Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Директорот на Центарот за управување со кризи, г. Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата. Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси: 3 ...
Со почетокот на новата учебна година, една од нашите цели е да им помогнеме на семејствата да ги намалат трошоците и да го заштитиме животниот стандард на граѓаните. Со оваа одлука, трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10%, додека пак трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15%. Мерката опфаќа широк спектар на производи кои се неопходни за почетокот на ...
Во периодот понеделник (24 август) до следниот понеделник (31 август) во Македонија ќе проолжи влијанието на топлотниот бран кој продира од југ, односно од Африка во нашата територија. Токму ова ќе услови и понатаму да имаме многу топло време со температури кои ќе бидат над просекот за крајот на месец август. Особено во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија очекувам и понатаму ноќите да бидат тропски, односно температурите во ...
Нападите на украинските вооружени сили врз рафинериите предизвикаа нова криза со горивото во Русија. Според наводите на новинската агенција Ројтерс, погодени се најмалку 30 региони. За разлика од претходниот бран на недостиг на гориво, кој започна кон крајот на мај и траеше до средината на јули, сегашната криза особено силно ја погодува Москва и Московскиот регион, според корисниците на социјалните мрежи. Синџирите на бензински пумпи Газпром ...
По повод денешниот Ден на независноста на Украина, Европската Унија одобри нова воена помош во вредност од 6,1 милијарди евра. Одлуката е донесена во време кога Русија ги интензивира нападите врз Украина, а во Киев денеска се собираат бројни украински сојузници. Средствата се наменети за набавка на системи за противвоздушна одбрана, ракети, муниција и радарски системи, соопшти Европската комисија. Одобрувањето на помошта доаѓа во услови на ...
Знаци на смирување во средината на минатата недела, ескалација за време на викендот: Трговскиот спор меѓу САД и Канада повторно се разгоре. По неуспешните преговори,американските царини од 50 проценти за низа канадски производи, вклучувајќи стапови за хокеј, мебел и вино, стапија во сила за време на викендот. Станува збор за канадски извоз во вредност од околу 20 милијарди долари. Канадскиот премиер Марк Карни ги објави контрамерките, кои ...
Намалена продуктивност, штети од пожари, суша, намалени или уништени земјоделски приноси, отежната работа на отворено во повеќе сектори, зголемени расходи за лекување, намалување на водните резерви, ограничени транспортни активности. Ова се само дел од последиците на екстремните горештини во Северна Македонија, кои не се од краткорочен карактер (во траење од десетина денови), туку се слика за речиси целото лето. Земјата веќе има долга ...
Американскиот претседател Доналд Трамп доби привремена правна поддршка за своите планови за отежнување на гласањето по пошта во САД. Врховниот суд ја укина привремената блокада на мерките, со што ѝ овозможи на администрацијата засега да продолжи со нивната примена. Иако конечната одлука за законитоста и уставноста на овие мерки сè уште не е донесена, владата добива можност барем привремено да ги спроведува своите планови. Според предлогот, ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца биле малолетници, а еден возач предизивикал сообраќајна незгода со материјална штета. Едно лице возело под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме ...
По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28.08 2026 г. (петок), Општина Охрид организира превоз до с. Скребатно каде е големиот верски храм посветен на Пречиста. Тргнувањето е во 08:30ч. од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец во 9:30ч. Тргнувањето за назад е во 16:30 ч. По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28.08 2026 г. (петок), ...
Вчера (23.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на целата држава, насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролата се констатирани 140 прекршоци, од кои 102 се однесуваат на управување без задолжително носење заштитен шлем – кацига. Констатирани се и ...
Поддршката од Министерството за транспорт за општина Струга е повеќе од 5,6 милиони евра во капитални инвестиции во булевари, улици и комунална мрежа, истакна заменик претседателот ан Владата и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општина Струга. Тој заедно со градоначалникот Менди Ќура извршија увид во изградба на неколку нови улици во градот, проекти што се реализираат со поддршка на Владата преку ...
Полска веќе две години гради одбранбен ѕид по должината на своите граници со Русија и Белорусија. Одбранбениот систем долг околу 800 километри би требало да ја заштити земјата на источното крило на НАТО од можен напад од исток. Целта на потфатот е да се „одврати потенцијален агресор“, наведува полскиот премиер Доналд Туск за време на теренска посета во ноември 2024 година. „Тоа е вистинска инвестиција во мир“, нагласува тој во таа прилика. ...
Иако со малку пониски температури, сепак и денес понеделник 24 август територијата на Македонија ќе биде под влијание на топлотниот бран кој од југ, односно од Африка продира до нашата територија. Максималните дневни температури на воздухот денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 37 степени. Времето ќе биде сончево со појава на мала до ...
На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден освен без дозвола возел и под дејство на алкохол. Со брзина поголема од дозволената возел и еден странски државјанин. Тој е лишен на ГП Табановце бидејќи преку системот „Безбеден град“ било ...
На терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка. АНГАЖИРАНИ СЕ СИТЕ РЕСУРСИ ЗА СТАВАЊЕ ПОД КОНТРОЛА НА ПОЖАРОТ ВО ПАЛИГРАД На терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка. Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми. ...
Според државната новинска агенција ИРНА, Иран одобрил премин низ Ормускиот теснец за повеќе танкери за нафта од соседен Ирак. Издавањето на посебната дозвола е резултат на едно од најважните барања на ирачкото раководство за време на посетата на претседателот на парламентот, Мохамед Багер Галибаф, на Багдад неделава. Агенцијата не наведе колку ирачки танкери досега поминале низ овој стратешки важен теснец, ниту дали посебната дозвола ќе биде ...
Во деновите недела и понеделник (23/24 август) поради силното дневно загревање на атмосферата, во попладневните и вечерните часови на повеќето места во Македонија (локално) ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни (во форма на невреме) проследено со силен ветер и со појава на град. Апелирам на крајна претпазливост ...
Заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, директорот Али ја следи состојбата на терен и се преземаат активности за локализирање и ставање на пожарот под контрола. Во текот на утрешните утрински часови предвидена е и воздушна интервенција за гаснење на пожарот. Екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ, континуирано следејќи ја состојбата и подготвени да реагираат во секој момент, со цел заштита на селото и неговите ...
Денеска, по повод одбележувањето на значајниот јубилеј – 25 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на централната свеченост во Битола посветена на четвртвековното постоење и развој на една од најзначајните оперативни единици на македонската полиција. Единицата за брзо распоредување, од своето формирање во 2001 година до денес, помина низ континуиран процес на ...
Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот на Граничниот премин Табановце се одвива нормално и без поголеми задржувања. Во изминатиот период беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возилата со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ има евидентирано сообраќајни прекршоци. Дополнително, ставена е во функција мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за ...
Според податоците за смртност од 35 земји за време на жешкото лето во Европа во 2022 година, една студија открила 56 проценти повеќе смртни случаи поврзани со жештините кај жените отколку кај мажите. Ова лето сè уште не е завршено, а според податоците на институтот „Роберт Кох“, Германија до средината на јули ја забележала најсмртоносната сезона на топлотни бранови од 2016 година, со речиси 9.800 смртни случаи поврзани со топлината. И меѓу ...
Иранскиот парламент одобри предлог-закон кој вклучува нови ограничувања за контакт со странски институции, медиуми и организации. Властите очигледно сакаат да создадат правна рамка за да може поефикасно да сузбиваат странско „влијание“. Нацрт-законот, кој се наоѓа во законодавна процедура, се состои од 19 члена, во чиј фокус се активностите на странски разузнавачки служби, влади и институции во Иран. Поддржувачи на новиот закон тврдат дека и ...
Денот сабота, 22 август во Македонија повторно ни носи екстремно топло време и тоа поради влијанието на екстремно топлиот бран кој во Македонија продира од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Поради силното дневно загревање на атмосферата, во попладневните часови, особено на планинските ...
Украина воведе санкции против руската анимирана серија „Маша и Медо“ и нејзините продуценти, со што направи чекор кон можно забранување на серијата во земјата, соопшти во петокот украинската министерка за култура Тетјана Бережна, која продукцијата ја оцени како средство за руска пропаганда. Цртаниот филм за немирното девојче Маша и пензионираниот циркуски мечок претставува една од најпознатите и најуспешни анимирани франшизи во Русија. ...
Деновиве заврши асфалтирањето на патот кој води кон црквата „Свети Наум“ во село Орман. По долгогодишно очекување, жителите на Орман и сите верници кои ја посетуваат црквата конечно добиваат уреден и пристапен пат. Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште. Продолжуваме со реализација на проекти кои значат подобри услови за живот и рамномерен ...
Во Македонија досега се регистрирани 43 случаи на западнонилска треска,од кои 40 се лабораториски потврдени, додека кај уште три лица вирусот е потврден со еден тест, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Според податоците на Министерството за здравство, за првпат случаи на западнонилска треска се регистрирани и во скопските општини Центар и Чаир, што укажува на проширување на подрачјата со зголемен ризик. Птици и комарци под ...
39. издание на Охридскиот пливачки маратон ќе донесе уште еден голем ден за Охридското Езеро и пливачкиот спорт. Утре, Охрид повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и непокорниот дух. На патеката „Климе Савин“, долга 25 километри, 16 пливачи ќе се соочат со големиот маратонски предизвик, кој бара исклучителна издржливост, посветеност и силен спортски дух. Како градоначалник, но и како охриѓанец, горд сум што имаме свој придонес во ...
Преку разни програми од Министерството за транспорт инвестираме над 9,5 милиони евра во Прилеп, во нови улици, канализациони и водоводни системи и урбан развој. Паралелно со инвестициите во општината, забрзно се работи на изградба на автопатот Прилеп -Битола, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан ...