Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали активно се работи на патно поврзување на Кичево, изјави: „Ние пред некој ден имавме со новинарите посета на градежните активности коишто се случуваат на автопатот, најпрвин Гостивар-Букојчани, а потоа Кичево-Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам делницата Кичево-Охрид да биде завршена некаде, еве најдоцна да ...

Јапонскиот селектор Хаџиме Моријасу во петокот го објави списокот од 26 играчи на кои смета за Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Поранешниот стопер на Арсенал, сега играч на Ајакс, Такехиро Томијасу се најде на списокот, и покрај фактот дека не играше за „Самураите“ речиси две години поради серија повреди. Томијасу последен пат играше за Јапонија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Сирија на 11 јуни 2024 ...

Секојдневните сведоштва за булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови се јасен сигнал дека системот за превенција потфрла, а Министерството за образование и наука не презема соодветни активности. Ова на денешната прес-конференција го истакна претседателот на Комисијата за образование и наука на СДСМ, Јованче Манасков, кој обвини дека во образовниот систем недостасуваат стратегија и ...

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска, учествуваше и се обрати на 134-та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, која годинава се одржа во Кишињев, Република Молдавија. На сесијата учествуваа министри за надворешни работи на земјите членки и високи претставници на Организацијата. Во услови на значајни геополитички предизвици, засилени притисоци врз мултилатерализмот и ...

Со звуците на државната химна, во свечена и достоинствена атмосфера во Собранието, започна настанот посветен на оддавање почит на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски – државник чиј лик и дело оставија длабока трага во современата македонска историја. На свеченоста присуствуваа членови на семејството на Трајковски, негови пријатели и соработници, пратеници и бројни гости, кои заеднички му оддадоа признание на ...

Финската виолинистка, Линда Лампениус, добила ретка можност и специјално одобрување во финалето на овогодинешната Евровизија 2026 во Виена да свири во живо. Со ова, по речиси три децении, е направен исклучок од строгото правило на Евровизија според кое инструменталната придружба на сцена мора да биде однапред снимена. Таа и пејачот Пет Парконен ја претставуваат Финска со песната „Лиекинхеитин“, која се смета за еден од фаворитите.  ...

Министерството за економија и труд денеска објави Јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, во рамки на Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста за 2026 година. За реализација на оваа мерка се обезбедени 11,34 милиони денари, а поддршката ќе се реализира преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци за набавка на нови машини и алати, но не повеќе од 200 илјади денари по ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на заедничката министерска средба со министрите за енергетика на Република Грција, Република Србија и Република Бугарија, Ставрос Папаставру, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и заменик-министерот Кирил Темелков, којашто се одржа во Атина, Грција. Станува збор за средба која е единствена во ваков формат, а која е фокусирана на регионалното енергетско ...

Општина Ѓорче Петров започна со реализација на пилот-проект за селекција на отпад, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво. Во рамки на проектот, а во соработка со Центарот за климатски промени – Гевгелија и АлпакЕко, се доделуваат канти за селекција на отпад од ПЕТ (пластична) амбалажа на вкупно 60 домаќинства на територија на општината. „Проектот претставува почетна фаза од ...

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе биде домаќин на престижна летна школа за млади научници и истражувачи од Западен Балкан, што се организира под покровителство на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија. Можноста произлезе од стратешкото партнерство на македонското Министерство за образование и наука и овој референтен центар за наука и истражување на ЕУ, што се воспостави со потпишување на рамковен договор за соработка ...

Во Мадрид се води сериозна војна и прашањето е дали Флорентино Перез ќе излезе како победник. Со прес конференцијата што ја одржа во вторникот, најкратко на сите им порача: „Јас сум Бог, а на изборите кој и да ми се спротивстави, ќе изгуби“. Потоа откако ја префрли вината за неуспешната сезона на група ултраси и неколку медиуми кои „работат против клубот“, критиките кон судиите беа неизбежни. Тоа не беа критики, туку сериозни обвинувања. ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ја напушти Кина фалејќи се со договори кои не ги импресионираа инвеститорите, додека Пекинг предупреди на погрешниот пристап кон Тајван и рече дека војната на САД против Иран никогаш не требало да започне. Посетата на Трамп на главниот стратешки и економски ривал на Соединетите Американски Држави имаше за цел опипливи резултати што ќе ја зголемат неговата поддршка меѓу гласачите, која ослабе пред ...

