Владата експресно ја одби иницијативата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за организирање референдум за ЕУ. Преку соопштение од Генералниот секретаријат, од Владата порачаа дека нема потреба да се трошат време и пари на граѓаните, нагласувајќи дека членството во Унијата останува нивна стратешка цел која веќе се реализира во пракса. Како клучни докази за сопствената европска агенда, извршната власт ги посочи последните одлуки кои доаѓаат од ...

По повод Денот на менструалната хигиена, 28 мај, dm drogerie markt го продолжува проектот „Никогаш повеќе сама“ со фокус на едукација, отворен разговор и директна поддршка за младите девојки и студентки. Во текот на мај, Бести, најдобрата другарка, поддршка и глас на младите девојки во рамки на проектот, заедно со прим. д-р Искра Дукова, специјалист по гинекологија и акушерство и дел од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – ...

На 4 јуни, со почеток во 20:00 часот, во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар, со кој ќе биде отворено првото издание на JAZZ STReam Festival. Публиката ќе има можност да ужива во моќниот звук на биг бенд оркестарот во живо, под диригентство на маестро Џијан Емин. Ова ќе биде прво гостување на Националниот џез оркестар во Струмица и почеток на JAZZ STReam Festival – ...

Четвртокот, 28 мај 2026 година, носи космичка транзиција која бара максимална будност во текот на денот и подготвеност за брза адаптација во вечерните часови. Сè до подоцнежните часови, Месечината се движи низ фиксниот воден знак Шкорпија, што значи дека утринскиот и попладневниот период се идеални за длабински анализи, решавање на заостанати материјални или организациски прашања и за откривање на суштината на деловните процеси. Ова не е ...

Во рамките на своето јубилејно 25. издание, музичкиот фестивал ОФФест ја збогатува својата програма со уште еден исклучителен и моќен африкански состав. На 3 јуни, во Националната опера и балет со почеток во 22:00 часот, пред македонската публика ќе настапи реномираната домородна група од Совето во Јужна Африка BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness). Составот што го сочинуваат Јови (главен вокал), Кгомотсо (придружен вокал), Хлони ...

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека таргетирала американска воздушна база во регионот, како одговор на новите американски напади во јужниот дел на Иран. Од ИРГЦ не прецизираа каде точно се наоѓа базата, но Кувајт, кој е домаќин на американска база, соопшти дека пресретнал „непријателски ракетни и дронови закани“, без да наведе од каде доаѓаат тие, пишува Би-Би-Си. Претходно, американската војска објави дека соборила ...

Комисијата за култура на СДСМ преку писмена реакција упати остри критики до претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, по повод денешното потпишување на меморандум за соработка поврзан со проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Од опозициската партија тврдат дека меморандумот го потпишале функционери кои досега не покажале ниту визија, ниту резултати во своето работење. „На ...

Долгогодишниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, доби сериозен предизвикувач за претседателската функција во клубот, а изборната кампања веднаш започна со големи и амбициозни ветувања. Енрике Рикелме, 37-годишен претприемач и милијардер од Аликанте, официјално ја потврди својата кандидатура и тврди дека веќе има обезбедено договори со две фудбалски суперѕвезди. „Можам да потврдам дека, доколку станам претседател на Реал Мадрид, ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара распишување референдум за ЕУ, нагласувајќи дека граѓаните мора сами да одлучат за иднината на земјата, за својата судбина и судбината на идните македонски генерации. „Едноставно, доста е. Мора граѓаните да одлучат за тоа. Затоа што граѓаните, нивните семејства, нивните деца, ќе ја плаќаат цената на овие погрешни политики на Мицковски. Затоа граѓаните се единствени коишто можат да одлучат за својата ...

Во интервју за „Слободен печат“, претседателот на СДСМ Венко Филипче најави дека ќе се спроведе сеопфатен ветинг и нов антикорупциски закон, со кој, како што рече, никој нема да биде поштеден. „Ќе го донесеме антикорупцискиот закон, никој нема да биде поштеден. Ќе има ветинг на сите функционери од деведесеттите години, и тој закон ќе биде под јурисдикција на силна соработка со европското обвинителство, со што нема да може да се влијае на ...

