Додека лозарите се спремаат за кроење на виновата лоза, во подрумите на македонските винарии стасува виното од реколтата 2025. Се очекува производството да достигне помеѓу 90 и 100 милиони литри, колку што изнесува просекот во изминатите 10 години. Најмалку 85 отсто од него ќе заврши на странските пазари. „Нашата земја има една од најстарите традиции на производство на вино во Европа, со одгледување винова лоза која датира од пред повеќе од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од европските партнери да ги забрзаат испораките на ракети за воздушна одбрана по серијата тешки руски воздушни напади. – Ова е клучна задача во моментов, не само за Украина, туку и за сите во Европа – изјави Зеленски во синоќешното видеообраќање. – Русите не смеат да се навикнат да веруваат дека нивните ракети и „шахеди“ на кој било начин им помагаат – додаде тој. Зеленски претходно изјави ...

“Кино Балкан” продукција и дистрибуција почна да дистрибуира македонски филмови и филмови од регионот.. Во изминатиов период “Кино Балкан” активно го дистрибуира филмот “Приказна за Силјан” на режисерката Тамара Котевска Филмот имаше проекции во повеќе од 15 градови во Македонија и руши рекорди, како по број на гледачи така и по број на локации каде е прикажан. Она што се издвојува од оваа дистрибуција е активниот пристап и откривањето на ...

Холивудската актерка Шерон Стоун се расплака на балот во Виенската опера вчера. Таа, притоа, накратко се вратила во својата хотелска соба, пред да седне во ложата на балот, потврдија организаторите. – Ми дојде малку премногу. Оваа вечер навистина ми го одзеде здивот на најнеобично прекрасен начин – изјави ѕвездата за австриските медиуми. Глумицата потоа го пофали она што го опиша како чувство на единство и културна гордост на најзначајниот ...

„Последна станица Ласкарци“ е книга од македонскиот автор Горан Наумовски која се осврнува на трагичната автобуска несреќа што се случи кај селото Ласкарци на 13 февруари 2019 година. Книгата ја обработува трагедијата на патниците кои патуваа на релација Скопје-Гостивар, пат долг околу 60 километри кој вообичаено трае околу еден час. Наместо безбедно враќање дома патувањето заврши со тешка сообраќајна несреќа што одзеде 16 човечки животи и ...

Соединетите Американски Државии Република Северна Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување билатерални економски односи, што ќе им обезбеди на извозниците на двете земји проширен пристап до пазарите на другите, објави синоќа Брлата куќа. – Договорот ќе ги зајакне нашите трговски односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи нашето ...

Зајакнување на билатералната соработка и поголем пристап до американскиот пазар – Северна Македонија и САД усогласија Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со што се зајакнува билатералната економска соработка и се отвора поголем пристап до американскиот пазар за ...

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата. -Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои ...

Доктор Симонида Црвенкова правилно постапувала и го продолжила периодот на преживување повеќе од вообичаено кај секој пациент надвор од стандардите за просек што е потврден во научни студии и ова што сега го слушаме во судницата е тема за национален или светски конгрес на онколози, но не е тема за судница и судска постапка – изјави пред почетокот на денешното судење бранителот на Црвенкова, адвокатот Владимир Туфегчиќ. Туфегчиќ, како што ...

На 12.02.2026 во 15:59 часот на ул.„Тодосие Паунов“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Г.Т.(31) од с.Оризари, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,14 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и ...

Како одговор на прашање за забрзаното членство на Украина во ЕУ, унгарскиот премиер Виктор Орбан цитираше стихови од оперетата „Кралицата на чардашот“ и рече: „Сонувајте, сонувајте, слатки соништа“. На брифинг пред неговото заминување на неформалниот самит на ЕУ денеска во Брисел, кој ќе се фокусира на наоѓање решенија за економските проблеми, тој потврди дека унгарскиот суверенитет е од најголема важност и дека унгарската влада нема да ...

Протестите на ССМ имаат политичка заднина, инструирана, мотивирана и инспирирана од опозицијата, а Слободан Трендафилов е само прокси. Тоа јавноста деновиве ќе го види од она што ние го поседуваме затоа што заслужува да знае кои се лицата што ги блокираат улиците и каква врска имаат со лидерите на политичките партии, ќе види дека се истакнати партиски активисти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Според него, опозицијата нашла ...

Вештите лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје одговараа на вкрстени прашања на одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Вештачењето на медицинската документација за лекувањето на вкупно 51 пациент за Обвинителството го имаат изработено вештакот Маја ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска соопшти дека почнаа контролите на сите фирми за производство на медицински канабис. Како што рече на прес-конференција, ќе мора да се проверуваат 43 лиценци. Донесена е, потсети Алиу, и владина одлука за именување членови на меѓуресорската комисија. – Од денеска почнуваат вонредните контроли заедно со МВР. Најверојатно, додека трае оваа прес-конференција, колегите се на терен. Ќе мора да се ...

Шеесет и три-шееесет и четири производи, кои за земјава се стратешки, во САД ќе бидат извезувани со едноцифрена тарифа од нула до шест и пол проценти – изјави премиерот Христијан Мицкоски и најави дека во текот на денот ова ќе биде потврдено со заедничка изјава. – Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести oттаму и очекувам негде околу шеесет и три-шеесет и четири производи, кои се за нас ...

