Скопје/Охрид, 11. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Судот во Скопје одреди мерка притвор од 30 дена за сопственикот на градежната фирма „Марковски Компани“, Борче Марковски, по барање на Основното јавно обвинителство. Според обвинителството, Марковски се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување, како и за перење пари поврзано со неколку градежни проекти во Скопје и Охрид. Истрагата опфаќа повеќе лица – вработени и деловни партнери ...

Охрид, 11. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај Билјанини извори. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...

Скопје/Охрид, 11. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален граничен Систем за влез/излез (ЕЕС), кој според очекувањата на Европската комисија би требало да го поедностави и забрза процесот на премин на граничните премини. Сепак, постои загриженост дека воведувањето на ЕЕС во пракса, барем во почетокот, ќе предизвика ...

Охрид, 11. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, на патниот ...

Охрид, 11. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Преподобен Харитон Исповедник. Угледен и благочестив граѓанин во градот Иконија. Задоен со духот на својата сограѓанка Текла, Харитон јавно го исповедаше името на Христос. Кога почна лутото гонење на христијаните во времето на Аврелијан, Харитон веднаш беше изведен на суд пред хегемонот. Судијата му рече да им се поклони на боговите (т.е. на ...

Скопје/Охрид, 11. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со прославувањето на Денот на народното востание на македонскиот народ, денеска се одбележува почетокот на востанието против фашизмот, односно борбата за ослободување на македонскиот народ. По фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 година, Македонија повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот фашистички окупатор. И пред 11-ти октомври 1941 година постои ...

Охрид, 11. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 19. степени. – Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Потоа до вторник ќе биде стабилно со дневни ...

Охрид, 10. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – По повод 730 години од изградбата и живописувањето на храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, кој е еден од најмонументалните средновековни храмови во Македонија, во недела на 12-ти октомври 2025 година, во храмот ќе биде отслужена света Литургија. Со литургијата ќе чиноначалстува Неговото Блаженство Архиепискотот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан во сослужение со ...

Охрид, 10. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со свечена седница, Општина Охрид и ОО на Сојузот на борци на Охрид и Дебрца ги започнаа активностите за одбележување на 11. Октомври, Денот на народното востание. На седницата пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, кој истакна дека народоносолободителната борба претставува симбол на непокорот, достоинството и вековната борба за мир и правдина. Преку пожртвуваноста на ...

Охрид, 10. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Носителот на советничката листа, предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јане Тодороски, денес ја презентираше партиската стратегија за туризам и развој, насочена кон нова, одржлива и инклузивна визија за Охрид – град кој заслужува да блесне во полн туристички, културен и економски сјај. – Охрид, како светско културно и природно наследство, има ресурси кои многу други дестинации само ...

Охрид, 10. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – По пауза од четири години, повторно е ставено во функција детското одделение во охридската Општа болница, на кое ќе работат три докторки, специјалисти по педијатрија. Според најавите, за пополнување со кадар на вторите смени и дежурствата ќе работи и доктор специјалист педијатар, вработена во Здравствен дом Охрид. Ангажирани се и двајца пензионирани педијатри, а пет доктори во моментов се на ...

Охрид, 10. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, денеска се одржа работилница за подигнување на јавната свест за опасноста од напуштените мрежи во езерото насловена „Невидливи мрежи – видлива закана!“. Истата беше посветена на запознавање на пошироката јавност со реализираните активности за отстранување на напуштен, изгубен, заборавен или на друг начин оставен рибарски алат, таканаречени „мрежи духови“ ...

Охрид, 10. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Еден златен и два сребрени медали освоија учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески” Охрид на 13-от Меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта GАTUS 2025 што се одржа во Бар, Црна Гора. На натпреварот учествуваа 10 училишта од поранешните југословенски републики: Охрид (Македонија), Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Бања Лука и Приједор (Босна и Херцеговина), Белград и ...

Скопје, 10. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва на полноќ истекува рокот за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите, треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање, 10 октомври на полноќ. За да се ...

Охрид, 10. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од РЦСОО „Ванчо Питошески“, под менторство на психологот Даница Скрческа и професорот Ристо Николески, се меѓу петте одбрани тимови во рамки на повикот за Service Learning средношколски проекти, поддржан од проектот „LEADing Forward: зајакнување на капацитетите за одржлив развој“, кој го спроведува SMART Balkans. Охридскиот тим ќе го реализира проектот „Оброк + заедничка активност – Храна без ...

Охрид, 10. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од препознатливиот симбол на градот Охрид, Билјанините извори, и понатаму не истекува вода, а ваквата состојба трае веќе два месеци. Идентична слика од изворите во овој период од годината имаше и изминатите години, а се должи на сушниот период скоро без врнежи од дожд. Во исто време водостојот на Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината. По минималниот раст, повтрорно се ...

