Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Понеделникот, 8 јуни 2026 година, нуди извонреден деловни и општествен амбиент за сите потфати кои бараат брза акција, одлучност и лидерски пристап на пазарот. Со Месечината во Овен, бавните бирократски процедури и неодлучноста отстапуваат пред потребата за директни комерцијални преговори, административна консолидација и јасни долгорочни решенија. Во професионалните средини денес ќе доминираат конструктивната деловна борбеност, лансирањето на ...
Општина Центар ги поканува граѓаните во сабота, 13 јуни, со почеток во 19:30 часот, на „Плочник“ во Градски Ѕид (Клуб на новинари), на „Центарска симфонија“ , музички спектакл под отворено небо во срцето на Скопје. „Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите години до денес, како и во безвременски мелодии од светските филмски класици, претставени во моќно и современо симфониско ...
Во Македонскиот културен центар во Тирана беше свечено отворена значајна изложба со која официјално се одбележуваат 30 години од постоењето на Ликовната колонија Кавадарци. Оваа поставка претставува пресек на долгогодишниот творечки континуитет на една од најпрепознатливите уметнички колонии во регионот. На јубилејната изложба пред албанската публика се претставени дела од вкупно 30 ликовни уметници, кои биле создадени за време на нивниот ...
Синоќа, на Менхетен се прикажа „Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума, кој е првиот македонски филм кој имал место на филмскиот фестивал Tribeca, Њујорк. Американската премиера на филмот во рамките на фестивалот основан од Роберт де Ниро, се одвиваше пред преполна сала и со долга сесија на прашања и одговори, но и пофалби и комплименти за режисерката Дина Дума. Богатата дискусија после проекцијата разви емотивна и ...
Генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек, упати честитки до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за неговото лидерство и за покренувањето на „Скопската иницијатива“, оценувајќи дека СДСМ останува политичкиот субјект кој го трасирал патот на земјата кон европските интеграции. „Би сакал да му честитам на Венко Филипче и на СДСМ за работата што ја направија во Северна Македонија, како и за покренувањето на ...
СДСМ е таму каде што му е местото, на страната на народот, на работникот и младите, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на 32 програмски Конгресот на партијата, „Твоја држава-твоја шанса“, потенцирајќи дека тоа е и вистинската улога на социјалдемократијата во едно општество што се соочува со економски и институционални предизвици. „СДСМ се враќа таму каде што му е местото. На страната на обичниот човек, на страната на работникот, на ...
Пишува: ТОНИ ПОПОВСКИ Изминативе денови во дебатни емисии со истакнати експерти во областа на евроинтеграциите – поврзано со француско – германскиот Non-paper, меѓуостанатото беа коментирани ризици поврзани со поглавјата 34 (Институции) и 35 (Други прашања) од преговорите за зачленување во ЕУ и прераснувањето на македонскиот јазик во еден од официјалните јазици на ЕУ. Во продолжение мој обид да контрибуирам во дебатата за овие специфични ...
– Во завршна фаза е реконструкцијата и проширувањето на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. За околку два месеци, ќе добиеме целосно нов модерен аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи. Вицепремиерот Николоски истакна дека оваа модернизација на охридскиот аеродром е за прв пат од неговата изградба ...
Првиот целосен викенд во месецот јуни 2026 година носи исклучително суптилен, но длабок космички пресврт кој во фокусот ја става потребата за емоционална консолидација и заштита на внатрешниот мир. Во текот на сабота, 6 јуни, Месечината ги завршува своите последни часови во општествениот знак Водолија, пред триумфално да премине во водените, емпатични и исклучително интуитивни води на Риби. Оваа транзиција означува нагло забавување на ...
Германскиот тенисер Александар Зверев повеќе не е на листата на најдобри играчи кои никогаш не освоиле голема титула во кариерата. Тој конечно стана Грен слем шампион откако денеска (недела) триумфираше на Отвореното првенство на Франција. Во своето четврто големо финале, Зверев по исцрпувачка битка во пет сета го совлада Италијанецот Флавио Коболи со резултат 3-2 во сетови, односно 6-1, 4-6, 6-4, 6-7 (5) и 6-1, со што го подигна престижниот ...