На новинарско прашање до премиерот Мицкоси кои се неговите очекувања, по последната одлука на Владата да се чешлаат сите фирми кои произведуваат канабис и дали имаат информации околу истрагата на МВР и Обвинителство тој рече: -Не случајно кажав дека може да дојдеме со 100 тони.Се злоупотребувало многу едноставно. Направен е на диво месо правилник спротивен на Законот., Сите од фелата знаат дека доколку цвет од канабис се одгледува на отоврено ...

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ја реализираше втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. Пред Стопанската комора беше испратена порака до работодавачите да се согласат да ја зголемат минималната плата и сите останати плати и да ја задолжат Владата да ги субвенционира придонесите. Од ССМ изјавија дека понудата е на маса и доколку не наидат на ...

Штрајкот на пилотите и на кабинскиот персонал на „Луфтханза“ денеска доведе до масовни нарушувања во авиосообраќајот, поради што стотици летови на најголемата германска авиокомпанија се откажани низ целата земја. Како што соопшти синдикалната организација „Уфо“ (Ufo), најавениот целодневен штрајк почна во текот на ноќта, што го потврди и „Луфтханза“. Компанијата засега не наведе точен број на откажани летови, но предупреди на значителни ...

МПЦ-ОА и православните христијани во земјава денеска го слават празникот на тројцата светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст – значајни личности што страдале за Христовата вера. Покрај тоа што си имаат и посебни празници светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат и еден заеднички празник. Овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на царот Алексиј Комнен. Еднаш однекаде ...

Со примена на нтелектуалните активности како што се учење странски јазици, читање, пишување се намалува можноста од добивање деменција за речиси 40 отсто, покажува ново истражување на американски научници. Со ова многу луѓе би можеле да го одложат, па дури и спречат развојот на оваа болест. Според нив демeнцијата се смета за една од најголемите здравствени закани во светот, а бројот на заболени би можел да се зголеми, и до 2050 година да ...

Сојузот на синдикати денеска напладне ќе ја реализира втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. По блокирањето на влезовите на македонското Собрание во понеделникот, денеска ќе биде блокирана Стопанската комора во центарот на Скопје. Блокадата на Комората е поради, како што велат од ССМ, тоа што работодавачите не сакаат да ги зголемат платите на работниците ...

Во Белград е уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје и избега со татко му. -На 11.02.2026 од страна на надлежните служби во Србија известени сме дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, ...

Слабости во пописот на побарувањата и обврските, неправилности во остварувањето на приходите, давање попусти и подароци, исплаќани надоместоци без законска основа, плаќање данок на додадена вредност за услуги поврзани со основната дејност и слабости во спроведувањето и реализацијата на јавните набавки, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизорскиот извештај за Државниот архив на Република Северна Македонија. Во извештајот ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природа со отпад од член 230 од Кривичниот законик. Во периодот од 28.02.2025 до 09.07.2025 година, обвинетите незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад што содржи супстанции кои имаат својство на експлозивност, запаливост, ...

Посебен режим на сообраќај во Скопје. -Денеска (12.02.2026) со почеток од 12.00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Стопанска Комора на Р.С. Македонија на ул.„Димитрие Чуповски “ и ул.„Даме Груев“ и сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на ...

Со одлуката на Владата, донесена во вторникот, се овозможи конечно решавање на деценискиот проблем со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза”, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу. Се создаде правна основа за потпишување договор со Градот Скопје. Договорот ќе биде склучен на 15 години, со закупнина во висина од 10 отсто од вкупно остварениот промет, а Градот Скопје ќе почне со проектирање и изградба на катни гаражи и ...

При денешното положување заклетва на министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за правда Акан Ѓурлек во Меџлисот, пратениците физички се пресметаа. Инцидентот се случи кога пратениците од најголемата опозициска партија Републиканска народна партија (ЦХП), која не се согласува со именувањето на Ѓурлек, ја зазедоа парламентарната говорница. Пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) се обидоа да ги ...

Американската скијачка Линдзи Вон објави вечерва дека успешно е оперирана по трет пат откако имаше тежок пад во спустот на Зимските олимписки игри кои се одржуваат во Милано и Кортина. Четириесетиедногодишната Вон ја илустрираше објавата на Инстаграм со фотографии од болничкиот кревет со кренат палец. „Денеска ја имав третата операција и беше успешна. Иако закрепнувањето е бавно, напредувам и знам дека ќе бидам добро“, порача Вон. View this ...

Собранието, денеска, во рамките на 84. седница ги донесе законот за дополнување на Законот за здравствената заштита и законот за ратификација на дополнителниот протокол кон Конвенцијата за договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист, усвоен во Женева на 20 февруари 2008 година. Со законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, кој се носеше по скратена постапка, се укинува дискреционото право ...

Во синокешната сообраќајка на влез во Скопје меѓи камион и БМВ се запалиле и двете возила. -На 10.02.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од с.Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес” со полуприколка со неготински регистарски ознаки, ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1026
weather icon

Белград

10ᴼ / 6ᴼ
1.03
76%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
0.51
71%
1025
weather icon

Софија

6ᴼ / 2ᴼ
1.54
62%
1026
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.2
68%
1025
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 2ᴼ
1.54
71%
1026
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
66%
1023
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
66%
1024
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.24
50%
1026
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.79
51%
1027
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
76%
1025
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Родиум

368126.05

Злато

166049.28

Иридиум

221848.72

Бакар

11.80

Алуминиум

3.35

Платина

69606.37

Кобалт

66.14

Калај

51.64

Цинк

3.28

Паладиум

52823.68

Рутениум

45750.51

Сребро

2704.52