На 25.05.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје Б.С.(71) од Скопје пријави дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил А.Х.(18) од Скопје, кого го познавал. Потоа А.Х. го фатил детето за рака, а возачот на моторот продолжил да вози, по што тоа паднало и било влечено по улицата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 25.05.2026 ...

На 25.05.2026 околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло. Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Христо Смирненски“, а паднала и бандера која ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови. Лукаревска потенцираше дека ...

Основниот суд во Кочани закажа судско рочиште за мирење кое ќе се одржи на 26 јуни 2026 година во 11:00 часот. Рочиштето се однесува на кривичниот предмет заведен под број К-165/25, кој е директно поврзан со инцидентите и кршењето на кафуле за време на протестите за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Пред судот ќе треба да се појават Боби Дончев, Андреј Петров, Дејвид Ефремов и други лица. Тие се товарат за материјална штета предизвикана врз ...

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Од 27.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар) ...

Млад жител на Кочани го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на излезот од градот. -На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани, ...

Студија објавена во престижното научно списание „Precision Oncology“ предизвика огромно внимание на социјалните мрежи, откако научници тврдат дека пчелиниот отров успеал да уништи агресивни клетки на рак на дојка за само 60 минути. Според истражувањето спроведено од Harry Perkins Institute of Medical Research во Австралија, главната состојка на пчелиниот отров, наречена Melittin, ја напаѓа мембраната на канцерогените клетки и ги блокира ...

Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски е роден во 1949 година во Скопје и зад себе остави богата професионална кариера во новинарството, дипломатијата и државните институции. Новинарската кариера ја започнал во Скопје, а подоцна работел во агенцијата ТАНЈУГ како дописник од Австралија и Јужниот Пацифик, каде активно ја следел македонската дијаспора. Бил и автор на повеќе ...

Германската владејачка коалиција подготвува големи промени на пазарот на трудот, а главниот дел од реформата се однесува на новиот закон за работно време. Планот предизвикува силни реакции од синдикатите и работничките организации, кои предупредуваат на можно намалување на работничките права и дополнителен товар врз вработените, додека претставниците на работодавачите тврдат дека нема причина за паника. Според плановите на владејачката ...

Завчера во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки. Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за ...

Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште три точки. Пред пратениците денеска е предлог-законот за задолжување за општи буџетски потреби, во износ од 260 милиони евра, кој се носи по скратена постапка. Според Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya ...

На 24.05.2026 во 18:35 часот во ОВР Берово од Итната медицинска помош Пехчево било пријавено дека во викенд куќа во туристичката населба „Равна река”, атар на Пехчево, во сопственост на З.В. од Пехчево, при експлозија на електричен бојлер со тешки телесни повреди се здобила 42-годишната В.М. од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово. На 24.05.2026 во 18:35 ...

Астролошките констелации од вторник, 26 мај, најавуваат сериозен финансиски раст за три хороскопски знаци кои во изминатиот период се соочуваа со парични сомнежи и пресметки. Според астролозите, претстојниот бран на приливи не е резултат на случајност, туку на долготрајни процеси кои конечно доаѓаат до својата завршна и успешна фаза. „Планетите се порамнети така што земската безбедност на Бикот, амбицијата на Лавот и упорноста на Скорпијата ...

Познатиот актер и музичар Драган Спасов Дац, сподели трогателна порака за неговиот починат пријател, Ристе Велков. Драган Спасов Дац, познат македонски актер и музичар, со своите следбеници на социјалните мрежи сподеи тажна објава. Познатиот уметник со своите емотивни зборови предизвика бројни реакции и сочувства на јавноста, збогувајќи се од оперскиот пејач Ристе Велков, и неговиот син, Адам Велков. Тие во четвртокот вечерта загинаа во ...

Ние секоjдневно прашуваме, повеќе од месец дена зошто се уште не се испратени документите за екстрадиција на Груевски? Месец дена нема одговор. Поминаа две недели откако Петер Маѓар е веќе нов премиер на Унгарија. Што се случува со документите? Кога ќе бидат испратени“, прашуваат од СДСМ. Како што додаваат, повеќе од еден месец молк и избегнување одговори, јавноста конечно заслужува конечно да дознае: „Дали Христијан Мицкоски и Игор Филков ги ...

Магнезиумот е исклучително важен минерал, клучен за регулирање на крвниот притисок, здравјето на коските и цревата, како и за правилната функција на мускулите. Се наоѓа во бројни намирници како овесни снегулки, црн грав, банани и јаткасти плодови, а многумина го земаат и како додаток во исхраната за намалување на анксиозност или подобрување на сонот. Сепак, и покрај сите негови придобивки, можно е да се внесе премногу магнезиум, што може да ...

Трамвај што сообраќал по улицата Цар Душан во Белград излетал од шините и се забил во зграда, а според неофицијални информации, има повредени. Несреќата се случила утрово околу 9:30 часот. Како што може да се види на видеото, кабината на трамвајот е целосно згмечена, а некои седишта се откорнати од ударот. Според неофицијални информации, неколку лица се пожалиле на повреди, а од службата за брза помош за порталот Н1 изјавиле дека екипи се на ...

Православните верници овој викенд ќе имаат продолжен одмор, бидејќи 29 мај (петок пред Духовден) е неработен ден. Празникот, кој следи во недела, спаѓа меѓу големите Господови празници и е познат и како Свети Дух или Педесетница. Духовден се празнува 50 дена по Велигден и 10 дена по Вознесение Христово (Спасовден). Според христијанската традиција, на тој ден Светиот Дух слегол врз апостолите во Ерусалим, во форма на пламени јазици, по што тие ...

Владата не дозволува повисоки плати, не дава зголемување ниту на минималната плата, нема нови автобуси, нема нови автопати, кучиња скитници ќе не’ изедат по улиците, ќе не’ проголта темницата, „економски работници“ од Азија и Африка им ја земаат работата на македонските работници, странски компании заминуваат од Македонија, заминуваат и младите, за 2 години не’ задолжија со 2,5 милијарди евра, цените во маркетите дивеат на дневна основа, нема ...

Телото на 64-годишен скопјанец било пронајдено во саботата вечерта во летниковец на Средно Водно, на местото познато како „Видиковец“, откако претходно бил пријавен за исчезнат. Станува збор за Б.П. од Скопје, кој според пријавата се оддалечил од својот дом пред да биде пронајден без знаци на живот. На местото интервенирала Итна медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.Ц.(35) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 28.04.2026 во Крива Паланка, пријавениот физички нападнал женско лице и ѝ упатил закани. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.Ц.(35) од Крива Паланка поради постоење ...

Денес, со гордост и длабока почит го одбележуваме 23-ти Мај – Националниот ден на Власите. Овој историски датум, кој не враќа во далечната 1905 година и султанскиот указ (Ираде) за признавање на влашкиот идентитет, е симбол на нашата вековна борба за зачувување на својот јазик, култура и посебност. Влашкиот народ на овие простори, но и во поширокиот европски контекст, никогаш не бил само нем посматрач на историјата, туку активен градител на ...

Фолк ѕвездата Аца Лукас станува актер. Тој доби поголема и посериозна улога, а не само кратка епизода, во хит серијата „Лето без дамка“. Серијата моментално се снима на прекрасниот остров Раб во Хрватска, а емитувањето на оваа хумористична приказна, која е замислена во форма на ситком со елементи на сапуница, ќе започне на почетокот на есента. Лукас се игра себеси во серијата, а цела недела бил на снимање, каде што, според очевидци, му оди ...

Во гостување во емисијата „Бизнис 21“, на Тв 21, економскиот аналитичар Горан Рафајловски изнесе став дека платите на министрите треба значително да се зголемат, со цел да се намали просторот за корупција и да се зголеми одговорноста во извршната власт. Тој нагласи дека јавноста често се фокусира на висината на политичките плати, што, според него, придонесува за негативна перцепција и недоверба во институциите. „Мора да се сопре со тоа ...

Еден обичен ден, во политичкиот амбиент во Македонија, каде ВМРО-ДПМНЕ е комплетна власт. – Шпионска афера во кабинет на претседателката; – Премиерот го моли вицепремиерот од “Тајланд” за средба; – Претседателот на Собранието го гази Деловникот, за да докаже дека е поголем вмровец од министерот за правда; – Градоначаници во непознат правец; – ненапишани законски одредби делат правда; – меѓуетничките тензии повторно чукаат на врата; – молкот ...

Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Според информациите од Обвинителството, осомничениот 76-годишник управувал товарно возило „МАН“ со полуприколка со косовски регистарски таблички по северната обиколница на Скопје, во правец од запад кон исток. Во близина на клучката ...

Вчера во 21:35 часот во ОВР Гостивар, И.М. од Гостивар пријави дека од дома се оддалечил неговиот чичко А.И. (63) од село Форино, кој работел како овчар на бачило во атарот на село Врапчиште. По преземени мерки и пребарување на теренот, И.М. со полициски службеници од ОВР Гостивар и екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар во атарот на село Врапчиште, во близина на пат кој го граделе приватни фирми, на 22.05.2026 околу 06:00 ...

Педесет и еден годишниот првенец на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, неговиот 20 годишен син и уште две 20-годишни момчиња, загинаа во сообраќајната несреќа, која се случи синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. МВР попладнево соопшти дека е потврден идентитетот и на четвртата жртва во катастрофалната несреќа и оти исто така станува збор за 20-годишно момче. -Од здобиените повреди на ...

Вчера во 19:45 часот во СВР Скопје, Д.М.(37) од Скопје пријави дека за време на тренинг во двор од основно училиште на подрачјето на Драчево, неговиот син почувствувал удар во грбот, по што до него забележал зрно од огнено оружје. Малолетникот не е повреден. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 19:45 часот во СВР Скопје, Д.М.(37) од Скопје пријави дека за време на тренинг во двор од основно училиште на подрачјето на ...

После толку жртви, убиства, насилства и целосен распад на безбедносниот систем, се отвора едно прашање: што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка, кажа на денешната прес-конференција Каја Шукова од СДСМ. Според неа, дека нема морал, дека нема систем, граѓаните веќе одамна знаат. Но жртвите, како што вели, стануваат премногу. „Премногу човечки животи згаснаа, премногу семејства се ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
68%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
73%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.51
77%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Злато

135639.33