Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Согласно годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, деновиве се работи на неколку локации во градот. – Нов асфалт е поставен на крак од улицата „Гоце Делчев“, со површина од околу 1.600 м2. Надлежните служби на општината работат и во населба Воска, се асфалтираат три краци од улицата „Васил Стевоски“, информираат од ...
Скопје/Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од 27-ми септември, над 30 олдтајмери од Западна Европа и САД ќе продефилираат низ земјава како дел од Бахус класик релито што за првпат се организира кај нас. Некои од возилата коишто ќе пристигнат и ќе бидат дел од ова меѓународно рели од премиум ранг досега не се видени ниту во Македонија, ниту во регионот. Најавено е учество на претставници од 11 држави меѓу кои САД, Германија, Австрија, ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти септември 2025 година, во 23:00 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода лишија од слобода две лица на возраст од 29 и 31 години, двајцата од Куманово. – При претрес извршен по судска наредба, во стан кој го користеле во Охрид, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја, пари и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На Градскиот кеј во Охрид, во сабота, на 27-ми септември 2025 година, ќе се одржи финалниот настан BeActiv Night. Истиот вклучува натпревари во баскет 3х3, ракомет, пинг-понг, стрелаштво, фитнес и аеробик зона. Со бројни активности во кои беа вклучени спортисти, рекреативци и граѓани од сите возрасти, вчера во Скопје официјално беше означен почетокот на Европската недела на спортот 2025 – проект што го ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.A.(19) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Тој, на 14.09.2025 во 05.10 часот, во продажен објект, а потоа и надвор од објектот, лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, со нож го нападнал Х.С.(20) од Охрид. Напаѓачот веднаш е лишен од слобода, а повредениот со возило на Итната медицинска помош е пренесен во ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Г.(40) и Ц.Ч.(42), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 22.09.2025 во 16:00 часот кај автокампот „Андон Дуков“ во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу пријавените и П.М.(70) од Охрид по што, пријавените физички и со повеќе други предмети, го нападнале П.М. кој потоа со возило на ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 23 септември 2025 година во 23:00 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода ги лишија С.М.(29) и О.Џ.(31), двајцата од Куманово. При претрес извршен по судска наредба, во стан кој го користеле во Охрид, се пронајдени бела прашкаста материја, пари и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против нив ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со премиера на втората приказна во сабота, на 27-ми и настан со посебна програма во недела, 28-ми септември, викендов продолжува втората сезона од популарните „Охридски приказни“ во „Форт кафе“. По Броз и Марама кои беа првите патници кои зборуваа за нивниот Охрид,сега на гости имавме три млади дами, кои пленат со својот талент, појава, посветеност и љубов кон својот град. Ана Кузманоска, Лина Николеска ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија од кајчиња и едрилици во водите на Охридското Езеро пред многу години, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе вакви ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до сабота во Охрид ќе се одржи 24. Годишна конференција на Македонска берза. Градов уште еднаш ќе биде домаќин на врвни експерти од земјава и од регионот. Воведни обраќања ќе имаат главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Бујаре Абази. Експертите меѓу другото ќе ...
Скопје/Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во 13:00 часот, во седиштето на Државната изборна комисија (ДИК), ќе се одржи ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, учесници на локалните избори 2025 година. Според статистиката добиена во ДИК потврдени се вкупно 303 листи за градоначалник и 558 листи за членови на советите на општините и советот на Град Скопје. За Охрид се потврдени сите поднесени ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај Светилникот и Градското пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат Денот посветен на Преподобна Теодора. Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се навршуваат полни 17. години од смртта на Влатко Пантовски – Dj Panter и Наумче Аврамоски – Dj Bruce. Годините поминуваат, но споменот на нашите колеги не избледува. Остануваат засекогаш нивната ведрина, насмевките и позитивната енергија која ја ширеа, каде и да се појавеа. Охридската медиумска заедница не дозволува годиниве наназад да избледи споменот на своите колеги. Супер радио, матичната ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време, со ведро и посвежо утро. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 28. степени. – До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок врнежите ќе бидат проследени со локална појава на ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, на ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри септември 2025 година, во 18:40 часот, во СВР Охрид лишени се од слобода две лица од Охрид, на возраст од 40 и 42 години, по претходна пријава дека, кај автокампот „Андон Дуков“ во Охрид, физички нападнале 70-годишно лице од Охрид. – Во врска со истиот настан, во СВР Охрид приведен е 43-годишник од Охрид, поради агресивно однесување кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри септември 2025 година, во 11:36 часот во СВР Охрид било пријавено дека 57-годишно лице oд Охрид, во едно одделение во Општата болница во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон персоналот. – Тој е повикан во Полициска станица и по целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на улицата „Даме Груев“ во центарот на Орхид апелираат до одговорните да се среди проблемот со шахтата која истекува веќе неколку дена. Во дописот до редакцијата потенцираат дека проблемот трае веќе три дена и дека веќе пријавиле до соодветните органи за негово решавање. Апелираат во најкус можен рок да се среди истиот за да не настанат несакани последици за жителите на овој дел на градот. ...
