Под мотото „Задоцнета реакција“ денеска во Кочани се одржа вториот протестен марш што го организираа семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Симболично, учесниците на маршот тргнаа од Паркот на Револуцијата во 12 часот и 5 минути, со што го искажаа незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните институции, како една од причините за големата трагедија. Во тишина и молк колоната од неколку стотини граѓани ...

Како што објави Си-Ен-Ен, штотуку е објавено дека електронските уреди увезени во САД ќе бидат ослободени од тарифите што ги воведе американскиот претседател. Ова е суштината на известувањето издадено од Службата за царина и гранична заштита. Да потсетиме дека Доналд Трамп предизвика вистински светски економски земјотрес кога најави воведување „реципрочни“ тарифи или царини за речиси сите земји во светот, за неколку дена подоцна да ја одложи ...

Денес, албанскиот народ во земјава е под напад од институциите на сопствената држава коишто се целосно заробени од политичките и етноцентристички интереси на власта. За да се заштитат себе си и своите, премиерот, министерот за внатрешни работи и јавниот обвинител еднострано ја насочија истрагата против Албанците кои на било каков начин и било кога биле дел од институциите на системот. Јасно изјавуваме дека денес против Албанците е прогласена ...

Лариса Дир: Руската Федерација бесрамно демонстрира дека не сака завршување на војната – државата-терорист продолжува со постојани напади врз цивилната инфраструктура, што доведува до бројни жртви и ги лишува луѓето од пристап до основните средства за живот. Руската Федерација продолжува со масовно мачење на воени заробеници, егзекуции и насилни исчезнувања, како и со депортација и присилно преселување на цивилното население. Потребата од ...

Џелал Хоџиќ: Еди Рама беше дел од грешката на иницијативата „Отворен Балкан“, на која Албин Курти аргументирано ѝ се спротистави. Како што знаете, Албанија и Еди Рама се повлекоа од таа иницијатива, во која за жал Северна Македонија остана со Србија. Во исчекување сме на некој нов Саем на виното и храната, во Скопје или Белград, сеедно. Грешката на Албин Курти е што се нафати да игра танго со „потрчковците“ на големосрпскиот национализам во ...

Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, изјави дека Украина може да биде поделена „речиси како Берлин по Втората светска војна“, како дел од евентуалниот мировен договор за кој Вашингтон разговара со Москва, пренесе агенцијата Франс Прес. Келог предлага британските и француските војници да ги преземат контролните зони на западот на Украина, додека руската армија да остане на истокот на земјата, а меѓу тие зони да бидат ...

Зоран Иванов: Децава од “Кој е следен” ја имаат мојата безрезервна поддршка ама некој да им каже дека не е до системот туку дека е до надлежните во системот. До одговорните на позициите во системот. А тие се персони со име и со презиме. Па препорачувам да почнат да прозиваат надлежни и одговорни за секој сегмент во системот каде што тој, системот, затајува. Каде што нешто не функционира. А не функционира не поради системот туку поради ...

Германија и Велика Британија испратија порака до Русија дека Украина ќе може да ја продолжи својата борба благодарение на западната поддршка, во период кога САД продолжуваат со разговорите со Москва, пишува „Ројтерс“. Европските сили за првпат го предводеа состанокот на таканаречената Рамштајн група од околу 50 земји кои даваат воена поддршка на Украина откако Вашингтон се откажа од претседавањето. Додека траеше состанокот, специјалниот ...

Три сцени, штандови, говори и концерт ќе бидат дел од централниот собир в сабота во 17 часот, организиран од Движењето за народот и државата, кое е поддржано пред се од владејачката Српска напредна партија – СНС и српскиот претседател Александар Вучиќ. Прогресивците велат дека митингот е непартиски. Во центарот на градот веќе се поставени шатори, трактори и штандови, па просторот околу Собранието на Србија е делумно затворен за сообраќај. ...

Целта на администрацијата на Доналд Трамп е постигнување прекин на огнот во Украина до крајот на овој месец, но ако рускиот лидер Владимир Путин не се согласи на примирје до тогаш, САД се подготвени да воведат нови санкции против Москва, јави денеска „Аксиос“. Новите санкции можат да бидат воведени со извршна уредба или со закон од Конгресот. Специјалниот пратеник Стив Виткоф треба да му го пренесе ултиматумот на Путин на нивната нивната ...

Министерството за здравство информира дека денеска се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти. Како што се наведува во соопштението од Министерството за здравство, непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти. Во болниците во земјава во ...

