Кина ја предупреди администрацијата на претседателот Трамп да не ги разгорува трговските тензии со враќање на царините за нејзините стоки следниот месец и се закани дека ќе се одмазди против земјите што ќе склучат договори со САД за да ја исклучат Кина од синџирите на снабдување. Вашингтон и Пекинг се согласија на трговска рамка во јуни со која се воспостави кревко примирје, но со многу детали сè уште нејасни, трговците и инвеститорите од ...

Македонија бележи голем скок кај извозот во САД- во мај надмина 28 милиони долари, што е три и пол пати повеќе во споредба со истиот месец лани, кога извозот изнесувал 8,2 милиони долари. Во истиот период, увозот од САД бил на речиси исто ниво како и лани – 17,6 милиони долари. Во првите пет месеци од годинава, македонскиот извоз во САД достигна 106 милиони долари, тројно повеќе во однос на 32,3 милиони во истиот период од 2024 година. Увозот ...

Во текот на месец мај од Македонија биле извезени стоки во вредност од 745 милиони евра, што претставува неочекуван висок раст од 23,44%. Во мај годинава биле извезени за 141 милион евра повеќе стоки отколку во мај 2024 година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Статистиката покажува дека ова е највисок раст на извозот во последните две и пол години, односно од октомври 2022 година. Во изминатата година, пак, ова ...

Неочекувано зголемување: По застојот во април, индустриското производство во Германија неочекувано повторно порасна во мај. Три сектори се одговорни за зголемувањето. Германското индустриско производство неочекувано повторно порасна во мај. Производството во компаниите се зголеми за 1,2 % на месечно ниво и 1% на годишно ниво, објави Федералниот завод за статистика. Аналитичарите очекуваа понатамошен, иако мал, пад на индексот за мај. ...

Британската влада презентираше нова десетгодишна индустриска стратегија во која, меѓу другото, се планирани намалување на цените на електричната енергија за економијата за една четвртина и низа мерки за поддршка на енергетско интензивните индустрии. Индустриската стратегија се фокусира на осум сектори Модерната индустриска стратегија ќе помогне во создавањето најповолни услови во клучните сектори на Велика Британија за бизнисите на иднината, ...

Светската здравствена организација ги притиска земјите да ги зголемат цените на зашеќерените пијалоци, алкохолот и тутунот за 50% во следните 10 години преку оданочување, што е нејзина најсилна поддршка досега за даноците за да се помогне во справувањето со хроничните проблеми со јавното здравје. Здравствената агенција на Обединетите нации соопшти дека овој потег ќе помогне во намалувањето на потрошувачката на производите, кои придонесуваат ...

Европската економија би можела да изгуби 0,5 процентни поени од својот раст во 2025 година поради неодамнешните топлотни бранови, проценува „Алијанц Трејд“. „Климатските промени ја зголемуваат фреквенцијата и интензитетот на екстремните температури, правејќи ги топлотните бранови, сушите и шумските пожари „нова нормалност“, со значителни економски последици“, нагласува подружницата на германската осигурителна група „Алијанц“ во соопштението. ...

Околу 100 земји ќе бидат предмет на реципрочна царина од 10%, изјави американскиот секретар за финансии Скот Бесент, додавајќи дека очекува „лавина“ од трговски договори да биде објавена до крајниот рок на 9 јули, кога царините би можеле значително да се зголемат, објави Ројтерс. „Ќе видиме како претседателот сака да се однесува кон земјите што преговараат – дали е задоволен што преговараат со добра намера. Мислам дека околу 100 земји ќе ја ...

Македонската компанија Алкалоид доби признание за големата посветеноста на одржливоста и усогласувањето со ESG критериумите во своето работење добивајќи бронзен медал EcoVadis, глобално реномираната платформа за проценка на одржливоста. Наградата претставува значаен скок и подобрување на рангирањето од 2024 кога Алкалоид имаше оценка „Посветеност, што укажуваше на раната фаза на усогласување со ESG (еколошки, социјални, управувачки) ...

Американската компанија „Gentherm“ (Гентерм), која веќе поседува фабрика во ТИРЗ Прилеп, го проширува своето производство во Македонија со нова, значајна инвестиција. Како што објави премиерот Христијан Мицкоски, инвестицијата, според деловниот план на компанијата, ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра и ќе донесе 300 нови работни места. „Станува збор за производство на високоинтегрирани системи за автомобилската индустрија — со нова ...

