Во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, при што рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата – истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на одбележувањето на Денот на рударите. Таа посочи дека во истата година приходите од концесиски надоместоци достигнале над 1,22 милијарда ...

На 25.08.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода М.Б.(61) од село во општинa Маврово и Ростуше, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа ја затворил неговата 49-годишна сопруга, физички ја нападнал и ѝ се заканувал, информираат од СВР Тетово. Околу 19:30 часот полициски службеници ја ослободиле жената, а тој бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно ...

На 25.08.2026 во 06:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба има човечко тело. -Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје телото е извлечено од реката, а по извршено препознавање од семејството било утврдено дека се работи за Т.Г.(83) од Скопје за кого на 24.08.2026 неговиот син Г.Г.(46) пријави дека се оддалечил од домот, информира МВР. Извршен е увид, а по наредба на јавен ...

На неделно ниво веќе има тренд на намалување на бројот на заболени од западнонилска треска – истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. На прес-конференцијата присуствуваше и Драган Кочински од Институтот за јавно здравје, кој рече дека во 33-тата недела имало пик со 11 случаи, а оттогаш во 34-тата недела бројот се намалува. – Во Драчево има јасна причинско-последична врска со земјеното прскање на критичните ...

Пороен град на француските Пиринеи предизвика прекинување на третата етапа од велосипедската грантур-трка Вуелта, пишува агенцијата „Ројтерс“. Со преостанати 15 км од 174-километарската етапа, велосипедистите се приближуваа до врвот на Кол де Мон-Луис, кога огромни зрна град почнаа да отскокнуваат од асфалтот и да ги погодуваат велосипедистите. Во тие моменти Матс Венцел и Лоренцо Фортунато беа 25 секунди пред другите натпреварувачи, а ...

Клеј Томпсон официјално потпиша двегодишен договор со Мајами Хит вреден околу 11,5 милиони долари. „Знам дека овде има високи барања и токму тоа ме привлече. Веќе сум почувствувал како изгледа да се победува и нема ништо слично на тоа. Можноста повторно да се борам за највисоки цели беше многу важна за мене“, изјави Томпсон. Тој претходните две сезони ги мина во Далас Маверикс додека пред тоа цели 13 години беше дел од Голден Стејт со кои ...

Манчестер Сити го комплетираше трансферот на еден од најталентираните млади фудбалери во Европа. „Граѓаните“ официјално го договорија Ајуб Буади од Лич за вкупен пакет од 100 милиони евра. Англискиот гигант ќе плати фиксни 95 милиони евра, додека дополнителни пет милиони евра се предвидени преку бонуси. Буади веќе го потпиша договорот со Сити, кој ќе важи до јуни 2031 година. Манчестер Сити го комплетираше трансферот на еден од ...

Турските царинарници открија и конфискуваа приближно 3000 килограми марихуана на граничниот премин со Бугарија Хамзабејли/Лесово. Дрогата била откриена во камион. Возачот, чија националност не е соопштена, е приведен. Марихуаната била спакувана во 255 пакети, кои биле скриени на различни места во камионот. Турските царинарници открија и конфискуваа приближно 3000 килограми марихуана на граничниот премин со Бугарија Хамзабејли/Лесово. Дрогата ...

Нова веб-страница http://www.healthalert.mk/, на која има податоци за состојбата со западнонилската треска, ризичните подрачја и преземените активности, промовира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Опфатени се податоци од Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, а во иднина ќе има податоци и од Агенцијата за храна и ветеринарство. – Со цел да обезбедиме ...

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар потпиша документ за насоки за работата на унгарската делегација во Генералното собрание на ОН, во кој Русија е прогласена за закана. – Унгарија ја осудува руската воена агресија и целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници, се наведува во документот. Исто така, се нагласува дека Унгарија „го признава правото на Украина на ...

Најмалку 17 луѓе загинаа, а 384 лица се водат како исчезнати во поплавата што го погоди пограничниот регион помеѓу Непал и Тибет. Помеѓу исчезнатите лица 105 се индиски државјани, 12 Британци, а на 111 човек сè уште не е утврдена националноста. Надојдената вода оштети села и патишта, а непалските власти побараа помош од Кина и од Индија. Реката Боте Коши извира во Тибет и се влева во непалската река Тришули, која на крајот се влева во Индија ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска објави метеоаларм за утре, 27 август, врз основа на кој одредени делови на државата се во портокалова фаза. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала со умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Во Скопје и Демир Капија се предвидува температурата да достигне до 39 степен, во Гевгелија 38, додека во Велес и Штип до 37 степени. Во почетокот на ...

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинески бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн. Во Германија проституцијата е легална, но се истражува дали еден од членовите на управата на банката можеби имал корист од одобрениот кредит. „Волксбанк Келн Бон“ не ги коментира наводите на германскиот финансиски регулатор „БаФин“, кој побара ...

Општина Илинден реализираше проект за реконструкција и модернизација на водоводната мрежа долж улица „9“, со цел да се обезбеди посигурно, поефикасно и поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на општината. Во рамки на проектот е изградена нова главна водоводна линија со вкупна должина од околу 1.200 метри, со која ќе се обезбеди постабилен воден притисок, намалување на хидрауличките загуби и поголема сигурност во водоснабдувањето, ...

До 13:00 часот денеска се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има: во општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод – с. Трново (Општина Гостивар), со ...

