В сабота, 13 мај, од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Омарнина што омалаксува“ од младата поетеса Марија Велинова, издание на ПНВ Публикации од Скопје. Книгата ќе ја промовира проф. д-р Владимир Мартиновски, а настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. Изданието е поддржано од Министерството за култура. Владимир Мартиновски, во поговорот кон книгата ќе истакне: „Марија Велинова низ ...

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, Сузи Кју продукција и Аворд филм и видео, е избран во официјалната селекција на Биг Епл Филм Фестивал, познат како BAFF во Њујорк, и ќе има проекција на 22 мај. BAFF или т.н филмски фестивал „Големото јаболко” е еден од најдобрите 25 филмски фестивали според списанието „MovieMaking“, за промовирање на ...

Првата конференција за комерцијални недвижности во Македонија се одржа вчера, 10.05.2023, во хотел Хилтон, иницирана и во организација на ФОРТОНМКА, а ко-организатор маркетинг агенцијата „Кликер маркетинг“. Истата обезбеди квалитетна платформа на која локални и меѓународни професионалци за недвижности имаа можност да се се сретнат и да разменат знаења и искуства. На првата панел дискусија, насловена „Инвестиции на пазари во развој“, се ...

Собранието вчера ја изгласа потребата од донесување на Предлог на закон за измени и дополнување на Законот за здравствено осигурување со кој се овозможува платено породилно отсуство за земјоделки, известија од Мрежа за заштита од дискриминација. Сите присутни пратеници гласаа ЗА, со што од Мрежата сметаат дека предлогот на законот успешно ќе ја помине законодавната постапка и земјоделките конечно ќе добијат системско решение за правото на ...

Вчера, 10.05.2023, во хотел Хилтон беше организирана Првата конференција за комерцијални недвижности во Македонија. Истата обезбеди квалитетна платформа на која локални и меѓународни професионалци за недвижности имаа можност да се се сретнат и да разменат знаења и искуства. Ваков тип на конференции се клучни за поттикнување насоработката, вмрежувањето и следењето на најновитетрендови и предизвици. На едно место, професионалци одлокалниот и ...

На 9мај, по повод на Денот на Европа, на Националниот сервис МРТ 1 се емитуваше првата емисија од мултимедијалниот проект ТВ Такси 28 во кој домаќини, на едно необично забавно возење по многу локации, се Ана Зафирова, Стрезо Стаматовски и Стефан Николовски. Ова е проект кој во 30 минути успешно сместува дебати на актуелните теми и информации од и за Македонија, а учеството е достапно за сите. Името на емисијата е инспирирано од симболиката на ...

Новиот проект на Matej Foltz и Young Dadi, ,,Лавиринт”, издаден под музичката продукција ZIMA Entertainment, е првата соработка помеѓу двајцата артисти, кои приватно се пријатели веќе неколку години. Инспирирани од артисти како Technotronic, Robin S. и Fatboy Slim, песната има иновативен звук кој прави кохезија од звукот на електронската и house музиката од 90тите години со модернизирана продукција и селекција на инструменти зад која стојат ...

Од 23 до 27 мај во Музејот на Скопје ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца и млади „Литера 2023“. Во рамки на фестивалот, ќе присуствуваат тројца илустратори и креативци од Хрватска – Доминик Вуковиќ, илустратор и автор на плакатот за „Литера 2023“, Николина Манојловиќ и Бранка Холингсворт Нара, кои преку мастеркласови и предавања ќе го пренесат своето знаење на младите илустратори кои ...

Оваа сабота (13 мај) на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО 11 ќе настапи Оља Грубиќ во продукција на ВИА НЕГАТИВА, српска уметница со перформансот Extima: Плодна почва во 20 часот во МКЦ. Билетите се по цена од 200 денари и може да се најдат на следниот линк https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1221 Како што известуваат од Тиииит! Инк., засновано на истражувањето во блискиот однос помеѓу цивилизациската логика и околината, перформансот го разгледува ...

Изложбата Во Цут – на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде отворена на 18 Мај 2023 г. во Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности, локација: Парк на Франкофонијата со почеток во 18:30 часот. Изложбата “Во Цут” се состои од платна, слики и графики цртани изминативе 2 години. Таа има за цел да ја претстави пролетта и самото будење на природата. Авторот се поистоветува со будењето на природата како фаза за себе ...

Влезниците за 22. издание на традиционалниот ОФФ-Фест, што ќе се одржи од 7 до 10 јуни во Националната опера и балет и МКЦ, се веќе во продажба. Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2023 ќе го отвори, на 7 јуни, импресивниот аудио-визуелен перформанс на славната португалска фадо пејачка ѕвезда MÍSIA. „Фасцинантната моќ на модерната естонска фолк кралица MARI KALKUN, во комбинација со ...

Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје со помош на УНИЦЕФ и УСАИД изработи студија за „Менталното здравје на адолесцентите и нивните старатели за време на пандемијата Ковид-19“. Во студијата биле вклучени 506 адолесценти (31,4 проценти машки, 68,6 отсто женски) и 492 старатели (29,9 проценти машки, 70,1 отсто женски). Од вкупниот број испитани старатели, 10,4 отсто имале депресија, а 22 проценти имаат самоповредувачки мисли. ...

Од 10-ти до 13-ти мај Fashion Group и Sport Vision организираат заедничка Garage Sale распродажба во населба Аеродром, веднаш наспроти висококатниците. Во рамки на истата, познатите компании ќе понудат дел од својот асортиман по неодоливо ниски цени, сосема навреме за стилски старт на топлата сезона. Како и секогаш, брендовите на компаниите ќе понудат висококвалитетни и удобни парчиња по изненадувачко намалени цени. Сега е одлично време да ...

Нашиот успешен музички продуцент Матеј “БигСлав”Џајковски, го продолжува својот рапиден подем со последниот албум на кој работеше со р’н’б групата THEY. насловен “Nü Moon”, кој веднаш по објавувањето се рангираше на завидно место број 3 на светската iTunes Р’н’Б плејлиста. Тој се потпиша како автор и продуцент на четири песни од овој албум, со наслов Blü Moon, Lonely, Moonlight и Riptide. Успехот на албумот го прави дотолку поголем и ...

Петти мај е годишнината од усвојувањето на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо од страна на Народната влада на Народна Република Македонија во 1945 година. Овој ден се одбележува како Ден на македонскиот јазик од 2019 година со одлука на Владата. За одбележување на овој ден многу училишта, библиотеки и културни установи низ земјава денес организираа манифестации за промоција на јазикот, но и за доближување на македонската ...

Четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ ќе биде отворено на 18 мај. Трите фестивалски вечери ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар. Организаторите предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија. Фестивалот е дел од програмата за размена на фестивали („FEX-Festival ...

Спонтаниот абортус е заедничка борба за многу жени низ светот но емотивниот аспект е често занемарен или игнориран. Француската илустраторка Матилде Лемисле сака да го скрши табуто околу спонтаниот абортус преку нејзините стрипови кои ги составила во една книга со наслов „Моите скоро ништо“. (Mes presques riens) Скоро една на десет жени во светот страда од спонтан абортус што значи дека скоро сите на планетата знаат некој што имал спонтан ...

Овој викенд имаме најава за супер журка, со која ќе се обележи една година од постоењето на Dread Space, простор што е многу повеќе од дизајнерска, концепт продавница, тоа е место каде се разменува креативна енергија, се инспирираат нови, млади артисти и се слави убавината на уникатноста. Ви ја пренесуваме нивната покана, со повик за креативна дружба и добра забава: -Yo! Не ни се верува дека пројде една година постоење на Dread Space во ...

Владата на вчерашната седница го усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик чиј предлагач е Министерството за култура, пренесува Радио Моф. Со Предлог-законот се предлага да се прошират областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање на текстовите што се објавуваат, како и документите издадени од институциите. Задолжително ...

Неодамна од печат излезе „Прости песни [на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе]“, стихозбирка на Александра Спасеска, во издание на ПНВ Публикации. Оваа прва стихозбирка на Спасеска содржи шеесетина песни поделени во три циклуса: „Писма до неа“, „Песни за неговата песна“ и „Земање збогум“, како и поговор од Снежана Стојчевска. За „Портрет“, Спасеска изјави дека песните во оваа стихозбирка се сублимат на дела напишани во период од околу ...

„На еден начин, се испазаривме со природата: нашите деца ќе бидат тешки за одгледување, но нивниот капацитет за ново учење ќе ги зголеми шансите за опстанок на човечкиот вид“, „Рајските змејови“, Карл Саган (слободен превод) „Цената на созревањето е да се откажеш од она што те прави да се чувствуваш безбеден, „Сенката на заборавените предци“, Карл Саган. Кога работев на мојата дипломска работа во 2016 година, разговарав со Петар Андоновски ...

,,-На денешен ден, 27 април 1952 година во Битола е роден големиот македонски драматург Горан Стефановски. Да беше жив, на оваа дата ќе го славевме неговиот 71 роденден. Прерано не напушти, во својата 66 година од животот. Но, некои луѓе имат само дата на раѓање, а ние како битолчани, овој човек треба посебно да го славиме. Така, во заеднички разговор со неговиот брат Влатко Стефановски, кој е наш драг пријател се роди идејата во негова чест ...

