Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
На 5 јуни 2026 година, на големата сцена на HNK (Hrvatsko narodno kazalište) во Загреб ќе се одржи премиерата на „Идеален маж” според познатата драма на Оскар Вајлд, во режија на еден од најреномираните македонски и европски театарски режисери, Александар Поповски, со музика на истакнатиот македонски композитор и музички автор Кирил Џајковски. Оваа премиера е и ново поглавје во една од најплодните и најуспешни уметнички соработки на Балканот. ...
Желбата детето постојано да биде среќно може да има спротивен ефект од очекуваниот“, наведуваат педагозите. Тагата, разочарувањето и неуспехот се важни делови од растењето и токму преку нив децата ја стекнуваат отпорноста која им е неопходна за справување со животните предизвици во подоцнежните години.Денешното детство е тешко да се спореди со растењето на претходните генерации, наведуваат педагоците. „Воспитните стилови денес се многу ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште Обвинителството презентираше докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс“. Во судницата беа ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавениот, како што посочуваат од МВР, во својство на градоначалник на Општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени ...
Потрошувачите со нетрпение ја очекуваат сезоната на летни распродажби по пониски цени. Чекањето, сепак,ќе продолжи уште малку, бидејќи распродажбите започнуваат вториот понеделник од јули, 13 јули, а ќе завршат на 31 август. Се очекува во соседна Грција комерцијалните продавници, продавниците и стоковните куќи да работат првата недела од распродажбата, 19 јули , со предложено работно време од 11:00 до 18:00 часот. Во исто време, сегашната ...
По настапи на некои од најпознатите светски локации како Дубаи, Санторини, Истанбул, Малта и Букурешт, како и по целосно распродадениот шоу настап во Скопје во Public Room, Cafe De Anatolia го најавува својот прв дводневен фестивал во Македонија, кој ќе се одржи во Aleksandar Park, Виница. Фестивалот претставува спој на современа електронска музика и културно-уметничко доживување, со фокус на Afro House и Organic House звукот, надополнет со ...
Либеро Бенд оваа година одбележува значаен јубилеј и тоа 15 години успешно музичко творештво и настапи. Токму по тој повод, бендот најавува серија специјални проекти кои ќе бидат реализирани во текот на годинава, како вовед за големиот јубилеен настан планиран за крајот на 2026 година, круна на нивното петнаесетгодишно музичко патување. Првиот од најавените проекти ќе ја доживее својата премиера на 17 јуни на официјалниот YouTube канал на ...
Со години, раководителите на најголемите компании за вештачка интелигенција предупредуваат дека вештачката интелигенција би можела да замени милиони работници и фундаментално да го промени пазарот на трудот. Меѓу најгласните поддржувачи на ова гледиште беше извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман. Сепак, денес тој се чини многу порезервиран. Што се случи и зошто човекот зад ChatGPT признава дека можеби грешел? Зошто сега Сем Алтман вели дека ...
Во текот на денешниот ден, овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведуваат претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации. -Акцијата произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и ...
Европската комисија денеска препорача целосно укинување на внатрешните гранични проверки меѓу земјите од Шенген зоната (Австрија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Словенија и Шведска), кои продолжуваат да вршат проверки на внатрешните граници. ЕК препорачува постепено укинување на проверките со оглед на претстојното стапување во сила на новите европски правила за азил и миграција на 12 јуни. Законодавството на ЕУ ...
Директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ, денес изјави дека од грчките власти добиле уверување дека на граничниот премин Евзони ќе се воспостави нова работна организација. „Очекуваме дека ќе бидат отворени две или дури три колони за туристички автобуси, што во голема мера би спречило толку долги чекања“, изјави тој за РТС. Тој додаде дека се очекуваат големи толпи за време на викендот поради ...
Благодарение на добрата организација, во моментов не само што има доволно керозин за домашните аеродроми, туку ги снабдуваме и соседните. Ова го соопшти вицепремиерот Александар Николоски, кој во гостување во подкаст, рече дека земјата моментално целосно го снабдува аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш со керозин, нагласувајќи дека благодарение на добрата организација во Скопско, работењето на овие два аеродрома е поддржано и од ...
