За многу мажи, прегледот на простата е непријатна тема бидејќи откако ќе видат возраст на човек со проблеми со мокрење, уролозите стандардно го претпочитаат методот „ќе сакам да те пипнам“. Од почетокот на 70-тите години, ректалниот преглед е составен дел од програмата за рано откривање на рак на простата во здравственото осигурување. Во повеќето развиени држави, осигурувањето покрива ваков преглед барем еднаш годишно за постари од 45 години. ...

Студија на луѓе од Кралската женска болница во Мелбурн, ги анализирала сите модели на кукли на глобалниот пазар наменети за за обука за кардиопулмонална реанимација на возрасни. Од 20 различни кукли, сите имале рамно торзо, а само еден модел бил со прекривка на градите. Австралиското истражување покажа дека жените имаат помала веројатност да добијат CPR што спасува животи после срцев удар и оттука имаат помалку шанси да преживеат инфаркт. ...

Весникот забележува дека по победата на Трамп пред две недели, украинскиот претседател премолчано се откажа од максималистичката амбиција да ја победи Русија на военото поле. Минатата недела во интервју за Фокс њуз, Зеленски и за прв пат призна дека Крим, кој беше една од главните цели на неуспешната украинска контраофанзива од 2023, не може да биде вратен со сила. „Не можеме да потрошиме десетици илјади наши луѓе и да го изгубат својот живот ...

Според рамката воспоставена од ОН во 1992 година, 23 развиени земји - и Европската унија - историски одговорни за повеќето емисии на загревање на планетите се обврзани да платат за штетата. Во Париз пред девет години беа ветени 100 милијарди долари годишно. На штотуку завршената климатска конференција во Баку, Азербејџан, богатите го одврзаа ќесето ветувања па до 2035 година најавија 300 милијарди климатски долари годишно за најпогодените. ...

Токму на политичките теми Варшава очекува поголемо разбирање - особено кога станува збор за историското соочување со масакрите во Волинија, каде што украинските националисти убија десетици илјади полски цивили. Тие националисти сè уште се слават во Украина, додека Киев одбива да ги ексхумира телата на убиените Полјаци, што наидува на чудење кај полскиот министер за надворешни работи Сикорски: „Украина се согласи на погребување на 100.000 ...

Малата и неукрасена црква долго време е позната како најстара во Луцерн. Но, во меѓувреме стана и синоним за новите времиња, откако инсталирале Исус со вештачка интелигенција, способен да разговара на 100 различни јазици. „Екеперимент. Сакавме да видиме како луѓето реагираат на Исус со вештачка интелигенција. За што би разговарале со него? Дали ќе има интерес за муабет со него?, вели Марко Шмид, теолог од црквата. Инсталацијата, позната како ...

Магазинот објаснува дека, за сега, не се прават никакви дубари и гасот што стигна до ЕУ од Азербејџан е навистина азербејџански. Меѓутоа цаката е во обемот на гас што земјата мора да и го испорача на Унијата, заради што таа останува кратка за сопствените потреби. Во пракса ова значи дека Унијата само го префрла товарот од својот на грбот на Азербејџан, кој сега за покривање на домашната потрошувачка почнува да увезува руски гас. „Азербејџан ...

Документите за федерални грантови кои содржеле предлог за создавање вирус како оној што предизвика ковид можеби биле погрешно класифицирани од Министерството за одбрана, што довело до „фалц“ истрага за потеклото на пандемијата од страна на американските разузнавачки агенции. Свиркачот е морнаричкиот полковник Џозеф Марфи, кој сега води воена лабораторија во Вирџинија. Тој откри дека постои некласифициран предлог за грант, познат како ...

Брисел спрема грантови во вредност од 1 милијарда евра за сите што ќе градат фабрики за батерии во ЕУ. Нов критериум за добивањето на овие грантови за сите не-ЕУ (кинески) компании ќе биде споделување на технолошкото знаење со европски компании. Доколку ова успее, истиот процес се очекува да биде воведен и за ЕУ субвенции во други полиња. Овие услови, иако далеку полиберални, наликуваат на условите што сама Кина ги има за странските компании ...

Американската војска соопшти дека дизајнот на руската ракета истрелана врз околината на градот Днепар (врз украинската ракетна компанија Пивденмаш) е заснован на дизајнот на руската интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) РС-26 Рубеж, која има поголем дострел. Пентагон соопшти дека проектилот бил истрелан со конвенционална боева глава, но дека Москва може да го смени „товарот“ ако сака. „Таа ракета може да носи различни типови на ...

На страна критиките и навредите што нагрнаа на Јагуар, околу рекламата имаше и прашања на место, како она од Илон, кого го интересираше што точно продаваат со нејзе. Јагуар кој некогаш беше задолжен за производство на службените автомобили на британските премиери, со години е во константен пад за пред неколку години да реши целосно да се ориентира кон електрични возила. Планот беше продажбата на џиповите на Ленд Ровер да продолжи да ги плаќа ...