Андони Ираола и официјално е потврден за нов главен тренер на фудбалскиот клуб Ливерпул, откако потпиша двегодишен договор. Четириесет и тригодишниот Шпански стратег пристигнува на „Енфилд“ по импресивни три години поминати на клупата на Борнмут, предводејќи го клубот од јужниот брег до прв пласман во европските купови во неговата историја. Ираола експресно изби како главен фаворит за позицијата по саботниот отказ на Арне Слот. Клучна улога ...
Владејачката коалиција ВЛЕН, преку изјава на Орхан Куртиши, упати остри критики до Демократската унија за интеграција (ДУИ), обвинувајќи ја дека во текот на своето 25-годишно владеење свесно го оставила настрана еден од главните столбови на Охридскиот рамковен договор – правичната и соодветна застапеност. Според ВЛЕН, актуелните реакции на ДУИ не се мотивирани од интересите на Албанците, туку од нивната лична потреба за политичко преживување. ...
Премиерот Христијан Мицкоски оствари серија значајни билатерални средби со европските лидери во рамките на Самитот ЕУ – Западен Балкан што се одржува во Тиват. Како што информираше самиот премиер преку своите официјални објави, тој оствари разговори со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускиот претседател Емануел Макрон, со фокус на европските перспективи и зајакнувањето на соработката. На средбата со германскиот канцелар Мерц, ...
За позитивните пораки од германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон дека за Западен Балкан има место во Европската Унија, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека власта повеќе нема изговори за блокирањето на европската перспектива на државата и го повика премиерот Мицкоски да каже што ќе прави сега после оваа позитивна реторика. „Премиерот треба да каже што ќе направи тој, еве кога веќе е јасно ...
Одлуката за запирање на истрагата во случајот „Мазут“ повторно е во фокусот на јавноста, особено по изјавите на државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој оцени дека е подобро постапката да заврши во оваа фаза отколку да се поднесе обвинение кое подоцна не би можело да се одржи пред суд. На брифинг со новинарите, Савески застана зад одлуката на обвинителката Коларевиќ и посочи дека е изненаден од дел од реакциите што следуваа по нејзиното ...
Опозицискиот СДСМ преку официјално соопштение реагираше на последните пораки од Брисел, тврдејќи дека од највисоко европско ниво пристигнале јасни и недвосмислени потврди кои ги разобличиле месечните лаги и манипулации на премиерот Христијан Мицкоски пред граѓаните. Од партијата потенцираат дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, испратил јасна порака дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на ...
Петокот, 5 јуни 2026 година, нуди извонреден космички амбиент за сите потфати кои бараат долгорочно планирање, иновативен поглед и соработка со пошироката заедница. Месечината во Водолија нè поттикнува да ги тргнеме настрана крутите индивидуални интереси и да се фокусираме на решенија кои носат бенефит за целата деловна или приватна база. Ова е ден кога традиционалните и бавни методи можат да наидат на стагнација, додека брзата мисла, ...
Пишува: ТОНИ ПОПОВСКИ Француско – германскиот Non-paper кој е објавен на линкот, според мене претставува значаен обид да се редизајнира самата логика на проширувањето на ЕУ. Прво, документот не е само политичка декларација, туку (изненадувачки за мене и претпоставувам многумина други) содржи прилично детално разработена „патека на интеграција“. Најважната новина е воведувањето на постепени, мерливи и реверзибилни „градивни елементи“ (building ...
Пишува: Ненад Георгиевски Архангел не е само бенд, туку еден од најважните столбови на македонската рок култура, кој успеа да го дефинира звукот на неколку генерации и да остави неизбришлив временски белег. Предводени од визионерскиот и силен поетски израз на Ристо Вртев, тие создадоа совршен спој на мрачен пост-панк, алтернативен рок и длабока емотивна лирика која удира директно во сржта. Нивната карактеристична острина, енергија и силен ...
Економската лага на Христијан Мицкоски се распаѓа на каса во маркет, обвини пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, посочувајќи дека Владата со лаги се обидува од една статистичка бројка да создаде „економска бајка“, додека граѓаните секојдневно се соочуваат со сè поскапи производи и намалена куповна моќ. „Да ја извадиме економијата од владиниот прес-центар и да ја сместиме таму каде што ѝ е местото , на пазар и во маркет. А таму со 1.000 денари ...