Охрид, 10. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува програмата во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“. Вечерва со почеток во 19:00 часот, во трговскиот центар Ohrid Mall ќе се одигра интерактивна театарска претстава „Марсовски пикник“ во изведба на „Театар за тебе“. Проектот „Културата расте со децата – За сите деца“ од овој месец па сѐ до мај ќе се реализира во трговскиот центар Ohrid Mall. Секој петок ...

Охрид, 10. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид и ОО на Сојуз на борци на Охрид и Дебрца и годинава со пригодни свечености ќе го одбележат 11. Октомври, Денот на народното востание. Денес од 11:00 часот во големата општинска сала ќе се одржи свечена седница, по што ќе следи културно – уметничка програма. Ќе биде прикажан видео запис со историјата на Охрид за време на Втората светска војна, ќе биде извдена монодрама, извадок од романот ...

Охрид, 10. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со албумот „Let Us Be“ на Владимир Четкар го помина првиот круг од номинациите за годинешните Grammy Awards и во моментов има Grammy Consideration статус. Четкар е во трка за три номинации и тоа за Best traditional pop vocal album за „Let Us Be“, Best pop solo performance за „Don`t make me wait“ и за best remixed recording за ремиксот на Dr. Packer на „Don`t make me wait“. „Let Us Be“ е сниман во ...

Охрид, 10. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на кеј „Македонија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...

Охрид, 10. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, денеска ќе се одржи работилница за подигнување на јавната свест „Невидливи мрежи – видлива закана!“. Истата е посветена на запознавање на пошироката јавност со реализираните активности за отстранување на напуштен, изгубен, заборавен или на друг начин оставен рибарски алат – таканаречени „мрежи духови“ од Охридското и Преспанското Езеро. „Мрежите духови“ ...

Охрид, 10. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени. – Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Денес и во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република ...

Охрид, 10. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, ...

Охрид, 10. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Свети маченик Калистрат. Родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор, служеше како војник во Ерусалим кај Пилат Понтиски во времето на страдањето на Господ Исус. Ги виде многубројните чуда Христови и поверува во Него, па беше научен на верата и крстен од апостолите. ...

Охрид, 9. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Проектот за изградба на современо и еколошки стандардизирано пристаниште во Охрид е една од најзначајните иницијативи што ја предлагаме како советнички тим на СДСМ, порача на денешната прес конференција кандидатот за советник на советничката листа од СДСМ и коалицијата, Иван Димкоски. – Оваа иницијатива не е обичен проект ова е порта која ќе го поврзе Охрид со иднината и современите светски туристички ...

Охрид, 9. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми октомври 2025 година, во 10:40 часот пред казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 40-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички и со остар предмет нападнал 42-годишно лице од Охрид. – По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР ...

Охрид, 9. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот Ј.Д. од Република Грција, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. – По преземени мерки било утврдено дека тој набавувал и препродавал марихуана на зависници од ...

Куманово/Охрид, 9. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска, во 01:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 20-годишниот З.М. од Струга, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од затвор. – Тој бил осуден на една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување една година од казната. Лицето е ...

Охрид, 9. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одржа 63-тата свечена седница на Советот на Општина Охрид, со што официјално беше заокружен мандатот на актуелниот советнички состав. ‎Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков изрази задоволство од соработката со Советот, нагласувајќи дека заеднички биле донесени многу значајни одлуки во интерес на општината и нејзините граѓани. Тој им се заблагодари на сите ...

Скопје/Охрид, 9. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 1. јануари 2025 година, заклучно со минатиот месец, 30-ти септември 2025 година, во рамки на континуираните полициски активности во делот на сообраќајот во сите Сектори за внатрешни работи, вклучително и активностите на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани се 18.458 возачи кои учествувале во сообраќајот без притоа да имаат возачка дозвола. – ...

weather icon

Скопје

-6ᴼ / -6ᴼ
1.54
73%
1022
weather icon

Белград

-7ᴼ / -9ᴼ
5.14
73%
1023
weather icon

Загреб

-6ᴼ / -11ᴼ
2.06
85%
1024
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
6.17
73%
1026
weather icon

Сараево

-4ᴼ / -4ᴼ
7.49
79%
1021
weather icon

Љубљана

-10ᴼ / -11ᴼ
0.54
91%
1025
weather icon

Атина

6ᴼ / 4ᴼ
5.36
66%
1012
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
40%
1019
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
7.2
34%
1022
weather icon

Букурешт

-6ᴼ / -7ᴼ
4.63
91%
1017
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -7ᴼ
5.66
70%
1020
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
93%
1014
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.58613

Паладиум

57935.65

Кобалт

59.52

Родиум

310254.70

Рутениум

44946.74

Калај

44.73

Сребро

2569.43

Бакар

11.84

Злато

144981.23

Алуминиум

3.14

Иридиум

169549.30

Платина

72292.89

Цинк

3.10