Иран и намалување на геополитичките тензии. Пазарите реагираа и на најавите за олеснување на ограничувањата за пловидба низ Ормутскиот теснец, што ја намали аверзијата кон ризик кај инвеститорите. Индексот на доларот, кој ја мери неговата вредност во однос на шесте најважни светски ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. „Динамиката на изградбата на автопатот ...
Венко филипче, исто како и Заев во своето време, се обидува да ги убеди граѓаните дека уставните измени без гаранции се прифатливи и дека нема причина за загриженост. Заев користеше идентична реторика кога ги промовираше измените поврзани со името на државата, тврдејќи дека тоа е последниот чекор кон членството во ЕУ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо ветениот напредок од страна на СДС, Македонија се соочи со нови блокади, нови ...