„Денес не сум пред вас само како кандидат за нов мандат, туку како човек кој верува во себе и во Вас. Заедно покажавме дека општината може да се води со работа, чесност и визија. Ниту еден проект, ниту една промена не се случи сама од себе – сè што направивме е резултат на тимска работа, упорност и љубов кон нашата општина”, истакна на трибината на СДСМ и Коалицијата, кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип Драган Анастасов. Во ...

Од 29 септември цените на цигарите во Македонија се зголемија за околу 10 денари по пакување. Иако дел од потрошувачите сè уште не го чувствуваат целосното поскапување поради залихите со стара цена, производителите најавуваат дека во наредните денови новата цена целосно ќе се пренесе до продажните места. Зголемувањето се однесува на популарни брендови како Данхил, Лаки Страјк, Пал Мал и Ротман. Важно е да се истакне дека промената не е ...

Додека Мицкоски продолжува да ги убедува граѓаните дека треба да имаме многудетни семејства, неговата Влада прави сè за да не им го овозможи тоа. Мицкоски, кој доаѓа од високата класа и има часовници од 60.000 евра и бизнис од 10 милиони евра, не може да разбере дека за одгледување на повеќе деца се потребни пари и услови, се наведува во жестоката реакција од СДСМ на денешната изјава на премиерот Мицкоски дека повеќедетните семејства се ...

Создавањето фамилија, посебно голема фамилија, е најголем патриотски акт за една нација, кон својата држава, без оглед на етничка или религиозна припадност. Големо семејство значи просперитет. “Ако посакуваме иднина, ако посакуваме држава, богата држава која ќе напредува и по нас, тогаш фамилијата е одговорот на овој предизвик,” изјави премиерот Христијан Мицкоски на настанот “Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и ...

Од трибината во Куманово, заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска упати јасна порака, време е за промена, време е Куманово да добие нова енергија и вистинско раководство. „Куманово заслужува многу повеќе. Време е да го поддржиме човекот кој има визија, искуство и искрена посветеност, Мартин Костовски,” изјави Каранфилова-Пановска, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ е единствениот што нуди реални решенија за вистинските ...

На свеченоста по повод официјално отворање на 17. Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка му беше врачено признанието лауреат на годинашното издание на првенецот на МНТ, познатиот македонски актер, глумец и шоумен Игор Џамбазов. Организатор на фестивалот е Општина Крива Паланка, а на свеченоста беше истакнато дека Игор Џамбазов е безвременски уметник кој ја збогатува македонската театарска сцена со страст, а ...

Оваа вест го шокираше Холивуд и ги растажи фановите ширум светот – еден од најстабилните и најомилените парови, Никол Кидман и Кит Урбан, објавија дека се разведуваат по 19 години брак. Иако пред само неколку месеци ја прославија годишнината со емотивни објави, извори блиски до парот тврдат дека тие со месеци живеат одвоени животи, а пресудила една работа – немилосрдните кариери и физичката оддалеченост. Според „Дејли Мејл“, проблемите во ...

Пејачката Милица Тодоровиќ ја живее најубавата животна улога – наскоро ќе стане мајка. По првичните резултати од лекарите, ѝ било кажано дека ќе роди девојче, но на последниот ултразвучен преглед се случил пресврт: се покажало дека сепак очекува син. Кога прво слушна дека ќе добие ќерка, беше пресреќна. Но на последниот преглед докторите сфатија дека бебето е машко. Претходно било незгодно свртено, па се направила грешка“, открил близок извор ...

Се чини дека ова засекогаш скршило нешто во него и сега тој ја гледа на сосема поинаков начин, објави 4NEWS.mk Трогателна, но контроверзна објава од маж кој бил со својата сопруга за време на породувањето предизвика лавина од коментари и ја подели јавноста. „Засекогаш ја променија нашата интимност“ „Мојата сопруга инсистираше да бидам таму со неа и да бидам сведок на породувањето. Секако дека реков дека сакам, и длабоко во себе сакав да бидам ...

Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, дека рокот за аплицирање почнува од утре, 1 октомври, и трае до 30 октомври 2025. – Корисникот на стипендија треба на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се директно одговорни за системското блокирање на функционирањето на Градот Скопје и за загадувањето на воздухот. Тој посочи дека Мицкоски и неговата партија не може да се амнестираат од градоначалничката Данела Арсовска, бидејќи токму тие ја промовираа како најдобра менџерка и ја донесоа на ...

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев на својот Фејсбук профил реагираше на обвинението за пожарот во Кочани, укажувајќи дека проблемот не е во правна грешка, туку во политичка нарачка. „Не е страшно што обвинителите згрешиле со ‘теоријата’ за верижна одговорност за пожарот во Кочани. Страшно е што не се работи за грешка туку за нарачка од политиката. Страшно е што сите правни авторитети се сложија дека тоа баш нема да може, а сепак ...

За 8 години во Крушево се реализирани 68 капитални и локални проекти од страна на локалната власт и градоначалникот од СДСМ, Томе Христовски, тоа е пример за општина која е сервис на граѓаните, порача на граѓанската трибина во Крушево, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче. Во обраќањето пред граѓаните тој посочи дека Томе Христовски во неговите два мандати го претвори Крушево во бренд на развој, чиста ...

Партиите и независните кандидати денеска на вториот ден од кампањата за Локалните избори 2025 продолжуваат со официјалните претставувања пред гласачите. Изборната кампања, која почна вчера, ќе трае до 17 октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19 октомври (втор круг 2 ноември). ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Вевчани (17:00), во Струга (18:30) и во Ресен (20:30). ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изборната кампања за ...