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи. По цела деценија, „Реплек“ останува единствена ...

Комисијата за заразни болести формирана при Министерството за здравство одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот и здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата. Институтот за јавно здравје располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, ...

Во изминатиов период од неколку дена гледаме дека случајот „Мазут“ доживеа една тивка амнестија со одлуката на ЈО ГОKК да се прекине истрагата за овој предмет, изјави Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник „Заклучокот е јасен. Иако јавноста е изненадена на непријатен начин, сепак главниот обвинител во ЈО ГОKK, Ислам Абази, веројатно има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче, како ментори на неговата кариера. ...

Војводата и војвотката од Сасекс работат на филмска адаптација на мемоарите на еден британски војник, а сценариото го пишува автор номиниран за Оскар. Принцот Хари и Меган Маркл работат на нов филмски проект за „Нетфликс“, а станува збор за адаптација на воените мемоари „No Way Out: The Short True Story of Men Under Opservations“, кој раскажува за настаните од војната во Авганистан. Филмот ќе биде продуциран од нивната компанија Archewell ...

И премалку и премногу сон се поврзани со забрзано биолошко стареење на мозокот и другите органи, според студија во која учествувале половина милион луѓе. Ново истражување објавено во списанието „Nature“ покажа дека и недоволниот и прекумерниот сон може да бидат поврзани со забрзано биолошко стареење на мозокот, срцето, белите дробови и имунолошкиот систем. Студијата ја водеше Џунхао Вен од Колеџот за лекари и хирурзи Вагелос при ...

Холивудскиот пар Стенли Тучи (65) и Фелисити Блант (44) со години привлекуваат внимание со својата мистериозност, а само повремено познатиот актер зборува за својата љубов кон Фелисити. Нивната разлика во години е често тема на дискусија, а самиот Стенли еднаш проговори за тоа. Со оглед на тоа што ретко се појавуваат во јавност, а уште поретко разменуваат нежности пред сите, бакнежот од црвениот тепих беше вистинска сензација. Фелисити и ...

Астролозите тврдат дека вратите на среќата, новите можности и позитивните промени се отвораат за одредени хороскопски знаци во наредниот период. По месеци неизвесност и стагнација, ѕвездите конечно им испраќаат бран добра енергија што би можел да влијае на љубовта, работата, финансиите и личниот развој. Додека некои конечно ќе ги пожнеат плодовите од своите напори, други хороскопски знаци одеднаш ќе се најдат во ситуации што можат да им го ...

Вчера во 16:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Коце Металец“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.П. од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот А.П. е лишен од слобода по член 300 ...

Сигурни сме дека не можете да замислите ден без вашиот омилен парфем и дека го обожавате вашиот омилен мирис, но дали знаете што е најважно кога го користите? На интернет циркулираат многу правила за парфемите: одредени мириси се носат исклучиво во лето, други се подобри за вечерно излегување, не ги мешајте и идеално, имајте еден мирис за целиот ваш живот. Звучи едноставно, но искрено, веќе не е многу релевантно. Затоа, еве четири вкоренети ...

Денес Стрелецот треба да внимава на финансиите, бидејќи е можен неочекуван трошок. Иако денот носи оптимизам и желба за викенд, ќе биде важно да се завршат обврски кои долго се одложуваат, особено административни. Во текот на денот може да се појави контакт од стар пријател од странство, што ќе разбуди желба за патување, но се предупредува на импулсивни купувања и лошо планирање на буџетот. Можни се и трошоци поврзани со домаќинство или ...

