Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Безживотните тела на три лица се пронајдени откако приватен хеликоптер падна на грчкиот остров Сифнос, по што се запали, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите од противпожарната служба на Грција, за време на гаснењето на пожарот биле откриени трите тела, чиј идентитет засега е непознат. Хеликоптерот паднал во близина на хелиодромот во северниот дел на островот околу 18.17 часот. Според неофицијалните информации, станува збор ...
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против уште 7 лица за кои има сомненија дека се вмешани во шверцот на марихуана од Македонија во Србија. „Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од Македонија во Србија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што ...
Иран одлучи да ја промени својата политика од дефанзивна во „целосно офанзивна“ поради застојот во напорите за постигнување траен крај на војната со САД, изјави денеска за Ројтерс висок ирански функционер. Напредокот кон мировните преговори и продолжувањето на сообраќајот на танкери за нафта низ стратешкиот Ормуски теснец е целосно заглавен, без индикации дека завојуваните страни се приближуваат кон крајот на конфликтот што го започнаа САД и ...
Министерството за војна на САД денеска објави дека потпишал договор вреден речиси 23 милијарди долари со компанијата „Рејтеон“ за забрзување на производството на крстосувачките ракети „Томахавк“ за американската морнарица. Големата нарачка на Пентагон доаѓа во време кога Вашингтон се стреми брзо да го зголеми својот производствен капацитет за критична муниција, поради намалувањето на залихите на ракети и софистицирана муниција што се користи ...
АД ЕСМ потпиша стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години. Потпишувањето на договорот следува после интензивни преговори и врз основа на Одлука на Владата. „АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со КЕК со кој АД ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу три милиони тони ...
Родители возеле околу 100 километри на автопатот во Италија без да знаат дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот. Тие биле убедени дека спие, пишува „Кориере дела Сера“. Трагедијата се случила вчера околу 7:30 часот наутро на автопатот Торино-Пјаченца, помеѓу раскрсниците Кастеџо и Вогера. Семејство од романско потекло патувало кон Торино. Таткото возел, мајката седела на совозачкото седиште, а нивниот син бил на ...
Американски турист загина од удар од гром додека се искачуваше на планината Етна на Сицилија. Мажот (30), чие име властите не го објавија, вчера бил на активниот вулкан кога почнале грмотевици, објавија италијанските медиуми. Пожарникарите и службите за итни случаи го пронашле околу 20 часот по локално време во состојба на срцев застој. Се наоѓал во ограничена зона која повремено се користи за пристап до врвот на вулканот. Тој бил пренесен со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе го бомбардира Оман доколку земјата „на кој било начин“ се придружи на договорот за Ормускиот Теснец. Оман и Иран со недели преговараат, без учество на САД, за рутите на пловидба и за коннтролата на стратешкиот воден пат. – Ако Оман ни се закачи на патот, ќе го бомбардираме до темел – изјави Трамп за Фокс њуз како одговор на прашање за тековните преговори меѓу двете земји. Трамп ...
Триесет и шестгодишна скопјанка пријавила во полиција дека нејзината петгодишна ќерка ѝ кажала дека била физички нападната од негувателка во градинка во населбата Хром. Според информациите од полицискиот билтен, мајката вчера во 11:30 часот пријавила во СВР Скопје дека на 14 август, откако ја земала својата ќерка од градинката, детето ѝ кажало дека негувателката ја стиснала за ногата. Мајката во пријавата навела дека детето ѝ кажало оти било ...
Рита Ора знае како да ги спои одморот и дозата гламур. Пејачката сподели фотографии од своето лето на Медитеранот, а најмногу внимание привлекоа кадрите од последниот одмор на Ибица, каде што ужива на луксузна јахта во друштво на сопругот Таика Ваитити и пријателите. 35-годишната музичарка на Инстаграм објави серија фотографии со едноставен опис: Summer so far pt 1 (Летото досега, прв дел), а меѓу нив се најдоа и неколку кадри на кои позира ...