Владата подготвува сериозно и достоинствено одбележување на 35-годишнината од независноста на државата, во чии рамки ќе се одржи концерт на светски познатиот шпански тенор Хозе Карерас, заедно со еминентни македонски музички имиња. Ова денеска го соопшти владината портпаролка Марија Митева. Митева истакна дека по првичните најави за централната прослава на 8 септември, Владата сега ја открива и следната голема иницијатива во која е вклучена ...

Курбан Бајрам (Еид ал-Адха) е еден од двата најголеми и најсвети исламски празници, кој со векови наназад носи пораки на мир, пожртвуваност и длабока човечка солидарност. Овој голем празник доаѓа како круна на две значајни духовни патувања во исламот: завршувањето на светиот аџилак (Хаџ) во Мека, како една од петте исламски толкувања и столбови на верата, и чинот на принесување жртва (курбан) во име на сочувството и грижата за заедницата. ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам. Во име на Собранието и во свое лично име, тој им посака празникот да донесе благосостојба, здравје, душевен мир и среќа во нивните семејства. Во празничната порака, Гаши истакна дека на денот на Курбан Бајрам, кој претставува празник на пожртвуваноста, хуманоста и блискоста меѓу луѓето, се обновуваат највисоките ...

Јубилејното 25. издание на реномираниот музички фестивал ОФФест, кое од 3 до 6 јуни носи извонредно силна и колоритна програма со акцент на африканскиот континент, на 6 јуни во Денсинг салата на Младинскиот културен центар (МКЦ), со почеток во 22:00 часот, на македонската публика ќе ѝ го претстави настапот на извонредниот мозамбиски музичар, композитор и изработувач на инструменти, Мачуме Занго. Мачуме Занго (тимбила, перкусии) е реномиран ...

Средата, 27 мај 2026 година, носи остар и продорен космички пресврт кој целосно ја менува колективната фреквенција. По деновите на дипломатија, леснотија и компромиси под влијание на Вагата, Месечината сега транзитира низ фиксниот и воден знак Шкорпија. Оваа позиција го префрла фокусот од површината кон суштината на нештата. Плитките објаснувања и привремените решенија денес отстапуваат пред потребата да се открие вистината во деловните, ...

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, упати честитка до сите верници од исламска вероисповед по повод големиот празник Курбан Бајрам, посакувајќи им празничните денови да ги поминат во мир, радост и семејна благосостојба. Во својата празнична порака, претседателката истакна дека во свет обременет со неизвесност, недоверба и ослабено чувство на заедничка припадност, големите празници имаат силна духовна димензија и моќ. Таа ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот празник Курбан Бајрам, посакувајќи им добро здравје, мир, спокој и благосостојба во секој дом. Во својата празнична порака, премиерот нагласи дека овој празник потсетува на клучните човечки вредности како што се солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните. Мицкоски повика на континуирана заедничка работа за ...

Курбан Бајрам (Еид ал-Адха) е еден од двата најголеми и најсвети исламски празници, кој со векови наназад носи пораки на мир, пожртвуваност и длабока човечка солидарност. Овој голем празник доаѓа како круна на две значајни духовни патувања во исламот: завршувањето на светиот аџилак (Хаџ) во Мека, како една од петте исламски толкувања и столбови на верата, и чинот на принесување жртва (курбан) во име на сочувството и грижата за заедницата. ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови. Лукаревска потенцираше дека ...

„На сите верници од исламска вероисповед им го честитам денешниот голем празник Курбан Бајрам. Курбан Бајрам е симбол на човечноста, пожртвуваноста и грижа за сите. Овој голем празник нè потсетува дека вистинските вредности се во солидарноста, подадената рака и подготвеноста секому да се помогне. Во духот на празникот, да покажеме разбирање, почит и повеќе грижа едни за други. Да не заборавиме дека силата на едно општество се мери токму преку ...

