Стравот од неможноста за играње на Call of Duty на PlayStation 5 ја натера Федералната комисија за трговија да размисли да го сопре купувањето на Microsoft на Activision Blizzard. Activision Blizzard е американска холдинг компанија за издавање видеоигри со седиште во Санта Моника, Калифорнија. Основана е во 2008 година со спојување на Activision, Inc. и Vivendi Games. Двете компании се договорија во јануари минатата година за сума од 68,7 ...

Иако во моментов фокусот на сите фанови на спортот се финалните натпревари на Светското фудбалско првенство во Катар каде што финишот станува се поинтересен, истовремено во Денпасар, Бали, во Индонезија се одржа 14-тото Светско првенство во е-спорт. Додека во Катар немаме репрезентација, во Индонезија имаме претставници, и тоа најдобрите! Викендов е-спорт тимот BLUEJAYS во состав Јане „aidKiT“ Апостолоски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, ...

Десетина дена пред официјално да излезе Raptor Lake серијата процесори од Intel, компанијата потврди дека BIOS сорс кодот на Alder Lake процесорите е објавен онлајн. Минатата недела Twitter корисник со псевдоним „freak“ објави дека сорс-кодот на Alder Lake UEFI фирмверот е објавен на 4chan. Линкот води до GitHub „repository“ со име „ICE_TEA_BIOS“ Alder Lake е името на 12-тата и сѐ уште актуелна последна генерација на Intel процесори. Intel ги ...

Microsoft е извор на едно од најголемите протекување на податоци последниве неколку години. Во над 2,4 терабајти податоци се вклучени фактури, договори, информации за договори, електронска пошта на 65000 компании, од последните 5 години. Протекувањето на податоци го открија и споделија безбедносните експерти на SOCRadar. Протекувањето е откриено благодарение на „Cloud Security Module“ развиен од SOCRadar. „Податоците од BlueBleed вклучуваат ...

Веќе трет месец по ред наставата на учениците во Скопје редовно се прекинува со дојави за поставени бомби. Дојавите пристигаат и во другите градови, а освен училишта, бомби започнаа да „се дојавуваат“ и во државни институции, на железничката станица, во трговски центри… Иницијалните дојави на почетокот од оваа сага доаѓаа од ProtonМail. Единствениот приведен за овој случај, всушност беше невин и наскоро беше ослободен. Во периодов се ...

Групата која работи на развој и одржување на популарната Python библиотека за машинско учење PyTorch имаше „возбудливи“ Новогодишни празници. Администраторите на PyTorch ги предупредија сите корисници кои инсталирале PyTorch-nightly да го проверат својот систем. Верзијата на PyTorch-nightly која беше достапна од 25-ти декември до 30-ти декември доаѓа со компромитирана депенденси (dependency). Дел од „torchtriton“ во оваа верзијата на ...

Во 2019-та инспирирани од како тоа го прави StackOverflow, решивме да започнеме слично истражување на локално ниво наречено “Мапирање на ИТ индустријата во Македонија” преку метод на анонимна анкета во кое тогаш учествуваа повеќе од 1.000 лица и ни дадоа корисен фидбек за индустријата во земјава. Резултатите беа бесплатно јавно споделени и сè уште се достапни на овој линк. Оваа година, решивме да го повториме истражувањето и да направиме еден ...

На 15-ти јуни го отпочнавме процесот на прибирање на податоци за истражувањето Мапирање на македонската ИТ индустрија – издание 2022, во кое за само 24 часа ги добивме таргетираните 1.000 учесници. Ви благодариме на довербата! И покрај стартниот успех, одлучивме да го истераме истражувањето заклучно со 10-ти јули, до 23.59 часот, па по тој повод би сакале да упатиме последен повик до сите оние ИТ професионалци кои се уште го немаат пополнето ...

Топ три примарни програмски јазици кај македонските програмери и девелопери се JavaScript, Java и C#. Оваа статистика ја потврдува мапирањето на ИТ индустријата – издание 2022, во кое 22.41% од интервјуираните ИТ професионалци (1.785 валидни одговори за ова прашање) во сегментот програмирање/девелопмент го избраа JavaScript како примарен програмски јазик, додека за 14.45% од нив изборот беше C#, а на трето место со 13.89% е Java. 50% од ...

Програмерите кои користат алатки базирани на вештачка интелигенција како Github Copilot или Facebook InCoder, пишуваат понебезбеден код од програмерите кои не користат вакви алатки. Како дополнителен проблем програмерите кои користат вештачка интелигенција, веруваат дека пишуваат безбеден код. Ова го покажа истражувањето на Универзитетот Станфорд. Резултатите од истражувањето се објавени во труд со наслов „Дали корисниците пишуваат ...

