Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Македонија завеана во црно по веста за смртта на еден од омилените оперски пејачи кој загина во страшна сообраќајна несреќа. Еден од водечките македонски баритони, Ристе Велков, почина на 51 годишна возраст во тешка сообраќајна несреќа. Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската опера и балет и во македонската музичка ...
Екипите на Корисничкиот енерго центар на Електродистрибуција во Штип, во координација со специјализираниот Тим за откривање на неовластено користење на електрична енергија, открија случај на кражба на електрична енергија во сервис за возила на улица Железничка во Штип. Нелегалното користење на електрична енергија е утврдено дека се одвивало во периодот од јануари до почеток на мај 2026 година. Контролните екипи на терен ја констатирале ...
Доколку сакате вашите цвеќиња конечно да почнат да цветаат, без додавање на скапи ѓубрива, постои едноставно решение кое веројатно веќе го имате во кујната. Две состојки кои секојдневно ги фрлате можат да ги претворат уморните растенија во вистински цветни убавици – брзо, природно и без хемија. Со оваа течност, вашите саксии и градинарски цвеќиња може нагло да напредуваат, а се прави од две работи кои вообичаено завршуваат во ѓубре. Станува ...
Како дел од работата на меѓународен истражувачки тим, научници од Државниот универзитет Јужен Урал (SUSU) развија и тестираа нови платински соединенија кои можат успешно да го лекуваат ракот на дојка. Добивајте вести на Viber Според авторите на истражувањето, синтетизираните соединенија покажаа висока ефикасност и намалена токсичност од вообичаено достапните комерцијални лекови. И покрај напредокот во третманот на ракот на дојка, кој е еден ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва преку објава на Фејсбук информираше дека ги известил сите надлежни институции по пријавите дека мечка е забележана во околината на градскиот парк во Битола. Реакцијата следува откако на социјалните мрежи беше споделено видео на кое се гледа како мечка се движи во близина на градот, што предизвика загриженост кај жителите, но и политички реакции од опозициските партии во општината. „Како ...
Македонската музичка сцена и Националната опера и балет останаа без еден од своите најпрепознатливи уметници, откако баритонот и првенец на НОБ, Ристе Велков, трагично го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница. Информацијата за САКАМДАКАЖАМ, ја потврдиле од Националната опера и балет. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 23 часот на делницата ...
Фото: Алсат Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што синоќа, околу половина час пред полноќ, се случила на скопската обиколница во близина на Радишани. Според првичните информации, патничко возило „бмв“ директно се судрило со камион, по што автомобилот се запалил и целосно изгорел. Поради несреќата, сообраќајот на патниот правец Велес – Тетово бил пренасочен од клучката Мирковци до клучката Приштина. Обиколницата била затворена ...
Новиот директор на МРТ Зоран Ристовски во одговор на прашање на 4news.mk вели дека следната година Македонија ќе учествува на конкурсот за избор на песна за Евровизија. „Сигурен сум, речиси 100% дека следната година одиме на Евровизија во Софија“, рече Ристовски. Ристовски потенцираше дека оваа година одиме и на победа на детска евровизија, потенцирајќи дека веќе се распишани јавните огласни за избор на композиција која ќе ја претставува ...
Обвинителството истражува дали во скопско Копаница се случило убиство или самоубиство, откако покрај телото на 37 годишна жена со потекло од Косово, бил пронајден пиштолот на нејзиниот сопруг. Жената имала прострелна рана во главата, а телото е предадено на Институтот за судска медицина каде треба да се утврди дали сама си пукала или тоа го сторил некој друг. Сопругот е приведен бидејќи пиштолот со кој е усмртена жената го поседувал ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против З.Б.(42) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 17.04.2026 во домот на неговата поранешна девојка во струшко, по претходна расправија, пријавениот со метален предмет го нападнал Н.К. од Крива Паланка. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против З.Б.(42) од ...
Вчера уапсена „мисицата“ која е сопственичката на крави во кривопаланчко. На 20.05.2026 во 13:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека кај место викано „Калин камен“ спречувала вработени во Агенција за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток. Ј.Ѓ. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ...
