Основниот кривичен суд Скопје информира дека утрешната расправата за случајот „Пулс“ се одлага поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот, кој се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани. – Во текот на денешниот ден претседателот на судечкиот совет, кој постапува по предметот, изврши телефонски контакти со докторите кои се задолжени за неговото лекување, кои го известија дека ...

Многу тажната приказна на премиерот Мицкоски ја доведе до солзи половина Македонија, се вели во соопштението од СДСМ. -Авион морало да се купи за да служи во хуманитарни цели. Очигледно за него лично патувањето на море со авион е „хумано”? Бидејќи морето има лековити дејства, сигурно со нов авион и нови часовници од 60 илјади евра ќе му бидат потребни. Често народот вели дека и парите може да бидат лековити. Хумано не е исто што и ...

Вчера шест обиди за измами со лажни лекари на подрачјето на СВР Велес, пет во Неготино и еден во Велес. Ова се лажните доктори, според МВР. -На 17.02.2026 во СВР Велес биле пријавени шест случаи на обиди за измами. Еден случај е пријавен во СВР Велес од 53-годишна велешанка, која пријавила дека машко лице се јавило на нејзиниот татко и му кажало дека неговата ќерка се здобила со тешки повреди, за што е потребно да се направи операција и ...

Украинскиот народ ќе отфрли мировен договор со кој силите на Киев ќе се повлечат од источниот регион Донбас и ќе го предадат на Русија, вели претседателот Володимир Зеленски во интервју за американската веб-страница „Аксиос“. Претставници на Киев, Москва и Вашингтон вчера одржаа уште една рунда разговори во Женева за да се стави крај на конфликтот. Регионот Донбас, од кој 10 проценти е сè уште под украинска контрола, останува главна точка на ...

Милиони документи поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстајн укажуваат на постоење на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства против човештвото, предупредија специјалните известувачи на Обединетите нации за човекови права. Како што објави Ројтерс, експертите наведуваат дека делата опишани во документите објавени од Министерството за правда на САД се извршени во рамките на супремацистички верувања, ...

Сој бактерии стар 5.000 години е пронајден во мраз во пештера во Романија, и тој покажува отпорност на 10 современи антибиотици, според ново истражување објавено во научното списание „Фронтиерс ин мајкробиолоџи“ (Frontiers in Microbiology). Според научниците, ова откритие би можело да помогне во разбирањето на ширењето на антимикробната отпорност, но и во развојот на нови терапии. Истражувањето го испитувало сојот „Сајкробактер СЦ65А.3“ ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц негодуваше поради овациите што ги доби американскиот шеф на дипломатијата Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција, велејќи дека неговиот настап всушност е политиката на Доналд Трамп во „попријателски пакет“, пренесува ДПА. „Не бев во салата, а дури и да бев, тешко дека ќе станев“, рече Мерц во политичкиот поткаст Machtwechsel, што ќе биде објавен во целост подоцна денеска. Мерц во него забележа ...

Вечерва во киното Синеплекс во 20 часот, ќе се одржи премиерата на долгометражниот игран филм „СОУЧЕСНИЦИ”, по сценарио на Огњен Обрадовиќ, а во режија на Марко Новаковиќ. Филмот е копродукција помеѓу Зилион Филм (Србија), Партизанс (Македонија) и Интер Филм (Хрватска). Филмот „Соучесници” е психолошка и социјална драма, во кој идиличниот живот на главните ликови нагло се менува по сообраќајна несреќа. Додека се борат да се справат со ...

А1 Македонија официјално ја започна новата сезона предавања од едукативната програма за деца „Кликај безбедно!“, со што продолжува реализацијата на иницијативата и во второто полугодие од учебната 2025/2026 година. Новиот циклус работилници стартуваше во просториите на А1 Македонија, каде што гости беа учениците од четврто одделение од ООУ „Гоце Делчев“ од Скопје. „Кликај безбедно“ е програма наменета за најмладите, преку која вработените во ...

Поради излевање на Вардар од синоќа воведена е забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране во село Форино. Сообраќајот се пренасочува од село Старо Чајле кон село Форино. Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива ...

Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија. -Целта на Спогодбата е воспоставување на правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија. Би сакале да потенцираме дека досега меѓу двете држави, не се одржувал воздушен сообраќај. Со Спогодбата се создаваат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците, преку ...

Здружението за заштита на правата на животните Анима Минуди вели дека во просек 5 од 6 заловени кучиња имаат сопственик и бараат напуштањето да стане кривично дело. „При едно неодамнешно заловување, во текот на само еден ден, по женка во циклус, од шест заловени кучиња од страна на ЈП Лајка, дури пет биле со сопственик. Сопствениците дошле да ги подигнат од стационарот. Овој податок е алармантен и укажува на клучен аспект од каде извира ...

Секоја нова организација си носи своја новина. Годинава сите очи се вперени во познатиот карневал во Струмица, бидејќи по 30 години има ново раководство. Оттаму и прашањата што си ги поставуваат љубителите на карневалите, кои планираат да дојдат во Струмица. Што ќе понуди Струмица за овие пет дена, колку забава ќе има, од каде ќе има гости, колку ќе биде интересно.., е само дел од она што сакаат луѓето да го знаат. „Забава, ќе има секако и ...

„Глумците пеат“ на 24 и 25 март повторно ќе го одбележат Светскиот ден на театарот во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот. Годинава шоуто е посветено на македонската музика од различни периоди – песни што публиката ги знае, но ќе ги слушне во нова актерска интерпретација. Покрај соло изведби, на сцената ќе има и повеќе дуети и групни точки, што носат поинаква динамика и сценска енергија. На сцената ќе настапат актери од ...

Претседателот на Русија, Володимир Зеленски синоќа изјави дека според разузнавачки податоци Русија подготвува нови напади врз украинската енергетска инфраструктура. – Разузнавачките извештаи покажуваат дека Русија подготвува понатамошни масовни напади врз енергетската инфраструктура, па затоа мора да се осигураме дека сите системи за воздушна одбрана се правилно распоредени – наведе Зеленски во вечерното обраќање до нацијата. Тој додаде дека ...

Во Франција во 2023 година се регистрирани приближно 68.000 смртни случаи поради тутун, главно од рак, но и од кардиоваскуларни и респираторни болести, што и понатаму претставува преголемо оптоварување за јавното здравје, покажуваат најновите податоци на Јавното здравство на Франција (СпФ). „Три четвртини од овие 68.021 предвремени смртни случаи се однесуваа на машката популација. Пушењето предизвика смрт кај 49.361 маж и 18.660 жени, што ...

Косовскиот премиер, Албин Курти, денеска, на свечената седница на Владата, посветена на 18-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, изјави дека државата, независноста и Уставот се нови, но дека јазикот, културата и народот на Косово се древни. Курти ги спомена и поранешните водачи на ОВК кои се судат пред Специјализираните совети во Хаг и рече дека „прогласувањето за независноста не може да се памети без да се споменат оние ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши упати честитки на граѓаните и институциите на Република Косово по повод Денот на независноста. – Овој празник е момент на размислување и национална гордост, кој ги отелотворува жртвувањето, посветеноста и визијата за слобода и градење на државата. Независноста на Косово претставува триумф на слободната волја на граѓаните да изградат демократска, праведна и европски ориентирана држава. Република Северна ...

Скијач од Данска бил пренесен во болница во Скопје, вчера попладне откако завршил со повреди во лавина на Попова Шапка. Случајот бил пријавен во СВР Тетово. „На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, има повредено едно лице. Екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој, според пријавеното, бил ...

Жителите на виничкото село Блатец во петок, 20 февруари, два часа ќе го блокираат магистралниот пат Виница-Берово кај местото „Скараница“, каде што се наоѓа крстосницата од која по локалниот пат, по неколку километри, се стигнува до селото. Тоа е последната одлука на жителите на Блатец, донесена во знак на револт, откако по три и пол години повторно се приморани да протестираат и да го блокираат преминот кон реката Блатешница, поради најавата ...

Советот на јавните обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. За кандидатурата на Владимир Панчевски едногласно одлучи дека тој не ги исполнува условите ...