Кога се работи за дигитална симулација на животи, нема подобра игра од која било игра од The Sims серијалот. The Sims 4 е исклучително комплексна и детална симулација која стануваше се подобра со секоја експанзија. Се чини дека конечно доаѓа времето играта да биде проверена од повеќе играчи. Од 18 октомври, The Sims 4 ќе биде бесплатна на сите платформи, почнувајќи со Mac, движејќи се кон PlayStation 4, PlayStation 5, Xbox One, and Xbox ...

Шпионски скандал во Грција ја принуди владата на оваа соседна земја во целост да ја забрани трговијата со шпионски софтвер. Предлог законот кој пред пратениците треба да се појави наскоро, доаѓа откако весникот Documento објави листа на 30 имиња кои биле следени. Новинарите тврдат дека помеѓу следените луѓе има политичари, бизнисмени и министри, а следењето го правеле државни агенции. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го обвини весникот за ...

Twitter најави многу промени кои треба да ја направат платформата значително попрофитабилна во иднина. Целта на овие промени е микро-блогот да ја удвои својата заработка до 2023 година. „Super Follow“ е прв „производ“ од Twitter за кој корисниците ќе треба да платат. Ова е нов начин на кој корисниците ќе можат да ги поддржат своите омилени креатори на содржина. Од дел од споделените слајдови може да се забележи дека претплата ќе чини 5 ...

Најновата и најинтересна друштвена мрежа во моментов Clubhouse е пред куп предизвици поврзани со приватноста. Покрај дел од другите пропусти снимањето на разговори ќе биде и најмал пропуст. За среќа бројот на корисници е релативно мал, па платформата може да ги надмине овие проблеми пред да продолжи со уште поголемо ширење. Одлична листа на сите поголеми пропусти за приватноста може да погледнете на Inc. Снимање на разговорите Clubhouse чува ...

Иако имал податоци Facebook ги игнорирал предупредувањата за пропусти кои им овозможувале на политичките кампањи да ја манипулираат јавноста. Интерна документација од друштвената мрежа до која дојде Guardian го покажува непреземањето на мерки во случаи на манипулација која била откриена од вработените во Facebook. „Многу од работите кои прават штета на Facebook не се поправаат бидејќи Facebook не смета дека се доволен ПР ризик. Последиците не ...

На виртуелната реалност и недостасува содржина и поголема прифатеност, но Facebook веќе започна да им покажува реклами на првите корисници. Рекламите за Oculuс засега се во тест фаза, а може да ги забележат играчите на играта Blaston. Ова е почеток, но веќе има најави за додавање на виртуелни реклами и во видеоигрите на други развивачи. „Ова е нова иновација во рекламната индустрија и сè уште сме на почеток. Во моментов инвестираме во ...

TikTok e најновата и најбрзо растечка платформа за споделување и гледање видео содржина. Една од причините за ова е алгоритамот кој го користат за прикажување на содржина. TikTok секако не е исклучок; сите конкуренти од YouTube до Facebook користат некаков алгоритам за изборот на содржина која се прикажува на корисниците. Алгоритмите на TikTok се чини дека се направени да ја пронајдат и да ни ја прикажат содржината која најдолго нè задржува ...

Популарната друштвена мрежа за споделување на куси видео записи – TikTok, има навистина импресивен раст. Минатата недела објавија дека имаат 1 милијарда активни корисници месечно. TikTok успеа да дојде и до над 3 милијарди преземања глобално и со ова е единствена апликација која не е под Facebook со олкав број на преземања, вели TechCrunch. Aпликацијата е слична на поранешниот Vine или на делот на Instagram Stories. Им овозможува на ...

Најголемата друштвена мрежа ќе се преструктуира и ќе го промени своето име во Meta. Ребрендирањето треба да помогне да се разделат останатите делови компанијата од друштвената мрежа. Заедно со името, Facebook го менува и логото, па палецот наскоро ќе биде заменет со мета симболот. „Нашиот бренд е толку поврзан со еден производ што нема никаква можност да покаже што сè правиме денес, и уште повеќе што ќе правиме во иднина“, вели Марк ...

Речиси е неверојатно, но TikTok, платформа која само до пред неколку години не постоеше денес е на врвот по бројот на посети во 2021 година. Во 2021 го преземаа првото место од Google и се најпосетуван вебсајт оваа година, покажува анализата на податоците на Cloudflare. Што е TikTok TikTok минатата година беше на седмото место според бројот на посети. За да стигне до врвот сајтот ги прескокна и Facebook, Microsoft, Apple, Netflix и Amazon. ...

Ви опадна активноста на Facebook и се најдовте себе си како скрулате низ содржина која веќе нема логика и се решивте да го избришете вашиот профил, но бидејќи имате куп слики и пораки кои не сакате да ги загубите, правите компромис и не постапувате кон целосно бришење на профилот, туку правите само деактивација… Со ова дефинитивно сте направиле добар потег – бидејќи помалку време на друштвените медиуми, значи повеќе време за вас… но иако со ...

