Во деновите кога светлата се палат порано, а надвор студот нè потсетува да забавиме, домот станува повеќе од простор. Тој станува прибежиште. Место каде времето тече побавно, каде се собираат мислите, плановите и најубавите празнични мигови што остануваат во сеќавање. Кога размислуваме за домот, најчесто се фокусираме на тоа како ќе изгледа животот во него. Помалку на самиот процес што води до таа цел. Токму таму, често се појавуваат трошоци ...

На 23. декември 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, информираа од таму. На седницата биле разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. „Во третиот квартал од 2025 година, растот на економската активност ...

„Реплек АД Скопје“ годинава е добитник на престижната награда „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво, по избор на медиумите, што традиционално ја доделува Македонската берза за хартии од вредност. Ова признание се врачува на крајот на годината и ја означува доследната, отворена и квалитетна комуникација на компаниите котирани на Берзата, како и високите стандарди на отчетност и транспарентност кон инвеститорите, ...

НЛБ Банка ја заокружува јубилејната година со најголемиот исчекор во дигитализацијата на своите услуги и официјално станува првата „mobile first“ банка на пазарот, овозможувајќи сеопфатно дигитално искуствопреку мобилен телефон, информираат од таму. Со пораката “Што ако можеш сè?“, во изминатава година, НЛБ Банка ја градеше својата позиција на поддршка на амбициите и можностите на клиентите. Денес, таа порака ја добива својата најсилна ...

За 461.250.000 денари или околу 7,5 милиони евра Владата ќе набавува 100 нови амбулантни возила. Одлуката за набавката била донесена на вчерашната владина седница, информираше министерот за здравство Азир Алиу на неговиот Фејсбук профил. Средствата ќе бидат обезбедени “со преземање обврски во рамки на развојниот дел од Буџетот во наредните четири години“. Истите ќе бидат распоредени во јавните здравствени установи низ државата. Тој информира ...

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела кривична пријава против Б.С. (61), Ј.Д. (53) и Д.А. (44), сите од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. -Во текот на 2023 година, првопријавениот, раководител на Одделение за урбанизам во општина Пробиштип и второпријавената, советник за урбанизам, ...

Поранешниот министер за здравство, Беким Сали, денеска во македонското Собрание беше избран за нов министер за европски прашања. Тој доаѓа на местото на Орхан Муртезани, кој беше разрешен. Мухамет Хоџа, поранешниот владин портпарол, пак, беше избран за нов министер за животна средина и просторно планирање. Сали и Хоџа станаа нови министри откако поранешниот прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ...

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на АД за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост за 2024 година, при што изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики, информираа од таму. -Со ревизијата е утврдено дека ...

Владата на денешната седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, донесе одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука, информираат од таму. -Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на ...

Една од главните точки во годишното обраќање на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во Собранието беше европската интеграција на Македонија. Во својот говор меѓу друго кажа дека за да продолжат преговорите меѓу Македонија и Европската унија (ЕУ), потребна е политичка волја, наша, но и на Унијата. -Ние сме предложиле повеќе политички решенија, а ЕУ треба да избере едно од нив или да најде самата решение. Ако можеше да го да ...

Како што веќе објави еМагазин, Сервис Петрол ДОО Скопје е купувачот на 224.000 обични акции на Фабрика Карпош АД Скопје, кои преставуваат 74,89% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сервис Петрол е купувачот на 74,89% од акциите на Фабрика Карпош Акциите ги продаде Градежен институт Македонија (ГИМ) АД Скопје и повеќе не е акционер во Друштвото. Од компанијата преку Македонската берза информираа дека планираат да објават намера за ...

Вчера се одржа новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули. Покрај членовите на клубот – почесните конзули на странски држави во Македонија, на настанот присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој ја нагласи значајната улога која ја имаат почесните конзули во одржувањето на севкупните односи помеѓу земјите кои ги претставуваат и Македонија. Притоа, министерот Муцунски уште еднаш ја ...

И покрај барањата на синдикалните организации за зголемување на минималната плата, Владата останува на ставот дека, законски утврденото усогласување во март останува единствениот одржлив и предвидлив механизам за раст на минималната плата. „Ставот на Министерството во однос на минималната плата е јасен и заснован на официјални податоци. Инфлацијата покажува стабилизација, а законски утврденото усогласување во март останува единствениот ...

Изминатиов период речиси секојдневно по неколку часа граничните премини кон Грција беа блокирани од страна на грчките земјоделци, кои протестираат. Како што пренесуваат грчките медиуми за време на Нова Година и католички Божик, тие ќе ги паузираат блокадите на граничните премини. Блокадите на граничните премини ќе бидат прекинати од вторник, 23. декември, до недела, 28. декември 2025 година и од вторник, 30. декември, до недела, 4. јануари, ...

Општина Гостивар склучи договор за набавка на Екстра лесно масло за домаќинство за греење на училишни објекти на територија на Општина Гостивар, и административните згради, со друштвото за производство, трговија и услуги Пуцко петрол увоз-извоз село Пласница. Договорот е во вредност од 29.500.000 денари или 479.675 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 1,9 милион евра склучи МВР со „Пуцко петрол“ Договор од 1,7 милион евра склучи Министерството за ...

На јавна берзанска аукција на 5, 8, 9, 12 и 13. јануари следната година, Агенцијата за управување со одземен имот ќе продава запленети 7.213 акции во Алта банка АД Битола (поранешна Стопанска банка АД Битола). Акциите ќе се продаваат на Македонската берза според моделот “се или ништо„, со почетна цена од 3.194 денари по акција. Номиналната вредност на акциите е 3.000 денари, а станува збор за акции кои преставуваат 1,84% од вкупниот број на ...

Финансиската стабилност е задржана, а финансискиот систем и натаму покажува добра отпорност и способност за справување со предизвиците. Овие оцени биле дадени на седницата на Комитетот за финансиска стабилност, одржана во Народната банка, на која присуствувале Трајко Славески, гувернерот на Народната банка, Гордана Димитриеска-Кочоска, министерката за финансии, Бујаре Абази, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Ремзи Бајрами, ...

Од 20:00 часот, вчера, 21. декември 2025 година до 12:00 часот напладне денеска, 22. декември 2025 година, на Меѓународниот аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: Откажани се следниве 3 лета во пристигнување:Белград, Истанбул, Истанбул – Сабиха Гокчен (презакажан за 23.12.2205). Пренасочен е 1 лет во пристигнување: Франкфурт-Хан. Откажани се следниве 5 лета во заминување: ...

Ќе се гради фотонапонска електрана „Битола 3“. За изградба на истата, како што информираа денеска од државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), се обезбедени 87 милиони евра, од кои 50 милиони евра се од Германската развојна банка (КфВ), а 37 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Дополнителни 10 милиони евра од КфВ ќе бидат насочени за реализација на третата фаза од ревитализацијата на државните ...

Халкбанк воведува уште еден иновативен производ – прва банкарска картичка наменета за деца на возраст од 9 до 15 години, информираат од таму. Овој производ е креиран за специфичните потреби на децата, кој ним ќе им помогне да стекнат корисни финансиски навики, а на родителите да имаат поголема контрола врз тоа каде и колку трошат нивните деца, посочуваат од таму. Станува збор за Mastercard Junior дебитна картичка, која е прва во земјава ...

Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со новата одлука цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 70 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 72 денари за литар. Цената на Еуродизелот БС (Д-Е V) не се менува и тој и понатаму ќе се продава за 64,5 денари за литар. Цената на ...

Познат е купувачот на 74.89% од акциите на Фабрика Карпош АД Скопје. Од таму преку Македонската берза информираа дека акционерот Градежен институт Македонија (ГИМ) АД Скопје оттуѓил 224.000 обични акции, кои преставуваат 74,89% од вкупниот број на акции на Друштвото, и не е повеќе акционер во Фабриката. Со акциите се стекнал Сервис Петрол ДОО Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој купи 74,89% од акциите на Фабрика Карпош? Фабрика Карпош со зголемена ...

