Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (26), е на одмор по настапот на Светското првенство, пред почетокот на новата сезона во Премиерлигата. Халанд решил да го помине одморот на Сицилија, но неговиот престој таму не поминал незабележано. Додека се одмора на јахтата, до него се приближи брод полн со обожаватели, кои му довикуваа и го фотографираа, а снимката од необичната ситуација брзо се прошири на социјалните мрежи и на Јутјуб. Халанд ...

На Халкидики од денеска стапи на сила забрана за сообраќај и пешачење во одредени шумски подрачја поради висок ризик од шумски пожари. Мерката ќе важи од 08 до 20 часот и се однесува на подрачјата на општините Касандра, Ситонија и Аристотелис, каде што индексот на опасност од пожари е во категорија 3. Во периодот додека е на сила забраната, предвидено е и отстранување на возилата и лицата кои ќе бидат затекнати во подрачјата опфатени со ...

Петнаесет лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило, информира Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници на територијата на целата држава ги лишиле од слобода лицата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик. Од вкупно 15 лица, десет управувале моторно возило без возачка дозвола. ...

Јавното претпријатие „Комуналец“ Битола информира дека го санира теренот на стадионот „Петар Милошевски“, каде во изминатиов период се одржаа два големи концерти – на Здравко Чолиќ и на Стив Аоки. „Како што веќе ја информиравме јавноста, Општина Битола и ЈП „Комуналец“, во соработка со организаторот на концертите кои се одржаа на стадионот „Петар Милошевски“ и привлекоа голем број посетители, ги презедоа сите потребни мерки за подготовка на ...

Со предавања, интерактивни работилници и онлајн едукативни активности, успешно заврши овогодинешното одбележување на Светската недела на доењето, во чија реализација и оваа година се вклучи dm како поддржувач на иницијативите за едукација и поддршка на идните и сегашните родители. Во текот на тридневната програма со физичко присуство, организирана од „Бебелогија – Школа за трудници и доење“, „Доење со љубов“ и „Јуниор Мед“, учествуваа повеќе ...

Две лица со употреба на физичка сила одзеле ранец од 67-годишна жена во центарот на Скопје, а потоа едното од нив ја удрило со тврд предмет откако таа тргнала по нив во обид да си го врати ранецот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Случајот во СВР Скопје бил пријавен на 9 август во 14:40 часот од Г.С. (67) од Кочанско. Според пријавеното, инцидентот се случил околу 07:30 часот на подрачјето на Центар. Двете лица ѝ се доближиле на ...

Пожар избувнал денеска по експлозија во воено-производствен и складиштен објект во близина на селото Белица, во општина Трјавна, Бугарија, по што биле евакуирани околу 300 работници. 🇧🇬⚡️ Bulgaria | Explosion at Military Plant An explosion occurred at a military plant near Tryavna, Bulgaria. The facility is owned by EKMO, which produces artillery shells and tank ammunition for Ukraine.#Bulgaria #Ukraine #OSINT pic.twitter.com/8llYrxXqmY — ...

Вработен во Итна медицинска помош со остар предмет упатувал закани кон медицинскиот персонал во здравствена установа на подрачјето на Карпош, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавеното, инцидентот се случил на 9 август, околу 16:50 часот, кога Ф.С., вработен во Итна медицинска помош, агресивно се однесувал во здравствената установа и со остар предмет упатувал закани кон медицинскиот персонал. Случајот бил пријавен во СВР ...

Талогот на СДСМ исплива на површина и го покажа вистинското лице, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Затскриени зад партиски и јавни функции, како и зад роднински врски, тие најдобро се гледаат кога ќе останат без привилегиите кои им ги овозможува власта, како што беше случајот Ново Село, каде насила сакаа да предизвикаат инцидент. И така сега, соочени со најдлабоката опозиција која некогаш ја осетиле, немаат контрола веќе што прават, што зборуваат и како ...

