Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Криза го тресе Реал Мадрид. Победи само на два од последните седум натпревари. Клубските инсајдери пишуваат дека тренерот Чаби Алонсо ќе биде отпуштен ако вечерва изгубат од Манчестер Сити. Натпреварот ќе се игра на Сантјаго Бернабеу од 21 часот во шестото коло од Лигата на шампионите. Тимот на Реал Мадрид и неговиот тренер имаат тешка задача на многу фронтови. Тие бараат излез од кризата и да ги спасат своите работни места против одличен тим ...
Федерален судија во Њујорк пресуди дека Министерството за правда на САД може јавно да ги објави записите од големата порота од случајот за трговија со луѓе против Џефри Епстин од 2019 година. Одлуката на судијата Ричард Берман ја поништува неговата претходна одлука дека материјалот треба да остане таен и се повикува на нов закон што бара од министерството да ги објави досиејата до крајот на следната недела, пишува BBC. Да потсетиме дека ...
Лидерите на Франција, Велика Британија и Германија денес разговараа со американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата во Украина со цел „да се поместат работите од мртва точка“, потврдија францускиот претседател Емануел Макрон и Елисејската палата. Според Макрон, повикот траел 40 минути, а Елисејската палата објави дека британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц учествувале во телефонскиот разговор. Франција, ...
Многумина имаат навика да ги мијат сите намирници со вода, мислејќи дека така ги отстрануваат бактериите. Но, експертите за безбедност на храна предупредуваат дека миењето на одредени намирници може да направи повеќе штета отколку корист. Наместо да ги отстраните бактериите, можете да ги распрскате по мијалникот, работната маса или приборот. Еве кои намирници не треба да се мијат, и зошто: Пилешко месо – миењето само ги шири бактериите како ...
Музејот на Македонија на 25 декември 2025 година, со почеток во 19 часот, ќе ја отвори изложбата „Димитар Кондовски и Македонските бајки“ – калеидоскоп од светот на бајките на Димитар Кондовски. Овој уникатен проект ја оживува уметничката магија на еден од најистакнатите македонски сликари и илустратори, чиј опус трајно ја обележа современата македонска визуелна култура. Димитар Кондовски (1927–1993) остави зад себе богато творештво што ...
Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Град Скопје. „На денешната седница на Советот на Град Скопје го потврдив она што го ветив во мојата кампања дека почнуваме со целосна енергетска трансформација на образовните институции. Секое средно училиште на територијата на градот ќе добие сопствен фотоволтаичен систем до крајот на мојот мандат. Ова е сериозна ...
Гладот не е прекинувач што се вклучува и исклучува пред и по јадење. Тој е многу посложен и е под влијание на физички, психолошки (ментални и емоционални) и други фактори. Од различни причини можеби и натаму ќе чувствувате глад по јадењето, но постојат неколку начини да ви помогнат да го контролирате вашиот глад. Вашите оброци не се хранливи Понекогаш и натаму чувствувате глад по јадењето затоа што вашиот оброк едноставно не бил доволно ...
Луксембург важи за многу мала земја, но не било отсекогаш така. Порано имал поголема територија, која се намалила откако бил поделен од соседите, поради различни причини. Ако на Балканот секоја држава има своја голема или обединета верзија, тоа е случај и со речиси сите држави од остатокот од Европа, со таа разлика што за овие другите многу помалку се зборува. Верувале или не, еден таков случај е и малиот Луксембург. Некогаш оваа земја имала ...
Светското фудбалско првенство ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, почнувајќи од 11 јуни следната година. Откако беше објавен распоредот по групи на Светското првенство, цените на сместувањето во градовите во Мексико, САД и Канада нагло пораснаа. Во Мексико Сити, цените во хотелите се зголемиле за околу 300 проценти, слична ситуација има и во Ванкувер, додека Хјустон предничи по поскапувањата – таму цените на најевтините соби се зголемени и ...
Компаниите зад популарните игрици Battlefield 6 и бесплатниот REDSEC режим објавија ново ажурирање за Winter Offensive, достапно од 9 декември. Ажурирањето носи временски ограничен сезонски настан, нови предизвици и бесплатното функционално оружје Ice Climbing Axe. Ажурирањето вклучува замрзната мапа на Empire State, достапна во двата режима, и дополнителни опции за креаторите на содржини во Portal режимот, вклучувајќи го и режимот Gauntlet ...
Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа, по ескалацијата на пограничните судири меѓу двете азиски земји, јавуваат локалните медиуми од Камбоџа. Камбоџанскиот Khmer Times, повикувајќи се на Министерството за одбрана, пренесува дека авиони F-16 фрлиле најмалку две бомби врз села во провинцијата Меанчеј, на границата со Тајланд. Засега нема информации за загинати. Весникот пренесува дека тајландски авиони летале и над уште неколку ...
За многу луѓе, почетокот на денот е хаотичен и стресен, а за некои дури и непријатен, особено кога станува збор за празнењето на цревата. Тешкотиите со празнење на цревата наутро се изненадувачки чест проблем што може значително да влијае на нивото на енергија, расположението и целокупната благосостојба во текот на денот. Истражувањата покажуваат дека малите, внимателни утрински навики можат да помогнат во усогласувањето на вашиот дигестивен ...
Модерните телевизори имаат чувствителни LCD, LED и OLED екрани, па затоа правилното чистење е од суштинско значење за да се избегнат гребнатини, трајни дамки или оштетување на заштитниот слој. Прашината, отпечатоците од прсти, дамките и нечистотијата можат да го намалат квалитетот на сликата, да го скратат животниот век на уредот и да го расипат впечатокот дури и за најмодерниот телевизор. Многу луѓе несвесно посегнуваат по погрешни средства ...
За прв пат во историјата на германскиот професионален фудбал, жена го води клубот. Според BILD, Швајцарката Татјана Хени (59) е новиот извршен директор на РБ Лајпциг, второпласираниот клуб во првенството и најголемиот конкурент на Баерн. Со ова назначување, клубот, предводен од претседателот на Надзорниот одбор, Оливер Минцлаф (50), го продолжува своето големо реструктуирање. Минцлаф, кој самиот ја држеше позицијата до ноември 2022 година, ...
Дали некогаш сте забележале дека некои коцки мраз изгледаат кристално бистри, додека други се заматени и бели? Причината лежи во она што е внатре во водата. Мразот направен од зовриена вода има тенденција да замрзнува во бистра, стаклена форма бидејќи вриењето ги отстранува растворените гасови како кислород и азот. Кога овие гасови ќе исчезнат, водата замрзнува на порамномерен начин, без воздушните џебови што обично се формираат за време на ...
Вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О.С. (49) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 ст. 4 во врска со ст. 1 од КЗ, информираат од МВР. О.С. додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, односно во текот на 2021 година, искористувајќи ја својата службена положба и ...
Групата за човекови права FairSquare поднесе жалба до Етичкиот комитет на ФИФА поради непрофесионалното однесување на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за време на жрепката за Светското првенство 2026. FairSquare поднесе жалба против Инфантино поради неговиот однос кон американскиот претседател Доналд Трамп, што јасно ѝ даде на мундијалската жрепка политичка конотација, што е строго забрането. Главните точки во жалбата се ...
Витаминот Ц е есенцијална хранлива материја која игра многу важни улоги во здравјето. Тој е моќен антиоксиданс, неопходен е за производство на колаген и имунолошка функција и ја подобрува способноста на телото да апсорбира железо. Многу пијалаци, како што се соковите и смутијата, содржат импресивни количини на витамин Ц и можат да бидат практичен начин за зголемување на внесот. Сок од портокал Чаша свежо исцеден сок од портокал обезбедува ...
Јапонија издаде предупредување за мегаземотрес откако земјотрес со магнитуда од 7,5 степени го погоди источниот брег на Аомори, најсеверната префектура на главниот остров Хоншу во Јапонија. Службениците изјавија дека веројатноста за земјотрес поголем од 8 степени е само 1%, но се надеваат дека предупредувањето ќе осигури дека јавноста е подготвена во случај на голем земјотрес што би можел да има иста разорност како катастрофата од 2011 година ...
Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи кон Европската Унија (ЕУ) во исто време, велејќи дека Црна Гора, сепак, ќе „чека“ таму од 2028 година, објави Анадолија. „Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ние ќе ве чекаме таму веќе во 2028 година и ве охрабруваме навистина да побрзате и да ги ...
