Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција и псеудоартроза, објави Министерство за здравство. „Пациентот е со уреден постоперативен тек. Трансплантацијата ја извршија д-р Антонио Гавриловски со асистентите д-р Бојан Будик, д-р Теодора Божиновска и д-р Ангел Тасевски, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, специјализант по анестезија д-р Ерхан Салкоски, ...
Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Ја поздравувам најголемата донација во земјата од страна на македонската компанија ЕКОТИП во вредност од 1 милион евра. Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П. Б. во својство на директор на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Македонија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1 од Кривичниот Законик. -Пријавениот П.Б во својство на директор на АД Државна лотарија, ја злоупотребил ...
Вчера Косово одбележа 17 години независност, а прославите се одржуваат низ целата земја, особено во Приштина. Сепак и кај нас група скијачи развиле џиновско знаме на Косово на Попова Шапка. „Честитки по повод независноста, со среќа Косово,“ порача група скијачи кои на скијачкиот центар Попова Шапка развиле огромно знаме на Косово додека се спуштале по снежните падини. Видеото од поставеното знаме може да го погледнете ТУКА. Настанот ...
На денешната седница го задолжи Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител. Овој предлог ќе биде испратен до Советот на јавните обвинители од каде согласно законските одредби потребно е да се добие мислење. Во мислењето на Министерството за правда за работата на Љупчо Коцевски, државниот јавен обвинител, се вели дека нарушен бил угледот на институцијата со која раководи јавниот обвинител, затоа што ...
Владата на денешната седница донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа (БПМ) во трговија на големо и во трговија на мало и одлука за утврдување на највисоките цени за одделни производи во трговијата на големо и во трговијата на мало, како и ограничување на цените на осум групи основни производи. Како што информира на денешната прес-конференција заменик министерот за економија и труд Марјан Рисески, со цел да се заштити ...
Позитивна и конструктивна. Вака Русија ја оцени денешната средба во Ријад меѓу делегациите на Вашингтон и Москва, предводени од шефовите на дипломатиите. Задоволството на руската страна е очигледно, но не поради првиот чекор кон нормализација на односите со САД, каков што е официјалниот став на Кремљ, туку затоа што за помалку од една седмица, Москва успеа да го направи тоа што со децении претходно не успеваше, да внесе раздор меѓу западните ...
На иницијатива на обвинителката Ленче Ристоска, Уставниот суд на утрешната седница ќе расправа за уставноста на Деловникот за работа на Советот за јавни обвинители (СЈОРМ). Според Ристоска за времетрањето на мандатот, членовите на СЈОРМ избрани од редот на јавните обвинители не вршат јавно-обвинителска функција и не може да бидат оценувани за подоцна врз основа на тоа да напредуваат во кариерата. Според деловникот, мандатот на членовите на ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Џ.Р. од Битола – вработен во Одделение за заеднички работи во СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик. На 05.01.2025 околу 02.30 часот во ноќен клуб ...
Полициските службеници во текот на вчерашниот ден на 796 учесници во сообраќајот им издале платни налози, а наплатени биле 500 казни за прекршоци во сообраќајот. Дури 145 од овие случаи биле за непочитување на пропишаната брзина на движење. Полициските службеници откриле и 58 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, а во осум случаи откриени се алкохолизирани возачи. Регистрирани се и четири случаи во кои возачите поминале на ...
Обвинителката Наташа Крстевска Цалева се повлекла од раководната функција во Вишото јавно обвинителство бидејќи сметала дека нема доволно искуство, дознава „Скопје1“. Таа до Советот на јавни обвинители испратила писмо насловено како „молба“, за да биде тргната од функцијата по само седум дена откако беше назначена. Таа беше предлог на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за кого во тек е постапка за разрешување. Претседателката на ...
