Охрид, 24. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Свети маченик Евпл. Бил Ѓакон во Катана Сицилиска. Царот Диоклецијан испрати во Сицилија некој војвода Пентагур за да ги уништи христијаните, зашто оние малку што ги имаше се криеја од гонителите и не се објавуваа себеси. Тогаш некој го обвини свети Евпл дека оди со некоја книга кај некои потајни христијани и им ја чита таа книга. Книгата беше ...

Охрид, 15. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид распиша јавен повик за изработка на мобилна Android апликација за туристичка промоција на Охрид. – Имате идеја за мобилна Android апликација што ќе го дигитализира Охрид? Пријавете се на јавниот повик за најдобро решение за мобилна апликација за туристичка промоција на Охрид. Покажете ја вашата креативност, иновативност и љубов кон нашиот град. Рокот за пријавување е до 31-ви август 2025 ...

Скопје/Охрид, 23. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков на денешниот настан во организација на ВМРО-ДПМНЕ насловен како „Саем-Отчет, 4 години работиме за тебе“ истакна дека општината ја наследиле во многу лоша состојба со голем долг, во висина од околу14,5 милиони евра. – Истиот го раздолживме и продолживме со работа. Иако стартот беше лош ние упеавме и да се раздолжиме и да продолжиме да работиме. Како и да е ...

Охрид, 23. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ пред четири години им ветија на охриѓани низа проекти кои денес се само празни зборови на хартија. Останаа само разочарувањата. Времето покажа дека ниту еден од тие проекти не е реализиран, а граѓаните повторно се изневерени од ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков. Ова го порача денеска првиот човек на ОО на СДСМ од Охрид и кандидат за градоначалник на престојните избори, д-р ...

Охрид, 23. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри август 2025 година, во 17:35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 25-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходбна пријава дека во 16:10 часот на булевар „Туристичка” во Охрид се заканувал и се обидел физички да нападне 35-годишник, исто така од Охрид. – По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР ...

Охрид, 23. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри август 2025 година, во 16:50 часот во СВР Охрид, 45-годишниот Е.А. од Струмица пријавил дека од домот во кој привремено престојуваат во Охрид од пред два дена се оддалечила неговата 14-годишна ќерка. – Според пријавеното, на 21-ви август 2025 годиа, на социјална мрежа Facebook тој добил порака од женско лице од Скопје, кое му кажало дека неговата ќерка е кај неа дома, дека доброволно и сама дошла ...

Скопје, 23. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнува увидот во Избирачкиот список, а во пресрет на локалните избори закажани за 19-ти октомври. Ќе трае 20 дена, односно до 11-ти септември на полноќ, а заклучениот список ќе биде потпишан од Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 3-ти октомври. Граѓаните ќе имаат можност да ги проверат своите податоци и да поднесат барање за запишување, дополнување или нивно бришење. Барањата се ...

Охрид, 23. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај Мостот на желбите. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...

Охрид, 23. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди, попладне во западните делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 27. степени. – Во западните делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер кој ќе продолжи и во недела и ќе ...

Охрид, 23. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничниот премин „Табановце” времето на чекање за излез од државата е 10 до 15 минути, додека на останатите ...

Охрид, 23. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Свети маченици: архиѓаконот Лаврентиј, папата Сикст и другите со нив. Кога загина папата Стефан (15-ти август), на негово место беше поставен свети Сикст, кој беше роден како атињанин и најпрво беше философ, а потоа го прими христијанството. Во тоа време римските епископи гинеа еден по друг, така што да се стане епископ во Рим значеше да се биде ...

Охрид, 22. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се Богородичните пости, кои траат 15 дена, до празникот Успение на Пресвета Богородица. По својата временска должина, овој е најкраткиот од четирите годишни пости. Секоја година започнува на денот на прославувањето на Светите седум Макавејци, на 14-ти август. Богородичниот пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно ...

Скопје/Охрид, 22. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Два потписи од двајца избирачи ќе бидат потребни за да можат независните кандидати за советници и градоначалници да учествуваат на претстојните локални избори кои треба да се одржат во октомври. Ова го предвидува новиот Правилник за регулирање на постапка за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и за начинот на определување на нотарите за локалните избори 2025 ...

Охрид, 22. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со само 24 години, ова момче веќе сериозни успеси зад себе, но и блескава музичка иднина пред себе. По одличната „Его“ од мај годинава, и „Навика“ со Антониа Гиговска од јуни, младиот и супер талентиран музичар од Охрид, Христијан Настески- Пајак, има нова и навистина одлична песна за крај на летото, насловена „Марија“. Музиката на Пајак, а зад текстот се потпишуваат заеднички со Елвир Мекиќ. Веќе ...

Охрид, 22. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви август 2025 година, во 14:20 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле 66-годишниот Л.У. од Република Турција, кој физички го нападнал 30-годишниот Е.У., исто така, од Турција. – По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес ...

Охрид, 22. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На сцената на плоштадот „Вангел Наумоски“ (Мини маркет), вечерва од 20:30 часот, најмладите ќе имаат можност да ја проследат детската театарска комична претстава од бајковит карактер „Разгаленка”. – Главната улога е принцезата која е премногу разгалена и секогаш тоа што ќе го замисли сака да биде по нејзино. Мислејќи дека има право на се, таа само си прави лоши работи за на крај да го разлути нејзиниот ...

