Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
„Scorpions“ објавија нова реге песна наречена „Shining of Your Soul“, која доаѓа во пресрет на нивниот нов албум „Rock Believer“, кој во LP издание ќе биде достапен од 25-ти февруари. Кога донесовме одлука да направиме нов албум, почнав со текст без музика. Идејата беше „Ајде, дај ми кул риф“, знаеш? Имаш песни, имаш текст и се надевам дека ќе се вратиш и ќе ми дадеш одлична музика. Истото беше ...
Бритни Спирс, наводно потпишала договор за пишување мемоари во кои ќе ја открие целата своја приказна. Имено таа постигнала договор со тимот од издавачката куќа „Сајмон и Шустер“ да ја напише книгата која ќе открие деталите за нејзиниот контроверзен 13-годишен период под старателство, кое беше прекинато во ноември минатата година. Дополнително, беше објавено дека договорот е вреден дури 15 милиони долари и може да биде еден од ...
Канадската пејачка Аврил Лавињ, која беше кралица на поп панкот во 2000-тите, го објави својот нов албум. Пејачката, чиј најголем хит е „Sk8ter Boi“, на 25-ти февруари на полноќ го издаде својот седми студиски албум наречен „Love Sux“. Ова е првиот албум по објавувањето на албумот „Head Above Water“ во 2019 година. На новиот албум Аврил соработуваше со Machine Gan Kelly, Blackbear и Mark Hopus. Како еден од ...
Украинската пејачка Руслана, победничката на Евровизија во 2004 година, се огласи по повод рускиот напад на Украина. Таа во објава на Инстаграм истакна дека е сигурна дека светот ќе се обедини и ќе застане на страната на Украина. “Дојде утрото. Мора да собереме сила и да разбереме дека војната против Украина започна. Сигурен сум дека светот ќе се обедини и ќе застане на страната на Украина. Работевме многу години за да го натераме ...
Дискографската куќа Third Man Records, основана од Џек Вајт пред 2001 година, објави дека подготвуваат објавување на досега необјавен албум на Принс од 1986 година, именуван по женскиот алтер его на фанк иконата Принс – „Camille“. Откако го напуштил проектот „Dream Factory“ и го распуштил бендот „The Revolution“ во средината на 1986 година, Принс влегол во студио со инженерката на звук, Сузан Роџерс ...
Вчера вечер во максимално исполнетата голема сала на Центарот за култура, која според сегашните протоколи може да биде само половично полна со околу 400 пристуни. Се одржа првиот од двата концерти „Засекогаш во срцето“, оваа година посветени на Тоше Проески и Аки Рахимовски. На програмата беа 20-тина нумери на Тоше и Аки во изведба на популарни музички имиња од македонската естрада а во придружба на Камерниот оркестар на Битола и ...
Милан Лача Радуловиќ и Љубица Његомир решија да основаат фондација посветена на борбата против ракот, од кој починаа нивните мајки, Марина и Мерима. Информацијата ја сподели синот на Марина на Твитер, во негово и во име на Љубица. Вчера, 19 февруари, навршија пет месеци од смртта на нашата Марина Туцаковиќ. И на денешен ден пред три месеци не напушти Мерима Његомир. Во согласност со плановите презентирани на Меморијалниот собир во чест на ...
Ѓорѓе Давид веќе неколку години е член на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, тој претходно веќе откри дека некои пејачи забраниле нивни песни да се изведуваат во ова шоу, но не откри имиња. Сега конечно проговори за кого се работи. Во претходниот период работев многу со деца. Доживеавме благи шокови, затоа што има некои автори кои се идоли со генерации, а кои забранија емитување на нивните песни на ...
Тој е познат по прекрасните балади „Коприва“ и „И сега ме знаат по тебе“ е еден од ретките кој со првите тактови на своите песни може да ви ги насолзи очите. Повлечен и ненаметлив, босанскиот кантавтор Ал Дино пред неколку години ја шокираше јавноста со признанието дека морал да се разведе поради физичкото и психичкото насилство кое го трпел од сопругата Ардуана Прибиња – Куриќ. Таа ноќ нормално ги донесов ...
Познатиот пејач Никола Роквиќ ја претстави новата песна „Бесмртна песма“, испеана според стиховите од истоимената поезија на големиот поет Мирослав Мика Антиќ. Тој со изведбата на оваа песна ја воодушеви публиката, а на својот Инстаграм профил истакна дека тоа е најсериозната песна во неговата кариера. Песната е работена по текстот на големиот Мирослав Мика Антиќ. На оваа песна имав чест да соработувам со музичката легенда Дудо ...
Поранешната учесничка во реалното шоу „Задруга“, Миљана Кулиќ ја објави првата песна. Се работи за преработка на популарна песна на Стоја, а нејзиното пеење предизвика бројни реакции. Таа на својот канал на Јутјуб ја сподели аудио обработката на песната „Иди мами па се жали“, која во оригинал ја пее Стоја, а на коментарите им се нема крај. Миљана, како што пишуваат во коментарите, не звучи добро ниту со студиската ...
Младата музичка ѕвезда Михајло Веруовиќ – Војаж започна со снимање на новата тинејџерска серија „У клинчу“, која како продуценти ја потпишуваат Милош Аврамовиќ и Аљоша Чераниќ. Тој ќе ја толкува главната улога на младиот боксер, а мајка му во серијата ќе ја толкува Бранка Катиќ, додека татко ќе му биде Никола Којо. Јас сум отворен тип, сакам да пробувам се ново. Штом ми се јавија, реков, да видиме што ќе биде тоа. Потоа го ...
