Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека можеби ќе биде неопходно неговата земја повторно воено да го нападне Иран. Пред новинарите во Белата куќа, Трамп уверуваше дека Техеран „моли“ за постигнување договор. Ваквата изјава доаѓа откако претходно денеска Иран се закани со „отворање нови фронтови“ доколку САД ги обноват воените напади по прекинот на огнот кој стапи во сила минатиот месец. Од друга страна, Катар коментираше дека на ...

Владата на Гренланд денеска соопшти дека е постигнат напредок во преговорите на високо ниво со САД за иднината на територијата, но нагласи дека огромниот остров, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го добие, никогаш нема да биде продаден. Специјалниот пратеник на САД за Гренланд, Џеф Ландри, назначен од Трамп минатата година со цел да изврши притисок за американски контрола врз островот, вчера пристигна во Нук, каде што денеска ...

Папата Лав XIV на 25 мај ќе ја објави својата прва енциклика (папско послание до сите католици и христијани), во која се очекува главно да се осврне на прашањата поврзани со подемот на вештачката интелигенција (ВИ) и предизвиците пред работничките права, соопшти денеска Ватикан. Според упатени извори, Светиот отец во документот најверојатно ќе ги осуди и војните што го потресуваат светот. Енцикликата ќе го носи насловот „Magnifica humanitas“ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Ѓ. (39) и Г.Н. (42), двајцата од Гостивар, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 ноември 2025 година, полициски службеници извршиле преглед над второпријавениот, при што кај него ...

Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски каматни стапки и подолга рочност, што претставува индикатор за зголемена доверба на меѓународните финансиски институции кон македонската економија, кажа во интервју за Алфа телевизија министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска. Како што потенцираше министерката за Законот за задолжување кај странски банки кој што влезе во собраниска ...

Македонија има претрпено многу промени на својот Устав на патот кон ЕУ, но спорни или наликуваат на уставен инженеринг се оние кои се иницирани однадвор, како тие од што призлегоа од Рамковниот договор, потоа и од Преспанскиот, за кои не убедуваа дека се последни. Сега повторно се бара од нас промена на Уставот за вметнување на Бугарите во Уставот, за да ги почнеме преговорите. Нашето соломонско решение е доколку ги направиме измените и тие ...

Филипче и натаму не го осудува говорот на бугарската министерка која не нарече “северномакедонци”, напротив соработува со нашите негатори, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче скоро две недели наоѓа изговори и не го осудува недостоинствениот говор на бугарската министерка Петрова Чамова која не нарече “северномакедонци”, Филипче дури и се гордее на тие успеси со кои ја потчинија државата пред останатите, додаде ...

На 18.05.2026 во 21:10 часот во село Неготино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате, го привеле В.А.(52) од село Неготино. Тој бил баран со наредба од Основен суд Гостивар за издржување на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Тој е ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска ја обвини опозицијата предводена од СДСМ и лидерот Венко Филипче за, како што рече, „неодговорен и неодржлив пристап“ со кој се блокира работата на Комисијата за финансирање и буџет. Според Стојаноски, опозицијата со „банални оправдувања“ избегнувала да започне расправата на Комисијата, иако на дневен ред се наоѓале прашања директно поврзани со функционирањето на државата. „Со денови Венко, ...

Во рамки на 11-тиот Форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), кој годинава се одржува во Скопје, беше истакната важноста на регионалната соработка како клучен предуслов за стабилен развој, економска поврзаност и зајакнување на институционалните капацитети во регионот. На Форумот беше посочено дека во услови на современи геополитички, економски и демографски предизвици, заедничкиот и координиран пристап ...

Директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, утринава гостуваше во емисијата „Македонија наутро“. Тема на разговорот беше ново појавиниот ханта вирус. Директорката детелано објасни што претставува хантавирус. Постојат два типа на хантавирус. Едниот се пренесува преку животните, а вториот се пренесува од човек на човек. Вториот тип на вирусот кој сега стана познат на јавноста има два соја. Европски и американски. Во ...

ОВЕН Денот ве насочува кон домот, семејството и личниот мир. По напорен период, конечно чувствувате потреба малку да забавите и да ги средите работите што долго ги оттурнувавте. На работа ќе бидете повнимателни и попрактични, а во љубовта ќе барате искреност и сигурност. Не мора секоја битка да ја добиете веднаш – понекогаш мирот е најголемата победа. БИК Комуникацијата денес ви оди одлично. Луѓето ве слушаат и ви веруваат, а токму тоа може ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека ќе им пренесе важни информации на европските политичари откако на 9 мај во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Фицо оцени дека Путин јасно го изнесува својот став по прашањето за постигнување решение за украинскиот конфликт, наведувајќи дека посредник во преговорите на Европската Унија со Русија треба да биде „некој што ја познава руската душа“. – Путин сака некој што ...

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на 19 и 20 мај на покана на кинескиот претседател Шји Џинпинг, соопшти денеска прес-службата на Кремљ. За време на посетата, Путин и Шји ќе разговараат за билатералните односи меѓу Москва и Пекинг, како и за меѓународни прашања, а планирано е да потпишат заедничка изјава и неколку договори, објавија руските медиуми. Како што е наведено, двајцата лидери ќе присуствуваат и на церемонијата на ...