СДСМ го објави распоредот за целосниот караван на партијата и коалицијата за претстојните локални избори, со распоред, саатници и места за секој ден за време на целата кампања. Централните настани ќе бидат во 18:30 часот и во 20:00 часот. На овие два настани караванот го предводи претседателот на СДСМ и лидер на Коалицијата, д-р Венко Филипче кој ќе има обраќање, заедно со кандидатите за градоначалници од општините. Од двата настани ќе има ...

За да има катна гаража – прво требаше да има советници што гласаат „ЗА”. Но наместо тоа, гледавме четири години чист ИНАEТ. Наместо да мислат на граѓаните, советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа „ПРОТИВ” за сè што значи напредок на Карпош, велат од ГРОМ. Тие гласаа против да се доделат средства на Лајка за да ги заловува бездомните кучиња, против наставниците во училиштата и негувателките во градинките да земат плата, против вработување на ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 % во однос на одлуката од 22.09.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за ...

Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, објави 4NEWS.mk Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре ќе се задржи стабилно време. Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен ...

Дебатата за тоа кој пол полесно ја поднесува болката – мажите или жените – долго време е тема на научни истражувања. Новата студија спроведена од Универзитетот Мекгил и Универзитетот во Торонто открива дека мажите можеби се почувствителни на болка од жените, рушејќи ги традиционалните стереотипи за машка сила и женска издржливост. Истражувачите утврдиле дека мажите пријавуваат повисоки нивоа на болка при тестови со термичка стимулација и ...

Игор Џамбазов е лауреат на 17. меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, кој денеска ќе се отвори во Крива Паланка. Тој ќе ја прими наградата за посебни заслуги во развојот на театарската уметност, Џамбазов во Големата сала на Општина Крива Паланка. Минатогодишниот лауреат беше Никола Ристановски. Фестивалот ќе се одржи од 29 септември до 6 октомври 2025 година, секоја вечер со почеток во 19:30 часот. Фестивалот ќе започне со ...

Физички напад врз здравствен работник од млада скопјанка бил пријавен во полиција рано утринава, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Денеска во 2:40 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, Д.Б., на возраст од 36 години од скопско Булачани, пријавила дека синоќа околу 23:15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи во својство на здравствен работник во комбе од Итна ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера на конвенцијата на партијата ги презентираше кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори 2025 година. Во своето обраќање, тој порача дека СДСМ и коалициските партнери повторно ја преземаат обврската да бидат двигатели на слободата, правдата и еднаквоста, но и гаранти за европската иднина на државата. „Нашиот заеднички дом ни ја дава таа задача и таа обврска и ние ја прифаќаме. Ќе ...

Инстаграм воведе нов видео формат во ултраширока резолуција од 5128×1080 пиксели. Најновиот формат на Инстаграм, 5128×1080 px, сè повеќе го користат брендовите и креаторите на содржини поради неговата единствена можност за прикажување видео материјал во панорамски, широк формат. Овој формат е особено погоден за „ролни“ за раскажување приказни, бидејќи обезбедува уникатно визуелно искуство кое го привлекува вниманието на публиката. За да ги ...

Прв ден од дваесетдневната изборна кампања за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври. Партиите и коалициите почнуваат со официјалните изборни активности. Изборната кампања започна на полноќ и ќе трае дваесет дена односно до 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи две недели подоцна на 2 ноември. Како што е предвидено во Изборниот законик (член 69а) за ...

Викендот, пратеникот од СДСМ и поранешен потпретседател на владата на РС Македонија и министер Љупчо Николовски беше домакин на потпретседателот на СДП Хрватска и претседателот на Совет на град Загреб. Ранко Остојиќ Тој дојде во Крива Паланка заедно со Матеј Мишиќ кој е моментално претседател на Советот на град Загреб. Ова беше прилика со Ранко да разговараме за членството во ЕУ како начин да изградиме среден систем, обезбедиме милијарди ...

Бремени жени, не користете „таленол“ освен ако не е апсолутно потребно, не давајте „таленол“ на вашето мало дете туку-така без никаква причина, поделете ја МРП вакцината (против морбили, заразни заушки и рубеола, н.з.) на три посебни вакцини, на три одделни дози (не сите заедно во една вакцина), земете ја вакцината против овчи сипаници одделно, против хепатитис Б после 12 годишна возраст и најважно, примете ги вакцините во пет посебни посети ...

Германските работодавци планираат понатамошно намалување на работната сила, според септемврискиот извештај објавен денес од Институтот за економски истражувања IFO со седиште во Минхен. Индексот што ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,8 поени во август на 92,5 поени, што е најниско ниво од јуни 2020 година. Расположението на пазарот на трудот сè уште не е добро, па затоа многу компании ги одложуваат ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври. Како што истакна Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, следното покачување ќе биде напролет. -Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемувањето на пензиите линеарно во вкупен износ од 7 000 по пензионер што ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот П.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. П.С. како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот за засновање и престанок на работниот однос кон малолетник-ученик од Охрид, кој изведувал пракса во правното лице, не се придржувал кон ...

Министерството за внатрешни работи известува дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши детаљни проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи Велес по сите настани што биле пријавени од страна на жртвата Росица Коцева. Во најголемиот дел од случаите полицијата постапила во согласност со законските процедури за што била поднесена и ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
54%
1025
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
51%
1025
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
44%
1025
weather icon

Софија

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
58%
1026
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.51
63%
1027
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
56%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.02
59%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
47%
1025
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
54%
1028
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
46%
1026
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
59%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Алуминиум

3.42

Цинк

3.24

Рутениум

47358.05

Паладиум

51794.85

Иридиум

231355.22

Родиум

372948.66

Сребро

2711.59

Злато

166253.76

Бакар

11.73

Калај

50.64

Платина

68963.35

Кобалт

66.14