Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од инфективната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана информираат дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството воедно апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во касарната, за манипулирање на јавноста, со што се нанесува и директна ...
Штипскиот регионален центар за средно образование „Коле Нехтенин“ планира да отвори свој посебен правен субјект – фирма, која ќе функционира како давател на услуги, а во неа дел од својата пракса ќе ја обавуваат учениците. Планирано е фирмата да биде регистрирана од есен, а да биде во тесна соработка со штипските компании кои во моментов примаат ученици за обавување на практична настава: „Ни требаше еден малку подолг период да ја направиме ...
Здружението на семејствата на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс соопштија дека ја добиле Одлуката на општината со која се одобрува изградбата на спомен обележјето на жртвите: „Ја добивме одлуката за спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, посветено на 63-те ангели, со вкупна површина од 1053 квадратни метри, кое е одобрено на бараната локација. Ова за нас претставува голем и значаен чекор напред. Во наредниот период продолжуваме ...
Вештото лице Маја Равник од Медицински факултет Марибор, Словенија, која го изработила медицинското вештачење на вкупно 51 медицинска документација од лекување пациенти на Клиниката за онкологија, беше сослушана денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, на судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Равник, одговараше на прашања на ...
Собранието утре ќе работи паралелно со протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) закажани за 9 часот, кажа спикерот Африм Гаши. Тој на денешниот брифинг со новинарите изјави дека очекува протестот да помине мирно, и оти нема да има дополнително обебзедување на објектот. – На денешната координација со пратеничктие групи зборуваме дека ќе има протест. Се договоривме сите координатори да разговараат со пратениците да најдат начин ...
Конфликтот во Украина веќе ќе беше завршен доколку Европејците не се спротивставеа на мировните аспирации на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. „Доколку Европејците не ги попречеа напорите на американскиот претседател Трамп, убеден сум дека мирот во Украина ќе беше постигнат за малку повеќе од една година. Од самиот почеток, Европејците ја сметаа оваа војна за своја. Тие ...
Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот за атентат врз генералот Владимир Алексеев во петокот го нарачала украинската Служба за безбедност. ФСБ исто така наведува дека во регрутирањето на напаѓачот учествувала и полската разузнавачка служба, пренесува новинската агенција Интерфакс. За овие тврдења не се доставени никакви докази. Украина демантираше каква било вмешаност, додека Полска сè уште не се изјаснила за обвинувањата. Во ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека поранешниот американски претседател Бил Клинтон во 1999 година, за време на неговиот прв мандат, барал од Унгарија копнено да ја нападне Србија за да отвори втор фронт во ек на војната во Косово. Орбан ова тврдење го изнесе во текот на викендот на состанокот на Дигиталните граѓански кругови на Фидес во Сомбатхељ, пишува „Телекс“. Според Орбан, Клинтон барал Унгарија да ја нападне Србија или „барем ...
Жртвите на починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстајн вчера објавија силна порака до јавноста за време на Супербоул, повикувајќи на целосна транспарентност во она што го опишуваат како најголемиот скандал со трговија со луѓе во светот. Емотивното видео, објавено од „Свет без експлоатација“, ги прикажува преживеаните како директно ги замолуваат Американците да застанат со нив и да вршат притисок врз државниот обвинител Пам Бонди да ...
ИФФК „Браќа Манаки”, првиот и најстар фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите, го најавува своето 47. издание, кое ќе се одржи во Битолa, од 19 до 25 септември 2026 година. Подгответе се за многу незаборавни дружења со реномираните светски кинематографери и разговори за седмата уметност. Од своето основање во 1979 година, овој фестивал сведочи за уметноста на кинематографијата, славејќи ги пионерите на филмската ...
Република Србија им исплати отштета на Светлана и Бранимир Смиљковиќ од Дољевац, родители на момче родено во 1983 година за кое Клиничкиот центар во Ниш тврди дека починало по раѓањето. Отштетата ја досуди Врховниот суд на Србија по одлуката дека е повредено правото на семејството Смиљковиќ на почитување на семејниот живот, загарантирано со Европската конвенција за заштита на човековите права. Смиљковиќ ја поднесоа тужбата во 2013 година ...
Во 1972 година е земен примерок од крв на трудница кој со години бил дилема за научниците. „Анализите направени на жената покажале дека во нејзините црвени крвни зрнца недостасува површински молекул кој во тоа време бил присутен кај сите познати крвни групи. Ваквата необична аномалија останала необјаснета повеќе од половина век, информира порталот Нова. Оваа аномалија, ги поттикнала истражувачите од Велика Британија и Израел да откријат нов ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0 Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III ...
Со сослушување вешти лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска, а за сослушување на вештите лица од Словенија се ...
Со сослушување вешти лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Вештото лице Маја Радник од Медицинскиот факултет Марибор, Словенија, која го изработила медицинското вештачење, заедно со асистент Јасмина ...
Обвинителството континуирано презема дејствија во врска со опсежната акција во која досега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата. Активностите се спроведуваат во координација со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство, се наведува во соопштението од ЈОРСМ. Постапувањето се одвива во ...