Министерството за правда соопшти дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дал значајна потврда за реформскиот курс на државата и директно ги поздравил континуираните напори и постигнатиот напредок во спроведувањето на реформската агенда. Како што информираат од ресорното министерство, ова претставува силен поттик за понатамошно ефикасно спроведување на неопходните системски реформи. Од Министерството изразија особено задоволство ...
Не е јасно каде е криминалот во случајот „Мазут“, смета дел од правната експертска јавност. Меѓу нив е и професорот Гордан Калајџиев, кој во гостување во „Студио 10“ на Телевизија 24 истакна дека за случајот не биле презентирани докази. Воедно, според него, никој не поставува прашање дали некој ќе одговара за тоа што осомничените биле предмет на мерки цела година, а нивниот углед бил нарушен. „Од тоа што е достапно во јавноста не е јасно каде ...
Шеесетото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, ќе започне вечерва во 19 часот со изложба 60 години „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Станува збор за хибридна изложба на артефакти од долгогодишната традиција на фестивалот. Во неа ќе се следи приказната за фестивалот визуализирана со конкретни сведоштва за луѓето и настаните што ги обележале овие години фестивалски живот. Изложбата е поддржана од „Витаминка“ ...
На 5 јуни 2026 година, на големата сцена на HNK (Hrvatsko narodno kazalište) во Загреб ќе се одржи премиерата на „Идеален маж“ според познатата драма на Оскар Вајлд, во режија на еден од најреномираните македонски и европски театарски режисери, Александар Поповски, со музика на истакнатиот македонски композитор и музички автор Кирил Џајковски. Оваа премиера е и ново поглавје во една од најплодните и најуспешни уметнички соработки на Балканот. ...
Четвртокот, 4 јуни 2026 година, нуди деловен и општествен пресврт кој бара брза адаптација на пазарот и подготвеност за воведување на новини во работењето. Во утринските и попладневните часови, Месечината ги завршува своите последни часови во земјениот знак Јарец, што го прави овој дел од денот идеален за финализирање на напорни административни задачи, ревизија на извештаите и воведување ред во оперативните системи. Сепак, вистинското ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа предложи воведување дополнителни царини од 10 или 12,5 проценти за увозот од 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ, со цел, како што велат, да се ограничи трговијата со принудна работа, што ѝ штети на американската трговија. Предлогот на Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) е дел од најновата истрага за нефер трговски практики, според Член 301, која беше објавена ...
Скопје стана центар на нова регионална иницијатива која има амбиција да го стави спортот во служба на дипломатијата, економскиот развој и поврзувањето на земјите од Западен Балкан. На иницијатива на Македонскиот олимписки комитет (МОК), во Скопје е формиран Регионален хаб за спортска дипломатија, прва ваква формална платформа во регионот која ќе ги обединува националните олимписки комитети, спортските институции и партнерските организации во ...
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) никогаш не била против системска и одржлива регулација на пазарот, но реагира на фактот дека институциите упорно ги носат законите зад затворени врати, целосно исклучувајќи ги легитимните претставници на индустријата. Претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, во своето гостување во „Студио 10“ на ТВ 24, истакна дека ниту една институција досега не ја повикала Асоцијацијата на дебата ...
Пишува: КРИСТИНА КОСТОВА Истиот ден кога јавниот обвинител го поддржува затворањето на истрага за случај тежок стотици милиони евра, и тоа затворање го направила обвинителка чие име се најде во протечена кривична пријава со обвиненија за шпионажа, фокусот на сите медиуми е свртен кон изрекувањето 30-дневен притвор на поранешен опозициски функционер поради наводни 1800 евра мито. Дали ситуацијата во Карпош станува до толку неодржлива и ќе мора ...
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во периодот од 2 до 4 јуни 2026 година, во Солун, Република Грција, учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (BCHOD Conference). Годинашната конференција, која се одржа на тема „Предизвици и иновации во цивилната заштита – прилагодување кон новите реалности на војувањето“, беше отворена од страна на домаќинот, началникот ...