Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
На 31.05.2026 во 17:55 часот во Полициската станица Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Н.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 60-годишен татко. На 01.06.2026 во 00:15 часот во СВР Штип, 25-годишна жена од село во општина Карбинци пријавила дека на 31.05.2026 во 17:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Ш.М.(45). Според ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение основи на сомнение за сторено ...
Во текот на изминатиот месец како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 16885 издадени платни налози, 4.473 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, 3851 за непрописно паркирање, 920 за користење мобилен телефон. По однос на прекршоци по член 297 – а од Кривичниот законик – ...
МВР и РСБСП со заедничка кампања за намалување на бројот на повредени лица кои управуваат електрични тротинети. Преку видео едукативен спот укажуваме на законските обврски и препораки за безбедно возење со е-тротинети, споделуваме лично сведоштво од лице кое доживеало несреќа со електричен тротинет, како и докторска експертиза за тешките последици од повредите настанати како резултат на несреќи со вакви возила. МВР и РСБСП со заедничка ...
Според најновите лабораториски анализи, водата од артерската чешма „Џамија“ на улицата „Даме Груев“ е исправна за пиење. Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 22 мај 2026 година беше забранета употребата на водата за пиење, откако анализите извршени од ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“ покажаа дека таа не е исправна за употреба. По спроведените контролни испитувања и добиените резултати од последните анализи, утврдено е ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати повик до сите охриѓани и љубители на спортот вечерва заедно да присуствуваат на свечената прослава во чест на ракометните шампиони на градот, освојувачи на титулата во ЕХФ Европскиот Куп. Во своето обраќање, градоначалникот истакнува дека нивната пожртвуваност, талент и борбен дух го прославија Охрид и македонскиот спорт на европската сцена, носејќи историски успех и голема гордост за целиот ...
Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: ул.„Прилепска“, ул.„Винковачка“, ул.„Будва“, ул. „Радојца Новичиќ“, ул.„Кленоец“ Акцијата ќе се реализира на 04 јуни (четврток) и 05 јуни (петок) ...
Ситуацијата меѓу Соединетите Американски Држави и Иран повторно се заострува: двете страни пријавуваат нови напади и покрај формално важечкото примирје, додека Кувајт соопшти дека пресретнал непријателски ракети и беспилотни летала. САД и Иран, иако формално се наоѓаат во период на прекин на огнот, изминатиов викенд пријавија нови меѓусебни воени напади. Американската армија, според сопствени информации, извршила напади врз радарски и ...
Под влијание на циклонска активност која од северозапад преку Алспкиот регион ќе ја зафати Македонија во Четврток на 4 Јуни 2026 ќе услови да имаме променливо облачно и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските просеци ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. И во Скопје и околината во Четврток на 4 ...
Деведесет и една мостра од млеко и млечни производи и од сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, земаа официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на вонредните контроли кои имаа за цел утврдување, дали реално производите по својот квалитет соодветствуваат со означеното на декларациите. Засега комплетирани се резултатите од тестираните примероци млеко и млечни производи земени од поголемите ...
Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни. Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници постапувале по седум пријави поврзани со семејно насилство, при што четири лица биле лишени од слобода, а со едно лице бил извршен службен разговор. На 31.05.2026 година во 08:20 часот, на улицата „Штипска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ќ. (44) од с.Добридол, гостиварско, со престој во Тетово, поради сомнение дека извршил семејно насилство врз ...
Министертвото за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот период, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), во наредниот период од понеделник до петок ќе работи од 08:00 до 18:00 часот, а ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на целата територија на државата лишиле од слобода шест возачи поради безобѕирно управување со моторни возила. Во Скопје биле лишени од слобода двајца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. Едниот управувал мопед и кај него биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта, додека другиот управувал патничко моторно возило со исто количество алкохол во крвта и предизвикал ...
На 31.05.2026 во 00:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.А.(35) од Росоман, кој на улица „Пролетерска“ во видно алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не постапувал по наредбите на полициските службеници при вршење службени дејствија. Дополнително, било пријавено дека во угостителски објект во Росоман физички го нападнал Л.Л.(18) од с.Паликура, при што ...
Вечерва сите патишта водат во СРЦ “Билјанини извори”. Охрид живее за овој момент! Вечерва не е обичен натпревар. Вечерва нашите момци се борат за нашиот град, за нашите бои, за нашата гордост! Сега е моментот кога треба сите како еден да застанеме зад тимот. Нашиот глас, нашето навивање и нашата енергија од трибините се осмиот играч! Нека ечи „Билјанини Извори“!Се гледаме на трибини! Вечерва сите патишта водат во СРЦ “Билјанини ...
На 30.05.2026 година Таеквон-до клуб „Ге-Бек“ – Ресен во склоп на МТТФ зеде учество на големиот меѓународен натпревар „ITF Grand Prix“ во Босна и Херцеговина, на кој настапија над 350 натпреварувачи од 10 земји од различни делови на Европа. Клубот настапи со 5 натпреварувачи и освои вкупно 4 медали: Медина Мусиќ – 1 место во форми (борба со замислен противник), категорија јуниори 14–15 години, жолт појас. Марија Тунтеска – 2 место во ...