На 20.05.2026 во 14:05 часот во Полициското одделение Ростуше е пријавено дека во с.Скудриње, на место викано „Мустана нива“, бил пронајден починат М.С.(67) од истото село. Според пријавеното, М.С. управувал трактор со приколка, при што изгубил контрола и се превртел. Од здобиените повреди, тој починал на местото, а лекар констатирал смрт. Увид извршила увидна екипа од ОВР Гостивар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е ...
сновното јавно обвинителство Скопје, во координација со екипи на СВР Скопје, изврши увид на лице место во село Копаница, скопско, каде што е пронајдено тело на почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција, а надлежните институции преземаат дополнителни мерки и активности со цел целосно расчистување на случајот. Во близина на телото е пронајден пиштол „глок ...
Кајли Миног проговори за долгорочните ефекти од нејзината борба со ракот на дојка, велејќи дека искуството низ коешто минала во 2005 година и денес сè уште влијае на нејзиниот живот. Дијагнозата ја добила на 36 години, што довело и до откажување на многу концерти. Подоцна се откри дека болеста првично била погрешно дијагностицирана. Инаку, австралиската пејачка со години зборува за нејзиното закрепнување и емоционалните последици. Во ново ...
Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче Секојдневно гледаме како владата на Христијан Мицкоски ја турка земјата во должничко ропство. Последниот предлог е да се земат 300 милиони евра од банки, но банките на Владата не ѝ ги дозволија, што укажува на веќе постоечки сомнежи во нашиот кредитен рејтинг. Имено, конзорциум на банки дозволи кредит од само 260 милиони евра, со ужасно голема каматна стапка од близу 4,5%. Првото ...
Црногорскиот град Улцињ ќе казнува и до 500 евра за носење непристојна облека на јавни површини. Градските власти во Улцињ одлучија да стават крај на одењето во костими за капење надвор од плажите и базените. Според новите правила за комунален ред, секој што ќе се појави на јавни површини оскудно облечен или без дел од облеката може да плати казна од 150 до дури 500 евра. Ограничувањето се однесува особено на улици, плоштади, шеталишта, ...
Сѐ поголем број Македонци заминуваат на сезонска работа во Хрватска, а покрај младите, последниве години таму работат и административци што користат неплатен одмор, како и „млади“ пензионери. Најбарани се работни позиции како келнери, готвачи, шанкери, рецепционери и хигиеничари, а платите се движат од 1.000 до 5.000 евра, зависно од работата и бакшишот. Работодавците најчесто обезбедуваат сместување и храна. Најголем интерес има за ...
На 19.05.2026 во 10:30 часот во СВР Тетово, 43-годишна жена од Гостивар, со престој во Тетово, пријавила дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер М.Д.(50) од Крива Паланка, во повеќе наврати упатувал закани по нејзиниот живот, а на 18.05.2026 во периодот од 21:00 до 23:00 часот преку мобилна апликација испратил повеќе гласовни пораки со закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителот ќе ...
Триесет и шестгодишен државјанин на Северна Македонија е уапсен во Салцбург под сомнение дека учествувал во брутален грабеж во Германија, по кој починал 93-годишен маж. Осомничениот бил баран со европска потерница, а по апсењето е пренесен во затворот Пух-Урштајн во близина на Салцбург. Според информациите од австриската полиција, акцијата за апсење била спроведена во населбата Елизабет-Форштат, во близина на главната железничка станица во ...
Иако денешниот ден нуди сончеви периоди, метеоролозите предупредуваат дека стабилноста нема долго да трае. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), веќе од четврток се очекува локална нестабилност, која ќе прерасне во невреме за време на претстојниот продолжен викенд. Прогноза за денес и наредните денови Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви интервали, објави 4news.mk Во екстремните западни и источни делови ...