Билјана Кочоска: Добре дојдовте на собирот на лешинари, глодари, некрофили и аматерски уценувачи на трагедии. Да, тука сме! Зошто? Па затоа што, според некои, ние уживаме во туѓа болка. Барем така велат тие што веќе со години болката ја претворија во своја дневна рутина. Ние не сме обични граѓани. Според нив, сме некаква хибридна ѕверка – тајна секта, странска служба и политичка НВО, со буџет колку една сметка за струја. Ние не бараме правда, ...

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов на прес-конференцијата во врска со настаните од КПД Штип не ја објавува реалната состојба, туку прави шоу за граѓаните со цел омаловажување и дискредитирање на колегите, истакнуваа денеска во пишана реакција од Независниот синдикат на полицијата. Сметаме дека секој настан треба да биде истражен професионално и со должно внимание и да се избегнува јавна осуда пред да биде ...

Царините кои американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за речиси целиот свет и контрамерките од други земји може да имаат „катастрофални“ последици за земјите во развој, предупреди денеска агенција на Обединетите нации. Светската трговија би можела да падне меѓу три и седум отсто, а националниот БДП за 0,7 отсто. Земјите во развој ќе бидат најтешко погодени, предупреди Меѓународниот трговски центар (ИТЦ). Тоа е огромно, изјави ...

Зелен Хуман Град утре ќе одржат мирен протестен марш бидејќу институциите се уште не одговориле на нивните барања „за истекувањето на токсични материи предизвикано од рудникот Тораница, туку и в.д. директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, јавно кажа дека инспекторите не зеле мостри зашто „очигледно е дека имало еколошки инцидент, не треба инспекторите сега со мостри да видат дали има, гледаат дека има!“. Во ...

Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, отпатува за Русија и се очекува денеска да се сретне со претседателот Владимир Путин, според извор запознаен со патувањето и податоците на FlightRadar. Тоа ќе биде трета средба меѓу Виткоф и Путин, бидејќи Трамп се обидува да постигне примирје во војната меѓу Русија и Украина. Како што објавија медиумите, Трамп бил незадоволен бидејќи преговорите не напредувале во последните ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва за Њузмакс Балканс изјави дека шестото студентско барање дошло „директно покренато од Албин Курти“. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) „Министер во владата на Северна Македонија и пријател на Курти ме нападна без причина што ги посетив граѓаните на Северна Македонија (во УКЦК во Белград), а потоа тоа стана шесто барање на студентите. Со тоа Курти ...

Од пред Владата преку Судскиот совет и законодавниот дом до Кривичниот суд, попладнево се одржа четвртиот протестен марш на граѓанската иницијатива „Кој е следен?”. Се бараше правда за жртвите во трагедиите кои се случени како последица на нефункционалноста на системот. Како што изјави претставничката на граѓанската иницијатива Анастасија Митревска, денешниот протест е за сите барања на иницијативата изнесени во јавноста, а дел од нив и ...

Глобалната трговија продолжува да се соочува со сериозни нарушувања и покрај паузата во „реципрочните“ царини, изјави Дебора Елмс, директорка за трговска политика во Фондацијата Хинрих во Сингапур. Паузата на царините не се однесува на сите царини. Целиот свет сега има царини од 10 отсто, што не беше случај пред недела – плус 25 отсто за челик, алуминиум и производи од тие метали. Плус 25 отсто за автомобили, изјави Елмс за Ал Џезира. Таа, ...

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека Русија синоќа лансирала 145 дронови од кои 85 биле соборени. Вкупно 49 дронови ги промашиле своите цели, најверојатно како последица на мерките за електронско војување. Украинските воздухопловни сили не прецизираа што се случило со преостанатите 11 дронови. Рускиот напад предизвикал штети во регионите Доњецк, Харков, Кијив, Хмељницки, Полтава и Миколаев. Десет лица се повредени во ...

Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ најав нов протест за денеска., четврток, од 18:00 часот. Маршрутата иста: Влада, Обвинителство, Собрание, Кривичен. Во повикот за протестот, иницијативата ги критикува состојбите во безбедноста, правосудството, образованието, здравството, како и општата институционална незаинтересираност. Оценуваат дека и покрај неколкуте протести, форуми и одржано Народно Собрание, состојбите не само што не се ...

