Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето – е всушност една од најважните нешта во корист на здравиот психофизички развој кај малечките. Испитувања спроведени од Националната детска болница во американската сојузна држава Охајо, покажуваат дека децата – колку повеќе се гушкани од родителите, толку се и попаметни. Имено, детето кое често добива прегратки е посреќно, позадоволно, посвесно за себе, па така е и ...
Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март, ќе се вршат градежни работи на кружниот тек во Дебар Маало на улица Орце Николов, поради што во периодот од 8 до 15 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај. Сообраќајот на потегот од улицата Коле Неделковски до улица Ленинова ќе се одвива во една насока. Од Центар апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да се прилагодат на времениот ...
Уметникот Филип Јовановски во интервју за Слободен печат зборуваше за неговиот проект „Градот како сцена“ со кој тој има настапено на последното издание на Млад отворен таетар. „Тој проект е некакво спојување на она што ми е интерес, а тоа е градот и театарот, затоа што доста сум се бавел и се бавам со сценографија и градот како сцена за мене е уметничко истражувачки процес кадешто ги спојувам проблемите на градот и кога тие можат да станат ...
Стабилното време изминатата седмица, како и дневните температури кои достигнаа натпросечни вредности за овој период од годината, придонесоа за пролетно будење на овошките. Според агрометеоролозите, најавените врнежи во наредните денови се од големо значење за земјоделските култури, но и за подготовка на почвата за садење, како и за успешно навлегување во посевите во период на пролетен развој. -Во наредните денови, за време на викендот, ...
„Мирен и здодевен, а во текот на викендите град на духови во којшто ништо не се случува“, се зборувало за Луксембург којшто се нашол во друштво на неправедно занемарените дестинации. Меѓутоа, Луксембург не е само град за работниците во одела, место во кое секогаш нешто се работи, а никогаш луѓето не се забавуваат. Доволно е навечер да се упатите во некој од баровите во квартот Rives de Clausen каде може пријатно да ве изненади дозата ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале. Регионалниот ЦУК Скопје информира за три пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Охрид за еден и Регионалниот ЦУК Штип за ѓест пријавени и изгаснати пожари на отворено. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. ...
Дали се социоекономиските причини, дали е недостигот на граѓанство или нешто друго не можеме да знаеме, но едно е сигурно дека Скопје не произведува повеќе таканаречени „скопски фаци“. Граѓаните се „изгубени“ во потрага по таинствениот “скопска фаца” кој или која, изгледа, едноставно се изгубила. Дали станува збор за јавен феномен, нов моден тренд или преодна фаза граѓаните се запрашуваат каде отиде таа идентитетска ориентација која ја ...
Со старите пасоши не може никаде да се патува, со нив нема да остварите излез од државата оти тие не се во функција, рече заменик Министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. При денешната посета на Секторот за внатрешни работи Тетово, тој кажа дека има доволно обрасци за новите пасоши и никаде не се создава хаос. – Како што ја информиравме македонската јавност , стигнаа 50.000, па 20.000 обрасци, па 140.000 обрасци и доцна вечерва или ...
Советници од Советот на општина Ѓорче Петров собраа доволен број потписи и побараа одржување на трета вонредна седница на Советот со една предлог точка на дневен ред. Советниците бараат да се донесе одлука за суспендирање на делови од Деталниот урбанистички план СЗ 16 односно да не се градат предвидените висококатници. Овој ДУП беше донесен исто така на вонредна седница а со него се предвидува изградба на неколку висококатници во ...
Актуелниот директор на Младинскиот културен центар Арбен Бени Шаќири решил од утре да ги откаже сите настани во МКЦ, вклучително и детски родендени. Ова се гледа од меил преписката што еден читател на 24инфо.мк ја имал со МКЦ. Токму роденденот на неговото дете е првиот откажан настан од страна на директорот на МКЦ. Во меилот како образложение за откажувањето се наведени директиви на државната комисија за спречување на корупцијата во однос на ...