Од Пекабеско АД Скопје преку Македонската берза информираа за измени во менаџментот. За членови на Одборот на директори се реизбрани Слободан Кутревски, кој е извршен член, Анатол Кутревски, кој е исто така извршен член, Марко Кутревски, исто така извршен член, Миле Бановиќ, неизвршен член, Роберт Богатинов, неизвршен член и Верица Бошковска, неизвршен и независен член. Нивниот мандат е шест години. Во ОД на Друштвото повеќе не е Славчо ...

Од Македонската берза информираа дека согласно Одлука на Одборот на директори на Берзата, на друштвото Жито Караорман АД Кичево, котирано на Официјалниот пазар на Берзата, на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерка долгорочната суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација. -Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена од денот на ...

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, е отповикана од функцијата од страна на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Освен Агелер од позициите се отповикуваат амбасадори во околу 30 земји, кои дошле на функциите за време на претходниот претседател Џо Бајден. Од земјите во регионот се отповикува и амбасадорот во Црна Гора. Се отповикуваат и амбасадорите во Словачка, Алжир, Египет, Непал, Шри Ланка, ...

Анита Топалов Исајловска, републичката јавна обвинителка, денеска од страна на Советот на јавни обвинители е избрана за вршител на должноста (в.д.) државен јавен обвинител. Таа беше избрана едногласно, а нејзиниот избор следи откако Љупчо Коцевски поднесе оставка. Топалов Исајловска ќе остане на функцијата додека на јавен повик не се избере нов државен јавен обвинител, во период не повеќе од половина година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Љупчо ...

Од американската Амбасада во Македонија за државната агенција МИА потврдија дека американската амбасадарока Анџела Агелер е отповикана од функцијата од страна на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Трамп ја отповика американската амбасадорка во Македонија, Агелер Агелер стана американски амбасадор во Македонија, во септември 2022 година откако на церемонија во американскиот Стејт департмент даде ...

Али Ахмети останува претседател на опозициската ДУИ. Тој вчера беше реизбран на позицијата на партиски Конгрес. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ахмети е реизбран за претседател на ДУИ На оваа позиција е дури 23 години, од основањето на партијата. На позицијата потпретседател останува и Бујар Османи. За потпретседатели се избрани и Фатон Ахмети, Еркан Арифи, Арбана Пашоли и Арта Биљали-Зендели. Ахмети е актуелен пратеник. еМагазин разгледа каков имот пријавил ...

Вештачката интелигенција (ВИ) сè поинтензивно го менува начинот на кој се создаваат, дистрибуираат и конзумираат медиумските содржини, отворајќи сериозни прашања за иднината на новинарството, етиката и регулацијата. Токму овие теми се во фокусот на деветтото издание на Медиумскиот фестивал Скопје во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА, што годинава ќе се одржи од 22 до 24. декември во Котур и ќе биде ...

Министерството за правда на САД под притисок на американската јавност и Конгресот објави речиси 4.000 фотографии и илјадници документи, од кои голем дел се целосно зацрнети (редактирани), од досието на ФБИ за педофилот Џефри Епстин, кој наводно се самоуби во затвор. И во наредните денови ќе бидат објавени и други документи, а во новиот пакет нема докази за нелегални работи за актуелниот претседател Доналд Трамп, која порано се дружеше со ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
9.26
49%
1005
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
5.14
61%
992
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
3.09
94%
990
weather icon

Софија

18ᴼ / 13ᴼ
14.4
58%
1003
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
5.23
76%
1000
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
98%
991
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
5.81
82%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
71%
1006
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
10.8
82%
1003
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
2.57
97%
988
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
9.77
94%
1012
Currency

61.646

Currency

55.489

Currency

73.816

Currency

37.989

Currency

39.01

Currency

66.803

Currency

8.3274

Currency

0.66991

Currency

0.34782

Currency

0.52451

Currency

1.1042

Currency

0.59193

Цинк

3.79

Паладиум

31700.64

Платина

48836.98

Сребро

1620.38

Бакар

12.41

Калај

47.40

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Иридиум

324722.54

Родиум

294983.10

Алуминиум

3.01

Злато

124908.87