Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
На 18.05.2026 во 05:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември” во Охрид, патничко возило „цитроен” со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(22) од Охрид, изгубило контрола и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо” Охрид. При извршени проверки, било констатирано дека И.Р. го управува под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на собраниска седница апелираше дека е потребна посилна и посеопфатна медицинска поддршка за децата со попреченост и лицата со ретки болести, преку измени во Законот за здравствено осигурување. Таа посочи дека предложените измени предвидуваат воспоставување на посебна позитивна листа на лекови и суплементи, како и проширување и ревидирање на правото на ортопедски и индивидуални помагала. „Со предложените ...
Жена на 46-годишна возраст била пронајдена мртва во стан во скопската општина Аеродром, а надлежните институции веќе преземаат мерки за утврдување на причините за смртта. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 17 мај 2026 година околу 11:00 часот во СВР Скопје. Според пријавата, 41-годишниот З.К. од Скопје околу 10:30 часот ја пронашол својата 46-годишна сестра без знаци на живот во нејзиниот стан во ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11.5.2026 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се ...
Ако летово планирате пат со автомобил во Грција ќе треба навреме да ја проверите задолжителната опрема во возилото. Од 18 јуни 2026 година во земјата стапуваат во сила нови правила за комплетите за прва помош, а за возачите кои нема да имаат соодветна опрема е предвидена казна од 30 евра. Според новите правила, возилата во Грција ќе мора да имаат ажуриран комплет за прва помош со 16 задолжителни предмети. Правилото се однесува на моторните ...
Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа, објави „WorldAtlas“ додека Христијан Мицкоски секојдневно раскажува бајки за трета економија во Европа, обвинија од СДСМ. Од партијата велат дека реалноста е сосема поинаква и дека граѓаните секој ден ја чувствуваат вистината преку празните паричници, високите цени и се потешкиот живот. „Алармантно лоша е и состојбата со Буџетот, снемува пари. Се случува токму она на што СДСМ подолго време ...
Под слоганот „Сите нека знаат / Let Everyone Know“, на 20 јуни 2026 година ќе се одржи овогодишната Парада на гордоста во Скопје. Организаторите најавуваат дека Скопје Прајд годинава доаѓа во време на сериозни политички и општествени предизвици, како на локално, така и на глобално ниво. Според соопштението на организацискиот одбор, настанот се организира во контекст на воени превирања, климатска криза, инфлација и системска корупција, но и во ...
Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди регионот Гуангси во југозападна Кина утрово при што загинаа две лица. Според информациите од кинеските медиуми, евакуирани се над 7.000 луѓе во градот Лиуџоу, додека операциите за пребарување и спасување продолжуваат, а властите предупредуваат за прекини во сообраќајот. Потврдени се два смртни случаи, едно лице сè уште се води како исчезнато, а четири лица се однесени во болница, иако ниту едно ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи притвор за 45-годишен скопјанец осомничен дека извршил семејно насилство врз неговата поранешна партнерка во скопската населба Кисела Вода. Според обвинителството, осомничениот насилно ја извлекол жртвата од домот каде што живеела, ја однел во својот дом во близина и таму ја нападнал со шлаканици, клоци и удари со мобилен телефон. Жената се здобила со телесни повреди – рани и ...
По спектакуларното финале на Евровизија 2026 во Виена, цела Европа пее само за едно име – тоа е Дарина Николаева Јотова, попозната едноставно како Дара, претставничката на Бугарија која победи. Нејзината енергична песна „Бангаранга“ ја воодушеви публиката и жирито, освојувајќи повеќе од 500 гласови. Дара е родена во Варна во 1998 година, а привлече неверојатно внимание како седумнаесетгодишна кога го освои третото место на бугарскиот „Х ...
Во следните две недели Македонија ја очекува претежно стабилно пролетно време со постепен пораст на температурите. По краткотрајно освежување на почетокот од периодот, следува потопло време со дневни температури до 26°C. 17–20 мај: променлив почеток на седмицата Во недела (17 мај) и понеделник (18 мај) времето ќе биде пријатно со дневни температури од 21°C и 22°C, објави 4news.mk Во вторник (19 мај) се очекува значително освежување, кога ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за српскиот медиум „Нова.рс“, зборува за политичко-финансиската мрежа што ги поврзува Виктор Орбан, Александар Вучиќ и Христијан Мицкоски. „Оваа мрежа не ја откриваме од вчера. Ја разобличуваме со месеци, а секој нов ден носи нови потврди. Христијан Мицкоски во Македонија одамна го нарекуваат ‘малиот Вучиќ’. И тоа не е случајно“, вели Филипче. Тој оценува дека постои целосен „copy-paste“ во ...
Полицијата во Скопје уапси 19-годишник од селото Бојане, осомничен за убиство на 18-годишно момче од истото село. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, трагичниот настан се случил на 15 мај 2026 година во шума во близина на Сарај, а осомничениот бил приведен во раните утрински часови на 17 мај. Како што соопштија од МВР, осомничениот М.Б. го признал делото, по што полициските службеници ги пронашле телото на жртвата и ...
РЕАКЦИЈА НА НAЦИОНАЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА: СООПШТЕНИЕ ДО СИТЕ ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИ! решенија за поврат на субвенции Платежната агенција во своето образложение наведува дека при теренски контроли се констатирани отстапувања од преку 30% помеѓу пријавените и реално засадените површини АГЕНЦИЈАТА ПРАВИ ГРУБ ПРЕКРШОК НА ПОСТАПКАТА Законските одредби се јасни: записник потпише повреда на постапката и решението за поврат на пари ЈАВЕН ПОВИК ДО ...
