Согласно Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 09.01.2026 год. (петок) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција Селектирај правилно! ...

Според информациите од регионалните центри за управување со кризи, по обилните врнежи од дожд, пријавени се поплави на повеќе локации во Охрид. – Во Општина Охрид евидентирани се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации во градот. Локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид се известени и постапуваат по пријавите. Реката Далјан е излеана од коритото на повеќе места, при што се поплавени голем број куќи, а службите за ...

‎Во врска со настанатата состојба, денеска одржав состанок со Кризниот штаб за заштита и спасување на Општина Охрид, на кој покрај претставници од јавната администрација присуствуваа претставници на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, СВР Охрид, Јавните претпријатија, Противпожарната единица од и сите останата надлежни институции. ‎ ‎На состанокот беше извршено мапирање на критичните точки и беше направен ...

Соединетите Американски Држави (САД) официјално најавија дека ќе го прекинат своето членство во УНЕСКО – Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура. Оваа одлука беше потпишана од претседателот Доналд Трамп како дел од пошироката политика на Вашингтон за повлекување од повеќе глобални организации и договори кои, според американската администрација, не се во согласност со националните интереси на САД.  Трамп и ...

Со искрени желби за мир, здравје и благосостојба Ви го честитам најголемиот христијански празник-раѓањето Христово-Божиќ. ‎ ‎Денеска ја славиме надежта, љубовта и човечката блискост. Овој ден не повикува да се свртиме еден кон друг со разбирање и човечност. Божиќ е време кога духовната светлина ја надминува секоја поделба и не охрабрува да гледаме кон иднината со надеж и одговорност. ‎ ‎Нека радоста од Христовото раѓање ги исполни Вашите ...

Акога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна…, еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ – во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Според на таа заповед, секој требаше да отиде во својот град и таму ...

На моја голема радост, најмладите денеска ни покажаа дека верата и традицијата не запираат пред никакви пречки. Охридските улици и Центарот за култура беа исполнети со свечена и топла атмосфера, во духот на христијанството и заедништвото. ‎ ‎Бадниковата литија, која традиционално се одржува секоја година и овој пат беше показател за духовноста на нашиот град и неговата длабока поврзаност со христијанските вредности. ‎ ‎Нека е за многу години ...

Рано утрово , во пресрет на најрадосниот христијански празник Божик, низ улиците на село Лескоец помина свечената Бадникова поворка, носејќи ја пораката на мирот, заедништвото и вековната македонска традиција. Во поворката учествуваа младите жители кои со бадникови песни, запалени фенери и бадникови гранчиња создадоа топла и празнична атмосфера. Годинава по втор пат дечињата од Лескоец и Косел, низ улиците на Лескоец ја пееја песната ...

Младите од Враништа утрово го најавија овој голем и светол ден преку Бадниковата поворка која ја реализираа низ селото. Иако временските услови беа дождливи, по завршувањето на светата богослужба, младите од Парохија Вранишка, со жива вера во душата и топлина во срцето, ја остварија традиционалната Бадникова поворка. Со скратен распоред на движење, поворката помина низ централниот дел на селото Враништа, носејќи радосна вест и бадниковска ...

Православните христијански верници во земјава денес го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ ќе се одржат Бадниковите поворки во 80 градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави. Традиционално, одбележување на Бадник ќе има и пред Соборниот храм „Свети Климент ...

Ќерка на Филип, којшто беше епарх на целиот Египет. Родена е во Рим. Во тоа време христијаните беа прогонувани од Александрија и живееја надвор од градот. Девицата Евгенија ги посетуваше христијаните и со сето срце ја прими нивната вера. Побегна од родителите и со двајца свои верни евнуси се крсти од епископот Елиј, па преоблечена во машка облека стапи во еден машки манастир и таму прими монашки чин. Толку го очисти своето срце со доброволен ...

На 04.01.2026 година во 15:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на 02.01.2026 година во 02 часот, во угостителски објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице . врз лице на (43), двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 04.01.2026 година во 15:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на 02.01.2026 ...

Охриѓанецот Валентин Тренески, член на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ од Охрид ја освои наградата за најдобар пливач во далечинско пливање, во сениорска категорија за 2025 година. Во знак на признание за остварените резултати во 2025 година и значајниот придонес во развојот и афирмацијата на далечинското пливање, младиот, 19-годишен пливач го доби признанието на Годишното собрание за 2025 година на Националната пливачка федерација ...

На 04.01.2026 во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај с.Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на ( 29) од с.Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час. На ...

Со големо задоволство сакаме да ве информираме дека на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа Болница Охрид започна со употреба на нов, најсовремен хистероскопски апарат. Ваков тип на процедура е извршена за прв пат во нашата Општина Охрид како и во околниот регион. Оваа значајна набавка претставува голем чекор напред во унапредувањето на гинеколошката здравствена грижа во нашата општина и регионот кој што го опслужуваме. Со ...

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од петочислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на ...

Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува на 5 јануари (или 23 декември според јулијанскиот календар), а другиот во летниот период на 3 јули (20 јуни). Тој лекувал од секакви болести и луѓе од разни вероисповеди, односно сите што искрено и со верба му се обраќале. Свети Наум Охридски Чудотворец (са. 830 – 23 декември 910) е средновековен словенски научник, писател, учител, и еден од основоположниците на ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (43) и лице на (48), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“. Двете, вработени во спортска обложубвалница, по претходен меѓусебен договор, на 30.12.2025 во ОВР Струга пријавиле кривично дело „разбојништво“ односно дека во спортската обложувалница каде работеле, наводно влегло машко лице и со закана со ...

Понеделник (23 декември / 5 јануари)– 6:30 – Божествена Литургија во спомен на Светиот отец наш Наум Охридски. – 16:00 – Вечерна богослужба Вторник (24 декември / 6 јануари) – 06:30 – Утрена богослужба – 07:30 – Царски часови за Рождество Христово. Изобразителните. – 09:30 – Голема вечерна богослужба со света Василиева Литургија – 19:00 – 20:30 ч. Бадникова закуска со пеење на Божикни каланди – 21:00 ч. Сеноќно бдение во чест на светлото ...

На „Бадник“, 06.01.2026 година (вторник) во градскиот соборен храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево, со почеток од 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и по која богослужба ќе се делат бадниковите гранчиња. Нека Бадниковата вечер биде време на благослов, љубов и заедништво за секој дом. На „Бадник“, 06.01.2026 ...

Младата Меланиа Пентелашоска доаѓа од прекрасното охридско село Велгошти, каде деновиве се претстави со најновиот музички проект со наслов „Вечниот Бог“. Музиката и аранжманот се дело на Христијан Латкоски – Даррус, а видеото е реализирано со поддршка од Бранко Тодороски. Посебна благодарност упатувам и до црковниот одбор, кој значајно придонесе за реализација на овој проект. Преку мојата работа сум посветена на промоција на македонската ...

Верниците во Пештанска парохија на Бадник, 6 Јануари (Вторник), со Бадниковата поворка, ќе го најават најголемиот дар за човештвото – раѓањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Срцата исполнети со радост и љубов, детските гласови како ангелите во Пештанска парохија, со пеење на Вечниот Бог…ќе тргнеме заедно од храм Св.врачи Кузман и Дамјан ‐ Пештани во 12 ч., а од Св.пророк Илија -Елшани во 10 ч. . Нека оваа поворка биде светлина што ...

Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 07:00 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Никола Карев“, дел од Бул.„Туристичка“, „Карпош Војвода“, „Асном“ и дел од „Галичица“. Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен , до целосно завршување со санацијата, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид. Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 07:00 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на ...

Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабошци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијана му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го ...

Во пресрет на прстојните големи христијански празници, Соборниот храм Св. никола упатува покана до сите дечиња од с. Враништа. Покана за дечињата од с. Враништа Во сабота, 3 јануари, со почеток во 15:00 часот, со голема радост ги покануваме сите дечиња од нашето село Враништа да дојдат во Трпезаријата при Црквата „Св. Никола“ на завршната проба за величествениот дочек на празниците Бадник и Божик. Програмата ќе биде исполнета со радост и ...

Снежни врнежи денеска го зафатија подрачјето на Ќафасан во регионот на Поградец, што предизвика отежнато одвивање на сообраќајот. Од Управата на полицијата во Елбасан зинформираат дека во утринските часови е забележан мраз во местото Драгостуње, сообраќајната полиција е постојано на терен и им пружа помош на возилата кои се соочуваат со потешкотии или се блокирани. Полициските власти апелираат до возачите да се движат со зголемена ...

Со изградба на 14 градежни галерии ќе се стабилизира земјиштето на најкритичните делови од трасата на автопатот Кичево-Охрид, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски во интервју за ТВ Алфа. Тој нагласи дека станува збор за најтешкиот дел од автопатот, каде се работи во планински предел со хетерогено земјиште кое постојано се движи и содржи многу вода. -Дополнителен предизвик се височините ...

На 02.01.2026 во 04:20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Ц.(56) од Скопје. Претходно, во 03:50 часот на ул.„Партизанска“ во Охрид, тој со патничко возило, кое го управувал, удрил во паркирани возила „ауди“ со скопски регистарски ознаки и „рено“ со косовски национални ознаки. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,88 промили алкохол во крвта. По целосно ...

Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ ...

Македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“ за првпат била испеана на 31 декември 1942 година, во куќата на Сотир Шута во Струга токму на местово каде што денес се наоѓа спомен обележјето. Таму, во круг на македонски родољуби и учесници во народноослободителното движење, песната за првпат го добила својот глас тивко, но со силна порака за слобода. Од тој скромен дом, химната почнала да го гради својот пат како симбол на македонската ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
71%
1025
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
62%
1026
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
2.57
55%
1025
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
61%
1025
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.43
68%
1026
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 6ᴼ
1.54
75%
1025
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
2.68
63%
1024
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1024
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
54%
1024
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
2.06
59%
1027
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 6ᴼ
0.0
50%
1026
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
49%
1026
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Злато

163613.54

Бакар

11.75

Цинк

3.27

Иридиум

229769.28

Кобалт

66.14

Родиум

368126.05

Паладиум

51794.85

Алуминиум

3.29

Рутениум

45750.51

Калај

50.04

Платина

67998.83

Сребро

2648.90