Во овој период на жалост, кога болката од згаснувањето на 59 животи е неизмерна, треба да се почитува приватноста на семејствата, а медиумите да известуваат одговорно и професионално, информираат од Здружението на порталите Онлајнмедиа (onlinemedia.mk). -Бидејќи, загубата на овие млади животи е толку трагична и трогателна и воопшто не се потребни светлата на камерите да сведочат за скршените души што ќе се збогуваат со своите чеда за последен ...

Седумте приведени полициски службеници констатирале дека т.н. дискотека во Кочани ги исполнува законските услови за работа, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Приведени началници и полициски службеници од Штип и Кочани за пожарот во дискотеката Станува збор за началници и полициски службеници во Кочани и Штип, кои како што кажа министерот, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност му ...

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, обвинетиот Велибор Манев меѓудругото кажа дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо го сликал девојчето со вперен пиштол, за да од нејзините родители бара пари. – Откако завршивме со закопувањето на Вања, Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што е и како е на Интернет. Тогаш го кажа тоа, дека се ...

Седуммина осомничени се приведени во врска со трагедијата која се случи во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 59 лица, а 196 се повредени. Тие се уапсени поради незаконското издавање на лиценцата на т.н. дискотека, а од нив четворица се полициски началници, а тројца се полициски службеници во Штип и Кочани. Од Основното јавно обвинителство за нив побараа притвор. -Според дејствијата опишани во наредбата постои основано ...

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 18.03.2025 година во Полициската станица Центар во Скопје бил извршен службен разговор со С.М. (34) од Сопиште, скопско, Ј.С. (24) од Кочани, Е.Ш. (43) од Скопје, Ј.П. (28) од Скопје, М.Д. (45) од Скопје, М.Ј. (36) од с.Гершиан, битолско и М.Ѓ. (51) од Република Србија. За време на јавниот собир на плоштад „Македонија“ во Скопје тие биле затекнати како управуваат дронови без претходно ...

Од вкупно 12 објекти со активна лиценца, три не ги исполнуваат минимум техничките услови, покажуваат најновите податоци од Државниот пазарен инспекторат. Контролата на останатите девет објекти е во тек. Над 10 инспекциски тимови се на терен и контролите ќе продолжат и во наредните денови, вклучително и проверка на објекти кои немаат важечка лиценца, но работеле во минатото. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Список на ноќни клубови низ Македонија кои поседуваат ...

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски на денешната прес-конференција рече дека се во контакт со Фондација од Холандија која има банка на кожни графтови (ткива) за да се донесат во Македонија, за да се почне за реконструктивната фаза „На еден пациент во Солун веќе му е извршена трансплантација на кожа на рацете,“ изјави Клековски. Директорот на ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојаноски изјави дека она што радува е што ...

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево. Останатите погреби ќе се одржат исто така во текот на утрешниот ден во различни временски периоди. – Свештениците од локалните цркви ќе ги контактираат сите ужалени семејства со детали околу погребот, информираат од Центарот за управување со кризи. Оттаму ги замолуваат сите граѓани ...

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, информираат од Обвинителството. На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој се уште трае. Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува медиумите, при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани, да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди. „Известувањето треба да биде без сензационализам, задолжително треба да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските на загинатите и да се води сметка да не се придонесува за дополнително зголемување ...

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, адвокатот од Куманово, Маријан Витановски го откажа полномошното за бранење на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо. Судијата Ивица Стефановски ја прочита одлуката. Провообвинетиот сега остана само со бранителот Јовица Страшевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Палевски планирал да киднапира и ќерка на сопственик на фармацевтска компанија, кажа ...

Нема починати меѓу оние кои ја преживеаја трагедијата, уверува министерот за здравство Арбен Таравари. „Ги минавме првите критични 72 часа, без нови смртни случаи. Се надевам дека сите пациенти ќе закрепнат и полека-полека да зборуваме колку пациенти си одат дома“, рече Таравари. Надвор од државата се преземени 101 лице, за денеска е најавен последниот трансфер на пациенти во странство во Шведска. Владата претходно апелираше, да не се ...

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале Т.В.(58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот. Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Лицето ...

360 степени објави список од Министерството за економија, на ноќни клубови низ Македонија кои поседуваат лиценци. На истиот има клубови со 23 важечки лиценци, кои траат една година. Во Скопје лиценца имаат два клуба, а најмногу имаат во Охрид, пет. Во Битола има четири, а во Куманово три. Од Владата вчера информираа дека Државниот пазарен инспекторат досега извршил 50 контроли на клубови, при што биле презентирани 22 лиценци со рок на ...

Илчо Гоцевски, возачот на Итна медицинска помош во Кочани, кој почина на спиење, кобниот ден возел 11 пати до Скопје. „Помагаше и во пронаоѓање и препознавање на изгорените деца, како и транспортирање на истите до одредена дестинација. Денеска немаше никој што да каже за човекот, кој после 32 часа работа, заспа од умор и никогаш не се разбуди,“ изјави близок човек на Илче за delcevo365.mk. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кочани го потресе нова трагедија: ...

Архиепископот охридски и македонски Стефан, ги повикува сите верни чеда на Мајката Македонска Црква и сите граѓани на Македонија, да го сочуваат мирот во себе и мирот меѓу себе и, прилежно молејќи се, достоинствено да тагуваме. „Во овие дни на траор го повикуваме верниот наш народ заедно да ги сосредоточиме срцата во молитва кон Господа, просејќи од Него да ги прими душите на новопретставените чеда Божји во прегратките Авраамови, а, пак на ...

Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Сите обвинети, Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, се изјаснија дека не се виновни. Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во ...

Новинар и видеографер на ТВ 21 и новинар од Србија, ангажиран од агенцијата Ројтерс, синоќа неколку часа беа на разговор во полициската станица „Центар“ во Скопје, бидејќи користеле дрон за да го снимат собирот на плоштадот Македонија во Скопје за загинатите во пожарот во т.н. дискотека во Кочани. Проблемот настанал, бидејќи не биле известени дека е донесена забрана за летање на било каков дрон на територија на Скопје, Штип и Кочани. ...

Телевизијата ТВ 21 објави снимка од моментите кога започнал пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа најмалку 59 лица, а 196 се поврдени. На снимката се гледаат моменти од стампедото кое настанало откако посетителите се обидуваат да излезат од единствениот влез/излез. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) „На душите им треба молитва, да ги погребеме децата па ако сакате запалете го градот,“- свештеник ја смирува вчерашната толпа во Кочани ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) синоќа ги информираше граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на градовите Кочани и Штип. „Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да ...

Вечерва во Штип се одржа мирна поворка, на која граѓаните изразија почит на загинатите во пожарот во Кочани. Видео од поворката објави локалната телевизија ТВ Стар: Во Скопје вечерва на плоштадот Македонија се собраа илјадници граѓани, а поворка имаше и во Битола. Собири на средношколци, студенти и граѓани, денеска преку ден имаше во Битола, Прилеп, Охрид, Неготино… ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Снимка од дрон) Илјадниции граѓани во Скопје одадоа почит ...

Илјадниции граѓани во Скопје вечерва мирно одадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани. Собирот почна со 16 минутен молк, а граѓаните палеа свеќи, направија ѕвездено небо и оставаа цвеќе на фонтаната на плоштадот Македонија. Собири на средношколци, студенти и граѓани, денеска преку ден имаше во Битола, Прилеп, Охрид, Неготино… Порталот Скопје 1 објави и снимка од дрон: View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk ...

Освен во Општината Кочани, претреси за трагедијата во Кочани во која во пожар во т.н. дискотека во Кочани, загинаа најмалку 59 лица, имало и кај двајца вработени во Министерство за економија, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Претрес во Општина Кочани за пожарот во т.н. дискотека При претресот биле одземени техничка опрема, документација, оружје, муниција, а денеска имало претреси и на ...

По оставката на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, со истата ќе раководи неговиот заменик Мирче Стојков, советник од истата партија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Градоначалникот на Кочани си поднесе оставка, откако го притисна јавноста Според законската процедура кога оставката на Папазов ќе биде објавена во Службен весник, Стојков во рок од 15 дена треба да го извести Министерството за локална самоуправа, објави ...

Обдукцијата на 59 загинати во пожарот во т.н. дискотека во Кочани е завршена, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Погребот на загинатите во пожарот во Кочани во четврток Претходно директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше дека нивниот погреб ќе биде во четврток. Тошковски информираше и дека бројот на повредени се искачил на 196 лица, од кои 20 се деца. ПОВРЗАНИ ...

Складот за гориво кој се наоѓал во близина на т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани за кој денеска информираа од Основното јавно обвинителство, бил празен и нема поврзаност со сопствениците на истата, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Откриен склад со гориво во близина на дискотеката во Кочани Бил идентификуван од страна на полициската крим-техника. – Според информациите што ги добив точно е дека ...

Основното јавно обвинителство информираше дека во близина на т.н. дискотека во Кочани, имало и склад со гориво. „При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат“, информираа од Обвинителството. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Краткотраен притвор за 16 лица за пожарот во т.н. дискотека во Кочани Тошковски разрешил началници во Штип и Кочани Денеска во Кочани два протеста, едниот за трагедијата, ...

Основното јавно обвинителство Кочани до овој момент предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, во која 59 лица загинаа а 155 се повредени. „Предлозите се прифатени и мерката е определена за сите 16,“ информираат од ОЈО. Помеѓу притворенире се и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски и поранешниот ...

Вечерва во 18ч на плоштад Македонија ќе има собир за заедништво и сочувство, за да се погрижиме едни за други во овие најтешки моменти. „Што да понесеме? Носете вода и благо – за себе и за секој кому му е потребно. Ако некому му се слоши или почувствува непријатност, редарите ќе бидат блиску за помош. Грижата е заедничка, да внимаваме еден на друг. Зошто мирно се собираме на плоштадите? Затоа што состојбата во болниците е критична, а нашите ...

Mинистерот Панче Тошковски по несреќата во Кочани донесе одлуки за повеќе разрешувања, пишува Курир.мк Се разрешуваат: 1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип 2. Помошник началник на СВР Штип 3. Началник на Одделение за полиција Штип 4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип 5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани 6. Командир на Полициска станица од општа надлежност Кочани 7. Началник на Надворешна ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
0.85
31%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
0.89
78%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.45
80%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.95
43%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.07
36%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.79
78%
1015
weather icon

Атина

31ᴼ / 27ᴼ
3.58
48%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.43
40%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.36
45%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
4.92
51%
1010
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.24
45%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
3.3
52%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Сребро

2269.46

Иридиум

253540.09

Паладиум

42535.44

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Бакар

13.10

Платина

57324.78

Алуминиум

3.46

Кобалт

45.39

Злато

139690.59

Калај

53.60