Пратеникот на партијата Левица, Амар Мециновиќ, на Анкетната комисија иницирана од родителите на загинатите во Кочани, истакна дека централниот елемент на дискусијата треба да биде недостатокот на одговорност од страна на институциите. Истакна дека кога се случи трагедијата, на сите им било јасно дека системот потфрлил, но проблемот, според него е во тоа што институциите се изземени од одговорност заради приватниот интерес кој генерира пари ...
Фудбалерите на Ливерпул остварија голема победа во 6. коло од лигашката фаза на Лигата на шампионите, откако го победија Интер со минимални 1:0 на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано. Дербито на вечерта во Лигата на шампионите ги разочара навивачите бидејќи долго време немаше голови, ниту премногу вистински возбудувања, а потоа еден мал детаљ го одлучи победникот. На самиот крај од натпреварот Алесандро Бастони го повлече Флориан Вирц за ...
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. ...
Добри вести - Windows конечно доби ажурирање кое всушност вреди нешто. Вистина е, ова веројатно нема да биде особено корисно некое време, но темелите конечно се поставени: вашите апликации ќе можат сами да се ажурираат благодарение на новата платформа „Unified Update Orchestration“ (UOP). UOP ќе презема и инсталира ажурирања во зависност од активноста на корисникот и состојбата на системот. За разлика од она што го прават Windows Update или ...
Начинот на кој се префрламе од Android на iPhone и обратно се менува засекогаш. Google и Apple работат на заедничка функција која целосно ќе го промени преносот на податоци помеѓу старите и новите Android и iPhone уреди. Првите траги веќе се појавија во верзијата Android Canary. Во соработка што никој не ја очекуваше, Google и Apple ги здружија силите за драстично да го променат начинот на кој се префрламе од Android на iPhone и обратно. ...
Студијата SOLIS100 бара кандидати кои ќе ги тестираат границите на човечката психологија и физичката издржливост 100 дена, а за возврат добиваат 23.000 евра. Апликациите се отворени, но критериумите се високи. Дали би биле подготвени целосно да се изолирате од надворешниот свет 100 дена и да живеете во симулирана вселенска станица, под строги правила и 24-часовен надзор? Токму ова е предизвикот што го нуди студијата SOLIS100, која Германскиот ...
Силен имунолошки систем е најдобрата одбрана на телото од болести, а одредени витамини и минерали можат да помогнат во неговото зајакнување. Иако ниедна храна не може сама по себе да спречи болести, исхраната богата со хранливо вредни суперхрани е неопходна за одржување на оптимална имунолошка функција, пишува Health.com. Агруми Агрумите се добро познати сојузници на имунитетот. Овие овошја, меѓу кои се портокали, грејпфрути, мандарини, ...
Настинка може да се појави во секое време од годината и секој може да настине. Важно е да бидете подготвени за брзо закрепнување. Општ лекар кој објавува содржини на TikTok сподели корисен совет кој може да помогне во борбата против настинката. Иако не е можно целосно да се спречи настинката, можно е да се ублажат симптомите и да се забрза закрепнувањето. Таа советува едноставно консумирање на витамин Ц и цинк за да се спречи влошување на ...
Од 15 декември, Марс во Јарец носи огромна промена: Сите знаци имаат можност да напредуваат на работа. Овој транзит ја завршува годината, но исто така отвора нова, па затоа делува како мост помеѓу она што го оставаме зад себе и она што го градиме. Кога Марс ќе се придружи на енергијата на Јарецот, успехот не доаѓа брзо, но доаѓа сигурно. Моќниот, амбициозен и упорен Марс влегува во полето на Јарецот на 15 декември и ќе остане таму до 23 ...
Последното коло од Лигата на шампионите пред зимската пауза започна во необично време, во 16:30 часот по македонско време. Олимпијакос победи со 1:0 на гости кај Каират во Казахстан благодарение на голот на Гелсон Мартинс во 73-тата минута. Каират не го одигра овој натпревар во својот роден град Алмати, туку го пречека Олимпијакос во Астана, главниот град на Казахстан. Зад ваквиот потег стојат екстремните зимски температури во Казахстан. ...