Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година. Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар) Моторен бензин ...

МИНАТИОТ викенд, независниот градоначалник Иван Матага и неговата партнерка Магдалена Крвавац, раководител на Единствениот административен оддел на градот Опузен, се венчаа во Опузен. Двојката се венча пред матичар, а објавија и црковна венчавка. Венчавката ја објави градоначалникот Самиот градоначалник ја објави веста за венчавката на својот Фејсбук профил, опишувајќи ја церемонијата како прв чекор кон таинството на бракот. „Денес, ...

Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска, 23 февруари имало дојави за поставени експлозивни направи, но по преземените мерки од страна на полицијата, било утврдено дека се работи за лажни дојави. „Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, информираат од Министерството за внатрешни работи. Ова не е прв пат да има лажни ...

Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Л.Б.(29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. Имено, пријавениот подолг период нелегално набавувал поголема количина на марихуана, која ја чувал во визба од зградата каде живее во Битола и ја ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во периодот од 2020 до 2024 година, откако бил поставен како вршител на должност директор, а потоа именуван за директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом Куманово, склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата, без ...

Во периодот од 16.02.2026 до 22.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.910 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.691, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 16 прекршоци што претставува намалување на 51.5% во споредба со минатата седмица ...

На 21.02.2026 и 22.02.2026 полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Д.Г.(19) од село Секирник, струмичко, Р.П.(38) од село Владевци, струмичко, А.Т.(26) од село Еднокуќево, струмичко и К.Г.(19) од Струмица поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со настанатиот пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавено во Струмица. На 22.02.2026, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите ...

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер. „Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните ...

Денеска беше означен значаен момент за државата со формирањето на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – тело кое треба да ја предводи трансформацијата на Македонија во земја базирана на знаење, наука и модерна, конкурентна економија. Од Владата порачаа дека станува збор за стратешки механизам кој нема да биде само формалност, туку инструмент за суштинска промена. Целта е науката, истражувањето и дигитализацијата ...

Иранската влада, која се соочува со притисок дома со растечката опозиција и глобално со закани за воен удар од САД, се чини дека е подготвена за трета рунда разговори со посредство на Оман со американски преговарачи во претстојната недела. Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр Албусаиди, на 22 февруари изјави дека разговорите ќе продолжат на 26 февруари во Женева „со позитивен поттик за да се направи дополнителен чекор кон ...

Како што војната влегува во својата петта година, поддршката на Кина се продлабочува, обезбедувајќи ѝ на Русија витален економски животен појас преку купување енергија, критични минерали за производство на беспилотни летала и постојан проток на стоки со двојна намена, како што се микроелектроника и индустриска опрема, изјавија за РСЕ високи европски претставници. „Затоа имаме постојан дијалог со Кинезите за да ги насочиме кон оваа неизбежна ...

На 23.02.2026 година во 01:15 часот на улица „Индустриска“ во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Е.Џ.(25) од Берово. Лицето било затекнато при управување на моторно возило кое претходно било противправно одземено на подрачјето на Берово, а по даден знак за запирање се дало во бегство. По преземени мерки и активности, истото било сопрено и лишено од слобода, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело ...

Давид има 15 години и се соочува со тешка повреда на вратната кичма (5. и 6. пршлен). Лекувањето започна во Скопје. Потоа следуваше и операција во Турција, каде што сега го чека долга рехабилитација. Потребни се 12.000 евра за неговиот сон повторно да застане на нозе, да стане реалност 🙏 Koj колку може Koj не е во можност нека сподели Имаме уште 11 дена за да jа собереме целокупната сума за нашиот Давид Донаторскиот фонд може да го ...

Најмоќниот мексикански нарко-бос Немесио Осегера Сервантес, познат и како „Ел Менчо“, е убиен во воена операција. Според мексиканското Министерство за одбрана, тој им подлегнал на повредите додека по апсењето бил превезуван со авион во Мексико Сити. Американските власти дале разузнавачки информации за апсењето како дел од билатералната соработка. При операцијата на специјална единица на вооружените сили во општината Тапалпа, во западната ...

Артан Груби е поранешен прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, а се гони за проневера во служба“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати. Груби како раководител на владината седница го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа. Со ...

Ми беше особено задоволство да бидам дел од прекрасниот маскенбал „Емшири 2026“ во Велгошти, по повод големиот верски празник Велики Поклади – Прочка. ‎ ‎Дечињата со своите разнобојни и креативни маски донесоа насмевки и вистинска празнична атмосфера. За сите учесници на маскенбалот Општина Охрид обезбеди пригодни подароци. ‎ ‎Со искрени желби за здравје, меѓусебно почитување, прошка и духовен мир, на сите граѓани им го честитам празникот ...

Целата седмица која што ни претстои во Македонија температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и на значително потопла воздушна маса од југ и таа ќе услови да имаме многу повеќе сончеви периоди, суво време како и натпросечно топло како што птретходно напоменав. Температурите особено во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија во текот на седмицата која што ни ...