Уште еден случај на затруено дете е евидентиран во Куманово. Вчера во 14:28 часот во СВР Куманово лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено со лекови. Од кумановската полиција информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот. Од Општа болница Куманово потврдуваат дека детето вчера било примено на Одделението за педијатрија, каде му била укажана медицинска помош, по што ...

Кристи Бринкли повторно предизвика воодушевување на социјалните мрежи со својот младолик изглед. 72-годишната легендарна манекенка објави нови фотографии на Инстаграм, а дел од нејзините следбеници признале дека на прв поглед помислиле оти ја гледаат нејзината 28-годишна ќерка Сејлор Бринкли-Кук. Бринкли позира пред ретро црвен пикап „Ford F-100“, облечена во темносин топ со ѕвонести ракави, кој открива едно рамо, и кратки панталони украсени ...

Осумнаесетгодишник се здобил со тешки телесни повреди, а уште шест лица се повредени во сообраќајна несреќа во близина на ХЕЦ „Козјак“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случила вчера околу 16 часот на регионалниот пат кон ХЕЦ „Козјак“, во атарот на скопското село Варвара. Во неа учествувале четири возила – „фолксваген голф“, „сеат“, товарен „мерцедес“ и „форд“. Со „голфот“ управувал 19-годишниот Е.Џ. од селото Црн Врв, ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 29-годишниот А.К. и 56-годишниот Б.С., двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „помагање“ во врска со кривичното дело „измама“. Според пријавеното, случајот се случил во септември 2025 година, кога А.С. од Тетово му го позајмил своето патничко возило на првопријавениот А.К. Наместо да му го врати возилото на сопственикот, А.К. наводно го известил ...

Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови се сè почеста ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги исполнува дадените ветувања и да работи во интерес на граѓаните – една од најзначајните мерки за директно подобрување на животниот стандард е линеарното зголемување на пензиите за 7.000 денари за поголем број пензионери, рече денеска пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Илиевска. – Пред изборите ветивме дека ќе направиме сè што е можно за да обезбедиме линеарно зголемување на пензиите од 5.000 ...

Бен Џонс, американскиот актер и поранешен конгресмен, познат по улогата на симпатичниот механичар Кутер Девенпорт во култната серија „The Dukes of Hazzard“, почина во недела, 9 август, на 85-годишна возраст. Според неговата сопруга Алма Виатор, актерот починал од последици од тежок срцев удар. Тажната вест ја објави токму неговата сопруга, со која Џонс беше во брак од 1992 година. Таа откри дека последните моменти ги поминал дома, одморајќи ...

Три пожари на отворен простор во земјава и натаму се активни, додека два се ставени под контрола, а уште два се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). До 13 часот денеска се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор. Активен е пожарот во Штипско, каде што гори ниска вегетација во атарот на селото Лакавица. Пожар има и во Македонски Брод, на местото викано Видуш, во близина на селото Драгов Дол, каде што огнот ...

Џенифер Анистон (57) и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит (62) наводно повторно се во пријателски односи и дури имале „ручек-средби“ откако повторно воспоставиле контакт на доделувањето на наградите SAG Awards (Screen Actors Guild Awards) во 2020 година. Тогаш, Бред ја освои наградата за најдобар актер во споредна улога за „Once Upon a Time in Hollywood“, а Џенифер – за најдобра актерка во драмска серија за „The Morning Show“. Поранешниот ...

Талогот на општеството Венко Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, а тоа не ни било кажано нам, граѓаните на Гостивар, нема право да морализира за случајот, порача денеска Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. – Со години Филипче и власта предводена од СДСМ добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за ...

Четириесет и еден проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што ја усвои Владата на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции, соопшти Министерството за финансии. Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторите, односно институциите што ги доставиле, а потоа оценети од Министерството за финансии и одобрени од Комитетот за јавни ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4 денари по литар, а цената на дизелот се намалува за 8 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Новата максимална малопродажна цена на еуросупер БС – 95 ќе изнесува 87 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе се ...