Охрид, 22. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утре, со почеток во 20:00 часот, во културниот центар „Култ“ во Охрид ќе биде отворена изложбата на фотографии на Наташа Гелева насловена „Состојбата на нештата“, како и проекција на филм од Јане Алтипармаков. Изложбата на Гелева „Состојбата на нештата- возила“ е серија од околу 30-тина фотографии во формат 30х45 сантиметри. – Понекогаш се чини дека уметникот следи една тема во текот на својот живот и таа ...

Охрид, 22. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Првиот уписен рок за идните студенти на Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи во понеделник и вторник, на 25-ти и 26-ти август 2025 година. – Во академската 2025/2026 година, Универзитетот нуди 294 слободни места за нови студенти во прва година (прв циклус студии). На Универзитетот се достапни следните студиски програми: компјутерски науки и ...

Охрид, 22. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Бројни охриѓани и гости, синоќа во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид имаа вечер за паметење со незаборавниот концертот насловен „Времеплов“. Пред публиката настапија мецосопранот Миланка Новеска, сопранот Тина Ристеска и музичкиот соработник Ана Велиновска. Концертот „Времеплов“ ќе има можност да го проследи и публиката во Скопје, во понеделник, на 25-ти август 2025 година, во салон „19/19“ со ...

Охрид, 22. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска до недела во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи „Охрид Џез Фестивал 2025“. Три вечери исполнети со ритам, страст и врвна музика. Вечерва сцената е резервирана за „Чалгија Саунд Систем“ со етно џез програма. Утре, на 23-ти Павле Камилоски со класичен Џез, а во недела, на 24-ти август Томи Пурич Бенд со гостите Ѓоко Алоски и Наум Џуклески и програма со класичен џез. Сите ...

Охрид, 22. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај Градското пристаниште и Светилникот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...

Охрид, 22. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до 29. степени. – Во сабота во западните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува северен ветер кој ќе продолжи и во недела и ќе услови опаѓање на дневната температура. Потоа времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура, информираат од Управата за ...

Охрид, 22. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничниот премин „Табановце” времето на чекање за влез и излез од државата е околу 15 минути, додека на ...

Охрид, 22. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Свети апостол Матиј. Родум од Витлеем, од племето Јудино. Му беше ученик на свети Симеон Богопримец во Јерусалим. Кога Господ излезе да проповеда за Царството Божјо, тогаш и Матиј им се придружи на оние што Го љубеа Господa, зашто и самиот од сесрце Го љубеше, со сладост ги слушаше Неговите зборови и ги гледаше Неговите дела. Во почетокот Матиј ...

Охрид, 21. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Посебен акцент ќе се стави на урбанизацијата и бесправно изградените објекти, но дали до 1. февруари ќе се уриваат дивоградбите не се открива. Ова беше одлучено на третата седница на Националната комисија за УНЕСКО која денеска се одржа во Охрид. Владата на Република Македонија започна процедури за заштита на културното и природното наследство на Охрид. Министерот за култура, Зоран Лутков, од денешниот ...

Охрид/Струга, 21. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 11-ти до 17-ти август 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 243 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарници и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани во повеќе градови низ државата, меѓу кои и ...

Скопје/Охрид, 21. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе мора задолжително да ги отворат базите со информации, за таа цел Комисија во Министерството работи на отстранување на евентуални законски пречки, истакна министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција. – Кај нас веќе работи комисија и ако има законски пречки, да се отстранат веднаш. Наредната недела и ќе пуштиме писмо до сите ...

Охрид, 21. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината. Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) од 19-ти август, нивото на водата во езерото е на кота од 693,25 м.н.в што е за 21 сантиметар под просекот за овој месец (693,46 м.н.в) и 15 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската ...

Охрид, 21. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува координацијата на активностите за реализација на проектот за изградба на автопатот Кичево-Охрид со цел запазување на роковите, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски. По состанокот со изведувачите и надзорот, како и по увидот долж трасата заклучено е дека се работи на сите предвидени точки, со цел што побрзо да се созададат услови за ставање во функција на ...

Охрид, 21. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до недела во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи „Охрид Џез Фестивал 2025“. Три вечери исполнети со ритам, страст и врвна музика. Утре сцената е резервирана за „Чалгија Саунд Систем“ со етно џез програма, следниот ден, на 23-ти Павле Камилоски со класичен Џез, а во недела, на 24-ти август Томи Пурич Бенд со гостите Ѓоко Алоски и Наум Џуклески и програма со класичен џез. Сите ...

weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
1.54
68%
1026
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
2.57
63%
1024
weather icon

Загреб

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
69%
1021
weather icon

Софија

-5ᴼ / -5ᴼ
5.14
58%
1027
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
5.34
63%
1023
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -3ᴼ
1.38
88%
1022
weather icon

Атина

5ᴼ / 3ᴼ
7.2
52%
1021
weather icon

Тирана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
69%
1026
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
51%
1027
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
1.54
89%
1020
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
1.79
58%
1021
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
7.2
70%
1020
Currency

61.555

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Родиум

313469.78

Иридиум

169549.30

Злато

147759.41

Бакар

12.08

Паладиум

59575.33

Калај

44.71

Кобалт

59.52

Платина

75300.49

Алуминиум

3.14

Цинк

3.10

Сребро

2703.41

Рутениум

44946.74