Скопје/Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утре во 13:00 часот, во седиштето на Државната изборна комисија (ДИК), ќе се одржи ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, учесници на локалните избори 2025 година. Според статистиката добиена во ДИК потврдени се вкупно 303 листи за градоначалник и 558 листи за членови на советите на општините и советот на Град Скопје. За Охрид се потврдени сите поднесени листи, ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри септември 2025 година, во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица. – Незгодата се случила помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од страна на 18-годишник од Охрид и патничко возило марка „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 23-годишно лице од охридското ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на локалните избори закажани за 19-ти октомври 2025 година, Супер радио и OhridPress преку сегментот „10 прашања за поубав Охрид“, одвојуваат бесплатен простор за промоција на кандидатите за градоначалници во Охрид и Струга. Сите тие добија по 10 прашања кои се однесуваат на конкретни теми, важни за локалната заедница и кои ги засегаат граѓаните кои живеат во овие две општини. За Охрид на ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во месец јули во Охрид биле издадени 6 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија. Од нив две се на физичко лице и четири на деловен субјект. Предвидена е градба на 28 станови, најмногу трособни, со вкупна корисна површина од 1.774 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца нема издадени одобренија. На ниво на Република Македонија, во јули 2025 ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец јули Охрид го посетиле вкупно 72.521 туристи, од кои 39.189 биле домашни, а 33.332 се странски. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот број на ноќевањата изнесува 356.646. Во однос на структурата на странските туристи најмногубројни биле Турците 15.759, следуваат гостите од Србија 2.602, од Полска 2.230, Холандија 2.203… На ниво на Република Македонија ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово со охриѓанецот Љупчо Лепи и снимки на преубавиот Охрид од вода. Тој порачува – летото се’ уште трае! Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Обединетите нации кон крајот на 2017 година го прогласија 23-ти септември за Меѓународен ден на знаковниот јазик. Целта е да се подигне свеста за значењето на знаковниот јазик како човеково право на глувите и наглувите лица, со што пристапот до знаковниот јазик и услугите на знаковен јазик, вклучително и квалитетно образование, е од витално значење за растот и развојот на глувото лице и ја препознава ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Медот на „Пчеларство Блажески“ од Охрид освои златен медал на 56-тиот „Собир на пчелари и земјоделци“, организиран од пчеларското здружение од Девојачки Бунар, Република Србија. Жири комисијата признанието им го додели во категоријата шумски мед. Ова е потврда на квалитетот на нивниот производ, произлезен од долгогодишното искуство и вложениот труд и знаење. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат Денот посветен на Светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора. Трите се родени сестри од некое место во Витинија Азиска. Воспитани во христијански дух, се повлекоа од градот во пустината, сакајќи да го воздигнат својот ум кон Бога и да се ослободат од сиот лажлив свет и така да го проживеат овој век во чистота и девственост, како вистински невести ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Меѓународниот ден на знаковниот јазик, кој е единствена можност да се поддржи и заштити јазичниот идентитет и културната разновидност на сите глуви лица и другите корисници на знаковниот јазик. Според Светската федерација на глуви, во светот има повеќе од 70 милиони глуви луѓе од кои 80% живеат во земјите во развој. Збирно, тие користат повеќе од 300 различни знаковни јазици. ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време, со ведро и посвежо утро. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 27. степени. – До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок врнежите ќе бидат проследени со локална појава на ...