Македонскиот државјанин, 49-годишниот Абдул Јашари од скопски Чаир, кој со години се бори во Сирија, како командант на екстремистичката група „Џемати Албан“, од неодамна станал министер во новата сириска влада, формирана по падот на режимот на Башар Ал Асад. Информацијата ја објави и агенцијата Ројтерс која се повикува на извори од сириската влада. Абдул Јашари е познат и како командант Абу Ал Албани. Најновите вести за него, пак повторно го ...
Предлогот за разрешување на државниот обвинител, напишан во министерството за правда, утре ќе се разгледува на владина седница, па дури потоа ќе патува кон Советот на јавни обвинители. Потоа советот во рок од 15 дена ќе закаже седница на која ќе одлучува какво мислење ќе даде, но министерот за правда веќе се изјасни дека и со негативно мислење, процедурата за разршеување ќе продолжи во Собранието кое го има последниот збор. „Како Влада ќе ...
Новиот закон за локална самоуправа ќе биде прифатлив за поголемиот дел од партиите и ќе биде во служба на сите граѓани. На него работат експерти и голем дел од граѓанскиот сектор, објаснува министерот за локална самоуправа Перински. Отповикувањето од функцијата градоначалник и враќањето на моќта во рацете на граѓаните, како и воведување на комунална полиција се главните измени што се очекуваат. „Ние предвидуваме со процесот со предлог – ...
Еден потврден случај на шуга, а тројца ученици се сомнителни и се во изолација во основното училиштето „Кирил и Методиј“ во кумановското село Романовце, соопштија денеска надлежните од училиштето. Денеска, на терен беа присутни и екипи од Центарот за јавно здравје кои извршија увид. Семејството на едниот ученик доставило потврда од лекар до училиштето. Во изолација е и сестрата на првоодделенецот. Останатите два случаи се сомнителни, ...
Снег утрово вее на повеќе места на државата, а освен на планините врнежи има и во некои од пониските места и котлините. Во Тетово, како што јави нашиот репортер и како што може да се види од фотографиите и видеото подолу, во градот под Шар Планина веќе е формирана снежна. Околу 8:30 часот снег почна поинтензивно да вее и во скопската котлина. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), висината на снежната покривка во 7 часот на ...
Земјотрес со јачина од 5,1 степен беше регистриран кусо пред 10 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, а неколку минути претходно имаше помал земјотрес од 4,2 степени, додека во текот на ноќта беа регистрирани два нови потреси од 4,2 и 4,5 степени според Рихтер, јави дописничката на МИА од Атина. Најсилниот земјотрес во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос беше регистриран минатиот понеделник и беше со јачина ...
Градоначалниците на Кисела Вода и Центар, Орце Ѓорѓиевски и Горан Герасимовски, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, синоќа беа излезени на терен со цел да се направи увид на состојбата со присуството на малолетници во доцните часови, да се разговара со нив и да се испрати јасна порака за важноста на превенцијата во борбата против малолетничката деликвенција. „Вечерва заедно со министерот за внатрешни работи Панче ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, менаџментот на ТАВ и директорот на германскиот тур-оператор на RSD Reisen Хорст Живковиц, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје го пречекаа првиот чартер-лет на авиокомпанијата „Фрибрд ерлајнс“, кој ја донесе првата група од 180 германски туристи. Со ова се одбележа почетокот на овие чартер-летови кои ќе пристигнуваат на скопскиот ...
Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) со реакција за, како што велат, отстранување на албанскиот јазик од таблите кај патарината Глумово. „Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) најостро ја осудува замената на комуникациските знаци на автопатот Скопје – Тетово, поточно кај наплатната рампа во Глумово, од страна на Јавното претпријатие за државни патишта. Таблите на албански јазик се заменуваат со табли на македонски и други странски ...
На денешниот настан во рамки на Минхенската безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон ЕУ, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека македонскиот пат кон ЕУ започна многу пред да започне евроинтегративниот процес на Албанија, дури и пред Хрватска, но за нас системот на заслуги е бајка. „За нас бајката стана подвижна мета. Ние сме жртви на билатеризација или да бидам попрецизен, нашето придвижување кон ЕУ е многу ...
