Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Одвреме-навреме, се случува да се појави игра која успешно го размрдмува калапот со свежи и иновативни идеи. The Wandering Village, развиена од швајцарското студио Stray Fawn Studio, е наслов кој не се плаши да заплива во непознати води. Оваа игра ве става во улога на водач на мала група преживеани во еден суров, постапокалиптичен свет, но со еден уникатен пресврт – вашиот нов дом е грбот на колосално, древно суштество кое талка низ ...
Пред извесно време, имавме можност да го испробаме демото за играта Mycopunk. Уште тогаш, демото вети уникатно искуство што комбинира елементи од популарни наслови како Deep Rock Galactic и Risk of Rain, но со впечатлив визуелен (и гејмплеј) стил кој силно потсетува на Borderlands. По неколку месеци, играта конечно пристигна на Steam Early Access, нудејќи им можност на играчите да влезат во улога на необични роботи и да ја исчистат ...
Верувале или не, The Sims 4 пали и жари нешто повеќе од една деценија. Развиена од Maxis и објавена од Electronic Arts, The Sims 4 со текот на годините прерасна во најголемата и најдолготрајната игра во серијалот. Оваа трансформација е резултат на континуираната поддршка преку огромен број на дигитални содржини за преземање, кои не само што ги вратија бараните елементи, туку и го проширија светот на играта далеку надвор од првичната замисла. ...
Songs of Conquest уште од самиот почеток се етаблираше како достоен духовен наследник на класичните стратегии на потези, но со секоја нова експанзија, докажува дека има и сопствен, уникатен идентитет. Најновиот додаток, The Roots, не е само пакет со нови единици, туку е длабока и инвентивна ревизија на основните механики на играта. Доаѓајќи од морничавите дивошуми, оваа свесна колонија од растенија, габи и реанимирани коски носи нешто што ...
Во Македонија последните неколку години за жал се навикнавме дека секое лето од средината ја јули пожарите да ни стануваат секојдневие. Ниту ова лето не е исклучок, и повторно мора да се надеваме на херојството на пожарникарите или на промена на временските услови. Минатата година EarthCare.ai претстави алатка која ги визуелизира пожарите. Оваа година ја имаме Fires.mk, веб-страница со слична функционалност, и поедноставна за користење. ...
Влезете во светот на Tiny Pixels Vol. 2 – Stormy Knights Tiny Pixels Vol. 2 – Stormy Knights e игра во која имате за задача да патувате низ континентот и да ги спасите сите принцези кои се заробени од монструозни суштества. Преку едноставна графика и едноставни гејмплеј механики со впечатлив систем за надградба, ќе навлегувате во пикселизиран свет каде што секој замок крие нови опасности и секоја спасена принцеза е чекор поблиску до витешката ...
Што е саботна симс средба? Претходните саботи разгледувавме: Натприродна забава Натприродните содржини во The Sims серијалот отсекогаш ни биле омилени. Паметиме колку бевме импресионирани од Makin Magic експанзијата за првата игра. Од тогаш наваму, секоја нова The Sims игра се раздлабочува со интересни натприродни елементи. Како најдолговечна игра, The Sims 4 има разработувано многу натприродни теми, но никогаш ги нема детално чепнато ...
Ако по нешто ја паметиме далечната 2002 година, тоа е по Stronghold Crusader. Оваа феноменалнна стратегија остави неизбришлива трага и се истакна како напредна и крајно комплексна стратегија во реално време. Уникатната комбинација од симулација на градење замок и опсадни битки, сместена во периодот на крстоносните војни, собра легија од фанови и се наметна како освежителен продолжеток на оригиналната игра. Stronghold Crusader: Definitive ...
Светските трендови покажуваат сѐ поголем интерес за аудио книги и поткасти. Во регионот еден од предводниците на ова поле е платформата Boksy. Со над 50 000 наслови, кои вклучуваат аудио, е-книги и подкасти за сите возрасти, Boksy успешно соработува со над 230 издавачи и автори од целиот свет, нудејќи богата и разновидна содржина. Boksy нуди наслови на македонски, англиски, шведски и албански јазик, а понудата континуирано се збогатува со ...
Во првата половина на јули, Берлин стана неприкосновена престолнина на кодирањето, преку одржувањето на светскиот конгрес на WeAreDevelopers 2025 кој собра речиси 15.000 програмери од цела Европа и пошироко. Во текот на тридневната конференција, на главната сцена и на единаесет специјализирани сцени, говорници од технолошки гиганти како NVIDIA, GitHub, Amazon, Atlassian и OpenAI ги споделија своите сознанија, заедно со легенди во гејмингот од ...
