Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Новак Ѓоковиќ (39), најдобриот тенисер на сите времиња, во интервју за каталонски „Спорт“ објави кога ќе ја заврши својата импресивна кариера. Освојувачот на рекордни 24 гренд слем титули и 40 мастерси го освои најголемиот трофеј во 2024 година во Париз, кога го освои олимпиското злато. Ѓоковиќ истакна дека тоа било круната на неговата кариера. На прашањето дали натпреварувањето на следните Олимписки игри, во Лос Анџелес во 2028 година, е сè ...
Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи од висината на месечните примања. По неколкуте линеарни покачувања во изминатиот период, кога пензиите се зголемуваа за ист износ, следното усогласување треба да се пресметува процентуално, објави 4news.mk Тоа значи дека пензионерите нема да добијат идентично зголемување во денари – повисоката пензија ќе значи и ...
ЈП „Комуналец“ Крива Паланка со нов контакт за пријава на дефекти по 15 часот ЈП „Комуналец“ Крива Паланка ги информира граѓаните дека доколку не успеат да добијат контакт со Секторот за водовод и канализација за пријава на дефект, недостаток на вода или поплака, можат да се обратат директно кај лицето за контакт на резервоарот. Од претпријатието посочуваат дека оваа можност е достапна и по 15 часот, на телефонскиот број 075/233-675. Од ...
Музичката ѕвезда Неда Украден го прослави својот 76-ти роденден и уште еднаш го потврди својот статус како една од највиталните и најценетите дами на шоу-бизнисот. View this post on Instagram A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden) Позирајќи покрај морето во лежерен црн фустан со син костим за капење видлив под него, Неда Украден им испрати на своите следбеници емотивни зборови на благодарност. „Уште една година, а во моето срце има ...
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена Младина, Марија Ванчева, посочи дека ДПМНЕ три години не го почитува законското право на студентите на усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, со што студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра. „Доказ за тоа дека ДПМНЕ не се грижи за народот, туку само за своето гласачко тело, е тоа што и оние минимални права кои законски им следуваат на ...
Лутата храна честопати добива лоша репутација поради чувството на печење што го предизвикува, како и можните стомачни тегоби што може да ги предизвика. Сепак, научниците посочуваат дека некои лути зачини можат да имаат бројни позитивни ефекти врз здравјето. Добивајте вести на Viber Од подобра контрола на телесната тежина до потенцијална заштита на кардиоваскуларниот систем, ова се само некои од ефектите. Лутата и зачинета храна имаат ...
Родители со романско потекло возеле околу 100 километри низ Италија, не знаејќи дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот. Тие во текот на патувањето мислеле дека тој спие, објави „Corriere della Sera“. Трагедијата се случила во неделата околу 7:30 часот на автопатот А21, на делницата меѓу Торино и Пјаченца, во близина на излезите Кастеџо и Вогера. Таткото бил зад воланот, мајката седела до него, додека ...
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената граница. Пратката пристигнала преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговец во Петрич, објави 4news.mk Пиперките биле задржани и ставени под забрана за продажба додека се чекале резултатите од анализите. Откако било потврдено дека нивото на пестицидот е над дозволеното, ...
„Минатата ноќ, на планината, зимата пристигна во лето“, напиша Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи по гала-вечерта што ја приреди за семејството и пријателите во Котор, одбројувајќи ги деновите до премиерата на документарниот филм „The Wolf in the Winter“. Фотографиите од незаборавната забава на едно од најубавите места на јадранскиот брег го обиколија светот, а покрај славниот тенисер и добро расположeните гости, посебно внимание привлече и ...
Европскиот пазар на труд се соочува со сериозен недостиг на работна сила, а најбараните професии не се оние поврзани со вештачката интелигенција и дигиталните технологии, туку техничките занимања. Според анализа на BestBrokers, базирана на податоци од Евростат и европската мрежа за вработување EURES, работодавачите во Европа објавиле повеќе од 10 милиони слободни работни места во периодот од април 2025 до март 2026 година. На врвот на листата ...
„Во Гостивар видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица. Пијат вода пред камери. Велат ‘на здравје’ и дека е ‘многу вкусна’. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Над 5.000 заболени.Повеќе од 2.000 хоспитализирани луѓе“, велат од СДСМ. „Болницата во Гостивар е нефункционална.Пациенти се префрлани во Тетово. И сега, кога конечно рекоа дека водата е чиста, наместо одговорност – циркус. ...
Во Скопје е регистриран нов смртен случај поврзан со западнонилската треска. Почина 72-годишен маж кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, кај кого се развила клиничка слика на менингитис. Ова е втор смртен исход поврзан со вирусот во рок од една недела. На Инфективната клиника моментно се лекуваат 24 пациенти, а неколкумина се на механичка вентилација, објави 4news.mk Пред неколку дена почина и 83-годишен жител на Скопје, ...
Непријатен инцидент се случил во текот на завчерашниот ден во близина на Прилеп, кога сопственик на штала физички ги нападнал и ги спречил пожарникарите да го изгаснат пожарот што го зафатил неговиот објект. Според информациите, првите двајца пожарникари кои пристигнале на терен со помало противпожарно возило биле нападнати од сопственикот, кој нервозно се приближил, ги буткал во градите и физички ги отстранувал за да ги спречи да продолжат ...
Петнаесетгодишник од Охрид е тешко повреден во сообраќајна несреќа што вчера се случила на улицата „Јабланица“ во Охрид. Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 13 август во 14:40 часот во СВР Охрид, а во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.Ј. од село Калишта, Струшко, и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид. Во несреќата ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување дека попладнево во поголем дел од земјата постојат услови за локално невреме следено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град. Според објавената карта на УХМР, нестабилните воздушни маси ќе зафатат поголем дел од територијата, со исклучок на регионите на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово и Гостивар. Максималните дневни температури низ државата ќе се движат ...