САД ги зголемија царините за Кина на 125 отсто, објави американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп го објави најновото зголемување и објаснување за одлуката на својата социјална мрежа Truth Social: Врз основа на непочитувањето на Кина кон глобалните пазари, со ова ја зголемувам тарифата што САД ја наплаќаат на Кина на 125%, веднаш што ќе стапи на сила. Се надевам дека Кина, во одреден момент, се надевам наскоро, ќе сфати дека деновите на ...

Секретарот за финансии на САД Скот Бесент се обрати пред медиумите во обид да ги разјасни коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за новите трговски царини. Трамп пред малку најави зголемени царини за Кина, но царини замрзнати на 10 отсто во текот на 90 дена за сите останати земји. Бесент порача дека САД се подготвени да преговараат со „секоја земја во светот“ што сака да разговара за трговските услови. Ќе преминеме на основна ...

Доналд Трамп изјави дека светските лидери се во паника поради новите американски царини и му го „бакнуваат газот“ во очајнички обид да ги намалат давачките што им се наметнати. Реципрочните царини на Трамп за 60-ина држави денеска стапија на сила, продлабочувајќи ја светската трговска војна, иако тој кажа дека е спремен да преговара со некои земји. Најтешко погодена е Кина, за која Трамп воведе царини од дури 104%. Тие држави ми се јавуваат ...

Кина најави дека од утре ќе воведе дополнителни царини за стоки од САД. Пекинг сега ќе го оданочува американскиот увоз со стапка од 84 отсто, што е зголемување од 50 отсто во однос на претходните кинески царини. Одлуката доаѓа откако Америка претходно оваа недела воведе дополнителни 50 отсто царини за кинеска стока. Ова следи по двете претходни мерки, од 34 проценти и 20 проценти, така што вкупната американска царина за кинескиот извоз од ...

Претставници на синдикатите денеска се на состанок во Владата, но засега нема детали за што точно ќе се разговара. Од Сојузот на синдикати на Македонија, пред почетокот на состанокот, изјавија дека се повикани во Владата, но дека немаат информација за што ќе се разговара. Сакаме да им кажеме на владините функционери дека едногласно донесовме одлука на јавната сендица на највисоките тела на ССМ дека доколку не ги зголемат минималната плата и ...

Кина ги отфрли тврдењата на Киев дека „многу“ кинески државјани служат во руските воени единици, откако двајца Кинези беа заробени на бојното поле во источна Украина. Нема основа за ова тврдење, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Џијан на брифинг со новинари денеска во Пекинг. Како што пренесе ДПА, тој додаде дека кинеската влада постојано ги советува своите граѓани да избегнуваат области на вооружени конфликти и да ...

Комплексот „Македонско село“ треба да биде отворено во јуни годинава, а нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“. Овој комплекс не работи веќе седум години. На јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи, се пријавиле две компании, а понудата на „Ла Тераца“ била најповолна. Информацијата за „360 степени“ ја потврди директорот на СОЗР Ивица Томовски. Согласно договорот, сè што ќе се инвестира ќе остане во сопственост на ...

Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ најавува нов протест кој ќе се одржи во четврток во 18:00 часот, како продолжение на серијата јавни собири што изминативе два месеца повикуваат на суштински општествени промени и одговорност од институциите. Во повикот за протестот, иницијативата остро ја критикува состојбата со безбедноста на работниците, неправдата во правосудството, состојбата во образованието и здравството, како и општата ...

Западниот дел на американската држава Тексас се наоѓа во растечка епидемија на сипаници со 505 пријавени случаи заклучно со вчерашниот ден. Оваа недела, Тексас го прошири бројот на окрузи каде се појави епидемијата на десет. „Една градинка во регион на Тексас има повеќе случаи, вклучително и деца кои се премали за да бидат целосно вакцинирани“, соопштија локалните здравствени власти. Заразниот вирус почна да се шири кон крајот на јануари, а ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
61%
1026
weather icon

Загреб

10ᴼ / 4ᴼ
0.0
63%
1026
weather icon

Софија

7ᴼ / 4ᴼ
4.63
60%
1028
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.67
73%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 3ᴼ
2.06
68%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
68%
1026
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1026
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
74%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 7ᴼ
1.33
56%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
5.14
70%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Калај

50.64

Паладиум

51794.85

Кобалт

66.14

Платина

68963.35

Иридиум

231355.22

Сребро

2711.59

Алуминиум

3.42

Родиум

372948.66

Цинк

3.24

Рутениум

47358.05

Бакар

11.73

Злато

166253.76