Македонскиот бренд за храна „Mamas Food“ го рекламира својот најпознат производ — ајварот, во срцето на Менхетен, на Тајмс Сквер во Њујорк. Брендот „Mamas Food“ нуди повеќе производи, меѓу кои се добро познатиот MAMA’S Ајвар, малиџано, салса, слатко од киви, слатко од смокви и ореви, корнишони, тавче-гравче и подварок. Зад производите на овој македонски бренд стои компанијата „Тргопродукт“ од Струмица, која над 60% од своето производство го ...

Македонскиот бренд за храна „Mamas Food“ го рекламира својот најпознат производ — ајварот, во срцето на Менхетен, на Тајмс Сквер во Њујорк. Брендот „Mamas Food“ нуди повеќе производи, меѓу кои се добро познатиот MAMA’S Ајвар, малиџано, салса, слатко од киви, слатко од смокви и ореви, корнишони, тавче-гравче и подварок. Зад производите на овој македонски бренд стои компанијата „Тргопродукт“ од Струмица, која над 60% од своето производство го ...

Во периодот од јануари до април годинава, од Македонија се извезени близу 1.300 тони јагнешко месо, при што е остварен извозен приход од 11,2 милиони евра. Вредносно, извозот на јагнешко месо во првите четири месеци од годинава е намален за 9,3% во споредба со истиот период лани, додека обемот на извезено месо бележи пад од 12,5%. Најголем извоз е остварен во Хрватска, во вредност од 3,8 милиони евра. Втор најголем извозен пазар е Бугарија, ...

„Потрошувачите денес имаат поголеми барања, а ние во Лидл секогаш се трудиме да ги исполниме нивните критериуми за побезбедна, поздрава и поквалитетна храна. Преку соработката со Лидл и македонските компании добиваат можности за сертификација на своите производи со Global GAP и GRASP сертификатите, а со тоа и да ги пласираат своите производи подобро на европските пазари“ изјави Милена Драгијска-Денчева, извршен претставник на Лидл на ...

Минатата година од Македонија биле извезени 13 илјади тони млеко и млечни производи во вредност од 34 милиони евра. Вреедноста на увозот е зголемена за 34%, додека количината на продадени млечни производи продадени во странство бележи раст од 38%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Истата 2024 година увозот на млечни производи во странство надмина рекордни 104 милиони евра, што е историски највисока вредност досега во ...

Двете водечки хрватски прехранбени компании, Подравка и Краш, започнаа деловна соработка на настап на пазарот во Соединетите Американски Држави (САД). Долгогодишните деловни партнери сега дополнително ја зајакнаа својата соработка преку дистрибутивно партнерство, во кое компанијата на Подравка, Подравка САД, ја презеде улогата на увозник и дистрибутер на производите на Краш на територијата на САД. Оваа соработка претставува стратешки чекор ...

Телеком Италија (TIM) ги откупи правата за емитување на „Сказните на Биби“ на својата СВОД платформа „TIMVision“, објави поратлот Факултети.мк. Договорот помеѓу „Телеком Италија (TIM)“ и Светот на Биби” бил потпишан вчера, а емитувањето започнува од септември 2025 година. „Светот на Биби“ е најуспешниот едукативно-забавен бренд за деца во Македонија и пошироко во регионот. Со над 100 милиони прегледи на Јутјуб, брендот ги освојува срцата на ...

Во текот на 2024 година, Македонија извезла електрична енергија во вредност од 185,4 милиони евра, што претставува намалување од 21,3% во споредба со 2023 година, кога извозот изнесувал 235,5 милиони евра. Најголем извоз на електрична енергија лани е остварен кон Бугарија — 56 милиони евра, кој е трикратно зголемен во споредба со претходната година. Потоа следуваат Србија со извоз од 43 милиони евра, Грција со 38 милиони евра, Косово со 23 ...

Гаранцијата што Македонија ја добива од Обединето Кралство за кредитирање, значи многу за општата стабилност на државата и за регионот, бидејки Обединетото Кралство се значаен фактор во светот и на политички и на економски план. И ваква една земја да гаранатира за одредени средства за нашата држава значи дека застанува зад нас и тоа е значаен поттик за политичко средување на состојбите а и за економската активност. На економски план, секоја ...

Во текот на 2024 година во Македонија биле произведени 87 милиони литри вино, покажуваат податоците на Меѓународната организација за лозарство и винарство (OIV). Според нив, Македонија е 21-ви најголем производител на вино во светот. Од земјите во регионот, пред нас е Грција, која лани произвела 139 милиони литри вино. Сепак, далеку поголем производител од Македонија е малата Молдавија, со 107 милиони литри произведено вино. Меѓу земјите кои ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки во Македонската банкарска асоцијација ги претстави предлозите за намалување на провизиите коишто ги плаќаат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги. Целта на иницијативата е провизиите да се постават на ниво кое ќе биде одржливо за банките, но истовремено да бидат фер и прифатливи за ...