Експерт за домаќински трикови на TikTok ги сподели своите совети и трикови за тоа како правилно да го складирате лебот и да се осигурате дека ниту едно парче нема да пропадне. „Купив леб на пазар, а само неколку дена подоцна се појави мувла. Најдобар е свежо печен, но не трае долго. Еве како да го замрзнете и зачувате свежо печениот леб“, вели тој. Истакна дека е важно лебот да се олади пред многу цврсто да се завитка со најлонска фолија. ...
Пуштен во употреба пред речиси пет години Паркот Ибни Пајко, денес повеќе функционира како див паркинг отколку како парк. Десетици возила узурпираат пешачки патеки и зелени површини, луѓето тешко се движат а уште потешко можат да се рекреираат или да одморат на некоја од клупите. За луѓето кои работат во околината, ова е секојдневние, велат дека интервенциите на пајак службата последниве две години не се бројат ниту на прстите од една рака, а ...
Поставена е мерна станица во дворот на Цементарница „Усје“, преку која жителите на Кисела Вода ќе имат увид во квалитетот на воздухот во близина на фабриката. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека тие, како локална самоуправа прават сѐ што е во рамки на нивните ингеренции за на граѓаните да им обезбедат поквалитетен воздух и подобра еколошка средина. На потег се сега надлежните, односно неминовна е потребата од неселективен ангажман на ...
Сајбер булингот е „злото“ на новото време кој бара сериозен пристап од повеќе институции за да се намали и спречи, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој учествуваше на настанот “Дигитализацијата и сајбер безбедноста: сегашноста и иднината на учениците” организиран од „Аналитика Тинк Тенк“. Во оваа ера на технолошки развој кога младите уште од рана возраст имаат пристап до компјутери и мобилни телефони не само ...
Три вообичаени грешки при чистењето. Многумина при чистењето на домот не се свесни дека прават големи грешки, па не само што губат време, туку дозволуваат прашината и микробите да се задржуваат во домот. Една професионална хигиеничарка открива кои се најчестите грешки при чистењето, па ако сакате домот навистина да ви е чист, обратете внимание на овие совети. 1. Правосмукување во сите правци Оваа хириеничарка за чисти подови и теписи ...
Поставена е мерна станица во дворот на Цементарница „Усје“, преку која жителите на Кисела Вода ќе имат увид во квалитетот на воздухот во близина на фабриката. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека тие, како локална самоуправа прават сѐ што е во рамки на нивните ингеренции за на граѓаните да им обезбедат поквалитетен воздух и подобра еколошка средина. На потег се сега надлежните, односно неминовна е потребата од неселективен ангажман на ...
Десетици клупи се однесени од патеките крај Вардар, со што му е нанесена огромна штета на Градот и на граѓаните на Скопје, а за тоа претседателот на Советот на Град Скопје, побарал информација од градоначалничката која не ја добил. Денешната седница на Советот почна токму со оваа информација, а како што појасни Трајко Славески, однесени се клупи од местата каде има пристап со возило до патеките. Тој вели дека од спротива има згради, па ...
Државниот пазарен инспекторат нема да го чека утрешниот ден, односно целосното завршување на одлуките, туку како и до сега, во континуитет, така и денес излегуваме на терен и ќе извршуваме надзори во сите големи маркети во Република Северна Македонија, по сите закони по кои постапува пазарниот инспекторат, вели директорот Горан Трајковски и додава: -Во изминатиот период, пазарниот инспекторат беше на ниво на својата задача и во интерес на ...
Министерството за локална самоуправа, Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош (SASPAC) на Албанија и Европската Унија, во Охрид официјално го означија почетокот на имплементацијата на ИПА 3 Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, преку која се обезбедени 13,79 милиони евра за проекти, за периодот до 2027 година. Целта на програмата е промовирање на одржлив развој, заштита на ...
Граѓаните на Скопје го користат својот хумор и креативноста како оружје во серијата акции кои имаат цел да ја подигнат свеста за немањето на јавни тоалети во градот. Последна беше на уметникот Озбек Ајваз во Градскиот парк фонтаната „Лотос“ каде постави скулптура што визуелно ја претставуваше бактеријата Ешерихија Коли. „Со недостатокот на јавни тоалети, граѓаните се ставени во неудобни ситуации бидејќи не можат да одржат адекватна хигиена, ...