Се подготвуваме да потпишеме меморандум за натамошните чекори со Светска банка и Европската инвестициска банка (ЕИБ) и финансирањето кое се однесува на капиталните инвестиции во клиничките болници во Штип, Тетово и Кичево ќе биде комбинирано од двете институции. Министерството за финансии оцени дека нивната понуда е поповолна, бидејќи е на подолг период и има грант-компонента. Ова денеска го истакна министерот за здравство Сашо Клековски. Тој ...
Италијанскиот фудбалски тренер и нов предводник на Лацио, Џенаро Гатузо, веројатно не можел да замисли полошо официјално деби на клупата на Лацио. Неговиот тим загуби со 0:2 од второлигашот Мантова среде „Олимпико“ и веднаш испадна од Купот на Италија. пишува „Football Italia“. Ударот е уште поголем бидејќи Лацио минатата сезона стигна до финалето на натпреварувањето. Сега куп-приказната заврши уште во првиот натпревар. Римјаните имале ...
Познатиот хрватски актер Жарко Радиќ, кого публиката го памети по бројни популарни серии како „Villa Maria“, „Ruža vjetrova“ и „Kud puklo da puklo“, денес ужива во долгогодишната врска со Естера Шимек. Нивната љубовна приказна започнала во 2007 година, но во тоа време актерот сè уште бил во брак со својата сопруга Снежана. Радиќ и Естера во почетокот ги поврзувала работата. Во периодот кога актерот многу време поминувал во Хрватскиот народен ...
Новото шеталиште покрај реката Серава во Бутел влегува во завршна фаза. Пешачката патека ќе биде долга 1.590 метри, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Проектот опфаќа темелно уредување на коритото на Серава и изградба на новата патека. „Она што со години беше само ветување, денес е речиси целосно реализирано! Новата пешачка патека во должина од 1.590 метри создава целосно нов, безбеден и уреден простор за прошетка, рекреација ...
Рускиот телевизиски водител и еден од најгласните пропагандисти на Кремљ, Владимир Соловјов, повика Русија да ја нападне Велика Британија со нуклеарното подводно оружје „Посејдон“. – Удрете ги со Посејдон – рече Соловјов во емисија на руската државна телевизија, додавајќи дека на Британците треба да им се дадат „три дена да научат да дишат под вода“. Повикот следува по извештаите дека Украина употребува беспилотни летала од британско ...
Полски параглајдерист бил пронајден во добра здравствена состојба на непристапен терен на планината Даутица, откако претходно пријавил дека слетал на непозната локација над селото Стровија, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 16 август во 20:30 часот во СВР Битола, 35-годишниот А.С.С. од Полска пријавил дека слетал на непознат терен над Стровија. Тој на полицијата ѝ кажал дека по слетувањето долго ...
Смртта на Хејден Панетијер повторно во јавноста ја стави и една од најтешките трагедии што го одбележаа нејзиниот живот. Нејзиниот помлад брат Џенсен ненадејно почина во 2023 година, кога имаше само 28 години. Актерката подоцна призна дека неговото заминување го доживеала како да изгубила дел од себе. Џенсен Панетијер е роден во септември 1994 година, пет години по својата позната сестра. Како и Хејден, и тој многу млад влегол во актерскиот ...
Шефот на Дирекцијата за спасување Стојанче Ангелов испрати порака до граѓаните да бидат внимателни со престојот во природа во период кога и мала искра може да предизвика пожар. Ангелов даде изјава покрај скара оставена во природа, апелирајќи граѓаните да ги послушаат неговите бројни повици за претпазливост: – Секојдневно повикувам, секојдневно предупредувам, секојдневно молам. Ги молам граѓаните да бидат внимателни со своето поведение, да не ...
Сите градежни зафати во објектот биле изведени нелегално, без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции, истакна вештото лице Маријана Лазаревска на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според неа, промените не можат да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција, за која е задолжителна целосна законска постапка што во случајот не ...
Против две 33-годишни лица од Берово е поднесена кривична пријава поради инцидент во детска градинка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела пријава против С.Д.(33), вработена во Општинската јавна установа за деца – градинка во Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Според пријавеното, инцидентот се случил на 6 јули 2026 ...