Mirthwood, развиена од Bad Ridge Games и објавена од V Publishing, е RPG симулација која ве носи во извонредно детален средновековен свет. Бегајќи од континент зафатен од војна, вие пристигнувате во нова, непозната земја, каде што ви се нуди можност за сосема нов почеток. Во овој вошебен свет се поставува прашањето дали да изградите мирен дом, да се посветите на земјоделство и трговија, или пак ќе ги откопате ратните секири и ќе се фрлате од ...
Gaucho and the Grassland е авантуристичка симулација која ве става во чизмите на Гаучо, латиноамерикански каубој. Чедото на Epopeia Games e замислено да ви дозволи да го истражите светот околу вас и да создадете похармонично место за живеење. За разлика од традиционалните игри во овој жанр, овде земјоделството е во втор план. Примарниот фокус е ставен на грижата за животните. Вашата задача е да изградите совршени засолништа за нив, да се ...
Wonder Boy: Asha in Monster World е игра која, всушност, претставува целосна и модерна преработка на култниот класик Monster World IV од 90-тите години. Играта, која е направена од страна на оригиналниот креативен тим, ве вовлекува во авантурата преку која ја следите Аша, млада и храбра воинка која, заедно со нејзиниот верен придружник, тргнува на епско патување за да го спаси својот свет од мистериозната темнина што му се заканува. Иако ...
Доколку сте фанови на metroidvania жанрот, тогаш не би требало да ја заобиколите играта на норвешкото студио Rock Pocket Games. Нивниот наслов Somber Echoes успева да внесе свежина преку една неочекувана, но импресивна фузија: грчко-римска митологија и научно-фантастичен хорор. Играта нè носи на вселенскиот брод „Атромитос“, некогаш горд симбол на грчко-римската естетика, а сега мрачно легло на ужаси од непозната димензија. Во овој хаос, ...
Како освежителен хибрид, Nova Hearts е замислена да понуди уникатно искуство кое е исполнето со мистерија, романса и космички битки. Развиена од студиото Sonderlust, оваа игра амбициозно спојува симулатор за состаноци со елементи на визуелен роман и стратешка борба заснована на потези. Како резултат, добивате забавен продукт исполнет со уникатен визуелен стил, суптилни, но преубави анимации и впечатлив наратив кој целосно ќе ве преземе во ...
Уште една недела и уште неколку интересни игри кои би можеле да проверите. Независно од вашиот вкус, барем една од овие три игри би можеле да ви помогне полесно да се справите со летните горештини! Music Drive: Chase the Beat: Потера по ритамот Во Music Drive: Chase the Beat, една банда има украдено хард дискови со сè уште необјавени хитови, со намера да доминира на музичките топ листи. Вие сте во центарот на возбудлива трка со времето за да ...
Додека светот се натпреварува кој побрзо ќе ја искористи вештачката интелигенција (ВИ), преку големи јазични модели кои им помагаат на милиони корисници, до стартапи што преку ВИ развиваат терапии за ретки болести или целосно автоматизираат деловни процеси – трката за талент и иновации не сопира, и се чини дека во последната година истата постојано руши нови рекорди. Големите компании ги откупуваат најдобрите тимови и инжинери, трошејќи ...
Издавачката куќа ININ се враќа по трети пат со нивниот ретро серијал. Овојпат IREM Collection Volume 3 e колекција која ќе ве одведе на патување низ три уникатни и фантастични светови кои, на времето, го дефинираа златнoто доба на аркадните игри. Пакетот нуди експлозивна мешавина од хаотични, едноставни, но крајно предизвикувачки механики. Но, во поглед на техничкиот дел, игрите се збогатени со модерни подобрувања кои го олеснуваат искуството ...
Што е саботна симс средба? Претходните саботи разгледувавме: Повик на природата Game Pack-от The Sims 4 Outdoor Retreat претставува интересна нова дестинација за франшизат. Имено, ова не е е експанзија; експанзиите знаат да бидат подарежливи во поглед на содржините. Game Pack-овите воведуваат нов формат на содржина кои се, грубо кажано, поскромни од експанзиите, но посадржајни од stuff pack-овите. Како прв ваков пакет, The Sims™ 4 Outdoor ...
Вчера видовме детенце како дојде до вирче, почна да се врти во круг околу него, па потоа да турка со нозете мали каменчиња, завршувајќи со епско шлапкање во бистрата вода. Bambas! е игра која сака да ве потсети на деновите кога улиците беа вашето игралиште и кога секој тротоар, пешачки премин или вирче стануваше дел од епска мисија создадена од вашата имагинација. Чедото на DevilishGames се залага да го врати токму тоа магично чувство, ...
