Викендот што го затвора месецот мај 2026 година носи еден од најважните астролошки пресврти во годината. Се соочуваме со моќен бран на емотивна и социјална еволуција диктиран од Полната Сина Месечина. Сабота започнува под тешката, форензичка и исклучително интензивна енергија на Шкорпија, која бара од нас детективска будност, расчистување на заостанатите долгови, ревизија на деловните партнерства и соочување со суштинските факти. Сепак, ...

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. „Динамиката на изградбата на автопатот ...

Групацијата за производство на цигари, која дејствува во рамките на Здружението на производители на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија, излезе со официјален став во врска со подготовката на новиот Предлог-закон за заштита од употреба на тутунски производи и сродни производи. Од Групацијата ја поздравија одлуката на Владата за водење инклузивна комуникација со бизнис секторот, посочувајќи дека дел од нивните ...

Коалицијата ВЛЕН излезе со нови обвинувања до Демократската унија за интеграција (ДУИ) во врска со решавањето на прашањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Во најновото соопштение, од владејачката коалиција посочуваат дека по Блерим Беџети, на чело на Министерството за правда дошол друг кадар на ДУИ, Аднан Јашари, кој исто така не покажал волја да го реши овој проблем за албанските студенти. Од ВЛЕН реагираат дека ДУИ се ...

Предлог-законското решение за пушењето е донесено по пат на инклузивен процес и консултации со сите засегнати страни, а неговата примена ќе се спроведува строго на целата територија на државата, без какви било повластици. Ова денеска го изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на средбата со претставниците на здруженијата, производителите, дистрибутерите и хотелиерите (Хорека секторот) кои учествуваа во изработката на законот. ...

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) со обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за правда Игор Филков, тврди дека власта свесно ја завлекува и опструира постапката за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција истакна дека се распаѓа уште една лага на Мицкоски пред јавноста, посочувајќи дека партијата со месеци ...

Арне Слот ја напушти позицијата главен тренер на Ливерпул по разочарувачката втора сезона на чело на тимот, официјално соопшти клубот. Слот го предводеше Ливерпул до титулата во Премиер лигата во својата дебитантска кампања, но не успеа да го надоврзе тој успех и покрај рекордното трошење во летниот преоден рок. Ова доведе до одлуката Холанѓанецот да ја напушти својата улога, а Ливерпул сега активно бара негова замена. Во соопштението на ...

Јубилејното 25. издание на реномираниот музички фестивал ОФФест својата завршна вечер ќе ја зачини со уште еден автентичен, моќен и револуционерен африкански звук. На 6 јуни, во Денсинг салата на Младинскиот културен центар (МКЦ) со почеток во 23:00 часот, македонската публика на завршната вечер на фестивалот ќе има прилика да го проследи настапот на танзанискиот состав „Zawose Queens“. Групата, која пред скопската јавност ќе се претстави во ...

Случајот „Мазут“, кој со месеци ја бранува јавноста како наводен мега-скандал, се соочува со сериозни правни и економски нелогичности, пишува ЦивилМедиа. Откако првичниот притисок стивна, премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, во одговор на пратеничко прашање, порача дека случајот се следи, но последниот збор секако ќе го има Обвинителството. Притоа, тој нагласи дека нема дополнително да коментира за да не се сфати тоа како ...

Во Скопје беше отворен 4. Форум за културна дипломатија „Скопје 2026“, кој годинава се одржа на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се обрати на тематската сесија „Визија за иднината: Скопје 2028 и моќта на креативноста“, што се одржа во Музејот на Град Скопје, при што ја истакна улогата на културата како суштински двигател на современото ...

Новак Ѓоковиќ не успеа во својот поход кон рекордната 25-та Грен слем титула, откако доживеа шокантна елиминација во третото коло на Ролан Гарос од 19-годишниот бразилски тенисер Жоао Фонсека, пренесуваат светските спортски медиуми. Ѓоковиќ имаше убедливо водство од 2-0 во сетови, но младиот Бразилец приреди сензационален пресврт и ги доби следните три сета. Во епската битка која траеше речиси пет часа на теренот „Филип Шатрие“, 39-годишниот ...

