Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Претставничкиот дом на САД се изјасни за повлекување на американските воени сили од борбените дејства со Иран, при што дел од Републиканците гласаа заедно со Демократите. Со ваквата одлука се засилува политичкиот притисок врз претседателот Доналд Трамп, иако резолуцијата засега нема директни последици. Претставничкиот дом гласаше против продолжување на војната против Иран, со што дополнително го зголеми притисокот врз Трамп. Во текстот на ...
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски се надева на нова средба на високо ниво следната недела во Софија, на којашто ќе продолжи дијалогот со Бугарија со цел решавање на спорните прашања. „Следната недела очекувам со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да бидеме во Софија на регионален настан, каде што повторно би се сретнале со нашите колеги и би разговарале“, изјави Муцунски одговарајќи на новинарски прашања по настан во ...
Во изминатите две години, над 360 тони небезбедна храна се спречени да завршат на македонската трпеза, покажуваат податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Станува збор за производи од животинско и неживотинско потекло, меѓу кои млеко, месо и други прехранбени производи. Според официјалните информации, од границите биле вратени 16 пратки храна од животинско потекло, а три биле уништени. Истовремено, биле забранети девет пратки ...
Европратениците од Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) предупредуваат дека напредокот на Македонија кон Европската Унија (ЕУ) останува недоволен, особено во владеењето на правото, судските реформи и борбата против корупцијата. Во најновиот извештај усвоен во средата (3 јуни), европратениците ја потврдуваат својата поддршка за членството на Македонија во ЕУ, но нагласуваат дека напредокот во пристапните преговори директно зависи од ...
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден ...
Денеска започна проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“ што Општина Охрид традиционално го реализира по повод 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина. Во рамките на проектот ќе се поделат 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: ул.„Прилепска“, ул.„Винковачка“, ул.„Будва“, ул. „Радојца Новичиќ“, ул.„Кленоец“ Заинтересираните граѓани од гореспопменатите улици , цвеќето може да го подигнуваат денес ...
Согласно член 63 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.весник на РСМ бр. 32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), Правилникот за урбанистичко планирање (Сл.весник на РСМ 225/20, 219/21,104/22, 99/23, 07/25, 143/25, 241/25, 30/26 и 87/26), во системот е- урбанизам, постапки 2020 УП по член 63 број 71956, во Општина Охрид започната е постапка за одобрување на изработка на Урбанистички проект со план за парцелација за ...
Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година. Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки претставуваат силен показател за континуираната градежна активност низ целата држава, ...
Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на циклонска активност која од Џеновскиот залив се преместува над нашата територија и условува да имаме многу нестабилно време со чести врнежи, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме. Целата територија на Македонија се наоѓа во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради обилните врнежи од дожд и локалната појава на невреме. Поради продор на посвеж воздух од северозапад, ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи – Отсек за управни работи Штип, од утре (04.06.2026) во областа на регистрација на возила, ќе работи секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, како и дополнително во сабота од 08:00 до 12:00 часот. Продолженото работно време се воведува со цел да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните и да се овозможи поефикасна и навремена услуга во ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески по една година повторно го актуелизираше прашањето за законски измени со кои ќе им се овозможат механизми за ограничување на банкарските провизии и подобра заштита на корисниците на платежните услуги. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Славески вели дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат граѓаните и компаниите, па оттука прашањето за висината на надоместоците заслужува ...
Од 1 јуни 2026 година започна целосната примена на новите европски правила за Република Хрватска, и стана задолжително поднесување на скратени декларации за влез (USD) за стоки што се внесуваат на царинската територија на Европската Унија по пат или железница преку царинските испостави на прв влез во Хрватска. Обврската за поднесување на USD е првенствено на превозникот, но декларацијата може да ја поднесе и неговиот претставник, примачот на ...
Целта на денешната прес-конференција се најновите резултати објавени од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на растот на Бруто-домашниот производ. Овие бројки покажуваат дека растот на БДП повторно е меѓу првите пет во Европа, како процент од бруто домашниот производ, што претставува исклучителен резултат. Пред да се осврнам повеќе на бројките, сакам да нагласам дека сум целосно свесен за сложеноста на работите од реалниот живот ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од денеска (03.06.2026) приемот на Барања за издавање на дозвола за привремен престој на странец во Р.С.Македонија, како и издавање на Решенија за привремен престој и фотографирање за лична карта за странец, може да се реализира секој работен ден во периодот од 09:00 до 15:00 часот во просториите на МТВ (на приземје). На овој начин придонесуваме за поефикасна услуга, без ...
На 03.06.2026 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата мајка, при што употребил и тврд предмет. На 02.06.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријави дека на 31.05.2026 во домот во скопско, нејзиниот сопруг Џ.Б.(29) физички ги нападнал неа и нивниот малолетен син, при ...