Познатиот македонски бизнисмен и поранешен градоначалник на Скопје, 76-годишниот Трифун Костовски е познат како голем боем и љубител на музиката. Тој во пензионерските денови има нов имиџ, а за „Фокус“ изјави дека наскоро ќе излезат 4 нови песни од него и документарец за неговиот музички пат. Четири песни, од кои две на композиторот Копров, а две на Плевнеш, веќе се подготвени. Музиката е дел од мојата душа, од моето секојдневие. ...
Девојка со име Мирјана Поповиќ, која се претставува како натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“ го обвини рок музичарот Ѓорѓе Давид дека сексуално ја вознемирувал како член на жирито. Мирјана се пријавила на преку онлајн конкурс, но не поминала на понатамошно натпреварување. Таа вчера до српските медиуми ја доставила наводната преписка со Ѓорѓе Давид, во која тој наводно и се додворува и испраќа непримерни пораки и фотогорафии. ...
Познатата словенечка поп пејачка Неиша сними одлична песна со актерот и музичар Бранко Ѓуриќ Ѓуро. Песната „Ne brini“ е направена по познатите соул-џез стандарди. Синглот го објавија нашите пријатели од словенечката дискографска куќа Ника. Песната „Ne brini“ во босанско-словенечка верзија, која беше објавена на 5-ти јануари за 40-тиот роденден на Неиша, наиде на голем одзив и дома и во регионот, па Ѓуро и Неиша решија ...
На денешен ден е родена нашата позната македонска поп пејачка Пепа Димитрова. Нашата Пепа која е сеуште актуелна со хит песната “Со тебе немам сон” верувале или не, за краток временски период има 153 илјади прегледи на видео спотот од веќе споменатата песна која Пепа ја промовираше и најави дека освен оваа, и претходните две “Длабоко” и “Студени очи”, ќе бидат дел од првиот албум на оваа македонска пејачка. ...
Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска се вклучи во заедничка кампања нја Зоолошката градина „Скопје” и ЈП „Лајка” под мотото „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!”. Како што информираат од ЗОО Скопје, кампањата е со цел подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво. Во оваа кампања, се вклучија и наши познати личности кои се љубители на ...
Пејачот Александар Тарабунов рано утрово бил приведен во битолската полициска станица а во рамки на голема акција на МВР и државните инспекторати. Имено Тарабунов по концертот со Камерниот оркестар настапуваше во познат битолски локал, кој беше еден од 4-те објекти кои беа исконтролирани. Вчера вечерта бев уапсен во Битола каде што настапувава, како да сум најголем криминалец. Со лисици, со туркање во комбе ме однесоа во станица, буквално за ...
Победата на Андреа Коевска на македонскиот избор за Евросонг за многумина беше изненадување. Дури и таа вели дека сè уште не може да поверува дека песната “Circles” победи, па во мај ќе ѝ се исполни детскиот сон да пее на Евровизија во Торино. „Никогаш не сум била поспремна во животот. Слушнав секакви коментари, ама се трудев да не ги читам негативните. На луѓето не им беше јасно како еден анонимец може да победи. И ...
По повод 20 години јубилеј постоење на македонската музичка сцена, нашата македонска музичка група ДНК ќе одржи голем солистички концерт кој ќе се одржи во арената “Борис Трајковски”. Како што велат Панчо и Андреј од ДНК, и покрај тоа што се одбиени од Министерството за култура за финансиска поддршка на овој голем проект, сепак, одржувањето на јубилејниот концерт е потврдено и се поизвесно. Освен ДНК, одбиени од Министерството за ...
Денеска се одбележуваат две години до смртта на Ѓорѓи Желчески, великан на македонската музика, кој долги децении во Белград и Србија ја афирмираше македонската народна музика и заедно со сопругата Кевсер Селимова беа вистински амбасадори на македонскиот мелос. Тој почина на 82 годишна возраст. Беше многу талентиран човек во естрадниот свет, можеби и единствен кој има четири дипломи – музичко школо, средно медицинско школо, потоа вишо ...
Доволно храбра да наметне нови стандарди и доволно своја и автентична да влијае на прогресот и трансформацијата на рап и трап сцената кај нас.. Нејзиното вистинско име е Дијана Дурлевиќ, а јавноста ја препознава како Дијана ОГ. Девојка, која е без влакна на јазикот, како во стиховите на своите песни, така и во изјавите и интервјуата што ги дава. Ништо поразлично не беше и овој пат. Не ни било е нејзиното најново музичко остварување, малку ...
17 години по триумфот на M2 Play Проект потрага по ѕвезда и по 7 години пауза од музика. За својата одлука, тој говори во ексклузивното интервју за естрадниот магазин Бекстејџ.Деновиве го видовме и на концертот во чест на Тоше Проески и Аки Рахимовски кој се одржа во Битола.Ламбе, со години живееше во САД, минатата година со семејството, односно сопругата Магдалена и синовите Михаил и Димитриј, одлучи да се врати дома во Македонија и ...
Новиот албум од класичната музика со дела од Самуел Барбер, Јохан Себастијан Бах и Александар Скрјабин на пијанистиката Мимоза Ќека е веќе достапен за слушање на платформите YouTube, Spotify, Apple Music, Deezer, Amazon Music. Албумот кој носи наслов „Non-Fungible Scriabin Barber Bach”, претставува прва соло албумска објава на пијанистката, а обединува повеќе музички стилови почнувајќи од барокна музика, романтизам и современа ...
„Лава“ е насловот на новиот сингл на ДНК и Таско, соработка потпишана од Панчо, Лазар Цветкоски и Таско. Имено, музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и Таско, текстот е со потписот на Панчо и Таско, битот е на Hyper & Boksa, кои заедно со Лазе стојат и зад аранжманот, а токму во неговото студио и е снимена, мастеризирана и продуцирана темата. Веќе стандардно песната излегува во исто време со спот за кој овојпат се ...