Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Вчера во 00:30 часот на ул.„Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода С.Т.(92) од Делчево. При контрола во сообраќајот, полицискитре службеници сопреле патничко возило „пежо“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,07 промили алкохол во крвта, информираа од полицијата. Вчера во ...
Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија рече дека во новата програмска платформа на СДСМ, „Твоја држава, твоја шанса“, централно место има работникот и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Осврнувајќи се на „Скопска иницијатива“, која беше завчера, и на која дојдоа претставници на сестрински партии на Социјалдемократскиот сојуз од регионот, Трајановски истакна дека таа ...
Компанијата „Макпрогрес“ денеска пушти во употреба нова фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“. Инвестицијата е вредна 8,5 милиони евра, а на свеченото отворање присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски. Генералниот директор на „Винчини“, Глигор Цветанов, информира дека инвестицијата е реализирана со комбинација од сопствени средства и кредити од комерцијалните банки, вклучително и дел од унгарската кредитна линија ...
Владата ќе обезбеди максимална поддршка за домашните компании чие производство е доминантно наменето за странските пазари, најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на компанијата „Макпрогрес“. Тој изрази импресионираност од развојот на компанијата, која успеала од семеен бизнис да прерасне во регионален гигант со промет од над 40 милиони евра и да стане еден од темелите на македонската кондиторска индустрија. Премиерот потенцираше ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека блокадата на Акцискиот план за малцинства од страна на Бугарија претставува политика која трае со децении, посочувајќи дека претходните политички елити во земјава не успеале да го препознаат тоа и направиле големи проблеми кои сегашната Влада ги решава еден по еден. Одговарајќи на новинарско прашање за причините зад ваквиот чекор на официјална Софија, Мицкоски истакна дека за мотивите треба да ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на својата работна посета на Сараево, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ. За време на разговорите, двајцата министри ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со континуирана соработка и конструктивен политички дијалог. Фокусот на средбата бил ставен на ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели пофалници и парични награди во износ од 20.000 денари на првенците на генерацијата од сите осум општински училишта. Вкупно се издвоени 160.000 денари за најуспешните ученици. Наградените ученици во текот на своето деветгодишно образование покажале континуиран одличен успех, освоиле бројни признанија на државни и меѓународни натпревари и активно учествувале во вонучилишни ...
Опозициската СДСМ ја презентираше својата нова програмска платформа насловена „Твоја држава, твоја шанса“, со која партијата најавува нова фаза на дејствување на политичката сцена. На прес-конференцијата, портпаролката и членка на Извршниот одбор на партијата, Богданка Кузеска, ги образложи клучните насоки на оваа стратегија. „Со „Скопската иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ започнува нова етапа на политичко ...
Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ за „злоупотреба на службената положба и овластување“ Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот В.Г., поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска во законодавниот дом го презентираше извештајот за неговата двегодишна работа, во кој се сумирани постигнатите резултати и статистичките податоци за периодот од мај 2024 до мај 2026 година. Според официјалниот извештај, во овој двегодишен период биле одржани вкупно 196 пленарни седници, усвоени се 710 акти и реализирани се 29 седници посветени на пратенички прашања, од кои 16 редовни. На ...
Времето утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. До четврток, времето ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања до СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче, тврдејќи дека партијата е подготвена за ново историско предавство на македонските национални интереси. Според Манасиевски, СДСМ низ историјата веќе направиле предавства со менување на името, знамето и Уставот, а сега на чело со Филипче биле подготвени за најстрашниот чекор за македонскиот народ – ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција јавно го повика Јавното обвинителство да отвори истрага за нова, голема корупциска афера во Царината. Петрушевски истакна дека првичните информации за митото од 2.000 евра се само почеток на криминална мрежа тешка 18 милиони денари, која била договарана преку мобилни апликации. „Митото од 2.000 евра кое Богац го земал од Џемо е само почетокот на аферата во ...
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди морското подрачје северно од островот Евија во близина на Атина рано наутро во понеделник, соопштија надлежните власти. Засега нема пријавени повредени лица или предизвикана материјална штета. Според податоците од Институтот за геодинамика при Националната опсерваторија во Атина, земјотресот се случил во 5:13 часот наутро по локално време, со епицентар на 9 километри ...
Во Гевгелија во 11 часот се измерени 30 степени, со што е најтоплиот град во моментов. Топло е и во Велес, Скопје и Демир Капија. Најниска температура од 13 степени е измерена на Попова Шапка. Времето денеска ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност во претпладневните часови. Попладне се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На поединечни места ќе има услови и за ...
Бројот на жртвите во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди јужниот дел на Филипините се искачи на 15 загинати, соопшти филипинската Канцеларија за цивилна заштита. Директорот на локалната канцеларија за цивилна заштита, Родриго Сосмења, информираше дека дури 12 смртни случаи биле регистрирани во регионот Соцсксарген. Овој регион ги опфаќа провинциите Јужен Котабато, Султан Кударат и Сарангани, како ...