Wolt пристигна во Охрид во најзабавниот и најдинамичен период од годината, кога градот на УНЕСКО повторно станува центар на летните случувања, туристите и долгите вечери покрај езерото. Почнувајќи од ова лето жителите и посетителите на Охрид ќе можат со само неколку кликови преку една апликација да нарачаат храна, производи од продавници и аптеки директно до нивната локација. Услугата е достапна во поголемиот дел од урбаното подрачје на ...
По повод големиот јубилеј 600 години од изградбата на црквата „Св. Спас“ во Лескоец, денес, имав особена чест и задоволство, во мое лично име и во име на Општина Охрид, да подарам икона „Вознесението Господово“. Ова светилиште со векови е сведок на нашиот опстој, вера и традиција. Шест века духовност се доказ дека Охрид има со што да се гордее, да го чува и да го негува за идните генерации. Нека ни е честит и за многу години големиот ...
По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот: КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ Услови за учество на Конкурсот: Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти. Доставените трудови не се враќаат. По ...
САД според сопствени наводи во текот на ноќта одбиле повеќе напади на Иран врз цели во регионот на Персискиот Залив. Неколку балистички ракети и беспилотни летала биле пресретнати, соопшти Регионалната команда за Блискиот Исток на платформата X. Според информациите, не е повреден ниту еден припадник на американската војска, ниту пак е причинета материјална штета. Како реакција на иранските напади, САД извршиле и таканаречени „самоодбранбени ...
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 02 до 07 јуни 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли. Акциските активности се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат возила со две тркала, односно мопеди, мотоцикли и е-тротинети како едни ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во својство на градоначалник на општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени надлежности, постапил спротивно на одредбите од Законот за градење и ...
Владата на Република Северна Македонија на својата последна седница го усвои Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, со кој се обезбедуваат над 2,4 милијарди денари, односно повеќе од 40 милиони евра за поддршка на вработувањето, претприемништвото и развојот на човечкиот капитал. На денешната прес-конференција, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и директорот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од реализацијата и пуштањето во употреба на нови инфраструктурни проекти, нагласувајќи дека ваквите инвестиции носат директна корист за граѓаните и придонесуваат за развојот на локалните заедници. При посетата на еден од новозавршените објекти, Мицкоски истакна дека особено радува фактот што проектите веднаш го наоѓаат своето место во секојдневниот живот на граѓаните, посочувајќи дека објектот ...
Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се заблагодарам за денешната посета, за разговорот и за вниманието кон нашиот регион, кон нашите предизвици, но и кон нашите очекувања. Имавме отворена, искрена и суштинска средба. Разговаравме за европската иднина, за состојбите во регионот, за реформите, економијата, владеењето на правото, институционалната трансформација, но и за едно многу подлабоко ...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска учествуваше на 10-тата јубилејна Дримска конференција што се одржа во Струга, на која учествуваа високи претставници на институции од земјите во Дримскиот Басен, меѓународни организации и експерти од областа на управувањето со водните ресурси и заштитата на животната средина. Во своето обраќање, Пецаков ја истакна важноста на регионалната соработка и заедничката одговорност во ...
Под влијание на циклонска активност која од Џеновскиот залив ќе се преместува над Македонија, во текот на ноќта среда кон четврток и во четврток на 4 Јуни 2026 времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен) силен ветер, електрични празнења и со услови ...
Поради градежни активности од четврток (04.06 2026г.) ќе биде воведен привремен режим на сообраќај на улица „Кленоец“ од пресекот со улица. „7-ми Ноември“ до пресекот со булевар „ Железничка“. Се апелира до граѓаните во период на реконструктивните активности да се почитуваат сообраќајните правила и знаци, да не се паркираат или привремено оставаат возила на оваа јавна површина. Поради градежни активности од четврток (04.06 2026г.) ќе биде ...
Во 2025 година значително се намали бројот на луѓе што се доселиле во Германија во споредба со претходната година. Според податоците на Сојузниот завод за статистика во Висбаден, вкупно околу 1,48 милиони луѓе мигрирале во земјата, што претставува пад од 13 проценти во однос на 2024 година. Истовремено, бројот на иселувања исто така се намалил, но во помал обем – за околу два проценти, на 1,25 милиони лица. Таканаречената нето-миграција, ...
Под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, од денес до четврток (2/4 Јуни 2026) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално и повремено атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Повремено ќе дува ...
Потреба од работници има – но не и таму каде што платите се највисоки. И покрај тоа што во Македонија има над 10.000 слободни работни места, најдобро платените позиции речиси и да не се достапни. Најновите статистички податоци откриваат дека најголема побарувачка за работници има во услужниот сектор и продажбата, додека најголемите плати остануваат резервирани за мал број професии. Најголема побарувачка во услуги и угостителство Државниот ...