Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, објави фотографија со која прикажа наводно спасување на мало теле за време на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка. Но, фотографијата не е направена во Македонија, туку потекнува од пожар во Калифорнија во 2020 година. „Меѓу хаосот и пламените јазици, заедно со пожарникарите на Град Скопје успеавме да спасиме мало теле кое останало заробено на теренот зафатен од ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против А.Ј. од Куманово, вработен во Министерството за внатрешни работи, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување со моторно возило“. На 22.04.2026, пријавениот управувал со возило без положен возачки испит и со брзина поголема од дозволената. Одделот за внатрешна контрола поднесе предлог за ...

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 33-годишната Е.Р. од селото Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Според информациите од полицијата, пријавената го довела во заблуда својот партнер од Косово, лажно тврдејќи дека е бремена. Нејзиниот партнер, верувајќи во нејзините тврдења, во неколку наврати ѝ префрлил вкупно 18.000 евра преку системи за брз трансфер на ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека обединувањето на опозицијата може да биде само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда, а Левица прво треба да се откаже од своите проруски политики и од Христијан Мицкоски. „Гледаме дека и прокси партијата на Христијан Мицкоски, тоа е Левица, се согласува за избори и повикува на некакво обединување на опозицијата. Обединувањето може да биде само со и зад ...

Со најновите цени кои ги објави Регулаторната Комисија за Енергетика горивата стануваат уште поскапи, а дизелот достигна 101.50 денари за литар. Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.62%. Бензините поскапуваат за 1.50 денари за литар. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 93.00 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 95.00 денари. ЕУРОДИЗЕЛ горивото поскапува за 3.50 денари ...

Цената на пиперката „ајварка“ повторно падна на 25 денари за килограм, иако по протестите беше договорено таа да изнесува 30 денари. Оваа ситуација од терен ги револтира струмичките земјоделци, па организаторите на протестите „Месно здружение млади Муртино“ за утре најавија нов протест во 11 часот во Струмица пред зградата на МЗШВ. Тие го повикуваат министерот за земјоделие Борче Серафимовски да им даде „магичен совет“, како земјоделецот без ...

Пред неколку дена, атрактивната пејачка Софија Маневa ја објави „Лигав тип“, една од нејзините први песни во кариерата, која доби нов и модерен звук. Песната е проследена со високобуџетен видео спот, реализиран во голема продукција со бројни статисти и модели. Со „Лигав тип“, Софија носи свежа енергија, модерен пристап и визуелно атрактивна приказна. Во спотот таа блеска во неколку различни модни комбинации, кои изгледаат светски, модерно и ...

Тешко кривично дело се случило во селото Кервасари, во општина Малишево, Косово, каде синоќа со огнено оружје бил застрелан брачен пар. Полицијата околу 23:20 часот добила пријава и во спалната соба ги пронашла 25-годишната жена и нејзиниот 26-годишен сопруг со прострелни рани. Двајцата биле пренесени во Универзитетскиот клинички центар на Косово. Жената, за која според досегашните информации била бремена, починала околу 1:10 часот. Нејзиниот ...

Пред Основниот кривичен суд во Скопје денеска започнува судскиот процес за случајот со „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште седум лица. Рочиштето е закажано за 10 часот. Предметот преку автоматска распределба ѝ е доделен на судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски. Основното јавно обвинителство Скопје на 13 август поднесе обвинение против осумте лица, кои се товарат како соизвршители на кривичното ...

На регионалниот пат Меџитлија – Старавина вчера попладне 42-годишниот Д.Ј. од село Новаци, битолско, управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Од здобиените повреди Д.Ј. починал на самото место. Лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта, а екипа на СВР Битола извршила увид. На регионалниот пат Меџитлија – Старавина вчера попладне 42-годишниот Д.Ј. од село Новаци, битолско, ...

Западнонилската треска е болест што ја пренесуваат комарци и која во ретки случаи доведува до енцефалитис или менингитис. Но, таа сега се шири низ Европа, како последица на климатските промени. Вирусот Западен Нил е еден од новите вируси што ги пренесуваат комарци, од кој луѓето се заразуваат преку каснување од комарец. Самиот вирус го пренесуваат птици и комарци. Комарците стануваат носители на вирусот кога каснуваат заразена птица. По ...

Многумина кои се обидуваат да ослабат се соочуваат со ист проблем – и покрај промените во исхраната, резултатите не доаѓаат со очекуваното темпо. Во последните години повторно се актуелизира теоријата дека и крвната група може да има одредена улога во начинот на кој организмот реагира на храната. Според нутриционистката Сима Кана, луѓето со крвна група АБ+ или АБ- наводно може потешко да се приспособуваат на одредени режими на исхрана, додека ...

Во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, на 27, 28 и 29 август ќе се одржи прославата на манастирската слава. Централниот празник е Успение на Пресвета Богородица – 28 август, додека на 29 август се одбележува споменот на преподобниот Јоаким Осоговски, пустиножител и чудотворец од XI век. Традиционалното одбележување ќе ги собере верниците во древното осоговско светилиште, каде што се почитуваат моштите на свети Јоаким ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови ...

Кривична пријава е поднесена против 68-годишен жител на селото Долгаш, општина Центар Жупа, откако со ловечка пушка пукал кон група кучиња скитници и усмртил едно од нив. Од ОВР Дебар информираат дека е поднесена кривична пријава против Ф, објави 4news.mk И. (68), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“. Според пријавеното, инцидентот се случил на 29 мај 2026 година околу 18:30 часот во селото Долгаш. ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишен жител на Желино поради сомнение дека подолг период полово ја вознемирувал жена на нејзиното работно место, информира МВР. Според пријавеното, додека жената била сама во продажниот објект каде што работела, А.А. повеќе од еден месец секојдневно влегувал во објектот и ѝ упатувал недолични зборови. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“, против ...

Македонија во 2025 година извезла 4,73 милиони килограми сладолед, во вредност од околу 17,6 милиони евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Количината е значително поголема од домашната потрошувачка, која се проценува на околу 3,1 милион килограми годишно. Со тоа, македонската индустрија продолжува да остварува трговски суфицит во сладоледот. Најуспешна била 2024 година, кога биле извезени рекордни 5,26 милиони ...

Не знам зошто ги коментирате глупостите од Мицкоски. Неговите изјави за трета економија во Европа, за 325% поголеми пензии, за 70% побрз раст на плати отколку во времето на СДСМ и не знам што уште. Проблемот на Македонија не е Мицкоски. Такви лудаци има секаде во светот. ПРОБЛЕМОТ МАКЕДОНСКИ е кај членовите, симпатизерите и останатите гласачи на ВМРО. И плус оние што велат дека „сите се исти”. Толкав процент наивни лудаци нема никаде во ...

Во земјава досега се регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, од кои 40 се сигурно потврдени, додека кај уште три лица вирусот е потврден со еден тест, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. За првпат случаи се регистрирани и во скопските општини Центар и Чаир. Во Скопје е потврден вирусот и кај мртов гарван, што е прв регистриран случај на мртва птица позитивна на западнонилска треска. Во изминатиот период има голем број ...

Министерството за внатрешни работи ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија, а особено сопствениците и операторите на беспилотни воздухоплови – дронови, дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата територија на државата, потребно е доследно ...

Родителите и годинава ќе добијат олеснување при набавката на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година. Владата најави дека во вторник ќе донесе одлука со која треба да се намалат цените на дел од производите неопходни за учениците. Мерката ќе ги опфати основните училишни материјали што најчесто се купуваат пред почетокот на учебната година, меѓу кои ранци, тетратки, моливи, гуми, линијари, лепила, маркери, блокови, како и ...

Доволни се само неколку секунди чекање во ред, возење во лифт или кратка пауза за раката речиси автоматски да посегне по телефонот. Следува отворање на Instagram, TikTok или друга апликација, иако во тој момент можеби немаме ниту порака ниту известување. Истражувачите велат дека ваквото однесување сè почесто не е свесна одлука, туку навика. Адријан Вард, вонреден професор на Универзитетот во Тексас, го опишува проверувањето на паметниот ...

И Бугарија користи камери за контрола на сообраќајот, особено на главните патишта. По најавите на дел од српските туристи дека следното лето би патувале кон Грција преку Бугарија, на социјалните мрежи повторно се споделуваат информации за казните за пребрзо возење. Според објавените податоци, казните за надминување на брзината започнуваат од околу 25 евра, додека за потешки прекршоци можат да достигнат 300 евра и повеќе, зависно од ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласи дека ексалирањето на кризата со вирусот западно-нилска треска во Скопје е директна последица на импровизаторското и неспособно менаџирање на кризата од страна на власта на ВМРО. Филипче посочи дека има низа недоследности и некоординираност со кризата, како и ненавремено преземање на соодветни мерки за заштита на граѓаните. „Кој ја менаџира кризата со проблемот тука во Скопје? Излегува ...

На 19.08.2026 околу 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев” со бул.„Киро Глигоров” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(38) од Скопје и велосипед управуван од Н.Ј.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски” во Скопје. Извршен ...

Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, Демир ...

Боровинките имаат толку здравствени користи, што речиси е невозможно да се набројат. Меѓутоа, здравствената корист која најмногу погодена со процесот на замрзнување, е концентрацијата на антоцијани во боровинките. Антоцијаните се природни анти-инфламаторни хемиски соединенија, за кои се верува дека имаат анти-канцерогени својства. По замрзнувањето, количината на антоцијани во боровинките расте. Подобри моторни фунцкии Постарите лица имаат ...

На 19.08.2026 во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Љ.М.(62) од с.Русиново, беровско. Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово ...

Граѓани на Србија синоќа ги информирале медиумите дека на граничниот премин Табановце, на пат од Северна Македонија кон Србија, патниците чекале неколку часа. Како што може да се види на видеата и фотографиите што ги испратиле, се формирала огромна колона возила, која веројатно е долга повеќе од 15 километри, велат тие, додека сообраќајот се одвива екстремно бавно. Патниците наведуваат дека на некои делници практично стојат на место 20 ...

По краткотрајното освежување и локалните врнежи, Македонија повторно влегува во период на екстремно високи температури, а најтоплите денови се очекуваат кон крајот на неделата. Според актуелните метеоролошки прогнози, веќе од четврток ќе започне значително затоплување. Во Скопје и другите потопли региони температурите се очекува да достигнат околу 39 до 40 степени. Врвот на топлотниот бран се најавува за петок, викендот и почетокот на ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42