Дензел Дамфрис некое време ќе биде надвор од терените и калчолигашот Интер имаше намера неговото место да го пополни со Жоао Феликс од Ал Хилал, но иако клубовите се договорите Португалецот имаше друга желба и ако нема некое изненадување во последен момент тој одново ќе го носи дресот на Барселона. Актуелниот европски и италијански вицешампион веќе се насочува кој други цели и според информации три имиња се во игра. Тимот од Милано е ...

Пред нас се уште девет натпревари во англиската Премиер лига, мечеви за кои свои типови даде „Скај Спортс“. Имено нивниот прогнозер Џон Ноус ги истипува со точен резултат сите соочувања, а интересно е тоа што очекува осум од деветте битки да завршат од два до четири гола или поточно тој просек ќе ги расипат само Арсенал и Ливерпул во дербито на „Емирејтс“. Најубедлив ќе биде Манчестер Јунајтед кој ќе го разбие Барнли на негов терен со 3-0, ...

Роџерс Касим Мато од минатата година е член на Вардар, потег што се покажа како фантастичен за најтрофејниот македонски клуб. Тој веднаш почна да прави разлика и беше меѓу играчите кои оставија силен впечаток во минатата сезона во која Вардар го освои Купот на Македонија, а во оваа кампања е уште подобар и на вкупно 17 средби во Македонија и Европа (ПМФЛ и квалификации за Конференциската лига на УЕФА) постигна 15 гола и забележа 2 асистенции. ...

Познати се паровите на осминафиналната рунда во Купот на Шпанија, натпреварување во кое трофејот го брани Барселона. Токму Барселона доби најтежок противник кога се во прашање фаворитите или поточно за место во четвртфиналето ќе игра со лидерот во втората лига Расинг Сантандер. Реал и Атлетико Мадрид исто ќе играат со второлигаши на гостински терен, ама нивните ривали се послабо пласирани на табелата, односно „кралевите“ ќе излезат на мегдан ...

Шест натпревари беа на програмата во НБА лигата, а исходот е три победи за домашните и три за гостинските клубови. Имаше доста интересни дуели, битки на овие соочувања, а без извлечени и најдобрите моменти на денот. На врвот е Ачува од Кинс со „постерот“ над првиот пик на драфотот Флег, на листата ги имаме и мајсториите на Дончиќ, Леброн, клучната „банана“ на Алдама, атракцијата на Вилијамсон…вистинско уживање. Шест натпревари беа на ...

Виртус Болоња и Жалгирис вчера одиграа евролигашки натпревар со неизвесна завршница, а на крајот се радуваа членовите на италијанската екипа. Литванскиот тим имаше свои шанси да го смени текот на настаните во последните напади, а еден е посебно спорен и поради истиот Жалгирис испрати и официјална жалба до Евролигата. Се работи за една контра која гостите ја изведоа додека на теренот беа две момчиња задолжени за бришење на паркетот, а на ...

Маурицио Сари одамна апелираше до раководството на Лацио дека му се потребни засилувања во зимскиот преоден рок, но за претседателот Клаудио Лотито тоа не значи и исклучување на излезни трансфери. По Тати Кастелјанос, втор играч кој дефинитивно ќе го напушти Рим е Матео Гендузи, кој во иднина ќе биде член на Фенербахче, клуб кој прифатил да плати дури 27 милиони евра за францускиот интернационалец. Се чини дека Лацио постигнал одлична ...

Ленард Карл ги импресионираше фановите на Баерн Минхен со ефектот кој го има и начинот на кој ја искористи шансата дадена од тренерот Венсан Компани, па не изненадува што Баварците имаат големи очекувања од 17-годишниот фудбалер. Сепак, Карл неодамна предизвика мал скандал, давајќи несоодветна изјава при посета на еден фан клуб на Баерн Минхен. Тинејџерот пред присутните истакнал дека Баерн е голем клуб и за него претставува исполнување на ...

Лука Дончиќ стигна до дабл-дабл ефект на натпреварот против Њу Орлеанс и му помогна на својот тим да стигне до трета победа во серија во НБА лигата. Лос Анџелес Лејкерс го имаше и расположениот ЛеБрон Џејмс кој исто така постигна 30 поени, а гостите го скршија отпорот на Пеликанс со одлична серија во последниот период. Веројатно клучен момент кој целосно го откажа Њу Орлеанс беше тројката на Дончиќ на две минути до крајот, со која Лејкерс ...

Македонската машка ракометна репрезентација денеска отпатува за Швајцарија, каде од утре ќе го започне настапот на подготвителниот турнир во пресрет на Европското првенство. По вчерашниот слободен ден, Кире Лазаров и неговите ракометари на Божиќ пристигнаа во Винтертур, каде од утре ќе го започнат настапот на „Жолтиот куп“. Нашите најдобри ракометари денеска ќе имаат тренинг од 18 часот и тоа ќе биде можност за запознавање со салата каде ...

Поранешниот напаѓач Крис Сатон продолжува со прогнозирањето на премиерлигашките натпревари, а одличен вовед за новото коло беше епилогот на вчерашниот дуел меѓу Вест Хем и Нотингем Форест. Сатон прогнозираше дека гостите ќе победат минимално (0:1), но секако поважно од точниот резултат е што успешно погоди дека тимот на Шон Дајч ќе ги освои трите бода во директниот дуел на екипи кои сезонава се борат за опстанок. Погодокот на Сатон на ...

Марк-Андре Тер Штеген го напуштил тренинг кампот на Барселона во Саудиска Арабија и се вратил во Шпанија каде ќе му бидат нааправени детални прегледи по проблемот кој го почувствувал на тренинг. Барса денеска ќе го одигра полуфиналето на турнирот од шпанскиот Суперкуп против Атлетик Билбао, а германскиот голман воопшто нема да биде ниту во составот, бидејќи заработил повреда чиј карактер не е познат во моментот. Ова доаѓа во најлош момент за ...

Оливер Гласнер е најавен како потенцијален кандидат за долгорочно решение за менаџерската функција во Манчестер Јунајтед, но тој вели дека во моментов не размислува за ништо друго освен водењето на Кристал Палас. Јасно е дека Јунајтед ќе ја донесе одлуката по јуни, а австрискиот стручњак потенцирал дека не сака да зборува на таа тема, додека истовремено признал дека капитенот Марк Геи може да заврши во Манчестер Сити уште во овој преоден рок. ...

Лос Анџелес Лејкерс направи одлична серија на почетокот на последниот период и го откажа тимот на Њу Орлеанс, додека во пресрет на пресметката со Лејкерс, Сан Антонио загуби на драматичен начин од Мемфис, на натпревар на кој во тимот се врати Виктор Вембањама. ЛеБрон Џејмс и Лука Дончиќ уфрлија по 30 поени во важниот триумф со кој Лејкерс се искачија на третото место во западната конференција, додека кај Пеликанс Треј Марфи постави личен ...

Манчестер Јунајтед бара решение за наследник на Рубен Аморим, а во првата фаза треба да биде ангажиран привремен менаџер кој ќе ја води екипата до крајот на сезоната. Англиските медиуми тврдат дека изборот ќе биде направен меѓу тројца поранешни играчи, односно Мајкл Карик, Оле Гунар Солскјер и Дарен Флечер. Дел од медиумите на островот го споменуваат и Руд ван Нистелрој, кој веќе извршуваше ваква функција во клубот во еден период. Флечер ќе ...

Лионел Меси неодамна го продолжи договорот со Интер Мајами и најави дека ќе биде фудбалски активен до 2028 година, кога ќе мора да донесе и нова одлука за својата иднина. Уште отсега природно се наметнува темата за тоа каде се гледа Аргентинецот по крајот на професионалната кариера како фудбалер, а во последното интервју за медиум во својата земја, тој потенцирал дека исклучува опција да биде тренер. Меси ќе биде запаметен како еден од ...

Златан Ибрахимовиќ беше најнов гостин во познатата емисија на Славен Билиќ, а првиот дел од разговорот со хрватскиот стручњак мина во знакот на најавата која стана вирална. Интервјуто на Ибракадабра е навистина интересно поради фактот што Златан се обидува да збори на јазик кој го разбираат сите на Балканот, но во еден момент, со својата исповеда успеа да ги изненади и својот соговорник. Ибра откри анегдота која ја немаше споделено во ниту ...

Поранешниот македонски фудбалски шампион Вардар продолжува со потезите кои значат сочувување на играчкиот кадар кој оствари импресивни резултати во 2025 година, па откако нови договори потпишаа Диего Кастењеда, Михаил Маневски и Димитар Тодоровски сега тоа го направи и Едиз Спахиу. Спахиу со квалитетните изданија во дресот на Тиквеш минатата зима си обезбеди трансфер во Вардар. Тој е значајна алка во тимот што го предводи Седлоски и според ...

Јувентус не дозволи втор кикс во серија и вечерва успеа да слави на гостувањето кај Сасуоло со убедливи 0:3. Натпреварот во Реџо Емилија им припадна на „бјанконерите“ кои се прикажаа во добро светло, Џонатан Дејвид го поправи впечатокот од претходниот натпревар, па со гол и асистенција влијаеше на конечниот епилог. Гостите го отворија резултатот со автоголот на Мухаремовиќ во 16. минута, а на вториот гол се чекаше до второто полувреме, ...

Фенербахче го доби дербито со Олимпијакос, додека српските претставници Партизан и Црвена Звезда доживеаја убедливи порази со над сто примени поени во дел од поинтересните натпревари од денешната програма во Евролигата. Турско-грчкиот дуел во Истанбул го отвори натпреварувачкиот ден, а Фенербахче славеше со 88:80, при што го искористи одличниот финиш, односно последните минути од последниот период за да дојде до посакуваниот успех. Болдвин и ...