За само осум месеци сведоци сме на драматично влошување на економската состојба во државата и опаѓање на животниот стандард на граѓаните. Како одговорна опозиција, нудиме сеопфатна економска стратегија – сет на седум мерки преточени во закони кои ќе имаат силен и брз ефект врз стандардот на граѓаните, изјави денеска Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ. Последните економски податоци се загрижувачки. Сѐ е поскапено, цените на храната се ...
Според информациите на ЦУК, два од три објекти на магацинот се целосно изгорени, а третиот е делумно изгорен Ноќеска изби пожар во магацин за производство на полиестер во селото Неготино, Општина Врапчиште, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). На гасење на пожарот, од ноќеска од околу 1 часот по полноќ, интервенираат девет гостиварски пожарникари со три противпожарни возила. На испомош биле испратени уште четворица пожарникари со ...
Брзо возење, непочитување на првенство на минување, возење во спротивна насока, управување под дејство на алкохол, статистиките на МВР покажуваат дека ова се најчестите фактори за сообраќајни несреќи во Македонија кои во последните пет години одзеле 707 човечки животи, а 38.136 луѓе се здобиле со повреди. Според официјалните податоци на министерството за внатрешни работи, на ниво на државата, во последните пет години 7637 сообраќајки се ...
Директор на Јавно претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, врера заедно со стручниот тим од ЈПДП, надзорот на проектот, изведувачите и подизведувачите изврши увид во градежните активности на автопатската делница во изградба Кичево – Охрид. -Можам слободно да кажам дека забележав значителен прогрес на работите и забрзана динамика, објави Трајановски на својот фејсбук профил. Целта е пред туристичката сезона да се вози по нова ...
Заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов објави видео од потргата по дрвократци од посетата на Скопска Црна Гора и порача дека и покрај тоа што поднеле бројни пријави против кратците, кои се враќаат и продолжуваат со крадење дрва и они нема да се откажат и дека ќе продолжат да ги фаќаат со цел да го спречат пустошењето на планините. – Голема заедничка акција на Скопска Црна Гора на ЈП “Македонски Шуми”, шумската полиција и ...
Украина би имала многу тежок период на опстанок без воената поддршка на Соединетите Американски Држави (САД) во одбрана од руската инвазија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Веројатно ќе биде многу, многу, многу тешко. И, се разбира, знаете дека во сите тешки ситуации имате шанса, но ќе имаме мали шанси да преживееме без поддршката на САД“, изјави Зеленски за Ен-би-си њуз. Украина, како што наведе тој, го зголеми военото ...
Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски, објави Антонио Милошоски на стојот фејсбук профил. „Георгиев беше судија во Врховниот суд, Мемети член и потпретседател на Советот на јавни обвинители. Дејствувале како тандем и наместо да раздаваат правда, тие продавале правда за пари. Продавале минимална затворска казна во замена за договорени 35.000€, за кривично дело ...
Македонски државјанин е осомничен дека е водач на нарко-мафија што дејствувала низ средна Европа. Тој бил уапсен на аеродромот во Женева на 29 јануари, по што бил екстрадиран во Австрија, објави швајцарскиот портал „Blick.ch“, пренесуваат албанските медиуми. Според австриските истражни органи, тој бил баран со европска потерница од 2022 година, под сомнение дека организирал шверц на најмалку четири килограми хероин и 1,5 килограми кристал ...
Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, објави дека дисциплинските постапки против двајцата затворски полицајци од Шутка кои му овозможиле телефон на Васил Јованов, лицето кое ја прегази Фросина Кулакова, се завршени. На заедничка прес-конференција со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, Пандов истакна дека во притворскиот дел на затворот Шутка биле пронајдени 135 мобилни телефони во два ...