Српското Министерство за внатрешни работи соопшти детали за киднапирањето во Белград на македонскиот пејач Даниел Кајмаковски. -Со координирана акција на полициски службеници на МВР, Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминал и Службата за борба против тероризмот, жандармеријата, САЈ, Управата за сообраќајна полиција, Управата за гранична полиција, Одделот за сузбивање на имотни прекршоци и Полициската бригада, по ...
По веста дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран ноќеска во близина на Бетон хала во Белград и по објавата на српското Министерство за внатрешни рботи, кое ја потврди веста, се огласија и од неговиот ПР тим -Веста е точна. Зборував со Даниел пред малку, добро е. По ноќта помината во полиција, сега е дома. Она што можеме да го потврдиме е дека полицијата трага по непознатите сторители кои се странци, кои го врзале и го возеле во неговиот ...
Српскиот портал Курир.рс дознава дека пејачот Даниел Кајмакоски бил киднапиран во автомобил во близина на Бетон Хол во Белград. Според нивни информации непознати сторители, по кои се трага, го врзале, го возеле во неговиот автомобил и му побарале 20.000 евра. -Се сомнева дека се странски државјани, а не е исклучена можноста да се работи за мигранти. Тие го одвезле киднапираното лице до Рума, каде што, кога сообраќајните полицајци се обиделе ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса. Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на ...
Кај двајца припадници на професионалните војници кои се на обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес е дијагностицирана кожната болест „scabies“ (шуга), информираат попладнево со соопштение од Канцеларијата за воени односи со јавноста при Генералштабот на Армијата во соработка со Министерството за одбрана. Како превентивна мерка, сите новопримени професионални војници кои се обучуваат во Командата за обука и доктрини се пуштени ...
Косовската претседателка Вјоса Османи Садриу изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја заслужува следната Нобелова награда за мир и дека таа ќе го номинира за неа. Таа ја даде изјавата како одговор на прашање од списанието „Њузвик“. Годишната Нобелова награда за мир е отворена само за одредени поединци, а рокот за номинирање е на крајот на јануари. Меѓу оние кои имаат право да номинираат кандидати се и шефови на држави, додека ...
Западноевропејците сè повеќе ја ценат европската автономија и вредноста на трансатлантските врски и немаат намера да се откажат од нив за да му угодат на Доналд Трамп, покажува анкета, што укажува дека мислењето за Соединетите Американски Држави паднало на најниско ниво во последната деценија откако ЈуГов (YouGov) започна да спроведува вакви анкети. Обидот на американскиот претседател да го преземе Гренланд силно ги сврти Европејците против ...
САД ги повика своите државјани веднаш да го напуштат Иран поради сериозни безбедносни ризици, тероризам, немири, киднапирање и притворања американски граѓани. Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така, се посочува дека граѓаните сами треба да си го организираат ...
Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип посети 30 средни училишта на територија на цела држава, со порака дека инвестицијата во знаењето е инвестиција во иднината на младите. Од УГД-Штип информираат дека учениците имаа можност директно да се запознаат со студиските програми, студентскиот живот и можностите што ги нуди еден современ, европски ориентиран универзитет. Посочуваат дека преку интерактивни работилници, отворени дискусии и ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи главната расправа за предметот против Раде Трајковски – Штекли и останатите обвинети за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. На денешното рочиште беа презентирани материјални докази, вклучувајќи записници за претрес, потврди за привремено одземени предмети и форензички вештачења за пронајдени наркотични супстанци и биолошки траги. Пред судот беа изведени докази ...
Изедначувањето на цигарите со алтернативните никотински производи во новиот законски предлог отвора дилеми за ефикасноста на таквиот пристап. Меѓународните примери укажуваат дека строгите рестрикции не секогаш ја намалуваат стапката на пушење – земјите што дозволиле употреба на помалку штетни алтернативи, како електронски цигари, никотински ќесички и вејпови, постигнале подобри резултати во намалувањето на пушење. Според дел од медицинските ...
Камерите кои ќе ловат прекршоци, вкупно 40 на број се исталираат на патот кон Охрид, а ќе бидат поставени и во градот и во соседна Струга. Системот „Безбеден град“ со инфраструктурата делумно е поставен и тоа четири камери се инсталирани на делницата од автопатот Охрид-Кичево, како и кај Ботун и Ново Села во Дебрца. Овие новоинсталирани камери засега не испраќаат казни, туку се во фаза на техничко тестирање и контрола на целокупната опрема. ...
Претседателот на Советот на општина Кочани Александар Андов истовремено е и директор на кочанското основно училиште „Никола Карев“. Две јавни општествени функции, кои истовремено се и во судир – директорот Андов одговара пред советникот Андов. Решението да се иззема во случаите кога Советот одлучува во врска со неговата работа како директор не е дозволиво, констатира Државната комисија за спречување на корупцијата, која посочува дека според ...
Агенцијата за катастар на недвижности го објави последниот квартален извештај за 2025 година за трговија со недвижнини во државата. Извештајот покажува дека во периодот од 1 октомври 2025 година до 31 декември 2025 година, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 9.283 трансакции на недвижности. Споредбено со третиот квартал од 2025 година, во oвoj квартал има регистрирано 964 трансакции повеќе што укажува на раст на пазарот на ...