Деновиве деловните банките повторно почнаа да испраќаат информираа до граѓаните и своите клиенти за нови, повисоки провизии и тоа на очиглед на Народната банка, која законски ја има улогата на регулатор во секторот. Но, наместо на дело да се види таа регулаторна улога, првиот човек на Народна банка остана како што вели „непријатно изненаден од двоцифрените процентуални зголемувања“. Славески вели дека не постојат причини за зголемување на ...
Млекара АД Битола (Бимилк) се издвојува како убедлив предводник во индустријата за 2025 година, остварувајќи трипати поголеми приходи од своите најблиски конкуренти. Клучни играчи се Бучен Козјак, Трница и Здравје Радово, Покрај локалните гиганти, споменати се и меѓународни групации како Лакталис, кои имаат значително влијание на домашниот пазар. Генералните податоци за секторот покажуваат стабилен раст и висока профитабилност на најдобрите ...
Кумановската полиција поднесе кривични пријави против две лица, инвеститор и инспектор од општина Куманово, бидејќи инвеститорот градел без одобрение за градба, а инспекторката постапила несовесно. Инвеститорот уништил куќа-заштитен објект на културно наследство. -СВР Куманово поднесе кривична пријава против педесет и двегодишниот Ф.Ф.(52) и Л.Т.(52), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ...
Мицкоски вели дека помислил дека антикорупцискиот закон на Фронтот за вистина и правда е за рубриката „Верувале или не”. Па да му објасниме, велт одСДСМ во соопштението, кое ви го пренесуваме во целост:. -Постојат два СДСМ во неговата глава. Едниот е оној што секој ден го напаѓа преку 40% од медиумите на криминална група ВМРО под Орбан. Со сите лаги за згради од 42 ката во Дубаи, Венеција, Харис Џиновиќ, Сент Мориц… Другиот е вистинскиот ...
Силен земјотрес рано изутринава го погоди подрачјето долж брегот на италијанската област Калабрија, а потресот бил почувствуван дури до Неапол, јавуваат италијанските медиуми. Епицентарот на земјотресот бил во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол. Според Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија магнитудата на потресот изнесувала 6,1, со епицентар на длабочина од околу 250 ...
Во руските воздушни напади врз главните украински центри, вклучувајќи ги Киев, Днепар и Харков, загинаа најмалку 11 лица, десетици беа повредени, а други останаа заробени под урнатините од зградите. Руските експлозии и проектили завршија во станбени згради, како и во близина на две градинки. Украинските воздухопловни сили од страна на Русија евидентирала 73 ракети и 656 дронови кон Украина. Главни цели на нападите беа Киев, централниот град ...
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина рано изутрината тргна од аеродромот во Сараево, летајќи преку Франкфурт за САД. Крајната дестинација на репрезентацијата на БиХ е Сент Луис, каде што ќе одигра пријателски натпревар против Панама на 6 јуни, што ќе послужи како генерална проба за настапот на селекторот Сергеј Барбарез на Светското првенство. Пред заминување, капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един ...
Песната „Ружа са југа”, која Бобан Рајовиќ – едно од најпрепознатливите музички имиња од соседството, ја посвети на Македонија за само неколку дена по промоцијата се наметна како најголем фаворит меѓу новите теми од неговиот актуелен проект. Реакциите од публиката, гледаноста и бројните пораки што, како што вели, пристигнуваат од сите страни на светот ја потврдуваат силната емоција што песната ја разбуди кај слушателите. Уште при најавата на ...
Десет денови пред почетокот на Светското првенство, полицијата во Торонто објави денеска ја извршила најголемата заплена на фалсификувани фудбалски дресови во канадската историја. Како што е соопштено, полицијата запленила фалсификувана стока во вредност од над 3,5 милиони канадски долари од магацин во Мисисага, вклучувајќи повеќе од 16.000 лажни дресови и знамиња со лажни логоа на ФИФА, Најк, Адидас и Пума, како и два фалсификувани ...