Под влијание на малку поладен воздух на висина поврзан со атмосферски фронт од север и на високи летни температури на воздухот во долниот слој од атмосферата денот недела 31 Мај 2026, како и во првите денови од месец јуни во Македонија особено во попладневните часови ќе имаме дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација локално ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ...
Постојат јубилеи кои не се само потсетник на минатото, туку сведоштво за истрајноста, достоинството и духовната сила на еден народ кој успеал да ги сочува своите корени и тогаш кога животот го одвел далеку од родниот праг. Постојат јубилеи кои не се мерат само во години, туку во човечки судбини, во спомени, во премолчени жртви, во надежи, во создадени домови и во генерации луѓе кои успеале да изградат нов живот без да се откажат од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп претрпе пораз на суд. Судија во Вашингтон нареди повторно да се отстрани името на Трамп од фасадата на Центарот Кенеди. Исто така, центарот засега не е дозволено да биде затворен две години летово поради реновирање. Судот ја образложи одлуката велејќи дека Конгресот му го дал името на Центарот Кенеди и дека само Конгресот може да го промени тоа име. Исто така, беше наведено дека одлуката на управниот ...
Според владата, најмалку единаесет лица се убиени во новите израелски напади врз јужен Либан. Уште осум лица се повредени во нападите во областа Тир, објави Министерството за здравство во Бејрут. Арапските телевизиски станици, исто така, објавија за израелски воздушни напади врз цели во близина на либанскиот град Набатија. Во меѓувреме, терористичката организација Хезболах соопшти дека повторно нападнала воени цели во северен Израел. Меѓу ...
Џамијата Бања Баши во главниот град на Бугарија, Софија, е еден од најстарите муслимански верски објекти во Европа. Изградена во 16 век, таа потсетува на речиси пет века османлиска власт над претежно христијанската православна земја. Денес во Бугарија живее најголемата турска заедница на Балканот. Според последниот попис од 2021 година, етнички Турци се околу 500 илјади жители, односно осум проценти од околу 6,5 милиони жители на земјата. ...
Сакам да бидам краток и прецизен кога станува збор за ова законско решение коешто како и многу други законски решенија коишто можат да поларизираат, не беше носено ад-хок ниту беше носено по принципот на сила, туку беше носено во еден инклузивен процес, заедно во консултации со сите засегнати страни, со здруженијата, со производителите, со дистрибутерите, со хотелиерите, со луѓето коишто имаат свои ресторани, ноќни клубови итн. Практично, ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога. На 28.05.2026 во 23:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Н.М.(23) од Струмица. При преглед кај него била пронајдена марихуана. На 29.05.2026 година, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две најлонски ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на целата територија на државата лишија од слобода 14 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила. Двајца возачи во Скопје и Охрид биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол. Возачот од Охрид, кај кого биле измерени 1,77 промили алкохол во крвта, предизвикал и сообраќајна незгода. Три лица биле затекнати како управуваат возила без да поседуваат возачка ...
На 29.05.2026 во 08:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Л.Н.(62) постапувајќи по пријава дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неговата малолетна ќерка и физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил по дејство на алкохол, односно измерени му биле 0,70 промили алкохол во крвта и бил задржан во полициска станица. Известени ...
По објавите и информациите споделени на социјалните мрежи во врска со случај на семејно насилство, полициските службеници веднаш постапија и ги презедоа сите неопходни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и заштита на жртвите. На 29.05.2026 година, околу 11:40 часот, во СВР Скопје од страна на очевидец било пријавено дека на подрачјето на Центар, машко лице физички ја нападнало својата сопруга. Веднаш по пријавата, полициските ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, остварил средба со потпретседателот на Европска ракометна федерација, Предраг Бошковиќ, при што биле разгледани повеќе теми поврзани со развојот на ракометот и идните планови на охридскиот клуб. Во објава на социјалните мрежи, Пецаков истакна дека средбата претставувала голема чест и задоволство, нагласувајќи дека со Бошковиќ разговарале за иднината на ракометот, претстојниот финален натпревар, како и ...
Денешниот ден Сабота 30 Мај 2026 во Македонија ќе биде сончев и релативно топол со појава на мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието, Скопскиот регион и во источните предели повремено ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени а во Скопје и околината денес температурата ќе се искачи до околу 28 степени. Под влијание и продор на малку поладен воздух на ...
Војната со Иран и последователното затворање на Ормускиот Теснец — клучен поморски коридор низ кој пред конфликтот поминуваа околу 20% од светската трговија со нафта — предизвикаа шок во снабдувањето со размери невидени со децении. Оваа ситуација ги натера државите ширум светот да бараат алтернативни извори за да го надоместат изгубеното снабдување. Многу влади, особено во азиските земји кои во голема мера зависат од енергија од Блискиот ...