Најмалата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур, 32-годишната Талула Вилис, се омажи за музичарот Џастин Аси на 8 август во Сан Вали, Ајдахо. Двојката ја прослави венчавката во друштво на семејството и блиските пријатели, а меѓу гостите биле и неколку познати имиња од Холивуд. За својот голем ден Талула носеше впечатлива венчаница од „Баленсијага“, дизајнирана од Пјерпаоло Пичоли. Свилената сатенска креација без раменици има долг шлеп, додека ...

Многу топло време со температури до 40 степени нè очекуваат и во следните два дена, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени. Од четврток се очекува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурите ќе опаднат за неколку степени. Многу топло време со температури до 40 степени нè ...

Кога 27-годишниот Тим Бери добил тешки вести за своето здравје, имал една желба – да присуствува на хеви-метал концерт. Но, неговата здравствена состојба била премногу сериозна за да може да ја напушти болницата „Bruyère Health“ во Отава, Канада. Наместо да му кажат дека неговата желба не може да се исполни, болничката капеланка Рошен Лосон решила да најде начин концертот да дојде кај него. Лосон стапила во контакт со локалниот музички клуб ...

Распарчени тела на осум лица се пронајдени во масовна гробница, во јама покрај нелегален рудник во тешко пристапен регион во близина на градот Пукар, во еквадорската покраина Азуај, соопшти денеска еквадорската полиција. Според прелиминарните информации, жртвите се седум мажи и една жена, а нивните тела, кои беа пронајдени вчера, покажувале видливи знаци на насилство, објавува порталот „Комесарио“. Како што е објавено, најмалку четворица од ...

Високата вулканска активност на италијанската планина Етна денеска предизвика нарушувања во авиосообраќајот на аеродромот во Катанија на Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества лава, пепел и вжештени парчиња карпи. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, густи текови лава истекуваат од два отвора на надморска височина од 2.360 и 2.750 метри. Поради потенцијалната опасност за ...

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, покажа едно сосема поинакво лице за време на летниот одмор во Црна Гора. Наместо на тениски терен, српскиот ас заврши на сцената на концертот на Владо Георгиев во Херцег Нови, каде што запеа, играше и заедно со Георгиев и Нигор го изведе познатиот хит „Тропски бар“. Малкумина од присутните на концертот очекувале меѓу публиката да го видат еден од најпознатите спортисти во светот. Ѓоковиќ, кој ...

Најмалку 12 луѓе загинаа, а 39 се повредени во украински напад со беспилотни летала врз индустриски и цивилни цели во Нижнекамск, град во руската република Татарстан, објави градоначалникот Радмир Белјаев. Рафинеријата за нафта таму, која е една од технолошки најнапредните во Русија, исто така беше погодена во нападот, објавија руските медиуми. Станува збор за рафинеријата ТАНЕКО на руската компанија Татнефт, која беше погодена и на почетокот ...

Во судар на четири автомобили и еден камион, на магистралата Гостивар – Кичево во близина на каменоломите, повредени се четири лица од кои три деца. Портпаролот Фатмир Реџепи, за МИА потврди дека сообраќајката била пријавена утрово околу 7:40 часот во близина на каменоломот „Прогрес 98“. – По незгодата три малолетни лица и една жена кои биле во еден автомобилите се пожалиле на здравствени проблеми и биле упатени кон гостиварската болница на ...

Повеќето луѓе без многу размислување ги чуваат јајцата во фрижидер, често во пластичните држачи на вратата, бидејќи токму таму производителите предвидуваат место за нив. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто во продавниците јајцата најчесто стојат надвор од фрижидерите? Дали тоа значи дека и дома можеме да ги чуваме на собна температура? Подолга свежина Општото правило е дека јајцата остануваат свежи подолго кога се чуваат во фрижидер. Во ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1029
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
64%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
62%
1026
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
61%
1029
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.9
73%
1030
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
80%
1026
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.02
62%
1029
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
68%
1025
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
87%
1026
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.13
67%
1030
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
68%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
94%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Сребро

1666.05

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Калај

46.54

Иридиум

321507.47

Родиум

295786.87