Покрај мировните преговори, војната во Украина продолжува. Оваа недела на друштвените мрежи се појави видео обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое ги советува украинските трупи да се предадат. Видеото се распространи преку друштвените мрежи, но за среќа Metа релативно брзо го отстрани видеото. Причина за отстранувањето е што видеото е лажно – „deepfake“ видео. Украинската ТВ-станица TV24 објави дека на 16-ти март биле ...

Компанијата Meta во чија сопственост се Facebook, Instagram и WhatsApp ќе мора да се збогува со Giphy. Британската агенција за заштита на конкуренцијата ѝ нареди на компанијата да ја продаде популарната платформа за GIF анимирани слики. Ова е потврда на одлуката која агенцијата ја донесе пред една година (ноември 2021), но тогаш по жалбата на Meta беше одложена. Случајот беше вратен до Агенцијата за заштита на конкуренција и пазар ...

Оваа недела за Twitter започна со распуштање на бордот на директори и со нивна замена со Елон Маск. Новиот сопственик сега е единствен на врвот на компанијата, иако веќе најави дека ова е привремено, и бордот ќе се врати во иднина. Купувањето започна и беше најавено во април, но по спорот со бројот на ботови купувањето се оддолжи. Уште веднаш дел од познатите личности најавија дека ако милијардерот го купи микроблогот тие ќе си одат. Сепак ...

Mесецов за жал медиумите многу повеќе пишуваа за отпуштањата од Twitter отколку за луѓето кои решиле да останат, за нови вработувања или пак за некои нови функционалности кои платформата ги лансираше. Неделава, благодарение на едно познато име во ИТ индустријата кое се пријави за дванаесет неделна пракса во Twitter, текот на вестите за Twitter барем малку се промени. Џорџ Френсис Хоц (George Francis Hotz) е хакер, претприемач и софтверски ...

Многу фотографии и видеа подлежат под авторски права и не можете слободно да ги користите без да му платите на авторот или да побарате дозвола. Pexels е веб сајт кој има милиони фотографии и видеа кои се поставени од автори кои дозволуваат бесплатна употреба без никакви ограничувања. Со посетување на сајтот можете да видите што е тренди или ново во моментот, а штом кликнете на фотографија, можете истата да ја сместите во ваша колекција, да ја ...

Пред само неколку месеци најголемиот проблем на компаниите кои работеа во техничко-технолошкиот сектор беше недоволниот број на квалификувани работници. Денес само неколку месеци подоцна најлаички гледано се чини дека ИТ компаниите не знаат што да прават со работниците кои ги имаат, меѓутоа проблемот е малку поспецифичен и ја инволвира продуктивноста и одржливоста на компаниите. Отпуштањата во ИТ секторот продолжуваат, а ниту вработените во ...

PDF форматот е еден од најраспространетите формати, но знае да биде предизвик кога ќе наидете на некој документ во кој сакате да вметнете дополнителни елементи, да одстраните или прилепите страни, како и да го конвертирате документот во некој друг формат. Sejda е вебсајт кој нуди директен пристап до над 30 онлајн алатки за максимална манипулација со PDF документите. Откако ќе прикачите некој документ, лесно можете да започнете со вметнување ...

Дали конечно ти е преку глава од Twitter? Еден дел од корисниците кои го напуштаат микро-блогот по неговото преземање од Елон Маск се префрлаат на платформата Mastodon. Од минатата недела Mastodon има 2.5 милиони активни корисници месечно, а само во еден ден добиле 180.000 нови корисници. Што е Mastodon? Mastodon е друштвена мрежа, иако е многу поблиска до платформа. За разлика од останатите друштвени мрежи, Mastodon им овозможува на сите да ...

Дали често ви се случува да започнете со работа на компјутерот, па само на „кратко“ да посетите еден веб сајт, само за да се изгубите во море од сајтови и со часови непотребно да губите време? Со Productivity Owl нема баш да можете така. Не не, по инсталирање на оваа екстензија, како дел од вашиот прелистувач ќе се вдоми осудувачко бувче коe постојано ќе ве опоменува дека премногу време посветувате на непотребни сајтови и дека мора да се ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
58%
1026
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
49%
1027
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
43%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
54%
1028
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.94
54%
1029
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.45
61%
1028
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
5.14
54%
1025
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
32%
1025
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
42%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
54%
1031
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.58
37%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
50%
1029
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Калај

50.64

Алуминиум

3.42

Иридиум

231355.22

Кобалт

66.14

Родиум

372948.66

Бакар

11.73

Паладиум

51794.85

Цинк

3.24

Сребро

2711.59

Злато

166253.76

Платина

68963.35

Рутениум

47358.05