Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 5-ти септември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во предворјето на црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Вокално инструменталниот состав Билјана. – Ова година по тринаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Наши гости оваа година се Емилија Колоска и Стефан Петрески, порачуваат организаторите. Билетите за ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во новата училишна зграда на ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид, денеска се одржа пригодна свеченост по повод првиот училишен ден. Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, кој присуствуваше на настанот упати најубави желби за успешен почеток на новата учебна година. – Сите вие сте една нова генерација што ќе испише нови приказни, големи успеси и ќе остави траен печат во образованието во Охрид. Локалната ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 26-годишно лице од охридското село Косел, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. – Полициски службеници извршиле контрола на едно лице од Охрид, при што пронашле и одзеле марихуана која ја набавил од пријавениот, информираат од СВР Охрид. ...
Скопје/Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Свечена изјава пред отпочнување на вршењето на функцијата претседател на Основен суд Охрид денеска даде судијата Бојан Мартиноски. По спроведеното вонредно оценување на неговата работа, за периодот 1. јануари 2023 до 31-ви декември 2024 година Мартиноски добил вкупно 200 бодови како средна оценка, со добиени 200 бодови за 2023 година и 200 бодови за 2024 година. Кандидатот беше избран со 9 гласови ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Веќе полни 24 дена поминаа од трагичниот настан во Охридското Езеро, кога во близина на заливот кај селото Трпејца, исчезна бугарскиот нуркач Илија Иванов Танчев. – Во текот на изминатите денови се води интензивна потрага со подводен дрон на локацијата каде последен пат влегле во длабочината нуркачите. Се предпоставува дека телото на исчезнатиот нуркач би требало да биде на длабочина од 80 до 100 метри, ...
Струга, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – До подрачното одделение на Државната изборна комисија во Струга поднесени се три независни кандидатури за градоначалник и една за советничка листа, информира за Супер радио и OhridPress претседателката Арбена Дика. Имиња не се откриваат, но се претпоставува дека меѓу официјално пријавените се наоѓаат имињата на дел од оние кои изминатиов период најавија кандидатури за прв човек на градот, како на терен ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, на 3-ти септември 2025 година, во Струга ќе се одржи концерт на Trio Dolce. На програмата се дела од Piazzolla, Brahms, Gaubert, Prokopiev и Farrenc, а ќе настапат Светлана Богданоска Ристоски на флејта, Андријана Дукоска на виолончело и Марија Шамоска Буџаковски на пијано. Концертот ќе започне во 20:00 часот во фоајето на Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга, а влезот за сите ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Училишното ѕвонче денеска го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици во Република Македонија. Настава ќе има до 10-ти јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15-ти мај. Охридските основни и средни училишта подготвени го дочекаа стартот на учебната година во која за првпат во училишните клупи седнуваат над 420 првоодделенци. Од денес ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена на кеј „Македонија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска на полноќ истекува рокот за пријавување на кандидати, а според последните информации, има пријавени и дополнително заинтересирани лица за учество на престојните локални избори. Има заинтересираност, повеќе кандидати се јавуваат и се интересираат за условите, но нема нови пријавени учесници на локалните избори, информираа вчера за Супер радио и Ohridpress од подрачното одделение на Државната ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен западен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 27. степени. – Од денеска ќе преовладува претежно стабилно и потопло време, освен во среда, кога ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај) извор: УХМР ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Забрана за движење на ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Свети маченик Андреј Стратилат. Беше офицер-трибун во римската војска во времето на царот Максимијан. Роден е во Сирија и таму беше на служба. Кога Персијците го загрозија со војска римското царување, на Андреј му беше доверена војска во борба против непријателите. Во таа прилика, го произведоа за војвода, односно стратилат. Бидејќи беше ...
Охрид, 31. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Пограничната полиција од градот Корча во Албанија му пружи помош на македонски параглајдерист кој вчера за време на силното невреме бил однесен на албанска територија. – Веднаш по добиената дојава, полициските служби реагирале брзо и професионално, успеале да го лоцираат и да обезбедат негово спасување, објави порталот 4news.mk. Според соопштението на Дирекцијата за миграција и граница во Корча, ...
Охрид, 31. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Популарните охриѓани Броз и Марама со новата песна „Сокаци тесни“ го освоија првото место од стручното жири на синоќешното, 32. издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“. – Голема благодарност до сите што не’ поддржаа и гласаа за нас, порача познатиот охридски продуцент, композитор и текстописец Јовица Каралиевски, кој е комплетен автор на песната. Овие тесни сокаци, чуваат тајни скриени Оваа темна ...
Скопје/Охрид, 31. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од 27-ми септември, над 30 олдтајмери од Западна Европа и САД ќе продефилираат низ земјава како дел од Бахус класик релито што за првпат се организира кај нас. Некои од возилата коишто ќе пристигнат и ќе бидат дел од ова меѓународно рели од премиум ранг досега не се видени ниту во Македонија, ниту во регионот. Најавено е учество на претставници од 11 држави меѓу кои САД, Германија, Австрија, ...