Цветни ароми, мирис на дрво, ориентални зачини, лесни цитрусни ноти, се најчестите состојки на најпознатите парфеми. Иако за вкусови не се разговара, сепак се покажало дека парфемите чија основа се неутрални земјини состојки, најчесто ги привлекуваат земјените знаци (девица, бик и јарец), мирисот на вода, море и лесни летни ноти, ги привлекуваат водните знаци (рак, шкорпија и близнаци), огнените знаци сакаат парфеми од појаки и повпечатливи ...

Меѓу предметите кои му припаѓаат на познатиот британски музичар од групата „Квин“, а ќе бидат ставени на аукција се костими, рачно напишани текстови и чешел за мустаќите. Повеќе од 30 години, домот на Фреди Меркјури во Лондон е недопрен, како свето место за легендарниот музичар од рок бендот „Квин“ кој почина во 1991 година на 45 години. Сега неговите лични предмети, како неверојатните костими, рачно напишани текстови за песни, како и ...

Новата песна и спот на Јана Бурческа „Home Alone“ наиде на навистина позитивни реакции и е освежувачки звук за нашата музика, а исто така носи и порака за сопствените стравови и борбата со нив. Со Јана поразговаравме за тоа што ѝ значело да ја напише песната и толку искрено да ги долови стравовите и чувството на самотија. Вашата најнова песна и спот „Home Alone“ имаше навистина голем и позитивен одзив меѓу македонската публика. Што ве ...

Неодамна заврши креативната кампања ,,Фустани со џебови” на Халкбанк, со прекрасна ревија каде петмина македонски креаторки и креатори ги претставија своите уникатни модели на фустани со џебови како симбол за финансискарамноправност на жените. На модната ревија продефилираа креациите на модните дизајнерки Јована Филиповиќ, Аида Зекир (М Couture), Татјана Кокев, Моника Коцарева и дизајнерот Марјан Бебекоски. По завршувањето на ревијата, сите ...

Инспирирана од бројни теоретизации за концептот кореографија, оваа претстава во шест слики критички и телесно го преиспитува процесот на создавање на кореографија, користејќи го одењето како најбазичноточовеково движење од кое почнува и се раѓа телесно структурирање. Служејќи се со ритмика, физички театар и танц, претставата упатува критика кон потребата за спектакл заснован на комплексен танцов вокабулар и надчовечки тренинг за танцот да ...

Британскиот тинејџер Ноа Метјус Матофски се впишува во историјата како првиот актер со Даунов синдром кој доби главна улога во игран филм на „Дизни“. Ноа, од Западен Сасекс, го глуми Слајтли, водачот на „Изгубените момчиња“ во римејкот од познатиот цртан, во кој се појавува и Џуд Ло како капетан Хук. За медиумот „Сан“ Ноа кажал дека еден од омилените денови во текот на снимањето му бил кога Џуд Ло ангажирал да се донесе камион за сладолед на ...

Македонскиот бренд Her Line заедно со пејачката Викторија Лоба како бренд амбасадор и сега за прв пат во улога на креативен дизајнер ја претставуваат новата модна колекција за сезоната пролет/лето ’23 “Blooming Monochrome” лајфстајл линија за жени и девојки. Спортскиот шик и минимализмот се главниот печат на линијата “Blooming Monochrome” и секако дека во неа се вметнати и најновите трендови како карго џебови и миди здолништа, што ја прави ...

КУНСТХАЛЕ ВИЕНА БЕШЕ ПРЕТЕСЕН ДА ГИ СОБЕРЕ СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ КОИ ДОЈДОА ДА ЈА ВИДАТ СОЛИДАРНАТА КОЛЕКЦИЈА НА МСУ Преку 1000 љубопитни посетители беа на големото отворање на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“ со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје, која ќе биде отворена се до 28 јануари 2024 година. Галерискиот ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
2.06
59%
1020
weather icon

Белград

-3ᴼ / -4ᴼ
4.12
80%
1023
weather icon

Загреб

-7ᴼ / -7ᴼ
3.09
79%
1025
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
5.14
73%
1023
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
8.43
76%
1018
weather icon

Љубљана

-8ᴼ / -9ᴼ
0.93
90%
1027
weather icon

Атина

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
71%
1009
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
64%
1015
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
8.23
29%
1019
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
3.09
95%
1015
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -4ᴼ
11.83
63%
1019
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
8.23
87%
1011
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Паладиум

57935.65

Родиум

310254.70

Калај

44.73

Цинк

3.10

Сребро

2569.43

Рутениум

44946.74

Платина

72292.89

Бакар

11.84

Алуминиум

3.14

Кобалт

59.52

Иридиум

169549.30

Злато

144981.23