Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа“. Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал, стои во соопштението на СДСМ. -Самиот си ги споредил 23 месеци со 84 месеци и заклучил дека победил. Тоа не е економија. Тоа е трик со калкулатор. Го споредува врвот на светската инфлација од Јули 2022 – војна, енергетски удар, скок на храна насекаде, со Јули ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека просечната плата и старосната пензија растат значително побрзо во периодот на актуелната Влада, споредено со претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ. Мицкоски, во гостување на ТВ Сител, рече дека според неговата анализа, просечната плата од јули 2024 до мај 2026 година растела 70 отсто побрзо на месечно ниво во споредба со периодот од јуни 2017 до мај 2024 година. За старосната пензија, тој тврди ...

МВР информира дека вчера попладне во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот на улица „Александар Македонски“ во Градско, патничко возило удрило во 10-годишен малолетник од село Уланци, општина Градско, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес. – – Увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и ...

Нов силен бран на поскапувања на храната се очекува на глобалниот пазар, а најголем притисок се предвидува кај житните производи, особено пченицата. Според анализите на британската „Оксфорд економикс“, светските цени на храната во 2026 година би можеле да пораснат за 11,8 проценти, а во 2027 година за дополнителни 4,8 проценти. Тоа би значело нов притисок врз цените на основните прехранбени производи, меѓу кои лебот, тестенините и останатите ...

Вечерва, 19 август, Градскиот плоштад во Крива Паланка ќе биде место за уште една музичка вечер исполнета со евергрини, македонски и екс-ју хитови, како и светски музички класици. На летната сцена под отворено небо, пред публиката ќе настапат Ѓоко Ѓорчев и Кате Танева, кои со својот препознатлив музички израз ќе понудат вечер посветена на добрата музика и незаборавните мелодии. Концертот започнува во 20 часот, а организаторите најавуваат ...

Џемот од смокви е еден од најубавите деликатеси во слатката зимска сезона. Се прави од само неколку состојки и не бара комплицирана подготовка. Рецепт за џем од смокви Состојки: 2 кг смокви 350 г шеќер 2 ванилин шеќери сок од 1 лимон рендана кора од 1 лимон Подготовка: Избришете ги смоквите, отстранете ги стеблата и исечете ги. Не е потребно да ги лупите, кората ќе му даде на џемот поубава структура. Ставете ги смоквите и шеќерот во длабок ...

Мадона својот 68. роденден го прославила во селото Курамадес на грчкиот остров Крф, каде што за нејзината приватност биле преземени посебни безбедносни мерки, објавуваат грчките медиуми. Поп-ѕвездата, заедно со семејството и пријателите, вечерала во традиционална таверна, каде што имало грчка музика и специјалитети. Групата пристигнала со црни комбиња во придружба на обезбедување, а во селото било распоредено и полициско присуство. Според ...

Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д. (55) и З.Д. (54), двајцата државјани на Турција, поради сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Според пријавата, двајцата во периодот од 2019 до 2026 година, со закани и присила, натерале 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама. Пријавените, како што ...

На 46-годишна возраст ненадејно почина Елвис Мекиќ, брат на познатиот македонски пејач и текстописец Елвир Мекиќ. Веста за неговата смрт предизвика тага кај семејството, блиските и пријателите. Елвис беше брат на Елвир Мекиќ, едно од препознатливите имиња на македонската поп-сцена, особено во текот на 2000-тите години. Елвир својата музичка кариера ја започна уште како тинејџер, а пошироката публика го препознава по повеќе песни кои оставија ...

Повеќе од пет тони марихуана биле пренесувани од Северна Македонија во Србија преку организиран синџир во кој, според судски документи, биле користени камиони со легално декларирана стока, патнички возила и магацини од двете страни на границата, објави БИРН.РС. Според пресуда на Основниот кривичен суд во Скопје, донесена по спогодба за признавање вина, еден од обвинетите признал учество во транспортот на големи количини марихуана од ...

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 167 други видови на ...

На 18.08.2026 во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.С.(25) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 48-годишна жена дека извршил обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка со која биле во љубовна врска. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради ...

Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како суспектни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето ...

Затвореник кој бил спроведен од Штипскиот затвор на судење во Основниот кривичен суд во Струмица успеал да избега за време на пауза во судската постапка. Според информациите, за време на паузата затвореникот бил во придружба на двајца затворски полицајци, објави 4news.mk Тој побарал да оди во тоалет, по што, при излегувањето, го турнал едниот од полицајците и се дал во бегство. Затвореникот успеал да избега и покрај тоа што во моментот на ...

Соопштение на Левица: Вчера јавно обзнанивме дека студентите три години се оштетувани преку непочитување на законската обврска за усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата. Очекувавме барем обид за објаснување од Владата и Министерството за образование. Наместо одговор, младите добија целосен молк. Очигледно, кога ќе ги фатиш со раката во студентскиот џеб, најдобрата вмровска стратегија е да се правиш дека џебот не ...

Во среда православните верници го одбележуваат Преображение Господово, еден од 12-те најголеми Христови празници кој секоја година се празнува на 19 август. Според народната традиција, овој празник означува пресвртна точка во годината кога природата почнува да се менува, а со тоа завршуваат и најголемите летни жеги. Народните верувања велат дека на овој ден настанува промена во природата – „се преобразуваат и листот во гората и каменот во ...