Иако во штипските здравствени ординации има пациенти со симптоми на грип, сепак ситуацијата е под контрола, вели лекар специјалист по семејна медицина Валентина Митрова. Таа посочува дека пациентите се жалат на кашлица, покачена телесна температура, малаксаност, главоболка и слично. Но, и кај децата и кај возрасните нема некои посериозни компликации од грип или заболувања слични на грип. -Бројките се пониски од она што очекуваме, можеби и ...

Од 6 часот утрово, таксистите во Атина започнаа тридневен штрајк, организиран од нивниот синдикат, додека пак во цела Грција ќе штрајкуваат утре и задутре, со што земјата ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина. Преку штрајкот, таксистите уште еднаш ги повторуваат нивните барања, а главното е пролонгирање на законската обврска сите такси возила во Атина и Солун постепено да се заменат со целосно електрични, што се ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа ја повика Куба да склучи договор со Вашингтон, но ја отфрли идејата за операција за соборување на режимот во Хавана. – Куба во моментот е банкротирана држава, наведе Трамп. На прашањето дали САД би можеле да ја соборат кубанската влада, како што направија на почетокот на јануари кога ја нападнаа Венецуела и го заробија претседателот Николас Мадуро, Трамп посочи „Не мислам дека тоа би било потребно“. ...

Израелската продуцентка и добитничка на „Еми“ награда, Дана Еден е пронајдена мртва во хотелска соба во Атина на 53-годишна возраст, објави „Холивуд репортер“ (The Hollywood Reporter). Таа беше најпозната по шпионската трилер серија „Техеран“ којашто се прикажува на „Епл ТВ“ (Apple TV). Причината за смртта сè уште не е потврдена, а грчките полициски службеници соопштија дека во овој миг станува збор за можно самоубиство, врз основа на ...

Сојузот на синдикати денеска со блолада на пристапите кон Владата ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 100 евра. Владата е третата институција која ќе биде блокирана од синдикатот откако минатата недела беа блокирани Собранието и Стопанската комора. Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите не се договориле за зголемување на платите на работниците и затоа што ...

Два месеци по трагедијата во швајцарскиот град Кран Монтана сите повредени лица и семејствата на загинатите во пожарот што избувна за Нова година, ќе добијат од државата по 10.000 франци, или околу 10.700 евра. Се работи за итна, еднократна помош за жртвите од трагедијата во која загинаа 40 лица, а 116 беа повредени. На домашен терен, точно по еден месец ќе биде одбележана една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која ...

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски вели дека во моментов се спроведуваат внатрешни постапки во рамките на факултетите за детална анализа на сите аспекти на новиот Предлог – Закон за високо образование. Утре е предвиден колегиум на кој, како што посочува Мираковски, ќе се презентираат забелешките, по што ќе се формира Комисија која ќе ги сублимира ставовите на Универзитетот. -Во моментов имаме внатрешни постапки во ...

Трета недела веќе, 17 дена, нема одговор како 5 тони дрога, вредна 40 милиони евра, поминале преку македонската граница во Србија. Сите молчат за најголемиот наркоскандал во регионот, сите се прават дека ништо не знаат, се наведува во соопштението од СДСМ, што Канал 77 го објавува интегрално. Мицкоски се прави дека не знае, Тошковски, Николовски, Тарчуловски, Томовски, цела Влада не знае. На 65 илјади камери, скренери, контроли, полиција, ...

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување на Тема на денот на Сител телевизија, тој информираше дека се очекува огласот да биде објавен по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел приемот да започне веќе во пролетниот рок. – Кога ќе стигнат од финансиите сите потребни документи, ќе ги објавиме ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Загреб

5ᴼ / -1ᴼ
0.51
82%
1025
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.21
62%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.34
82%
1025
weather icon

Љубљана

5ᴼ / -1ᴼ
1.03
92%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
71%
1024
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
87%
1023
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
87%
1024
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
68%
1025
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.79
63%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
100%
1024
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Платина

69606.37

Родиум

368126.05

Рутениум

45750.51

Кобалт

66.14

Иридиум

221848.72

Калај

51.64

Бакар

11.80

Алуминиум

3.35

Паладиум

52823.68

Сребро

2704.52

Цинк

3.28

Злато

166049.28