Н 6 и 7 јуни во Штип ќе се оржи Dance Cup Stip, е интернационален натпревар и кој ќе се одржува по 6-ти пат во НУЦК “Ацо Шопов” во Штип. Организатори на натпреварот се Ана Марија и Стефан Габроски основачи на студиото за модерни танци Urban Crew. На 6-ти јуни на рограмата се Street Dance & Latin Style дисциплините , доека на 7-ми се современ и класичен балет. -Оваа година имаме над 1500 натпреварувачи од 34 клубови од Македонија , ...
Нови 20 амбасадори во исто толку земји во светот, вклучително и во земјите од регионот до Сенатот вчера предложи американскиот претседател Доналд Трамп. На оваа листа нема предлог-име за нов амбасадор во Македонија, што значи дека по заминувањето на Ангела Агелер, времено функцијата амбасадор и натаму ќе ја врши заменичката-шеф на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Никол Варнс. На подолгата листа на номинации се имињата на Даглас Холдер ...
Штипјанец вложува во Берово над 10 милиони евра – ќе гради мултифункционален комплекс „Green Gate Berovo“ со апартмани, туризам и старечки дом со капацитет за 200 лица и медицински персонал Во Берово се најавува изградба на нов голем повеќенаменски комплекс „Green Gate Berovo“, кој ќе опфати станбени апартмани, туристички сместувачки капацитети и старечки дом со организирана здравствена нега. Станува збор за инвестиција вредна над 10 милиони ...
Постарите генерации добро го паметат името на „Филмске новости” – збир на информации за случувањата во Македонија и пошироката федерација СФРЈ, кои се прикажуваа пред почетокот на секој филм во кината. Журналот, кој се подготвуваше и прикажуваше во периодот од 1957до 1972 имаше снимени материјали од животот случувањата во тогашната Република Македонија. Овие материјали од историско и општествено значење за државата, со финансиска донација од ...
Аудио снимка на состанок во кабинетот на Претседателот на целиот државно-политички врв на кој присуствувале и амбасадорите на САД и на ЕУ била направена од страна на вработен во кабинетот. Како што потврди поранешниот претседател Стево Пендаровски во интервју за емисијата „360 степени“, неовластеното снимање го направил припадник на „огнената група“, која подоцна го формираше движењето ВРЕДИ. „Тој, гледајќи дека на состанокот доаѓа и ...
По долго боледување Сејда Бешлиќ, сопругата на легендарниот пејач Халид Бешлиќ, кој почина пред неполни осум месеци. Со години, Сејда беше најголемата поддржувачка на својот сопруг, со кого го помина речиси целиот свој живот. Нивната љубовна приказна траеше со децении и често беше истакнувана како пример за лојалност, почит и меѓусебна поддршка. По смртта на Халид Бешлиќ минатата година, нејзината здравствена состојба беше нарушена, а во ...
Во писмената оставка до премиерот Мицкоски, Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење напиша: “Денеска ја поднесов мојата оставка од функцијата вицепремиер задолжен за добро владеење до премиерот. Во текот на овие две години, имав чест и привилегија да ѝ служам на земјата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на отчетноста, транспарентноста и владеењето на правото, мисија подеднакво важна колку што е и неблагодарна. Дали сум ...
Малта се разбуди рано утрово од силна експлозија што одекна низ голем дел од островот. Околу 6:30 часот наутро, фабриката за пиротехника Та’Лурдес експлодирала во областа Магхаб, а детонацијата била толку силна што жителите на бројни места пријавиле тресење на згради, скршени прозорци и силен ударен бран. Според информациите од малтешките власти, во експлозијата повредени се двајца мажи на возраст од 47 и 67 години кои биле на блиските полиња ...
Најголемиот музички фестивал што ќе се одржи ова лето на 8 август во Битола на Ракометното игралиште под отворено небо, ќе биде С.О.С. фестивал, кој не е само музички настан со внимателно избрана концертна програма, туку и своевиден симболичен повик на музичка борба за спас против турбофолкот, шундот и кичот, што би рекол познатиот македонски шоумен и блузер, Игор Џамбазов. Први учесници на С.О.С. фестивал ќе бидат предводниците на новата ...