На 15.05.2026 во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата мајка Ѓ.У.(35) од с.Конче, радовишко, го родила во домот. Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Штип. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг К.У.(33) од с.Конче, при што било утврдено дека околу 02:00 ...
Покрај зајакнувањето на коските и забите, калциумот е важен за функционирањето на мускулите, срцето и нервниот систем, па затоа неговиот недостаток може да предизвика бројни заболувања што луѓето често ги игнорираат. Калциумот е еден од клучните минерали што му овозможуваат на телото нормално да функционира. Неговата важност не е ограничена само на зачувување на силни коски и здрави заби, туку влијае и на работата на мускулите, правилниот ...
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, смета дека премиерот Христијан Мицкоски треба да поднесе оставка бидејќи јавно признал дека телефонски разговарал со државниот јавен обвинител за конкретен предмет. Гостувајќи во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24, Жерновски порача дека опозицијата сериозно ја разгледува можноста за поднесување интерпелација за претседателот на Владата. „Премиерот требаше да си поднесе оставка. ...
Родителите на учениците кои вршат насилство во училиштата ќе се соочат со парична казна од 250 евра, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Казната ќе се применува и во случаите кога родителот ќе одбие соработка со училишните служби и надлежните институции. Овие новини се дел од измените на Законот за основно образование, кои се подготвуваат по серијата регистрирани инциденти на врсничко насилство што ја вознемирија ...
Македонија(Видео) Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директоритеОбјавено пред 39 минути – 15 мај, 2026Од Е. Т. / Макфакс Секојдневните сведоштва за булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови се јасен сигнал дека системот за превенција потфрла, а Министерството за образование и наука не презема соодветни активности. Ова на денешната прес-конференција ...
Комисијата за заразни болести формирана при Министерството за здравство одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот и здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата. Институтот за јавно здравје располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, ...
На 14.05.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Коце Металец“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот А.П. е лишен од слобода по член 300 од ...
Пет италијански туристи загинаа додека нуркале во пештера на Малдиви, што предизвика полициска истрага за трагедијата, соопштија властите во четврток. Жртвите биле дел од група која ја пребарувала внатрешноста на едно од најпопуларните подводни локации во овој дел од светот. Моника Монтефалконе, професорка по морска биологија на Универзитетот во Џенова, и нејзината 20-годишна ќела Џорџија Сомакал биле 50 метри (160 стапки) длабоко во водите ...
Јавниот долг за само две години е зголемен за 2,5 милијарди евра во апсолутен износ, предупреди поранешниот вицепремиер за економски прашања и пратеник од СДСМ, Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма. Битиќи истакна дека јавниот долг не смее да се релативизира и дека е погрешно да се создава перцепција дека задолжувањето не е важно прашање за економската стабилност на државата. „Креирана е перцепција дека јавниот долг не ...
Во Штип беше претставен завршениот проект „Заедно за инклузивна општина“, на здружението „Хендикеп Плус“ и општина Штип, финансиран во рамки на Бугарската помош за развој, јавува БТА. Целта на проектот е обезбедување на социјални промени во општината, иницирани од лица со попреченост за потранспарентно, поодговорно и поинклузивно управување на локално ниво. Специфичните цели се насочени кон поттикнување на исполнувањето на обврските од ...
Националната земјоделска мрежа испрати соопштение до јавноста во кое бара одговор од Платежната агенција и МЗШВ зошто до тутунари се испратени писмени барања да вратат средства од веќе исплатени субвении во 2025 година, за реколтата 2024. Кај некои тутунари се бара поврат на исплатени субвенции и до 6 илјади евра. Доказот кој го објавиваме бара поврат на средства до 2 илјади евра. Според информациите од теренот, до членовите на НЗМ и ...
Виена – По одржувањето на второто полуфинале на Евровизија 2026, синоќа официјално беа познати сите земји кои ќе настапат во големото финале на најголемиот музички спектакл во Европа. Во арената „Винер Штадхале“ во Виена, публиката проследи уште една динамична и визуелно впечатлива вечер исполнета со различни музички стилови, сценски ефекти и бројни реакции на социјалните мрежи. Добивај вести на вибер> Од второто полуфинале пласман во ...
УЈП почна да исплаќа Мој ДДВ за скенираните фискални сметки од првото тримесечје на 2026 година, а граѓаните веќе треба да ги проверат своите трансакциски сметки и податоците во апликацијата. Според објавените информации од Управата за јавни приходи, исплатата се реализира етапно, според обработката на налозите, а во овој квартален циклус треба да бидат исплатени близу 836 милиони денари. Парите ќе бидат префрлени кон 528.447 корисници на ...
Основното јавно обвинителство во Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен маж, осомничен за кривично дело – убиство при вршење семејно насилство. Според информациите од Обвинителството, осомничениот утрово ја лишил од живот својата поранешна вонбрачна партнерка, со која имал четири заеднички малолетни деца. Како што наведуваат од обвинителството, тој претходно се осигурал дека таткото на жртвата не се наоѓа во ...
Се затвори 5-то издание на Денот на Станушината, кое оваа година се одржа на 3 локации во Кавадарци и Скопје. 30 различни етикети Амбасадите на Америка со Н.Е. Nicoles Varnes и на Јапонија Н.Е. Кавахара Сецуко Сето ова намеше да се случи доколку со многу елан, енергија, не се промени законот за вино во 2020 година при што се регистрираа првите 11 мали семејни винарии производители на вино. Тоа беше една од најдобрите работи што и се ...
На 13.05.2026 во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 86-годишниот Д.Т. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров се однесувал непристојно кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 13.05.2026 во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР ...