Фокусот на новата фотографија за категоријата граѓански фото објектив од велешанецот Атанас Крлевски бил насочен кон скулптурата насловена како „Блажена“ и поставена во центарот на градот пред поранешната Стоковна куќа. – Автор на скулптурата е велешкиот скулптор Илко Стојановски. Изработена е на првата меѓународна скулпторска колонија во Велес, 2019 година. Многу е интересна затоа и одлучив овој понеделник баш таа да биде дел од оваа ...

Не заминаа работниците, учениците и студентите од велешката Железничка станица утрово со патничкиот воз за Скопје којшто според возен ред поаѓа во 6:27 часот. Локомотивата што го влече патничкиот воз се расипала вчера попладне откако тргнала од скопската железничка станица во 16:55 часот. Патниците со месечни билети утрово се снаоѓале со друг превоз за да стигнат навреме на работните места, училишта и факултети. Тие не ќе можат ни да се ...

Граѓаните кои уживаа на езеро Младост, Бабуна како и во населба Отовица, вчера, беа посетени од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес кои спроведуваа превентивно едукативни активности во рамки на кањата под мотото „Лето без пожари“. -Основна цел на кампањата е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, ...

Како дел од традиционалниот стрип салон на меѓународно ниво, стрип центарот на Македонија – Велес, од месец февруари го објави интернационалниот стрип конкурс „Велес 2024 Златен стрип“. Како што известува програмскиот координатор , Томе Трајков се повеќе се развива комуникацијата со основните и средни училишта од сите општини од државата, како и приватните училишта и студија. -Интересот е голем и потврдува дека учениците се свртуваат кон ...

Понеделник и нови седум афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки. Драги читатели прочитајте ги афоризмите и започнете го денот со насмевка. Имајте убава работна седмица! -Денес многуте луѓе започнаа да се занимаваат со колекционерство: собираат НАЧИНИ…како да преживеат. -Наместо да не опкружуваат зелени површини, паркови и хортикултурни уредувања, насекаде околу нас, секојдневно никнува само плевел и трње, човечко трње. -Првата ...

Со гордост ви претставуваме уште еден новитет од Компанијата, едно освежително проширување на Фамилијата Кожувчанка! Сега, природната газирана вода Кожувчанка богата со минерали има и додаток на витамини, со освежителни вкусови за едно поинакво, неодоливо искуство! Ви ги претставуваме Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active: -Кожувчанка Wellness е збогатена со природна арома на портокал и природен екстракт од ѓумбир кој има смирувачки ефект, ...

Општина Велес, утре, 1 јуни, сабота, во раните утрински часови, поточно од 05:00 до 08:00 часот ќе го изврши првото авионско третирање против комарци со кое ќе биде офатено целото градско и приградско подрачке како и целото течение на река Вардар на овој потег. -Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно ...

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски се во обвинителниот акт како осомничени за сторени кривични дела убиство, помагање во извршување и помагање во грабнување додека пак таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски ќе одговара за помагање во грабнувањето. Кешишов, Манев и Видески на 22 ноември, лани ...

Учениците од ООУ „Васил Главинов“ од Велес, вчера, беа дел од едукативна работилница од областа на сообраќајот спроведена од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при истиот сектор. -На децата им беше презентирана улогата на полицискиот службеник, опремата за работа, како и основните сообраќајни правила и прописи. Исто така, во Кавадарци, во соработка со ...

Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, оваа сабота ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Новина во оваа учебна година е тоа што наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Според податоците на Државниот испитен центар ...

Македонскиот актер и режисер Младен Крстевски престижната награда „Маестро на актерската сцена” ја доби на Меѓународен Театарски Фестивал „Руска класика” за исклучителна и бравурозна актерска изведба. На театарскиот фестивал што од 21 до 29 мај 2024 година се одржа во градот Лобња, кај Москва, настапи Младинско детскиот театар„ Крин“ со претставата “Добрите – зли, Злите – добри” од Даниел Крстески, Андреј Недевски и Младен Крстевски. ...

Во домот на книгата, градската библиотека „Гоце Делечев“ денеска пред велешката публика беа промовирани трите деца на кавадарчанецот Ѓирѓи Мешков. Овие три книги коишто се напишани по вистинити случувања на писателот кај секој читател ќе предизвикаат измешани емоции. Првата книга „Отуѓување“, потоа „Беше еднаш во Ваташа“ како и „Два аманета“ се насловите на книгите во кои Мешков одлучил да говори отворено за секојдневни проблеми, денови ...

На поставени штандови се делеа промотивни материјали за сите образовни профили додека во кабинети и училници се презентираа видео материјали, промотивен спот и веб страницата на СОУ„Јовче Тесличков“. Презентациите ги водеа ученици од училиштето додека професорите ги прифаќаа и распоредуваа денешните гости како од велешките основни училишта така и од училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка. Во дворот на економското училиште беа поставени паноа за ...

Велешки Црвен крст одржа редовна крводарителска акција во Општина Чашка на којашто 19 жители ја покажале својата хуманост и радувале крв. Двајца од дарителите за прв пат ја подале својата рака да даруваат од скапоцената црвена течност и станале дел од најхуманото семејство во државата. Како што објаснуваат од Црвен крст – Општинска организација Велес, акцијата заеднички ја реализирале со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, ...

Во тек е испораката на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024/25 година. Процесот ќе биде заокружен на почетокот на јуни, така што учениците ќе ги имаат потребните учебници навремено, пред стартот на новата учебна година, информира Министерството за образование и наука (МОН). Постапката за печатење на новите учебници, ...

Општините имаат потреба од развивање на концептот „Општини посветени на децата“ како и прецизирање на точни потреби и идентификувани проблеми на децата во локалната заедница. Тоа што е особено значајно е посветеноста на локалнтите заедници за решавање на проблемите и справување со предизвиците во соработка со надлежните институции. На локалната конференција „Моето место на растење“ што денеска се одржа во Јуроп хаус во Велес Драги Змијанац, ...

Четириесет и едногодишна жена од неготинско село, вчера вечер, во ОВР Неготино пријавила дека на почетокот на месец мај, во Неготино, двајца малолетници од неготинско извршиле обљуба врз нејзината малолетна внука. Чинот на обљубата го снимал трет малолетник од Неготино, К.П.(19) од неготинско и почнал да ја уценува малолетничката со снимениот видео материјал. Уценувачот К.П вчера вечер, во 23:30 часот, бил лишен од слобода и од него бил ...

Фондот за здравствено осигурување, изминатиот викенд, со пораки во мејл ги опоменал матичните лекари во Македонија дека ги прекорачиле дозволените суми на финансиски средства за препишувањата на хронична терапија,за антибиотици и за анксиолитици. Новонастанатата состојба е резултат на тоа што од месец септември, минатата година, наместо пациентите да одат кај специјалист за препишување на хроничната терапија тоа го прават матичните лекари. Но ...

Проектот „Центар за социјална инклузија – Заедно“, во изминатите 12 месеци, им овозможи на лица со попреченост да се дружат со пензионери од велешкото здружение и потоа со ученици од основно и средно образование. Исто така во реализацијата на проектот беа изведени вкупно 60 работилници. Лицата со попреченост и старите лица во Велес имаат потреба да другаруваат, рече на денешното затворање на проектот Далиборка Златева претседателка на ...

Денеска бил почувствуван земјотрес на територијата на Македонија. Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција, земјотресот бил со јачина од 2,4 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на 21 километар северозападно од Скопје и 16 километри југоисточно од косовскиот град Витина. Потресот се случил на длабочина од 8 километри. Нема информации за причинета материјална штета. Сподели: ...

Велешки Црвен крст ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат учество на крводарителската акција којашто ја организираат во чест на Коста Солев Рацин во склоп на 61-то издание на Рацинови Средби. Акцијата ќе биде одржана во недела, на 2 јуни, во Ликовен салон. -Со дарувањето да дадеме наш придонес за јавното здравје. Како што Рацин стана бесмртен со своејата поезија, така и ние да спасиме што повеќе животи. Крводарителството е врвен чин ...

Најдобрите дека од наградниот стрип конкурс ќе бидат изложени на првата стрип изложба во Куманово којашто е дел од грантот „ДА И ДАДЕМЕ ШАНСА НА ИНКЛУЗИЈАТА!“. Стрип центарот на Македонија од Велес ќе организира пет изложби како дел од грантот а во Куманово ќе ја отвори на 28 мај, денеска, со почеток во 14:00 часот во Занатскиот дом. -Да потсетиме дека на конкурсот се јавија 263 млади автори од различни етнички и географски средини .Воедно, ...

Дваесет и седум годишниот М.А од неготинско село, вчера, во 11:30 часот од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино бил лишен од слобода. Тој бил пријавен дека во семејниот дом се заканувал на своите родители а потоа предизвикал и пожар којшто го изгаснала неговата мајка. Од Сектор за внатрешни работи Велес додаваат дека М.А бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални ...

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата кои ќе се применуваат од вечерва на полноќ. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.05.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит. Малопродажната ...

Во атар на село Паликура, општина Росоман, шеесет и пет годишниот С.С од село Виничани, од општина Градско, извршувајќи земјоделски работи во нива пронашол неексплодирана граната. – Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, пишува во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес. Инаку, случајот во Одделение за внатрешни работи бил ...

Велешанката Ангела Димитрова до редакцијата на Дума.мк испрати три фотографии за категоријата граѓански фото објектив на кои се гледа еже коешто таа во вечерните часови случајно го заприметила во двор од зграда и веднаш го фотографирала. -Минувајќи покрај велешки познатата „Жаба зграда“ случајно во тревата забележав еже. Имаше некоја средна големина и беше преубаво. Бев пресреќна и веднаш го извадив мобилниот телефон за да го фотографирам. Во ...

Домаќинствата летово може да добијат поевтина струја и плус уште еден час евтина тарифа, најавува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси (РКЕ), Марко Бислимовски, посочувајќи дека причина за тоа е континуираниот инвестициски бум во фотоволтаични централи, кој влијае врз значително намалување на увозот на струја. Тој вели дека сега треба да се направи анализа за да се покаже дали постои можност бесплатната тарифа ...

Нови седум афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки за читателите на Дума.мк кои секој понеделник со нетрпение ги очекуваат и коментираат. Уживајте! -Колку на жените јазикот им е покус, толку бракот им е подолг. -Во нашето судство сеуште постојат мошне чесни, одговорни, сериозни судии и адвокати: нив не можете да ги купите за смешни пари. -Женаму носи лисица околу вратот, а тој две…на рацете. -Импотентните професори се ...

Меѓу најуспешните, во заедничката стихозбирка од вкупно 149 автори од Македонија, Србија, Бугарија, Романија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Албанија и БиХ, застапени се дури пет велешки автори: Десанка Николова, Марија Бошевска, Соња Карбева, Наташа Брезовска Богоевска и Атанас Крлевски. Со доделувањето на наградите на најуспешните и промоција на заедничката стихозбирка од најдобрите автори на овогодинешниот конкурс, вчера во Гостивар ...

Денот на сесловенската писменост ја подигна заемната свесност, вековното опстојува е заветно исполнета љубов со човечност. Кирило – Методиевата заветност го исполнува древното предание, вткаена е сесловенската чесност подигнато е вековното сознание. Азбуката е сплетена со вредности гласовната нишка е писменост, говорниот јазик е со спокојности разумот е со вековна доблесност. Охридското развивање е мудрост, Климентовата заветност постои ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
57%
1029
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
8.23
55%
1027
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
1.03
57%
1025
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
6.17
53%
1031
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.65
73%
1031
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
64%
1027
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1026
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
76%
1033
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.68
59%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
6.17
74%
1031
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Сребро

2696.16

Злато

164352.04

Иридиум

231355.22

Паладиум

52052.06

Рутениум

47358.05

Цинк

3.24

Кобалт

66.14

Калај

50.61

Родиум

374556.20

Алуминиум

3.42

Бакар

11.57

Платина

68931.20