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, пропушти уште еден тренинг поради болест, објавува „Marca“. Според шпанскиот портал, 26-годишниот Аргентинец не се чувствува добро. На 23 август, Алварез беше исвиркан од навивачите на Атлетико Мадрид за време на ремито 2:2 против Виљареал во второто коло од шпанската Ла Лига. Напаѓачот влезе како замена во второто полувреме. По натпреварот, Алварез не им се придружи на соиграчите во ...

За три лица се чека потврда дали се заразени со вирусот Западен Нил, додека шестмина се на интензивно лекување. На Клиниката за инфективни болести се лекуваат 21 лице, а кај 18 од нив веќе е потврдено присуството на западнонилска треска, изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. – Во моментов имаме 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западнонилска треска. Од тоа 50 се потврдени, три се ...

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека се фали со одлуката на обвинителството да не покрене обвинение во случајот со 19-те модуларни болници, од кои една беше зафатена од пожар во кој животот го загубија 14 пациенти. „Венко Филипче се фали што обвинителството не покренало обвинение за 19 модуларни болници, а во една од нив изгореа 14 пациенти“, изјави Лефков на ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на автопатот Скопје–Блаце, еден од најзначајните инфраструктурни проекти кој ќе овозможи побрзо и поефикасно поврзување меѓу Скопје и Приштина, олеснувајќи го движењето на граѓаните и развојот на економската соработка меѓу Македонија и Косово. На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, премиерот на Косово ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со мерки за поддршка на граѓаните и семејниот буџет, а со почетокот на новата учебна година се намалуваат цените на училишниот прибор, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски. Мерката ќе важи заклучно со 30 септември годинава, при што трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 отсто, додека трговците на мало треба да обезбедат намалување од ...

Општина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата Дексион, во непосредна близина на новата детска градинка која е во фаза на изградба. Во рамки на акцијата „Clean up session“ беше расчистен просторот околу игралиштето и беа обновени постојните клупи. Во следниот период ќе продолжат активностите со обновување на корпите за ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување во утринската програма на Телевизија Алфа, соопшти дека околу 300 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште, односно сите кандидати кои успешно ги поминале предвидените селекции, проверки и елиминациони критериуми. Иако првично беше предвиден прием на 200 ученици, по направените анализи и консултации, како и по обезбедувањето на потребните финансиски средства, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп го испрати договорот за цивилна нуклеарна енергија со Саудиска Арабија на разгледување во Конгресот, условувајќи го неговото одобрување со нормализација на односите на Ријад со Израел. Договорот постигнат во јули, ќе им овозможи на американските компании да извезуваат цивилна нуклеарна технологија во Саудиска Арабија. Конгресот има рок 90 дена да се изјасни за договорот. Според неименуван извор, договорот ...

Денеска започнуваме проект преку кој ја реализираме јасната визија на Владата, Македонија да ја направиме раскрсница на Балканот и своевидно „срце на Балканот“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на почетокот на изградба на автопатот Скопје – Блаце. „Кога оваа Влада беше формирана во 2024-та година, јасната политика и визија на премиерот Мицкоски беше дека Македонија треба да стане ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска присуствуваше на церемонијата со која беше означен почетокот на работите на автопатот Скопје–Блаце, проект од стратешко значење за инфраструктурното поврзување, економскиот развој и зајакнувањето на соработката меѓу Македонија и Косово. На церемонијата присуствуваа претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ...

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница го прифати и проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за 2025 година. Членовите на комисијата ги прифатија и посебените извештаи на ДКСК за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините во ...

Почетокот на изградбата на автопатот Скопје – Блаце според премирот Христијан Мицкоски е историски зашто денеска таа станува реалност – почнува да се реализира иако, рече, повеќе од две децении проектот бил претставуван како„само што не почнал да се реализира“. Посочи дека овој проект бил меѓу приоритетите на владата од нејзиното формирање пред 25 месеци. -Ќе биде од особено значење за граѓаните на нашите две земји, Република Косово и ...

Стратешкиот план на Собранието за 2027-2031 година се темели на сите потреби на Собранието и службата, како и активностите што треба да придонесат за натамошно унапредување на законодавната, надзорната и претставничката функција на Собранието, а планот ги задржува шесте функционални цели-функционално, отворено, дигитално, безбедно собрание, парламентарна дипломатија и една новина е додавањето на интеграцијата во ЕУ и ефикасна служба, истакна ...

Проектите како автопатот Скопје-Блаце чија изградба ја почнуваме денеска се резултат на јасната политика и визија на Владата за развој на државата, порача денеска заменик-претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, на поставувањето камен-темелник за изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце во должина од 10,5 километри. Николоски посочи дека почнува нов проект којшто за неколку години ќе донесе ...

Општина Аеродром продолжува со активности за ослободување на јавните паркинзи и подобрување на комуналниот ред. По спроведена постапка и претходно известување на сопствениците, општинскиот Инспекторат започна со подигнување и отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини. Возилата се подигаат со шлеп-транспортна служба и се транспортираат на собирно место – депо на Општината, со што се ослободуваат ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
61%
1027
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
1.1
81%
1024
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1025
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.23
96%
1028
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.72
93%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
73%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
100%
1024
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
100%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
91%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
1.34
81%
1026
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
1030
Currency

61.562

Currency

54.966

Currency

73.761

Currency

38.002

Currency

39.164

Currency

67.235

Currency

8.2482

Currency

0.67187

Currency

0.34738

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58426

Бакар

12.58

Иридиум

321507.47

Сребро

1666.05

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Родиум

295786.87