Охрид, 31. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Има заинтересираност, повеќе кандидати се јавуваат и се интересираат за условите, но нема нови пријавени учесници на локалните избори, информираат за Супер радио и Ohridpress од подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Охрид. – Според најавите, најверојатно ќе има пријави во текот на утрешниот ден, кога истекува рокот, потенцираат од одделението. Кандидатура за градоначалник на Охрид ...
Охрид, 31. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридска убавина од изминатата недела, од понеделник, 25-ти до сабота 30-ти август 2025 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. ...
Охрид, 31. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Високото ниво на шеќер во крвта е здравствен проблем кој често се развива тивко и незабележано. Можеби на почетокот нема да почувствувате никакви драматични промени, но последиците можат да станат многу сериозни со текот на времето. Главната причина е што високиот шеќер во крвта ретко предизвикува болка или очигледни симптоми во раните фази. Сепак, телото речиси секогаш испраќа суптилни предупредувачки ...
Охрид, 31. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Мајте Ајлен Пука од Аргентина во женска и Матео Фурлан (Италија), Федерико Тамборино (Италија) и Матијас Дијас Хернандес од Аргентина во машка конкуренција се победници на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон, кој беше прекинат поради големото невреме кое го зафати охридскиот регион. – Овој меѓународен настан со децении го поттикнува спортскиот натпреварувачки дух. Пливачите на патеката „Климе Савин“ ...
Охрид, 31. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Популарните охриѓани Броз и Марама, на синоќешното, 32. издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“ се претставија со новата песна „Сокаци тесни“. Како и минатата година за „На тебе сум осуден“, комплетен автор и продуцент и на годинашната фестивалска песна е познатиот охридски продуцент, композитор и текстописец Јовица Каралиевски. Овие тесни сокаци, чуваат тајни скриени Оваа темна калдрма, чува стара ...
Охрид, 31. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор, интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од настаните кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Трн.мк за охриѓанката д-р Милена Богојевска Доксевска, македонски ортопед на листата на Понсети експерти: Како ...
Охрид, 31. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Кога врвната забава, превкусната храна и неповторливиот амбиент ќе се сретнат на едно место – денеска врвна забава со група Камелеон во Jovanoski Bar & Restaurant by Rajska Dolina. – Ве очекуваме да уживаме заедно од 14:00 часот во прекрасен амбиент со одбрана храна и пијалоци. Време е за проверено гастрономско и музичко искуство во прегратките на природата. Групата Камелеон ќе се погрижи искуството да ...
Охрид, 31. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен западен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 25. степени. – Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно и потопло време, освен во среда, кога ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај) ...
Охрид, 31. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила. На граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 20 минути, додека на останатите ...
Охрид, 31. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Преподобен Јован Рилски. Овој голем подвижник и светилник на Православната Црква се роди близу Софија во местото Скрина, во времето на царот Борис. Се роди од бедни, но благочестиви родители. По смртта на родителите се замонаши и се оддалечи во една дива гора и таму во една пештера почна да се подвизува. Овде претрпе многу напади од демоните ...
Охрид, 30. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Силното невреме, проследено со силен ветер и високи бранови го прекинаа 38. издание на Охридскиот пливачки маратон. Трката, околу 14:30 часот беше прекината во близина на хотелот „Гранит“, откако одговорните лица утврдија дека се поминати две третини од патеката, а временските услови не дозволуваат nатамошно продолжување на истата. Утрово, околу 10:00 часот, од Свети Наум тргнаа 16 пливачи, од кои 10 во ...
Охрид, 30. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти август 2025 година, во 22:45 часот, 76-годишно лице од Охрид, пријавило во СВР Охрид кривично дело „загрозување на сигурноста“, согласно чл 144 ст 3 од КЗ на РМ против неговиот 48-годишен син. – Според пријавата, истиот ден во семејниот дом пријавениот постојано му барал пари, најверојатно за да купи дрога, но бидејќи таткото немал да му даде, синот почнал да му упатува закани по животот на ...
Охрид/Струга, 30. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 18-ти до 24-ти август 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 167 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови, хотели, бутици, фризерски салони, аптеки, ПЗУ, спа центри, бензиски пумпи, приредувачи на игри на среќа и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа ...
Охрид, 30. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на селото Вапила апелираат до надлежните институции да се преземат мерки и да се овозможи редовно снабдување со вода. – Водата е основно човеково право и неопходност за живот. Секој човек има право на чиста и сигурна вода за пиење, готвење, лична хигиена и секојдневни потреби. Без вода, животот е невозможен. Ние, жителите на селото Вапила, се соочуваме со голем проблем. И покрај тоа што редовно го ...