Три лица вчера пријавиле дека биле каснати од улични кучиња во Скопје. – На 28.02.2024 во 12.25 часот во Полициската станица Центар, В.А.(61) од Скопје пријавила дека на ул.„Македонија“ во Скопје била касната од куче скитник. – На 28.02.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.Ш.(51) од Скопје пријавила дека во с.Горно Соње, скопско, била касната од куче скитник. – На 28.02.2024 во 11.10 часот во Полициската станица Драчево, ...
Во текот на осмата недела од 2024 година (19-25.02.2024), пријавени се 820 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 40,8% помалку во споредба со претходната седмица. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 8-ма недела од минатата сезона е намален за 6,0%, а во споредба со бројот за 8-ма недела од типичната епидемиска крива, е помал за 67,4%, соопшти Институтот за јавно здравје. Во однос на возрасната ...
Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето на тема „Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби“ и истото како што информираат, открива дека доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови (ГУП) чија формална важност е истечена. За разлика од застарените ГУП-ови, во општините што беа предмет на ова истражување, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени. ...
Блогерката Џениса Форлано споделила фотографии од хотелска соба која може да се пофали дека го има „најдобриот поглед на светот“. Инаку, за да престојувате во собата, ќе треба да станете дел од двегодишната листа на чекање. Форлано на „Инстаграм“ го документирала своето патување до „Доломитенхут“ – хотел лоциран во Австрија. Собата во која била сместена се вика „Адлерхорст“, а има поглед на планините. Собата со волшебен поглед чини 85 евра од ...
Европските потрошувачи претпочитаат помали сорти на домати. Подготвени се да платат повисока цена за нив, информира FreshPlaza. Деновиве, Европската комисија ја презентира својата прогноза за следните 10 години во производството и маркетингот на овошје и зеленчук. Акцентот е ставен на трендовите на пазарот на домати. Според аналитичарите, европското производство ќе надмине 16 милиони тони, од кои 40% е за свежа потрошувачка, а остатокот за ...
Во американската држава Висконсин температурата се намали за повеќе од 30 степени Целзиусови во рок од 24 часа, што е рекорден пад на температурата во САД, соопшти Националната метеоролошка служба (НБЦ). Во градот Медисон во вторникот беше сончево и температурата беше 21,1 Целзиусови степени, додека во средата наутро беше 11,7 степени под нулата, со што беше израмнет 113-годишниот рекорд за ненадејна промена на температурата на воздухот во ...
На 2. март (сабота), Јавна Соба ќе биде домаќин на базар на повеќе од 20 изложувачи насловен како „Fair Fashion“. Овој базар става акцент на етичката и одржливa мода, каде ќе се нуди рачно дизајнирана, но и „ second hand“ облека, како и рачно изработени накит и модни додатоци. Сите посетители ќе може да уживаат во пазарењето на сосема поинаков начин, а воедно и одблизу да ги запознаат малите производители, дизајнери, занаетчии и трговци, и ...
Награда од 2.500 евра нуди семејство од Скопје, чиј папагал Шер, од видот ара, се изгубил пред четири дена. Семејството, чиј идентитет е познат на нашата редакција, појаснува дека Шер ја чувале две години, имала картон за препознавање, а последен пат била видена во населба Орман, близу картингот. Имаат и упатство, околу тоа доколку некој ја забележи, како да и пријде без да ја исплаши или повреди. -Повикајте ја, питома е, нема да ве касне. ...
Има неколку причини зошто трпението е важно кога се вдомува куче од прифатилиште: 1. Адаптација на новата средина: Кучето треба да има доволно време да се навикне на новата околина, мириси, звуци и луѓе во вашиот дом. Некои кучиња можат да се адаптираат брзо, додека други можеби ќе имаат потешкотии. 2. Можен страв и несигурност: Многу кучиња што пристигнуваат во прифатилиштата можеби веќе искусиле траума или биле малтретирани. Затоа е важно ...