На 07.06.2026 во 19:15 часот на патот Граничен премин Блаце – Скопје, кај тунелот „Блаце“, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ го лишија од слобода Р.Ш.(42) од Косово. При преглед во товарно возило „фолксваген транспортер со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина на брендирана и друга разновидна стока за која не поседувал ...
На 07.06.2026 во 11:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Е.Ф.(32) од Гостивар. Тој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна. На 07.06.2026 во 11:30 часот, полициски службеници од Полициската ...
Израел и Иран повторно разменија директни воени напади, што претставува најсериозна ескалација на конфликтот помеѓу двете земји по воспоставувањето на априлското примирје. Израелската војска објави дека нејзините воздухопловни сили нападнале неколку цели во петрохемиски комплекс во Иран, лоциран во градот Махшахр, во југозападниот дел на земјата. Претходно, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека вршат напади врз воени цели во ...
Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Минданао, еден од јужните острови на Филипините. Според информациите на агенцијата Ројтерс, засега нема детални податоци за пријавените смртни случаи, но објавените снимки од терен покажуваат голема материјална штета и урнати згради. Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ) соопшти дека силниот ...
Кина објави дека почнала „специјална поморска операција“ источно од Тајван, дополнително заострувајќи го својот одговор на неодамнешниот договор меѓу Јапонија и Филипините. Тие две земји, имено, планираат да започнат преговори за поморските граници во таа област и подлабоко да ги поврзат своите одбранбени сили, јави Блумберг. Кинеското Министерство за транспорт организираше „специјална операција за спроведување на поморскиот сообраќај“ , јави ...
Претставата „Кармен“ вечерва е дел од официјалната програма на 14. Меѓународен фестивал за изведувачки уметности БАБЕЛ, кој се одржува во градот Т’рговиште, Романија. Фестивалот е основан во 2007 година од Театарот „Тони Буландра“, со цел да создаде простор за средба на различни култури, театарски естетики и современи сценски практики. Монодрамата „Кармен“ е работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес. ...
На 06.06.2026 година во 12:30 часот во СВР Скопје, С.Т. (43) од Скопје пријавил дека во село Долно Соње, скопско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници, кои ги познавал. Според пријавата, претходно едниот од малолетниците го снимал и фотографирал со мобилен телефон, а при нападот бил употребен и тврд предмет. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на ...
Познатиот политички аналитичар и поранешен македонски дипломат, Арсим Зеколи, почина рано утрово на 60-годишна возраст. Тажната вест за неговата ненадејна смрт ја сподели неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение објавено на социјалните мрежи. „Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966–2026)“ Семејството ...
На 06.06.2026 година во 13:30 часот во СВР Скопје, 61-годишен маж пријавил дека на 05.06.2026 година во дом на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од неговата вонбрачна партнерка К.П. (54). Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 06.06.2026 година во 13:30 часот во СВР Скопје, 61-годишен маж пријавил дека на 05.06.2026 година во дом на подрачјето на ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност во претпладневните часови. Попладне се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На поединечни места ќе има услови и за појава на невреме со град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УХМР ги измери температурите до 8 часот. Најниска температура има на Попова Шапка, 13 степени. Најтопло е Гевгелија со 25 ...
Најмалку 12 лица се повредени во масовно пукање што се случи за време на познатиот фестивал „Олд Вест Енд“ во градот Толедо, Охајо. Инцидентот се случил синоќа, околу 23 часот по локално време, во моментите кога полицијата веќе им помагала на посетителите да се разотидат по официјалното завршување на настанот. Според официјалниот полициски извештај, последиците од хаосот се следните: 10 лица 2 лица 16 до 51 година Двајца во критична состојба, ...
Серија силни земјотреси денеска за кусо време ја дигнаа на нозе Грција. Во период од само 10 минути, регистрирани се четири силни потреси кои предизвикаа вознемиреност кај населението. Според официјалните извештаи од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), хронологијата и силата на земјотресите се следните: Прв потрес: 4,8 степени Втор потрес: 4,3 степени Трет потрес (најсилен): 5,2 степени Четврти потрес: 5 степени Епицентарот во ...
Во изминатите три дена, ЈП „Лајка“ – Скопје го реализираше „Лајка фест – повеќе од настан“, иницијатива насочена кон обединување на институциите, стручната јавност, граѓанските организации и граѓаните околу прашањето за бездомните кучиња и потребата од системски, хумани и долгорочни решенија. Фестивалот започна со панел-дискусија во Собранието на Град Скопје, на која учествуваа претставници од Факултетот за ветеринарна медицина, Агенцијата за ...
Во текот на денешниот ден, понеделник, 08. јуни 2026, без електрична енергија ќе останат делови од Кисела Вода и Бутел. Без електрична енергија деенска од 08.00 до 12.00 часот ќе останат корисниците од улиците Хо Ши Мин, Приштинска, Призренска, Марко Крале, Љубо Петровиќ и Бутелска во Општина Бутел, инвормира РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски – зградите спроти Расадник – Трим и Лум, Елена Лука и ...