Се сеќавате ли кога Ентони - Науката, тоа сум јас“ Фаучи се појави на конгресните сослушувања носејќи дупла маска, знаејќи многу добро дека маските не го спречуваат преносот на ковид? Со такво лидерство, поголемиот дел од земјата доброволно или принудно, цело време се шетаа маскирани - внатре, надвор, на игралишта, плажи и велосипеди. Јаслите ги мачеа доенчињата ставајќи им маски а по авиони избиваа тепачки затоа што владата од стјуардесите ...

Пимлико е мирен дел од центарот на Лондон кој последниве недели беше претворен во линија на фронтот на климатските војни, благодарение на ревносното следење на политиката „нет нула“ која треба да ја платат еговите жители. Повеќе од 3.000 домови, училишта и една библиотека моментално се загреваат со три огромни, но дотраени гасни котли и систем на застарени цевки склони кон пукање и протекување. Едно решение за овој проблем би било секој дом ...

Не им требаше многу време на новодојденците на Блускај да ја заситат платформата со барања за цензура, етикетирања на објави што не им се бендисуваат и општи поплаки за други корисници. Блускај објави дека за само 24 часа платформата била преплавена со над 42.000 поплаки а барањата за цензура стигнувале со темпо од над 3.000 на час. Нема сомневање дека ова се должи главно на дојденците од Твитер бидејќи во цела 2023 година, Блускај имала 360К ...

Како што на Биндел ѝ објасниле полицајците кои ѝ дошле на врата по поднесена пријава против неа, „оштетениот“ е „трансџендер маж од Холандија.“ Не чуди што таа реши да го сподели ова искуство во статија со прилично разбирлив наслов “Мојот орвелијански случај во рацете на полицијата која си го арчи времето.” Биндел опишува како полицијата не открива за какво кривично дело од омраза е осомничена, ниту како ќе функционира прашањето за правната ...

За време на гостување на еден поткаст, Редфилд изјави дека ковид-19 е „намерно создаден како дел од програма за биолошка одбрана.“ Тој сега смета дека не мора да значи дека Кина го создала вирусот, и верува дека таа направила се што може кога сфатила дека има проблем. Според него, САД имале „суштинска“ улога во развивање на вирусот. Редфилд го прозвал научникот др. Ралф Барик од Универзитетот во Северна Каролина, кого го нарекува „научниот ...

Во август истиот овој судија одлучи дека Гугл нелегално го монополизирал пазарот на пребарување. Сега Министерство за правда од него ќе побара да преземе мерки поврзани со вештачка интелигенција и Андроид. Сопственоста на Хром е клучна за бизнисот со реклами на Гугл и и дозволува на компанијата да ја следи активноста на сите свои најавени корисници и во согласност со тоа подобро да ги таргетира со резултати и реклами. Гугл исто така го ...

Ревизијата на Оксфам заклучува дека во изминатите 7 години имало „недостаток на трошење што може да се следи“, делумно заради една нејасна практика на Светската банка финансирањето да го пресметува во време на одобрување на проектите, наместо на нивното завршување. „Ова е исто како да бараш од твојот доктор да ја процени твојата исхрана врз основа на списокот на намирници што сакаш да ги купиш, без никогаш да провери што вистински завршува во ...

Човек кој несакајќи го фрлил хард дискот кој му овозможувал пристап до неговите биткоини вели дека денес тие вредат повеќе од половина милијарда фунти. 39 годишниот Џејмс Хауелс над една деценија се обидува да го најде и врати хард дискот со неговото изгубено богатство за кое верува дека се наоѓа на депонија во Њупорт. Тврди дека дискот имал 8.000 биткоини кои тогаш вределе околу 4 милиони фунти а сега над 569 милиони фунти, поради скорешниот ...

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во неколку наврати тврдеше дека ќе депортира најмалку 15 милиони, па дури и дури 20 милиони луѓе кои илегално се наоѓаат во САД. Трамп сега ги потврди гласините дека планира неговата администрација да прогласи национална вонредна состојба за да ја користи американската војска за масовни депортации на имигранти без документи. Уште кога победи, Трамп изјави дека има намера да го исполни своето ...

Киев уште денес ја искористи својата новодобиена дозвола и за прв пат истрела американски ракети со долг дострел внатре во Русија, погодувајќи воен објект на 130 километри од украинската граница во регионот Брјанск, пишува Телеграф, повикувајќи се на извештаи на украинските медиуми. Русите потврдуваат и тврдат дека собориле пет ракети. Ако овој напад биде потврден и од Украина, тоа би било во спротивност со извештаите на американските медиуми ...

Рацијата во домот на Штефан Никоф во баварскиот град Бамберг се случила в зори, будејќи го и него и неговите сопруга и ќерка. Му ги заплениле телефонот и компјутерот поради пријава за негово меме на сметка на вице-канцеларот Роберт Хабек. Шварцкопф ви е познато како име на онаа компанија за козметички производи за нега на коса (што имаат лого како Ина). Но, истовремено шварцкопф на германски значи и идиот/морон. Па стариот на Хабек му скоцкал ...