Јубилејното 25. издание на музичкиот фестивал ОФФест продолжува да ја претставува силната и ангажирана уметничка сцена на африканскиот континент. На 5 јуни, во Националната опера и балет со почеток во 22:00 часот, македонската публика ќе има прилика да ја проследи креативната сила на меѓународниот женски колектив „Les Amazones d’Afrique“. На сцената во Скопје, групата ќе се претстави во состав: Мамани Кеита (вокал), Фафа Руфино (вокал), Алви ...

Од Комисијата за култура на СДСМ обвинуваат дека додека министерот држи говори за „културна дипломатија“ и „креативни визии“, културниот сектор во државата се соочува со секојдневно понижување, неизвесност и институционален распад. Според опозицијата, постои сериозно лицемерство во изјавите на Љутков за „долгорочни стратегии“, во време кога ресорот е доведен во една од најтешките состојби во последните години. Како клучни аргументи за ваквата ...

Унгарија останува сигурно засолниште за поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Повикувајќи се на извор во унгарската влада, истражувачкиот портал (ВиСквер) VSquare, пишува дека Груевски, кој живее во Будимпешта од 2018 година, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година, врз основа на „државен интерес на Унгарија“. Според друг владин извор, се верува дека тој и натаму престојува во земјата. Тоа ја прави неговата екстрадиција ...

Истакнатиот македонски автор, уредник, издавач и културен деец Никола Гелевски – Коља е овогодишниот добитник на престижната награда „Македонско стрип наследство“, признание што се доделува во рамките на стрип-фестивалот „Стрип Трип“. Наградата му се доделува за неговиот долгогодишен и особено значаен придонес во развојот, афирмацијата и видливоста на современиот македонски стрип, објавија од Стрип Трип фестивалот. Гелевски од 1990 година е ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на свеченото отворање на нов шопинг-центар „Mega Shopping Park“ во Гевгелија. Во своето обраќање, премиерот истакна дека овој капитален објект нуди импресивни содржини и очекува да прерасне во значајна точка за сите патници кои транзитираат низ државата. Мицкоски посочи дека објектот „Mega Shopping Park“ сè уште не е целосно пуштен во употреба во својот полн капацитет. Од ...

Најголемиот фаворит за титулата, Јаник Синер, доживеа шокантна елиминација уште во второто коло на Отвореното првенство на Франција, пренесуваат светските спортски медиуми. Италијанецот имаше огромни проблеми со топлотното време и испушти шанса да сервира за победа, губејќи од 56-от тенисер во светот, Хуан Мануел Серундоло, со пресврт од 3-6, 2-6, 7-5, 6-1, 6-1. Овој пораз стави крај на импресивната серија на Синер од 30 победи по ред, која ...

Петокот, 29 мај 2026 година, носи исклучително полетно космичко темпо кое целосно ја менува колективната фреквенција. По деновите на тешки анализи и стратешка претпазливост под влијание на Шкорпијата, Месечината во текот на целиот ден транзитира низ огнениот и експанзивен знак Стрелец. Оваа позиција го префрла фокусот кон долгорочните визии, меѓународната соработка, стекнувањето нови знаења и социјалната слобода. Ова е денот кога ситните ...

Јубилејното 25. издание на музичкиот фестивал ОФФест, во рамките на својата колоритна меѓународна програма, остава посебен простор и за домашните уметнички виртуози кои ја прекројуваат традицијата во современ ракопис. На 4 јуни, во Националната опера и балет со почеток во 22:00 часот, македонската публика ќе има ексклузивна можност да го проследи концертот на нагласено фалениот домашен дует Добрила и Доријан. Составот кој го сочунуваат ...

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Трајче Стојчевски, преку прес-конференција упати јавен повик до Владата и премиерот Христијан Мицкоски итно да распишат референдум за ЕУ. Стојчевски порача дека младите не прифаќаат изговори оти во буџетот нема средства за организирање на изјаснувањето, обвинувајќи ја власта за нетранспарентно и расипничко трошење. Тој потенцираше дека опозицискиот подмладок со месеци ...