Претставата „Кокошка“, која е копродукција помеѓу независната театарска група „Вортекс“ и „Театар Комедија“, ги освои двете најзначајни награди на јубилејното десетто издание на Интернационалниот театарски фестивал во Приштина (PITF), кое се одржа од 18 до 23 мај. Наградата за најдобро актерско остварување на фестивалот ѝ припадна на Билјана Драгиќевиќ Пројковска за нејзината улога на Ала, додека „Кокошка“ беше овенчана со главната награда за ...

Јадро – Асоцијација, во партнерство со Институтот за медиуми и аналитика ИМА, започна со реализација на проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“ (Creative Work, Public Value: Advocacy for Fair Policies in the Independent Cultural Sector). Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија во рамки на проектот „Култура за развој“, кој се имплементира од Хартефакт Фонд. Планираните ...

Македонија и Хрватска ги подигнуваат своите билатерални односи на повисоко ниво преку потпишување на Договор за стратешка соработка помеѓу двете влади. Ова беше истакнато на денешната средба во Охрид меѓу македонскиот премиер Христијан Мицкоски и претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, соопштуваат од Владата. Премиерот Мицкоски во своето обраќање нагласи дека овој договор е многу повеќе од обичен дипломатски акт, ...

Вторникот, 26 мај 2026 година, нуди исклучително поволен космички амбиент за стабилизација на деловните и социјалните односи. Со Месечината која ги поминува своите последни часови во воздушниот знак Вага, колективниот фокус е ставен на фер-плејот, естетските стандарди и способноста за пронаоѓање компромис во сите професионални сфери. Ова е ден кога притисокот и наметнувањето на сопствената волја по секоја цена носат блокади, додека отворениот ...

Пишува: Елизабета СЕКИРАРСКА Секогаш велам: постои еден човек кој може да го смени светот. Учител се вика. Само тој може да обликува ум, да вложи во она што детето ќе стане утре и да биде сведок на трансформацијата на мозокот во ум. Само тој може и мора да се бори за секое дете, за убавиот здив во училницата. Да работи така што ќе прави промена во неа, како микрокосмос кој ќе може, треба и мора да се шири и расне. Да се бори за здрави, ...

ЛИВЕРПУЛ – Светот на фудбалот денеска беше сведок на едно од најемотивните поглавја во поновата историја на „Енфилд“. Натпреварот против Брентфорд не беше само уште еден дуел во Премиер лигата, туку и официјално простување на две легенди на клубот од својот свет стадион. Мохамед Салах и Енди Робертсон ги одиграа своите последни минути на „Енфилд“ во црвениот дрес, означувајќи го дефинитивниот крај на генерацијата која го врати Ливерпул на ...

Јубилејното 25. издание на музичкиот фестивал ОФФест, кое од 3 до 6 јуни ќе го претвори Скопје во епицентар на светските музички звуци, ја најавува својата трета фестивалска вечер како патување низ длабоките традиции на Медитеранот преточени во современ израз. На 5 јуни, во Националната опера и балет со почеток во 20:00 часот, на сцената ќе стапне фасцинантниот спој на шпанскиот уметник Раул Рефри и италијанската вокална икона Марија Мазота. ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) остро се спротивстави на новото задолжување на државата во износ од 260 милиони евра кај комерцијалните банки, закон кој се носи по скратена постапка. Пратеникот Митко Трајчулески од собраниската говорница обвини за брутално кршење на деловничките процедури, целосно погрешно буџетско планирање и нефункционалност на институциите, што, според него, ја турка државата во финансиска агонија. Во ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Охрид оствари работна средба со хрватскиот заменик-претседател на Владата и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ. Средбата се реализираше во рамките на официјалната посета на делегацијата на Владата на Република Хрватска на државава, информираат од Министерството за транспорт. Во фокусот на билатералните разговори беше развојот на ...

Десет дена пред почетокот на 60-тото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, организаторите ги објавија деталите за продажбата на билетите. Најстариот театарски фестивал во земјава ќе се реализира од 5 до 12 јуни на повеќе локации низ Прилеп. Поради големиот интерес, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) преку системот на karti.com.mk, со почеток точно во 10:00 ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Кобалт

45.39