СВР Битола во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава до ОЈО Битола против В.П.(40) од с.Стење, ресенско, Г.М.(54) со престој во Скопје, едно непознато лице (третопријавен) и В.М.(51) од Охрид, поради сомнение за сторени кривични дела. Против прво, второ и третопријавениот е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“, предвидено и казниво по чл.247 од КЗ, додека ...

Унгарија повторно влегува во жесток изборен циклус, но овојпат политичката атмосфера е вжештена од серија тешки скандали. Земјата на 12 април треба да избере нов парламент, а кампањата – традиционално остра – годинава е погруба и понапната од кога било досега. Виктор Орбан со децении ја гради својата политичка стратегија врз постојани предупредувања дека опстанокот на унгарската нација е загрозен. Во кампањите се претставува како ...

Врховниот суд на САД пресуди дека претседателот на САД, Доналд Трамп, ги пречекорил своите овластувања со воведувањето серија царини што ја потресоа глобалната трговија. Со тоа, судот ја блокира една од клучните алатки што претседателот ги користеше за спроведување на својата економска агенда. Врховниот суд, во кој доминираат конзервативни судии, одлучи со шест наспроти три гласови, нагласувајќи во пресудата дека Законот за меѓународни ...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој на главната разузнавачка агенција во земјата ѝ се даваат нови овластувања да го исклучи интернетот во земјата. Законот, потпишан на 20 февруари, е најновиот во низата прописи што ја заоструваат можноста на властите да ограничуваат вести и информации во Русија. Новата мерка, усвоена од пратениците претходно оваа недела, ѝ дава на Федералната служба за безбедност (ФСБ) овластување да бара ...

Канцеларијата за контрола на странски средства на Соединетите Американски Држави (ОФАК) донесе одлука за продолжување на лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија (НИС) до 20 март, објави Радио телевизија на Србија (РТС). НИС побара ново продолжување на својата работна дозвола од американската администрација минатата недела, додека во јануари беше предаден прелиминарниот договор за продажба помеѓу руската компанија „Газпромнефт“ ...

Северна Македонија е жртва на булинг во процесот на евроинтеграција, тоа треба јасно и гласно да си го признаеме, а и сè повеќе политичари во Брисел тоа го признаваат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во воведното обраќање на Конференцијата „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“, која втор ден во Скопје се одржува во организација на ...

Работиме доста интензивно на оваа секција 2, односно на автопатот кој што оди од Гостивар до Букојчани, кој што од другата страна треба да се поврзе на автопатот Гостивар до Тетово, а во долната страна треба да се поврзе со автопатот кој ќе се гради од Букојчани до Кичево. Она што ми е драго е тоа што градежништвото расте, во третиот квартал минатата година растот беше од 21%, што не е запаметено во независна Македонија и така ќе продолжиме ...

Местото на Македонија е во Европа, а поранешни корумпирани и мекотели политичари ја доведоа државата во ситуација наместо за иднината да зборуваме за минатото. Еден народ, една нација треба да е мудра и трпелива, да не носи избрзани одлуки, ниту пак одлуки под притисок. Затоа за еден народ и една нација, нема поголемо зло од корумпирани таканаречени лидери на таа нација, мекотели, луѓе коишто се мекото ткиво на нацијата и коишто, за жал, се ...

Во текот на 20/21.02.2026 година, во периодот од 21.00 до 03.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Велес, односно ОВР Кавадарци, со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 20 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив, 11 возачи биле санкционирани и ...

Мало мајмунче по име Панч, кое било напуштено од неговата мајка при раѓање, стана интернет сензација откако пронашло утеха во плишана играчка. Трогателната приказна од зоолошката градина Ичикава во Јапонија привлече толку големо внимание што и самата ИКЕА реагираше, а нејзиниот плишан орангутан стана неразделен придружник на малиот макак. ИКЕА донира повеќе плишани играчки Откако приказната стана вирална, Петра Фаре, претседателка и главен ...

Под влијание на ладна воздушна маса од север викендов во Македонија ќе биде релативно ладен и променлив со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Локално ќе провејува и снег, особено на повисоките населени места и на планините и Скијачките центри. Во Скопје и околината исто така времето викендов ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Што се однесува до ...

Во пресрет на 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Македонска алијанса за европска интеграција, единствената партија на Македонците во Албанија, порачува дека „македонскиот јазик е богатство на културата и идентитетот на македонската заедница во Албанија”. Честитајќи го денот од МАЕИ додаваат дека преземајќи активности за заштита на мајчините јазици, можеме да обезбедиме секоја култура да не го изгуби својот идентитет и да го ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интервју за “Топ Тема” на ТВ Телма, истакна дека проблемот со македонските превозници поврзан со воведувањето на новиот ЕЕС систем е високо на агендата во Брисел и дека се очекува решение во најскоро време. Тој потенцира дека Владата води интензивна дипломатска активност и директно лобирање во европските институции, со цел да се заштитат домашните транспортни ...

Цезар салата

27 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
47%
1007
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
3.21
56%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
39%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
70%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.61
55%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Бакар

13.01