Пратеничка на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „Само Вистина” на Канал 5, реагираше на одбивањето на власта да го поддржи предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата нема да можат да имаат двојни државјанства. Лукаревска обвини дека власта избегна да даде јасен одговор зошто законот не доби поддршка и рече дека зад тоа стојат заткулисни игри. „Да објаснат зошто веднаш го тргнаа законот, ...
Многу интернет-корисници сметаат дека знаат како да креираат безбедна лозинка, но експертите за сајбер-безбедност предупредуваат дека бројни правила до кои луѓето со години се придржуваат денес се застарени и недоволни за заштита на профилите. Една од најчестите грешки е верувањето дека лозинката автоматски е безбедна ако содржи број или специјален знак. Комбинации како „Password1!“ се меѓу првите што хакерите се обидуваат да ги пробијат. ...
Пишува проф.д-р Александар Иванов за Нова Македонија Во оваа колумна ќе аргументирам од позиција на граѓанин што ја согледува социјалната реалност, но пред сè како професор по безбедност што ги анализира современите ризици. Целта ми е да објаснам зошто сметам дека воведувањето воен рок е суштински добро за државата и зошто тој концепт е многу повеќе од обична воена обука – тој е школа за државност. Во јавните расправи, за жал, често паѓаме во ...
Фејсбук статус на Зоран Божиновски: Сите вие кои ова лето сонувате за убаво, сигурно и законски средено сезонско вработување во Хрватска, а сте од Македонија, размислете се два до три пати дали ќе тргнете… Минатата година фати силен залет трендот на вработување на vo најголем број работници од Непал и Филипини! Минатата година ги имаше околу 13.000, а оваа година веќе се издадени само 25.000 работни дозволи преку агенции регистрирани за нивни ...
Деновите среда и четврток (20/21 Мај 2026) ни носат постабилно и променливо време со сончеви периоди, а ќе биде и значително потопло преку ден со температури околу просекот за овој период од годината. Сепак ќе има услови за локален слаб дожд а исто така ќе биде и ветровито со повремено засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од 50 до 60 км/час. Во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе ...
Дисциплинската комисија при ФФМ имаше многу работа по случувањата во последниот период во македонскиот фудбал. Од ФФМ ги објавија одлуките: Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот; – ФК Пелистер се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК ...
Овесот е една од најчесто препорачуваните намирници, а експертите особено го истакнуваат како најдобар избор за намалување на холестеролот. Топла чинија овесна каша е омилен појадок за многумина, а неговите придобивки се бројни. Истражувањата потврдуваат дека редовната консумација на овес може да го намали вкупниот и ЛДЛ, таканаречениот „лош“ холестерол, со што се намалува ризикот од срцеви заболувања, пишува „Итинг вел“. Што е овес и зошто е ...
Најновиот мировен предлог на Техеран до Соединетите Американски Држави (САД) вклучува прекин на непријателствата на сите фронтови, вклучувајќи го Либан, повлекување на американските сили од областите во близина на иранските граници и репарации за уништувањата предизвикани од нападите на САД и Израел, објавиле утрово иранските државни медиуми, пренесе Ројтерс. Американскиот претседател вчера соопшти дека го паузирал планираното продолжување на ...
Започна откочување на процесот за македонските професионални возачи. Хрватска официјално усвои законски измени со кои на професионалните возачи ќе им се овозможи добивање на долгорочни визи. Оваа законска измена претставува клучен чекор во надминувањето на проблемите кои се појавија со воведувањето на ЕЕС системот (Entry/Exit System) во Шенген зоната. Овие нови правила значително ќе ја олеснат работата на македонските возачи на камиони и ...
За само две години, ВМРО-ДПМНЕ успеа: * Да ја врати меѓуетничката омраза. * Да отвори теми што беа затворени со воениот конфликт. * Да го блокира патот кон ЕУ. * Да ги партизира судството и обвинителството. * Да ги извади студентите на улица (да не заборавиме дека долго протестираа и македонските студенти). * Да ја замолчи критиката во јавноста, бидејќи речиси сите критички медиуми беа избришани. Тоа произведува нестабилна политичка состојба, ...