Chained Echoes произлегува од независно студио и претставува маестрален спој на минатото и сегашноста. Иако е изградена врз темелите на златната ера на 16-битните јапонски RPG игри од 90-тите, оваа игра не се задоволува со носталгија, туку со своите иновативни механики храбро го турка жанрот напред. Резултатот е ретко видено ремек-дело кое успева да ги воодушеви гејмерите со речиси секој свој аспект. Фасцинантно е што зад целиот проект стои ...
Warhammer 40,000: Rogue Trader се прослави како значаен наслов во cRPG жанрот, нудејќи им на играчите длабоко и автентично искуство во мрачниот универзум на Warhammer 40,000. Во 2023-та година, ја имавте ексклузивната можност да навлезете во чевлите на моќен истражувач со речиси неограничена власт, што носи со себе не само привилегии, туку и тешки морални дилеми. Година дена подоцна, првото садржајно проширување, насловено како Void Shadows, ...
Израелскиот програмер Маор Шломо успеа за само шест месеци да го продаде својот стартап Base44 на Wix за 80 милиони долари во кеш. Основан на почетокот на 2025 година како самофинансирана (bootstrapped) компанија без надворешни инвеститори, Base44 стана симбол на новата генерација на производи базирана на вештачка интелигенција (ВИ) кои ветуваат целосна трансформација во начинот на градење апликации. Стартапот Base44 развива vibe-coding ...
Најновата експанзија за популарниот симулатор за лов, Hunter: Call of the Wild ве носи во срцето на Канада, во живописниот, но суров предел на Алберта. Иако на прв поглед изгледа како замрзната и пуста територија, овој нов резерват нуди богат и динамичен екосистем кој чека да биде откриен. Подгответе се за лов во екстремни услови, каде што секој чекор низ длабокиот снег може да ве одведе до незаборавна авантура. Резерватот Аски Риџ во Алберта ...
Јакуб Шмалек е име кое има огромна тежина во гејминг индустријата. Како визионерски наративен директор зад некои од најамбициозните игри на нашето време, вклучувајќи ги епските светови на The Witcher 3 и неонските улици на Cyberpunk 2077, неговата кариера е дефинирана со создавање на огромни, интерактивни приказни. Сепак, Шмалек сега го насочува својот талент кон еден поинаков медиум, истражувајќи ги границите на линеарната нарација со ...
За инвеститорите во ризичен капитал и ангел-инвеститорите кои го набљудуваат Балканот, Македонија претставува класичен парадокс на пазар во подем: изобилство од надежни основачи и подобрување на протокот на зделки, истовремено попречени од структурни пречки. Вкупното VC-финансирање во последните пет години значително заостанува зад регионалните конкуренти, принудувајќи ги инвеститорите да го искалкулираат долгорочниот потенцијал наспроти ...
ELEX е мобилна апликација (достапна за iOS и Android) и веб-платформа со целосни податоци за пазарот на електрична енергија низ цела Европа. Заборавете на пребарувањето низ повеќе извори – ELEX ги обединува сите потребни информации на едно место, правејќи ги лесно достапни и разбирливи. Доколку работите во енергетскиот сектор, тргувате со електрична енергија или едноставно сакате да бидете информирани, ELEX ви обезбедува прецизни и навремени ...
Tiny Aquarium e социјална симулациска игра која нуди мирен и релаксирачки амбиент, сместен директно на вашиот десктоп. Таа претставува еден вид жив аквариум кој продолжува да се развива дури и кога не сте активно вклучени, нудејќи уникатно искуство секој пат кога ќе ја вклучите играта. Свет што живее и без вас Tiny Aquarium може да се пофали со интересна пасивна природа каде вашиот подводен свет и неговите жители – рибите – продолжуваат да ...
По повод 25-годишнината од дебито на бестрашните без’рбетници на гејминг сцената, фановите на култната класика Worms Armageddon добија пријатно и, пред се, бесплатно изненадување. Најновото ажурирање за Worms Armageddon: Anniversary Edition, насловено како Backworms Compatible, пристигна за PlayStation 5, PlayStation 4, Xbox Series X|S, Xbox One и Nintendo Switch, носејќи со себе не една, туку три цели ретро игри од серијалот, збогатувајќи го ...
Warhammer 40,000: Darktide е игра која од 2022-та година константно се надградува и менува, се со цел да успее максимално да ве вовлече во бруталната и мрачната иднина на 41-от милениум. Како кооперативна акциона игра од прво лице, таа ве става во тимови од четири играчи против орди од непријатели. Наративната позадина, создадена од реномирани автори од Games Workshop, се фокусира на група отфрлени затвореници регрутирани од инквизицијата за ...