Нервозата што Уставниот суд ја предизвикува кај политичките фактори, Владата и Собранието е доказ дека Судот излегол од летаргијата и повеќе не е лојална институција во чија сенка политичарите можат да уживаат. Ова го истакнува претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во опсежно интервју за „Нова Македонија“, во кое отворено зборува за политичките притисоци, манипулациите во јавноста и актуелните предмети. Според ...

Коалицијата ВЛЕН упати серија сериозни обвинувања до пратеникот и поранешен министер за правда, Блерим Беџети. Од владејачката коалиција јавно го прашуваат Беџети што направил во текот на своите 1058 дена мандат на чело на Министерството за правда за да овозможи правосудниот испит да се полага и на албански јазик. Според ВЛЕН, одговорот е дека Беџети не направил ништо и свесно го оставил проблемот отворен. „Цели 1058 дена беше на чело на ...

Во сабота, на 30 мај, со почеток во 17 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода ќе се одржи свечената промоција на најновата сликовница „Големиот сон“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко, со илустрации на Алексеј Костовски. Настанот се организира во соработка со Домот на култура „Билјана Беличанец“. Сликовницата „Големиот сон“ доаѓа пред публиката со веќе освоено значајно признание. На неодамнешниот Саем на ...

Ретко албино биволче, кое стана вистинска интернет сензација поради својата неверојатна сличност со американскиот претседател, е спасено од ритуално жртвување за исламскиот празник Курбан Бајрам во Бангладеш, пренесува американската телевизиска мрежа NBC. Со својот препознатлив русокос прамен префрлен настрана и огромната популарност на социјалните мрежи, биволот го добил името „Доналд Трамп“. Иако првично бил планиран за жртвување за време ...

Секоја година на 28 мај, љубителите на добрата храна ширум светот го одбележуваат Меѓународниот ден на бургерот. Овој глобален феномен, кој од едноставен и брз оброк за работничката класа прерасна во вистинска кулинарска икона, денес претставува еден од најпрепознатливите и најконсумираните специјалитети на планетата. Според светските кулинарски магазини и историските извори, потеклото на бургерот често е предмет на дебата, но повеќето ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во Законот за правична застапеност не се важни процентите, туку квалитетот и затоа очекува поддршка од сите пратеници и посочи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други, додека во однос на правосудниот испит вели дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го ...

Комисијата за култура на СДСМ преку писмена реакција изрази сериозно незадоволство по вчерашната прес-конференција на Владата во врска со организацијата на прославата за 35 години независност на државата. Од опозициската партија обвинуваат дека јавноста останала без одговори на суштинските прашања за тоа кој, како и по кои критериуми одлучува за трошењето на парите на граѓаните. Од СДСМ тврдат дека со оваа прослава на дело се покажува оти ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања истакна дека во јуни нема да има ново задолжување на државата, спротивно на тврдењата на опозицијата. Правејќи економска компарација меѓу владеењето на претходната и сегашната влада, Мицкоски се повика на официјалните податоци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за да докаже дека актуелниот економски модел креира многу поголема додадена вредност ...

Во скопската населба Пржино започна снимањето на „Пролетно чистење“, дебитантскиот долгометражен игран филм на режисерката Марија Апчевска Петровска. Сценариото за овој проект е заедничко дело на Апчевска Петровска и авторот Ереник Бекири од Албанија. Филмот ја носи приказната за Варава, одметната ќерка која по самоубиството на нејзината мајка се враќа во малкуто родно место. Сепак, дејството добива неочекуван тек бидејќи се чини дека и ...

Во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), се одржа свечената промоција на авторизираната биографија на Владимир Богоевски, еден од најголемите македонски спортски великани и олимписки симболи. Биографското дело е напишано од познатиот спортски новинар Златко Калински. Книгата го отсликува животниот пат на Богоевски — од неговите први спортски чекори, безбројните предизвици, откажувања и победи, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Бакар

13.01