Дваесетгодишен француски државјанин е пронајден без знаци на живот во раните утрински часови, на лежалка на плажа во Ксамил. „Телото на жртвата, Мигел Мендес, на возраст од околу 20 години, е пронајдено утрово во 5:15 часот. Постојат основи на сомнение дека бил избоден со нож, од страна на Сократ Вата, на возраст од 29 години, од северниот албански град Хас, кој веднаш по инцидентот избегал, стои во полициското соопштение. Полициските служби ...

По повод големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица и чествувањето на Св. Јоаким Осоговски – патрон и заштитник на Крива Паланка, Општина Крива Паланка подготвува голем музички спектакл на Градскиот стадион. На 29 август, на една сцена ќе настапат три големи музички имиња – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар – во вечер исполнета со најголемите хитови, силни емоции, врвна енергија и атмосфера за паметење. Музичката вечер ќе ја ...

Хрватската писателка и новинарка Ведрана Рудан почина денес на 77-годишна возраст. Тажната вест ја потврдија извори блиски до неа, откако утрово на нејзиниот профил на Фејсбук беше објавено дека таа заминала во област без сигнал. – – На официјалната страница на Фејсбук на хрватската писателка и новинарка беше објавена кратка порака. „Ведрана замина во област без сигнал“, беше објавено на официјалната веб-страница. Ведрана Рудан, хрватска ...

Започна исплатата на парите од повратот на дел од ДДВ преку апликацијата „Мој ДДВ“, а граѓаните веќе пријавуваат дека средствата им легнуваат на трансакциските сметки. Станува збор за редовната исплата за вториот пресметковен период за месеците април, мај и јуни. Управата за јавни приходи и Министерството за финансии ги префрлаат средствата на сметките на корисниците кои редовно ги скенираат фискалните сметки. Согласно законските рокови, ...

Македонија и официјално го потврдила своето враќање на Евровизија, дознава 4news.mk Бугарскиот крајбрежен град Бургас ќе биде домаќин на претстојниот Избор за песна на Евровизија 2027, каде што се очекува рекордна конкуренција. Според најавите на градоначалникот на Бургас, Димитар Николов, на сцената следната година ќе настапат претставници од повеќе од 40 држави. „Повеќе од 40 држави, рекорден број земји, ќе учествуваат следната година“, ...

Швајцарскиот Федерален управен суд ја потврди одлуката за протерување на 35-годишен државјанин на Македонија, поради неговата наводна поврзаност со поддршка на терористичката организација „Исламска држава“. Според судската одлука, швајцарската Федерална полициска служба (Fedpol) уште во 2022 година наредила негово протерување, откако бил оценет како радикализирано лице. Тој, според наводите, преку социјалните мрежи ширел пропаганда поврзана ...

Негувателки во градинки во скопската населба Хром, како и во Берово биле пријавени за насилство врз дете, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во првиот случај, мајката пријавила дека детето било удрено од негувателката, а во друиот негувателката згазнала на прстот од раката на детето. „Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 14.08.2026, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето ...

“Нај” економијата во Европа, вчера власта ја аргументираше преку одговор на нарачано прашање за инфлацијата, а денес ја поткрепуваат со серија “самосмислувачки” текстови. Најдобар демант, власта доби од власта. Цените на горивата у плафон. Тие цени, за кои власта нѐ уверуваше дека ќе се намалат. Ама да бидеме искрени не кажаа која година… ФБ став на Јани Макрадули “Нај” економијата во Европа, вчера власта ја аргументираше преку одговор на ...

Вчера околу 20:00 часот во СВР Скопје И.М.(41) пријави дека во двор од неговата куќа во с.Батинци, скопско, бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С., по што Н.С. со тврд предмет скршил стакло од влезна врата, а С.С. со остар предмет им нанел расекотина на пријавителот и неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера околу 20:00 часот во СВР Скопје И.М.(41) пријави дека во двор од неговата куќа во ...

На 16.08.2026 околу 21:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, во атар на с.Ласкарци, скопско, патничко возило „бмв” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(23) од с.Палатица, тетовско, удрило во ограда и излетлао од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С.(19) и 15-годишник, додека со телесни повреди се здобил соаптникот Е.К.(20), сите од с.Палатица, ...

Покачениот холестерол може да помине незабележано со години бидејќи обично не предизвикува јасни симптоми. Затоа фармацевтите предупредуваат дека е важно редовно да се проверуваат неговите вредности, особено кај луѓе кои имаат зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања. Како холестеролот ги оштетува артериите? LDL, честопати наречен „лош“ холестерол, го носи холестеролот низ крвотокот. На телото му е потребен холестерол, но проблемот се ...

Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека во саботата починал третиот пациент од западнонилска треска од едно од афектираните места. Станува збор за 61-годишен пациент, кој имал и неколку други заболувања. „Во саботата почина третиот пациент, 61-годишен, од едно од афектираните места. Има шест критични пациенти“, изјави Клековски. На прашањето дали починатиот пациент имал и други заболувања, односно коморбидитети, министерот ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 скокаат за 4,50 денари за литар, согласно најновата одлука за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати. Со новото поскапување, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 91,50 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 достигнува 93,50 денари. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 6,50 денари за литар, со што новата малопродажна цена достигнува 98 денари за литар. Новите цени се повисоки ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25