Здравствените власти ја засилуваат контролата на можните резервоари на вирусот на западнонилска треска, со посебен фокус на дивите птици и живината во ризичните подрачја. Министерот за здравство Сашо Клековски упати апел до граѓаните, доколку забележат мртва дива птица, особено гавран, или друга птица, да го пријават случајот во Агенцијата за храна и ветеринарство. – Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните. Имаме апел за ...
Триесет дена за значително да се промени состојбата во Сеута. Таков рок ѝ поставил на шпанската влада претседателот на автономниот град, Хуан Хесус Вивас. Ако Мадрид не реагира, Вивас најавил дека ќе се обрати до највисоките судски институции во Шпанија. Тој ја обвинил централната власт за речиси целосна пасивност по огромниот мигрантски бран. – Ќе дадам максимален рок од еден месец. Ако ситуацијата не биде решена, ќе се обратиме до други ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја симна Европската унија од врвот на листата на надворешнополитички цели на Анкара. – За нас Европската унија не е приоритет – изјави тој, оценувајќи дека Брисел повеќе од половина век ја држи Турција пред вратата. Сепак, Ердоган не објави формално откажување од членството. Изјавата е дадена во интервју за Ал Џезира и звучи како кулминација на долгото разочарување на турската власт од процесот на ...
Македонскиот олимписки комитет (MOK) денеска во просториите на СРЦ „Јане Сандански“ ја претстави делегацијата која ќе ја претставува Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026. За подготовките, очекувањата и амбициите пред настапите говореа дел од спортистите, како и претседателот на МОК, Даниел Димевски. – Одиме максимално подготвени. МОК даде максимална логистичка поддршка. Тоа значи патувањето, сместувањето, опремата и сето друго што ...
Десет пожари за само два дена. Хрватската полиција се сомнева дека зад нив стојат 33-годишна Полјачка и тројца хрватски државјани на возраст од 42, 45 и 46 години. Четворицата се осомничени дека на 14 и на 15 август намерно подметнувале пожари на десет локации во Задарската жупанија, пишува хрватски Индекс. Според полициската истрага, тие дејствувале според претходен план и меѓусебен договор. Огнот го подметнувале со запалка, со намера да ги ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарката на Фокс њуз, Алексис Мекадамс во шега ја предложи како можна наследничка на Каролин Ливит на функцијата портпаролка на Белата куќа. Мекадамс го прашала Трамп дали Ливит може да биде заменета, откако беше објавено дека актуелната портпаролка ќе ја напушти функцијата на крајот на август. – Не, нема. Навистина нема – одговорил Трамп, фалејќи ја работата на Ливит. Потоа, сепак, ...
Пожар избил вчера на територијата на Националниот парк Шар Планина, на местото викано Виноград, помеѓу селата Ѓурѓевиште и Ломница. Пожарот зафатил околу 0,5 хектари ниска вегетација и пасиште. – За среќа, не е причинета поголема материјална штета. Но во услови на високи температури и исклучително сува вегетација, секој мал пожар за само неколку минути може да прерасне во сериозна закана за шумите, природата и населените места во близина. ...
Викторија Бекам сподели серија фотографии од семејниот одмор во Италија, со порака дека највредни се моментите поминати со луѓето што ги сакаме. Таа и нејзиниот сопруг Дејвид се обидуваат да покажат дека, и покрај семејните проблеми со својот најстар син Бруклин, продолжуваат да создаваат убави спомени со своите најблиски. Посебно значење за нив има токму Портофино. Дејвид и Викторија се вратија на местото каде што пред 29 години, во 1997 ...
Во периодот до 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Најголем дел од активните пожари се регистрирани во шумски и ридско-планински подрачја. Во Општина Студеничани, активен е пожарот кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Активен пожар има и во Општина ...
Министерството за здравство ќе го објави епидемиолошкиот извештај за Гостивар на 20 август, соопшти денеска министерот Сашо Клековски. – Првин сакам да расчистам една дезинформација што се шири. Јас кога објавив, реков дека ќе објавиме информации на 20 август, тоа е епидемиолошкиот извештај за Гостивар. Таму ќе биде наведено што и како и кои институции што направиле. Самите резултати од испитувањето на водата се сопственост на Јавното ...