Роби Вилијамс откри дека неодамна му е дијагностициран аутизам и вели дека тоа му помогнало подобро да разбере некои од неговите модели на однесување. Пејачот, кој претходно зборуваше за ADHD, анксиозност и проблеми со зависност, зборуваше за својата нова дијагноза на промоцијата на неговата модна колекција Hopeium. Вилијамс рече дека сфаќањето дека е аутистичен му донело извесно олеснување бидејќи сега може да ги види некои работи што ...
Повеќе од три децении, Хали Бери е меѓу најпрепознатливите лица во Холивуд, докажувајќи дека зад славата стојат талент, амбиција и импресивна професионална биографија. Родена во Кливленд, Охајо, во 1966 година, таа започнала како модел пред постепено да се сврти кон глумата. Нејзиниот голем пробив се случил во 1990-тите со улоги во филмови како „Бумеранг“ и „Сенаторот“, а нејзиното портретирање на девојката на Бонд Џинкс во „Не умирај денес“ ...
Иако најчесто се поврзува со постарите лица, деменцијата може да се појави и кај помладите луѓе без други здравствени проблеми, при што раното препознавање е клучно за утврдување на причината, поставување соодветна дијагноза и навремено започнување со третман, предупредуваат експертите. Симптомите можат да бидат различни во зависност од видот и причината за болеста. Еден таков специфичен облик е фронтотемпоралната деменција (ФТД), која ...
На 25-годишнината од Рамковниот договор, во Македонија повторно се будат демоните од едно не така дамнешно минато: • физички напади од силеџии на ДПМНЕ врз млади луѓе од СДСМ и цртање кругови околу нивните глави; • јавно објавување на доверливи полициски документи на партиски прес-конференции и во медиумите под контрола на власта; • закани по живот кон слободномислечки новинари; • со повреди на телото и во неразјаснети околности, пронајден ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции. Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], ...
29-годишен жител на Струмица е лишен од слобода откако управувал автомобил со 1,75 промили алкохол во крвта и учествувал во сообраќајна несреќа во која загина 19-годишна девојка. Несреќата се случила синоќа околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атарот на село Турново. Во неа учествувале патничко возило „Сеат Леон“, управувано од С.Б. (29) од Струмица, и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од ...
Пластичната фолија е погодна за складирање и покривање храна, но не е погодна за сите ситуации. Пластичната фолија, позната и како проѕирна фолија, често се користи за запечатување храна и покривање чинии со остатоци. Сепак, постојат ситуации каде што е подобро да се користи соодветна алтернатива. Не користете на високи температури Пластичната фолија може да издржи одредени ниски температури, но може да се стопи на високи температури. Затоа, ...
Големата евакуација на туристи и жители од Сивири на Халкидики продолжи и во вечерните часови вчера, откако пожарот што ја зафати областа се прошири кон населените места. Според најновите информации, 481 лице било спасено од плажата Сивири со помош на пловила на крајбрежната стража, противпожарната служба, рибарски и приватни бродови. Од спасените, 285 лица биле префрлени во Сани, додека уште 196 се качиле на „Speedrunner Jet“, кој ги ...
Австриската полиција уапси македонски државјанин кој бил баран поради сомнение дека со нож тешко повредил маж за време на средба поврзана со купопродажба на дрога во Велс. Според информациите на полицијата во Горна Австрија, осомничениот бил лоциран и уапсен во средата претпладне на железничката станица „Вестбанхоф“ (Westbahnhof) во Виена. По апсењето, тој бил спроведен во затвор во Велс. Случајот за кој се товари се случил на 29 април ...
На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на подрачјето на општина Аеродром има починато лице. Според пријавеното, при изведување работни задачи В.Н.(65) од Скопје бил прегазен од виљушкар, кој претходно сам се придвижил. Известен е јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје. На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е ...
Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот во семејниот дом го пронашол починат неговиот син В.А.(41). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатито ќе биде дадено на обдукција. Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријавил дека ...
Турист од Грузија вчера го загубил животот во водите на Охридското Езеро кај Пештани, информираат од СВР Охрид. Според полицискиот билтен, во 14:32 часот било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице, објави 4news.mk На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира, но лекар констатирал смрт. На телото не биле забележани видливи повреди. Со преземените мерки било утврдено дека ...
Бургас ќе биде домаќин на 71-то издание на „Евровизија“. По завршниот круг од постапката за избор, приморскиот град ја доби трката со Софија и ќе го пречека најголемиот музичко-телевизиски настан во Европа во мај 2027 година. Одлуката беше соопштена од Бугарската национална телевизија (БНТ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ), откако меѓународната оценувачка комисија ја заврши анализата на двете финални кандидатури. При изборот беа земени ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја изрече првата глоба за напуштање новородени животни во земјава. Сторителот од Скопје е казнет со 550 евра во денарска противвредност, откако во парк во близина на скопски трговски центар фрлил цело легло со мали мачиња. Инцидентот бил забележан од совесен граѓанин кој веднаш го пријавил случајот до ЈП „Лајка“, приложувајќи фотографии и видеоснимки од напуштањето, објави 4news.mk Врз основа на ...
СДСМ бара итна и системска реакција од институциите по прогласувањето на епидемијата на западно-нилска треска. Наместо задоцнето гасење на пожарот, потребни се конкретни мерки, навремена превенција и јасна одговорност, порача Кети Штерјова од СДСМ, на денешната прес-конференција. „Доста беше играње со здравјето на луѓето. СДСМ бара веднаш Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност, Национална GIS карта на епидемијата и ризикот. ...