Алжир и ДР Конго играа дополнителни триесет минути за да го решат победникот во осминафиналето на Африканскиот фудбалски куп на нации, за на крајот еден мајсторски погодок да спречи пенал завршница и одлука за пласман во следната рунда. Двете селекции имаа големи амбиции на овој турнир, но во денешното соочување одиграа реми без голови во регуларниот дел, по што мораше да се одигра вообичаеното продолжение од два пати по петнаесет минути. И ...

Организаторите на тенискиот грен-слем Аустралијан Опен, денеска го потврдија наградниот фонд за претстојното издание и тој ќе значи поделба на рекордни 74 милиони американски долари. Тенисерите и тенисерките ќе добијат најголем хонорар во историјата на престижниот турнир во Мелбурн, но не се презадоволни од фондот бидејќи тој изнесува само 16 проценти од вкупните приходи на турнирот. Победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по ...

Манчестер Сити планира да се засилува во јануарскиот преоден рок, а првото освежување може да го промовира уште во четврток. „Скај Спортс“ вечерва објави дека премиерлигашот веќе ја поставил рамката околу комплетирањето на трансферот на Антоан Семењо, кој треба да биде сериозно засилување во нападот на Сити. „Граѓаните“ и Борнмут веќе имаат начелен договор за трансферот, откупната клаузула во овој период е 65 милиони фунти и се очекува сумата ...

Домен Превц го освои второто место на денешниот натпревар во Бишофсхофен, што му беше доволно за да дојде до прв триумф на традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“. Пласманот на победничкиот подиум на четвртиот и последен натпревар беше доволен за Превц да ја задржи солидната предност во генералниот пласман на турнејата, а големиот успех значи и испишување историја. Домен го повтори успехот на својот брат Петер, кој триумфираше ...

Виктор Осимен и Адемола Лукман беа клучен фактор во победата на Нигерија над Мозамбик во осминафиналето на Африканскиот куп на нации, но по средбата се најдоа во написите во медиумите и поради еден негативен момент. Осимен влезе во вербален дуел со својот колега од националниот тим на теренот, мораше да реагира и капитенот Ендиди, а потоа побара и замена од селекторот. Osimhen : hey hey, It’s a team game, listen to me bro Lookman: Bro you ...

Отказот за Рубен Аморим го врати Манчестер Јунајтед во позиција во која треба да најде нова опција за менаџерското место, нешто што досега се покажуваше како краткорочно и неуспешно решение бидејќи клубот е многу далеку од славната ера под водство на Алекс Фергусон. Гери Невил како поранешен играч и капитен на Јунајтед, но истовремено и гласен хроничар на актуелните случувања во клубот од „Олд Трафорд“, во првиот коментар му порача на ...

Барселона наскоро треба да го потврди Жоао Кансело како прво јануарско засилување, а тренерот Ханси Флик уште денеска морал да даде коментар за најавената соработка со Португалецот. Германскиот стручњак потенцирал дека не сака да зборува премногу за трансфер кој не е потврден, но сепак истакнал дека е задоволен од засилувањето за бековските позиции. – Разговарав со моите соработници, исто како и со Деко со кого постојано разменуваме мислења. ...

Енцо Мареска веќе е минато во Челси, клубот кој ќе се обиде да ги подобри резултатите со нов стручен штаб, а Италијанецот денеска испрати и порака до фановите. Претходниот менаџер на „сините“ влезе во конфликт во раководството и сопствениците, кои ја искористија слабата резултатска серија за да му врачат отказ и покрај фактот што екипата и натаму е блиску до посакуваниот Топ 4 пласман. Под водство на Мареска, лондонскиот премиерлигаш ...

Рубен Аморим доби отказно решение од Манчестер Јунајтед и од вчера има улога на слободен агент, сценарио кое никој не го очекуваше, ниту замислуваше се до експлозивното обраќање кое го имаше менаџерот по натпреварот со Лидс Јунајтед. Португалскиот стручњак ја доведе во прашање својата улога на менаџер и јасно стави до знаење дека многумина во клубот го гледаат само како тренер, а откако ги прозва и луѓето од скаутинг тимот и спортските ...

Столе Димитриевски влезе во јануарскиот преоден рок како играч кој е на излезни врати од Валенсија, но после само три дена во новата година, стана јасно дека ситуацијата на македонскиот голман значително се менува и добива нов пресврт. Тешката повреда на Хулен Агиресабала отвора можност за Димитриевски да биде прв голман на Валенсија во наредните два месеци, а тоа значи дека Македонецот конечно ќе добие континуитет под водство на тренерот ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
8.75
62%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
1.03
74%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
86%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
3.15
88%
1033
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.28
79%
1027
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
6.69
60%
1026
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1025
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.57
81%
1034
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.68
63%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
8.75
61%
1031
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Кобалт

66.14

Цинк

3.24

Иридиум

231355.22

Платина

68963.35

Алуминиум

3.42

Калај

50.64

Злато

166253.76

Сребро

2711.59

Рутениум

47358.05

Родиум

372948.66

Паладиум

51794.85

Бакар

11.73