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што велат, „поданички политики“ и „распродавање на националните интереси“. Од партијата наведуваат дека Филипче „ја славел победата на Бугарија на Евровизија“, што според нив претставува доказ за „слугување на туѓи агенди“ и блискост до бугарските интереси. „Еуфоријата на Венко Филипче за победата на Бугарија на Евровизија ...

На вечерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беа донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата. -Дел се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде доаѓаат, а останатиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донесоа големи победи на изминатите изборни циклуси, но и големи позитивни промени во локалните самоуправи, соопштуваат од партијата. На вечерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за нов ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови каде ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат осум комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за европски прашања, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Пред ...

Колумбиската пејачка Шакира ја доби конечната правна битка со даночните власти во Шпанија кои ќе мора да ѝ вратат повеќе од 60 милиони евра, колку што изнесуваа наметнатиот данок и паричните пенали, кои според мислењето на судот, биле незаконски утврдени. Административниот совет на Националниот суд на Шпанија пресуди во корист на колумбиската пејачка и ја поништи постапката врз чија основа таа мораше да плати речиси 55 милиони евра на име ...

Сликата на грчките острови од разгледница е зачудувачка: бели ѕидови и сини врати. Овој архитектонски потпис е сè друго освен антички. Тоа е производ на епидемијата на колера од 1938 година, средство за чистење на домаќинства наречено лулаки и воена диктатура што вовела закон за бои. Блескавите кикладски села што привлекуваат милиони посетители не се родени од безвременска естетика, туку од строги практични принципи и политички декрети што ...

Умереното консумирање кафе, сега и официјално, има позитивни ефекти врз здравјето. Според научниците, по опсежно истражување на примерок од 468.629 испитаници, откриено е дека три шолји кафе дневно ја намалуваат стапката на смртност и ризикот од мозочен и срцев удар. Умереното консумирање кафе, сега и официјално, има позитивни ефекти врз здравјето. Според Универзитетот Семелвајс во Будимпешта и британскиот Универзитет Квин Мери, по опсежно ...

Жени, не ги умирајте мажите! Данско истражување докажало дека жените им го скратуваат животот на партнерите – со своето постојано префрлање вина, зановетање и проговарање. Истражување спроведено во Данска покажало дека во врските и браковите во кои има чести конфликти предизвикани од жените, кај мажите, особено кај средовечните, ризикот од смрт е зголемен дури за три пати. Истражувањето спроведено во Данска, кое опфатило 9.857 мажи и жени на ...

Секој хороскопски знак има свои најдобри и најлоши особини, но астролозите ги издвоија Ракот, Стрелецот, Овенот, Вагата и Лавот како најмалку интелигентни. И покрај тоа што се на листата на најглупавите хороскопски знаци, некои од нив се меѓу најсреќните, а другите меѓу најљубезните во светот на астрологијата, или едноставно, најсмешните знаци во светот. Едниот има највисоко ниво на аналитичка ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, додека другиот има реална ...

Германија планира значително зголемување на трошоците за цивилна заштита како одговор на зголемени безбедносни закани. Министерот за внатрешни работи, Александер Добринт, во интервју за весникот „Билд“ истакна дека Владата ја засилува заштитата на населението и системот за цивилна одбрана, најавувајќи и поостар одговор на државата кон хибридните закани. Тој нагласи дека ќе се зајакне и поддршката за волонтерите во службите за итна помош, ...

Во Женева денеска почна 79-то Светско здравствено собрание, на кое шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ги истакна предизвиците со кои се соочува ова тело на ОН. – Живееме во тешки, опасни и поделени времиња – рече Тедрос на отворањето на собирот, кој доаѓа само еден ден откако СЗО прогласи меѓународна вонредна состојба за јавното здравје во Конго и Уганда, по избувнувањето на смртоносниот вирус Ебола. ...

Европската комисија денеска го претстави новиот годишен извештај за состојбата со Шенген, во кој се забележува зголемување до 28 отсто на бројот на вратените странци без право на престој во ЕУ во 2025 година во однос на претходната година. Ова е највисокиот удел на враќања во последните 10 години, се посочува во документот. Истовремено, се забележува намалување од 26 отсто на незаконските преминувања на шенгенските граници. Во првите месеци ...

САД, во сенка на војната со Иран, спроведуваат еден од најзначајните пресврти во својата надворешна политика во последните децении, повлекувајќи се од голем број меѓународни организации и институции, посочува Хина. По повлекувањето од Светска здравствена организација на почетокот од неговиот втор мандат, претседателот Доналд Трамп потпиша одлуки за повлекување на САД од вкупно 66 меѓународни организации и тела, меѓу кои 31 поврзани со ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска нагласи дека на највисоко ниво и билатерално и во форматите поврзани со Европската Унија разговараат за Европскиот систем за влез/излез (ЕЕС) и се бара решение, особено за летниот период, при тоа потенцирајќи дека не се точни информациите за индивидуално исклучување на одредени земји. -Тоа што би можел да ја информирам јавноста е дека имаме разговори и со ...

За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски и заедмички културен дом, туку и важен приоритет. Сакам да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетски прашања за кои не се преговара. Ние не бараме привилегии, ние само бараме доследна примена на европското право и почитување, се разбира, на историскиот и културниот идентитет на народите и на достоинството и ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11.5.2026 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Кобалт

45.39