Европскиот пазар на автомобили малку се зголеми во мај, бидејќи силната побарувачка за електрични и хибридни возила помогна да се компензира влијанието на нестабилната економија погодена од глобалните трговски тензии. Регистрациите на нови автомобили се зголемија за 1,9% во мај, во однос на претходната година на 1,11 милиони единици, според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили. Растот на на големите пазари како ...

Македонската компанија Виталиа, добро позната по своите иновативни производи кои спојуваат здравје, вкус и практичност, официјално започна со продажба и на унгарскиот пазар. На унгарските потрошувачи им се понудени три клучни продукт линии: гранола без додаден шеќер, која нуди полн вкус без компромиси; протеинска гранола, формулирана за активни луѓе и љубители на балансирана исхрана; и кето гранола, со низок удел на јаглехидрати, идеална за ...

Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и Зaпаден Балкан „Во изминатата година покажавме дека Царинската управа е силно посветена на зајакнување на конкурентноста на македонската економија, подобрување на поврзаноста со регионот преку модернизација и отворање нови гранични премини на коишто посветено работиме, како и имплементација на нови технолошко напредни комуникациски системи. Ваквата реформска агенда на која сме ...

Германската економија е заглавена во криза речиси три години. Институтот Ифо сега очекува раст од 1,5 % за 2026 година – речиси двојно повисок од првично очекуваниот. Сепак, економистите гледаат и ризици. Според новата економска прогноза на Институтот Ифо, германската економија ќе ја надмине својата тригодишна криза до 2026 година. Економските истражувачи со седиште во Минхен значително ја зголемија својата економска прогноза за следната ...

Цените на нафтата скокнаа за повеќе од 4 долари за барел, достигнувајќи ја највисоката цена за речиси пет месеци откако Израел го нападна Иран, драматично ескалирајќи ги тензиите на Блискиот Исток и зголемувајќи ја загриженост за прекини во испораките на нафта. Фјучерсите за сурова нафта Брент скокнаа за 4,60 долари, или 6,63%, на 73,96 долари за барел, највисока цена од 27 јануари. Американската сурова нафта од Западен Тексас порасна за ...

Во текот на 2024 година, од Македонија биле извезени автомобилски делови во вредност од 185 милиони евра, што претставува пад од 20,8% во споредба со претходната година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. За 21% бил намален и обемот на извезени автомобилски делови. Станува збор за производи од тарифата 8708 (делови и прибор за моторни возила од тарифни броеви 8701 до 8705). Најголем извоз на автомобилски делови од ...

Во последните две години се забележа остар пораст на цените на шеќерот. Големата суша и високите температури влијаеја и на производството на шеќерна репка и шеќерна трска, зголемувајќи ги цените и принудувајќи ги производителите на храна и пијалоци да ги преформулираат или зголемат цените на производите. И зголемувања не се забележани само кај шеќерот. Индустријата за храна и пијалоци е погодена од безброј зголемувања на цените на стоките, ...

Во духот на заедничката определба за поттикнување на економскиот развој и за зајакнување на институционалната соработка, во Народната банка денес се одржа средба меѓу гувернерот Трајко Славески и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески. На средбата беше нагласена важноста на постојаниот дијалог помеѓу носителите на економската политика и бизнис-заедницата, особено во контекст на актуелните светски и ...

Неколку европски фабрики за делови го прекинаа производството поради недостиг на ретки земни метали предизвикан од воведувањето ограничувања на извозот од страна на Кина, соопшти европското здружение на добавувачи на автомобили CLEPA, при што ситуацијата веројатно ќе се влоши, објавува Automotive News. Од стотиците барања за извозни лиценци поднесени од добавувачите на автомобили од почетокот на април, само една четвртина се одобрени досега, ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
70%
1026
weather icon

Загреб

10ᴼ / 5ᴼ
1.03
64%
1026
weather icon

Софија

7ᴼ / 1ᴼ
3.09
61%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.98
82%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.27
68%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.24
62%
1025
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
61%
1026
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 2ᴼ
3.09
66%
1030
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 1ᴼ
0.89
59%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
59%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Алуминиум

3.29

Злато

163613.54

Паладиум

51794.85

Цинк

3.27

Рутениум

45750.51

Бакар

11.75

Сребро

2648.90

Калај

50.04

Иридиум

229769.28

Кобалт

66.14

Платина

67998.83

Родиум

368126.05