Јаков Јозиновиќ го одржа својот десетти и последен закажан концерт по ред во белградскиот Сава Центар синоќа. На крајот од настапот, пејачот беше совладан од емоции, плачеше и падна на колена. Во еден момент, Јозиновиќ го најави својот следен голем настап. „Додека настапував во салата МТС, го најавив Сава Центар, а сега ја најавувам и Белградската арена“, рече тој, по што почна да плаче. Поради силната реакција на публиката, тој падна на ...

Шест мигранти, меѓу кои и едно 14-годишно момче, беа пронајдени мртви во товарен вагон во Ларедо, соопштија властите во четврток. Според официјални лица од Мексико и Хондурас, три од жртвите биле мексикански државјани, додека другите тројца биле потврдени или се верува дека се од Хондурас, објави Анадолија. Сомневање за шверц на луѓе Шефот на полицијата во Ларедо, Мигел Родригез, изјави дека властите веруваат дека мигрантите биле жртви на ...

Сагата околу Мурињо и Реал продолжува. Според шпанските медиуми, Флорентино Перез и актуелното раководство на Реал веруваат дека Мурињо е единствениот тренер кој може да го смири хаосот во соблекувалната и да ја врати контролата врз тимот, кој е сериозно потресен од внатрешни конфликти во последните месеци. Португалскиот стручњак наводно постигнал конечен договор со мадридскиот гигант во четвртокот, а неговата официјална промоција се очекува ...

Општина Кисела Вода, во соработка со Македонска Радио Телевизија, организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Викенд на мртовци“ во режија на Коле Ангеловски. Проекцијата ќе се одржи на 16 мај 2026 година (сабота), во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19:00 часот. Влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација на билети. Граѓаните можат да резервираат ...

Во среда, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Пролетен поздрав од Австрија – бисери на класичната музика“ во соработка со Австриската амбасада во Скопје. На програмата се увертирата „Розамунда“ од операта „Волшебната харфа“ од Франц Шуберт, Концертот за виолончело и оркестар бр.1 во Це-дур од Јозеф Хајдн и Симфонијата бр.8 во бе-мол – „Недовршена“ од Франц Шуберт. Елизабет Атл (Виена) ...

Петмина италијански државјани загинаа во несреќа при нуркање на Малдивите, потврди италијанското Министерство за надворешни работи. Се верува дека нуркачите загинале на атолот Вааву „додека се обидувале да истражуваат пештери на длабочина од 50 метри“, според соопштението. Италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка го потврди инцидентот и ги контактираше семејствата преку Кризниот штаб, но причината за ...

Дводневните разговори меѓу кинескиот и американскиот претседател, Ши Џинпинг и Доналд Трамп во Пекинг, можеби отворија врата кон нова ера во односите меѓу двете светски суперсили. На крајот од посетата на американскиот претседател, Ши изјави дека постигнале „нов билатерален однос“ и вети дека ќе му испрати семе од кинески рози, кои шефот на Белата куќа ги забележал и му се допаднале за време на прошетката во Џонгнанхаи, градината во Пекинг. ...

Ракомет, добра атмосфера и Chery Auto – совршена комбинација за недела исполнета со спорт, дружење и забава. На 17 мај од 14:00 часот, во СЦ „Борис Трајковски“, Гранд Ауто како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија ќе биде дел од „Денот на ракометот“ со своја изложбена зона и актуелни Chery модели. Посетителите ќе имаат можност одблиску да ги разгледаат возилата на Chery Auto, да се запознаат со новитетите на брендот и ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
5.51
26%
1010
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
0.45
69%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.25
74%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
41%
1011
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
5.1
38%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.34
77%
1015
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
3.13
39%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.42
41%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
4.23
42%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
4.02
43%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
41%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.45
51%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Платина

57324.78

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Паладиум

42535.44

Алуминиум

3.46

Цинк

0.00

Злато

139690.59

Родиум

257205.97

Сребро

2269.46

Бакар

13.10

Калај

53.60