Можеби деновиве ја забележавте западната медиумска хајка против Икс/Твитер чија „информативна“ суштина беше дека се случува егзодус од Твитер, дека за многумина тоа станала претоксична атмосфера (Дон Лемон) дека „луѓе масовно го напуштаат Икс и преминуваат на Блускај“.... Новинарите сметаат дека публиката им има меморија како златна рипка, пишува Марио Накиќ па потсетува како тоа изгледаше лани: По преземањето на Твитер од Маск, истите ...

Електронска пошта и интерни документи откриваат детали за план на британски воени ветерани и разузнавачки оперативци за продолжување и ескалирање на прокси војната „по секоја цена“. Собрана под раководство на британското Министерство за одбрана веднаш по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, ќелијата се нарекувала Проект Алхемија. Додека британското политичко раководство ги саботирало шансите за мировни преговори меѓу Киев и ...

По две години инсистирање дека нема да се откажат од територијата окупирана од Русија, Украина сега многу повеќе работи на добивање на безбедносни гаранции од Западот во случај евентуалното примирје да не успее. „Прашањето за територијата е екстремно важно, меѓутоа тоа и понатаму е второ прашање. Прво прашање се безбедносните гаранции,“ ја пренесува Њујорк тајмс изјавата на висок украински функционер. Едно од можните решенија за окупираната ...

Во извештајот од ревизорите стои дека нивната работа резултирала со „дисклејмер за мислење“, што значи дека тие не добиле доволно информации што се неопходни за формирање на мислење. Намерата на Пентагон е до 2028 да добие чиста ревизија, а од таму објаснуваат дека по годинешната неуспешна ревизија „ти напреднале и добиле сериозно унапредување во разбирањето на длабочината и обемот на предизвиците.“ Од 28 ентитети на Пентагон кои биле ...

Паскал Лами, кој беше на чело на СТО од 2005 до 2013 година, оценува дека интересите на Обединетото Кралство се во трговијата да остане блиску до ЕУ, наместо да биде сојузник со Трамп, во крајна линија затоа што тргува три пати повеќе со Европа отколку со САД. Но, не само заради тоа. Еден од доверливите луѓе на Трамп, Стивен Мур, деновиве порача дека Обединетото Кралство ќе треба да го отфрли „социјалистичкиот модел“ на ЕУ доколку сака да има ...

Британски експерт за дроги вели дека има видено понуди за „еколошко шмркање“, но дека тоа не е ништо друго освен паметен маркетиншки трик. Нил Вудс потсетува дека не постои начин да се произведе „еколошки“ или “етички“ набавен кокаин и дека тоа е само уште еден начин да се засили профитот од трговијата со оваа дрога кој во Обединетото кралство вреди околу 4,9 милијарди долари годишно. Бибијана Вилота, хуманитарна работничка од Колумбија, за ...

26-годишниот Шејн Коплан би разбуден од ФБИ во 6 часот наутро, кои му упаднале во неговиот стан на Менхетен барајќи од него да им го предаде својот телефон и други електронски уреди со кои располага. Како што пишува Њујорк пост, сето ова е „политички театар во најлошо издание“, бидејќи властите „можеле сите овие работи да ги побараат од адвокатот на Комплан и да ги добијат. Наместо тоа, тие организираат, тнр. рација за да можат истата да ја ...

Градовите во Азија и САД испуштаат најмногу гасови кои ги хранат климатските промени, а Шангај е најголем загадувач, покажуваат новите податоци, комбинирани од мерења и вештачка интелигенција, обелоденети на климатската конференција која се одржува во Азербејзан. На светов постојат седум региони кои исфрлаат над една милијарда метрички тони штетни гасови годишно. Сите се во Кина, освен Тексас, кој е шести на оваа листа. Од 2022 до 2023 ...

Известување

57 минути - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
44%
1025
weather icon

Белград

-2ᴼ / -4ᴼ
4.12
60%
1024
weather icon

Загреб

-2ᴼ / -4ᴼ
0.51
75%
1024
weather icon

Софија

-2ᴼ / -4ᴼ
8.75
62%
1024
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
8.63
67%
1022
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -7ᴼ
0.0
65%
1023
weather icon

Атина

8ᴼ / 5ᴼ
5.81
56%
1016
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
6.69
41%
1024
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
4.63
26%
1025
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -4ᴼ
4.63
73%
1019
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -4ᴼ
4.12
59%
1021
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
8.23
81%
1017
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Цинк

3.10

Платина

75300.49

Паладиум

59575.33

Родиум

313469.78

Кобалт

59.52

Калај

44.71

Злато

147759.41

Рутениум

44946.74

Сребро

2703.41

Иридиум

169549.30

Алуминиум

3.14

Бакар

12.08